
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Донеодамнешната директорка на италијанскиот Оддел за безбедносни информации (ДИС), Елизабета Белони е именувана за дипломатска советничка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди денеска портпарол на ЕК. Според истиот извор, титулата на Белони ќе биде „главна дипломатска советничка“ и таа ќе биде директно одговорна пред Фон дер Лајен. Белони беше именувана за директорка на италијанската разузнавачка служба ДИС во ...
Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен утринава при обид да изврши грабеж од угостителски објект во Куманово. – На 30.01.2025 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат во угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар“ од Куманово при обид да одземе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање ...
Петмина скијачи загинаа во две одвоени лавини на француските Алпи, објавија синоќа локалните медиуми. Во регионот Савоа на француските Алпи, четворица норвешки скијачи ги загубија животите во областа Вал-Сенис, објавија француските медиуми. Групата од седум скијачи биле излезени од патеката кога удрила огромна лавина и однела четворица од нив. Три тела биле извлечени на местото на настанот, додека една жена, која со хеликоптер била пренесена во ...
Трамп им нареди на американските агенции да ја отстранат „родовата идеологија“ од договорите и веб-страниците. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на американските федерални агенции да ги избришат референците за „родовата идеологија“ од договорите, описот на работните места и профилите на социјалните мрежи во согласност со извршната наредба со која владата се принудува да признае само два пола. Во меморандум ...
Во пожар што избувна во ученички дом во Љубљана во раните утрински часови повредени се 11 лица, од кои три се тешко повредени. Според првичните информации, пожарот избувнал во една од собите на првиот кат од ученичкиот дом на улицата „Пољанска“, од каде брзо се проширил низ целата зграда. Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а сите луѓе од овој објект, вкупно 363, се евакуирани. Според известувањето на локалните медиуми, алармот за ...
Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и релативно топло, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Според УХМР, во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег. Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температирите ќе бидат во ...
Меѓународниот балкански универзитет доби нова библиотека а на свеченото отворање министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ова ново катче ќе им биде привлечно на студентите, затоа што ќе им го олесни пристапот до потребните книги, бази на податоци, дигитални материјали и сè друго што им треба за да учат и истражуваат. „Сакам да ја нагласам важноста на вложувањето во академски капацитети. Тоа ја покажува посветеноста на ...
Лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, денеска изјави дека Франција треба да заземе цврст пристап кон земјите кои одбиваат да примат депортирани лица, наведувајќи ги како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации. Британските медиуми пренесуваат дека Ле Пен посочила дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир, како што направи Трамп кон Колумбија. Таа во интервју за ...
На битолскиот хирург кој се товари за примање поткуп, од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од 8 дена. 64-годишниот лекар во текот на вчерашниот ден беше приведен поради примање мито од 150 евра за извршена хируршка интервенција, операција на жолчно кесе кај пациентка, по што индиректно од нејзиниот син побарал пари за да се почасти. Министерот Арбен Таравари вели дека во министерството биле пристигнати повеќе ...
Биолошката терапија на Клиниката за онкологија која недостасува речиси две недели, пристигнува до пациентите. Денеска доставени уште два лека. Следната недела пациентите кои не ја добија терапијата, ќе можат да ја примат. Склучен е договор за набавка на лекови со повеќе веледрогерии во вредност од 500 до 700 илјади евра, вели министерот Таравари. Терапијата ќе им биде доволна на пациентите во наредните неколку недели, се до новиот тендер. „Веќе ...
За една недела безмалку 2.000 пријавени нови случаи заразени со грип или за 33 проценти повеќе новозаразени во споредба со претходните седум дена, покажа извештајот на Институтот за јавно здравје. Освен полни амбуланти, очекувано е да се полнат и болниците- вели епидемиологот Олумчев, но простор за паника нема. Во Клиниката во Козле, 66 деца од сите возрасти се на болничко лекување. Две се на кислородна поддршка со маска, но се во стабилна ...
Судството доби тројка на испитот кај граѓаните. На 9 насто од оние што стапнале во суд им било барано мито за да завршат работа. Во третина од овие случаи судиите или нивни соработници го барале поткупот, покажува истражувањето за квалитетот на услугите во скопските судови. Пофалби има за третманот на судската полиција, а најостра критика за брзината на испорачаната услуга. Претседателот на Здружението на судии Џолев задоволен од анкетата. За ...
Речиси 4.000 човечки животи се загубени во период од две години, како последица на аерозагадувањето, тврди опозицијата. Велат, секое деветто бебе во Македонија умира како последица на загадениот воздух. Проблемот со загадувањето да влезе во македонското Собрание на надзорна расправа, бараат СДСМ и Левица, иницијатива прифатена и од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата велат, ова е тема за која треба да се обединат сите пратеници во македонскиот парламент, ...
Државниот завод за ревизија ја стави под лупа Клиниката за дерматологија и даде негативно мислење поради невистинити и необјективни финансиски извештаи. Ревизорите констатирале дека за ретките болести не се знае колку лекови се примени, а колку потрошени, а огромен број од нив се со изминат рок. Набавените апарати не се во целосна употреба, а не се евидентирало ниту присуството на дел од вработените. „Во текот на 2023 година се примени лекови во ...
На барање на Јавното Обвинителство определен е притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница- Битола. М.С. беше упсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28-ми јануари во просториите на болницата во Битола. Според Обвинителството, сомнението произлегло од фактот дека осомничениот како лице кои вршело работи од јавен интерес, ...
По оставката на Даути од претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, до спикерот Гаши не стигнал нов предлог од Европскиот фронт за нејзина замена. Комисијата не смее да престане да работи и ќе постапам согласно со Деловникот за да се надмине овој проблем, вели Гаши. Првиот човек на Собранието информираше дека согласно со приоритетот за дигитализација на парламентот наскоро ќе почне да работи интернет апликација на која ...
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ќе биде дел од протестниот марш во сабота заради загадениот воздух што го организираат екоактивистите. Ќе се приклучи оти струмичани заслужуваат да дишат почист воздух, но и фактот што одредени субјекти биле посилни и од законите. „Субјектите кои имаат ингеренции за контрола се континуирано на терен, но определени субјекти се посилни и над законите. И покрај реализираните инспекциски надзори и ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот, соопшти ОЈО. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на несреќата. ...
Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени, меѓу кои и деца, во руски напад со дрон врз станбена зграда во градот Суми, североисточна Украина. Регионот се граничи со Курск, каде Украина изврши инвазија во август минатата година. Руската војска соопшти дека го уништила упориштето на украинските сили во областа Доњецк. По неколкумесечна битка, украинскиот град Часов Јар, клучното упориште во источна Украина, падна во рацете на ...
Финален настан во рамки на проектот „Младински активизам за одржливи реки: заштита и зачувување на биодиверзитетот на реката Треска“, што го спроведува Аналитика – Скопје со поддршка на Амбасадата на Канада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора, ќе се одржи денеска во Скопје. Целта е да се подигне свеста за заштитата на реката Треска и нејзиниот биодиверзитет преку активно учество на граѓаните, информираат организаторите. Настанот има за цел ...
На Попова Шапка утрово се измерени нула степени Целзиусови, два во Маврови Анови, три во Берово и Лазарополе, четири Крива Паланка, Претор, Крушево, пет степени во Битола и Прилеп, шест Тетово, Охрид, Дебар, Куманово, Велес и Кавадарци, седум степени во Виница и Струмица, осум Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и десет степени во Штип, Демир Капија и Гевгелија. Во изминатите 24 часа, информираа од УХМР, е наврнат воден талог 21 литар на метар ...
Денеска треба да бидат ослободени уште тројца заложници што ги држи Хамас во замена за палестински затвореници. Во рамки на спогодбата, над 500 илјади раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Појасот Газа. Израелската армија ги продолжува операциите во окупираниот Западен Брег, регистрирани жртви. „Израелската одбрана работи напорно во бегалскиот камп Џенин и во други кампови со цел уништување на терористичката инфраструктура. По ...
Континуирани судири се регистрирани во неколку области во Конго, вклучително и во Саке, северозападно од Гома. Според ООН приоритет останува заштитата на персоналот на организацијата и многуте цивили кои се засолнуваат под нивни објекти. „Од ескалацијата на борбите, нашите хуманитарни партнери забележаа повеќе од 2.000 повредени. Неколку тела на загинати остануваат на улиците, додека снабдувањето со вода и електрична енергија останува во прекин ...
Оркестарот на Македонската филхармонија, денеска и утре, со почеток во 12 часот ќе одржи два концерти за деца со наслов „Имате ли ритам?“ преку организирана училишта посета. Диригент е маестро Виктор Митревски, а аниматор е актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги воведе децата во тајните на ритамот и неговата разновидност. Посетителите ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература, во кои акцент е ставен ...
Белата куќа го повлече меморандумот за федерално замрзнување на стотици милијарди долари грантови и заеми, по одлуката на судот да ја запре наредбата потпишана само неколку часа претходно од претседателот Трамп. Меморандумот е укинат, но замрзнувањето останува во сила. „Целта на привременото замрзнување на финансирањето на одредени несуштински програми е да ѝ се обезбеди на владата доволно време да утврди дали има случаи на измама, расипничко ...
Здружението на судии во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска ќе ги презентира резултатите од анкетата за задоволство на корисниците на судските услуги, спроведена во декември 2024 година. Како што соопштуваат од Здружението на судии, на настанот што ќе се одржи во 13 часот во Основниот кривичен суд во Скопје, покрај презентација на резултатите од анкетата, ќе следи и дискусија за резултатите и идните активности на ЗСРСМ во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информира АМСМ. Намалена видливост поради магла 50-100 м. има во Делчево и Струмица. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во ...
Собранието денеска ќе ја одржи 32. пленарна седница на која на дневен ред се пратенички прашања. Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот, а според воспоставената практика, први за поставување прашања на премиерот и министрите се пратениците од опозицијата. На паузата, се очекува да се одржи продолжението на 33. седница и да се гласа за измените на Законот за инспекциски надзор. Претходно, претпладнето ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа и тоа: -поради уличен дефект на водоводна мрежа ф 110 мм во Село Љубанци ул. Љубанци бр. 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од село Љубанци од 09:30 часот до завршување на интервенцијата. (општина Бутел) -поради водоводен приклучок на ф 150 мм на ул. Дрезденска бр. 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ...
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика да се зајакне нуклеарниот штит на земјата при посетата на постројката за производство на нуклеарен материјал, објавија денеска севернокорејските медиуми. -Безбедносната ситуација во Северна Кореја го прави „незаменливо“ постојаното зајакнување на нуклеарниот штит на земјата, рече Ким. Извештајот не дава никакви прецизни информации за тоа каде е објектот што го посети Ким, ниту за тоа кога се случила ...