Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре учествува на 10 издание на „Делфи економски форум“, што оваа година се одржува од 9 до 12 април во истоимениот град во Грција. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека во рамки на форумот, министерот Муцунски ќе се обрати на пленарна сесија на тема „Дали ЕУ–САД алијансата е надвор од поправка?“. Форумот во Делфи ги обединува ...

Во Камерната сала на Македонската филхармонија, во 20 часот, ќе се одржи музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Филхармонија го најавува проектот „Мевлем“ како уникатна симбиоза на музика и поезија, создадена од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој преку своите дела создава извонредна уметничка комуникација помеѓу звуците и зборовите. Проектот вклучува премиерни изведби на специјално создадени композиции што го прави ...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, во второ читање. Целта на овие измени на Законот и тоа во делот каде се утврдени условите за избор/именување на директор, заменик-директор и на други јавни функции, да се ...

По периодот на опаѓање откао американскиот претседател ги воведе царинските тарифи, американските акции забележаа значителен скок за време на вчерашното тргување. Сите значајни просеци- „СиП 500“ , „Дау Џонс“ и „Насдак“ забележаа брз пораст, регистрирајќи ги најголем раст во последниве години. Во раните часови од денот, акциите покажаа неодлучност, но нагло пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи 90-дневен прекин на ...

Киев повторно цел на руски дронови. Москва обвинува за украински удари врз енергетски капацитети, одбиен напад врз компресорска станица во Кубан. Украина соопшти дека Русија почнала нова офанзива на североистокот на земјата, забележани се двојно повеќе напади во сите правци на фронтот. Зеленски тврди-над 150 кинески војници се борат на страната на Русија. Кина е клучен поттикнувач на руската војна-вели европската шефица на дипломатијата. Пекинг ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Патниот правец Крушево – с. Долно Дивјаци – с. Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с. Пуста Река-Крушево. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во ...

Американскиот претседател Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји, наградувајќи ги затоа што не возвратиле со контрамерки, но ја зголеми давачката за кинескиот увоз на 125 насто, откако Пекинг му зададе удар на Вашингтон со 84 насто царини за увозот од САД. „Не сакаме да им наштетиме на земјите кои не заслужуваат. Сите сакаат да преговараат. И сакаме да го сториме тоа како што треба. Решавањето на овие царински трговски прашања ...

На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 895 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ). По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи се однесуваат на непрописно паркирање ...

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд – Скопје, Апелациониот суд – Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка. Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки. ...

Вчера во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(44) од Штип, информираат од МВР. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена ...

Денеска од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, на повеќе локации во градот, беше реализирана сообраќајна едукативна кампања под мото „Вози одговорно- животот е во твои раце“, со цел да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи. На возачите им беше укажано дека се ...

Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во кабинетот на Претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите. Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите. Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и ...

Шест недели по предвремените избори, Германија има нова влада. Демохристијанскиот и христијанско социјалниот блок постигнаа коалициски договор со социјалдемократите. По ова ќе следува избор на Фридрих Мерц за нов канцелар во Бундестагот. „Ова е сигнал за новиот почеток во нашата држава. Идната владина коалиција ќе ја реформира Германија во стабилна, побезбедна и економски посилна држава. И Европа ќе може да се потпре врз Германија“, изјави ...

Цигарите, алкохолот, станарините, одмор во странство и купување нов автомобил, не се планираат во пресметката на официјалната просечна потрошувачка кошничка, која ја креираат Министерствата за економија, земјоделство, финансии и Пазарниот инспекторат. Конкретната методологија за утврдување на пресметката на цените ќе се базира на податоците на Пазарниот инспекторат и Државниот завод за статистика. Во делот на храната и пијалаците ќе се прави ...

Арсенал е главен фаворит за Лигата на шампионите според Суперкомпјутерот на британска компанија за спортска анализа „Опта“. Избраниците на Микел Артета вчера го совладаа Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на турнирот со 3:0. На другиот вчерашен натпревар Интер го победи Баерн (2:1). Суперкомпјутерот „Oпта“ ги проценува шансите на лондончани за пласман во полуфиналето на 96%, а за освојување на турнирот на 28,4%. Реал имаат 4% ...

НБА лигашот Денвер Нагетс ги отпушти тренерот Мајкл Мелоун и генералниот директор Калвин Бут. Досегашниот главен помошник тренер Дејвид Аделман ќе биде вршител на должноста шеф на стручниот штаб на Денвер, тврди познатиот инсајдер во НБА лигата, Шамс Чарани. Мелоун стана тренер на Денвер во 2015 година, кога Нагетс го драфтуваа српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, а во 2023 година му ја донесе на клубот шампионската титула. Откако беа ...

На состанок во Владата се повикани претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија. Пред почетокот на состанокот, изјавија дека се повикани во Владата, но дека немаат информација за што ќе се разговара. Минималната плата согласно одлука на Владата е зголемена за 1.800 денари и сега изнесува 24.400 денари. Од ССМ бараат зголемување на минималната плата на ниво од 30.000 денари и зголемување на останатите плати, имајќи ги предвид трошоците на ...

Дизел горивата и бензинот Еуросупер БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2 денари по литар, а цената на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна ...

Финансиската полиција спроведува акција во кумановската фирма „Пин Петрол“. Од таму за МТВ потврдија дека претресот се спроведува под сомнение за проневера на пари, а биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта. Поднесена е кривична пријава против три лица, меѓу кои е и роднина на ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието. Пријавените му ...

Генерален штрајк во Грција. Во прекин се јавните услуги, траектите останаа на пристаништата, летовите се приземјени, а јавниот превоз е со скратено работно време. 24-часовниот штрајк е на повик на главните синдикати кои ги покриваат јавниот и приватниот сектор. Синдикалните организации бараат зголемување на платите и целосно враќање на правата за колективни договори кои беа укинати како дел од меѓународната помош за време на финансиската криза ...

Генералниот секретар на Обединетите нации го отфрли новиот израелски план за контрола врз хуманитарната помош за Појасот Газа, оценувајќи дека тоа отвора можности за натамошна контрола и ограничување на помошта за Палестинците. Гутереш одново повика на итен прекин на огнот и безусловно ослободување на заложниците. Хуманитарна помош не е испорачана во Газа од 2-ри март. Израел одби да дозволи влез на каква било помош додека Хамас не ги ослободи ...

Вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР. Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил ...

На 09.04.2025 во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на ...

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент). Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 ...

Русија изврши масовен напад со беспилотни летала врз Харков, предизвикувајќи повеќе пожари. Има повредени. Советот за безбедност на ООН ги осуди интензивните руски гранатирања во централниот дел на Украина. Двете страни да покажат воздржаност со цел продолжување на мировните дискусии, порача претставничката на САД. Претставници на Вашингтон и Москва утре во Истанбул ќе одржат средба со цел, обновување на активностите на дипломатските мисии, ...

Претставници на САД и Русија ќе одржат средба на 10-ти април во Истанбул со цел обновување на активностите на дипломатските мисии, кои беа значително намалени по руската инвазија во Украина, соопшти Стејт департментот. Претходно, Советот за безбедност на ООН ги осуди интензивните руски напади во централниот дел на Украина. Двете страни да покажат воздржаност со цел продолжување на мировните дискусии, порача претставничката на САД. „Ги повикуваме ...

Најмалку 79 загинати, а 160 се повредени во главниот град на Доминиканската Република по уривање на покривот на ноќен клуб. Според локалните власти, на музичкиот концерт присуствувале многу политичари и спортисти. Се истражува причината за несреќата. Надлежните досега не дадоа информации за тоа колку луѓе имало во ноќниот клуб во моментот на несреќата. Медиумите информираат за 500 до 1.000 гости. Во потрагата по затрупаните луѓе учествуваат ...

Минусни температури утрово забележани се насекаде низ Македонија. Најстудено со измерени-10 степени е на Попова Шапка, а по него следува и Маврови Анови со-8 степени, информираат од УХМР. Во Крушево, Берово измерени -6 степени , -4 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Охрид, Тетово, Битола, Претор, -3 во Куманово, Прилеп, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Велес, Виница, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Штип, 2 во Гевгелија. Во 8 часот измерена е ...

Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии. Во стоковните резерви ќе се складираат 1.300 тони ориз, односно 2.400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка, а за што се потребни околу 100 милиони денари. Оризот како култура која е од исклучително значење за населението во ...

„Мапирање на спокојот“ е насловена изложбата на акварели на композиторката Јана Андреевска, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар-Скопје. Јана Андреевска веќе неколку децении претставува значајна фигура на меѓународната композиторска сцена. Сепак, нејзината уметничка имагинација не е ограничена само на музиката. Сликањето за авторката последниве години прерасна во интимен и автентичен творечки простор, што ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
38%
1018
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
64%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
46%
1021
weather icon

Софија

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
33%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
8.93
35%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
63%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
40%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
34%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
40%
1013
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
42%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.17
41%
1013
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762