
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Од 3-ти февруари, понеделник, Меѓународниот Аеродром Скопје станува тивок аеродром, објави компанијата ТАВ. „Тоа значи дека од понеделник, 3.2.2025 година, на скопскиот аеродром нема да се објавуваат дополнителни гласовни најави за летови преку разгласот, освен пред почеток за качување во авион (бординг) кај Излезите. Затоа, ги замолуваме и апелираме до сите патници да ги следат екраните и мониторите каде се прикажани информациите за летовите, ...
Алармантен инцидент се случил во полициско училиште во Романија, кога таванот од спалната соба се срушил врз ученик додека се подготвувал за спиење, пренесуваат медиумите во регионот. Младиот човек не се здобил со сериозни повреди. За овој настан извести синдикатот Европол, кој на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа лошата состојба со инфраструктурата на институцијата. Претставниците на синдикатот посочија дека реновирањето во ...
По кусо боледување денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ долги години работеше како уредник во информативната редакција на Канал 5 телевизија. Тој остави значаен белег во своето известување и аналитички пристап. Во новинарската кариера особено беше посветен на проблематиката на надворешната политика. Кариерата ја продолжи во приватниот маркетинг, задолжен за односите со јавноста. Медиумските работници ќе го паметат ...
Тројца обвинители, меѓу кои и државниот, добија кривични пријави од нивниот колега Цветановски. По одлуката за негова суспензија, тој ги пријави Коцевски, Стефанова и Вели за злоупотреба на службената положба бидејќи, како што смета, незаконски ја спровеле контролата во Вишото обвинителство. Цветановски оценува дека неговото отстранување од работа е обид да се истренира на послушност и да потклекне во случајот со бонусите на СЈО. Од ...
Прилепчани малку во маркетите, но многу повеќе на кафе со пријателите. Граѓаните го поддржуваат бојкотот за купување во маркетите, но бараат и посилни мерки за да запре дивеењето на цените. Да има системски мерки. Трговците најавуваат намалени цени. Од „Слоуфуд“ Македонија ги поддржуваат потрошувачите во бојкотот и нагласуваат- мора да се скрати синџирот на добавувачи, прекупувачи трговци и да се зајакне локалната економија. За потрошувачите, ...
Бојкот на маркетите и другите трговски синџири. Граѓаните револтирани од високите цени се воздржуваат од купување, бараат власта да преземе чекори за контрола на скапотијата. Потрошувачите поделени, оние што ги сретнавме во маркетите не сакаа не нè беа расположени да коментираат, но во корпите можеше да се видат само основните производи. Министерката за финансии апелира да се почитува Законот за нефер трговски практики. Ако се најде злоупотреба ...
Околу 60.000 граѓани од утре ќе плаќаат сметки за парно греење повисоки за 5,03 проценти. Вака одлучи Регулаторната комисија по деталните анализи направени по барањето на ЕСМ дистрибуција, производство и снабдување со топлинска енергија цената на парно греењето да порасне за 13, односно 20 отсто. Според проценките, сметките ќе бидат за околу 100 денари повисоки. Причина за поскапувањето според Бислимовски, е растот на цената на природниот гас на ...
Лекарскиот колегиум бара докторката Веселинка Митровска-Јосифова, којашто добила отказ, да се врати на работа. Причината за отказот е што доктората била физички присутна во кабинетот за бронхоскопија кога се вршела интервенција на вадење туѓо тело од дишните патишта на дете. Од Универзитетската клиника „Козле“ велат дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед за кого се работи. „Јавноста ...
Добро е тоа што нацрт-концепцијата за гимназиско образование предизвика големи реакции и дебати во јавноста. Министерството за образование има сериозен пристап кон сите забелешки. Дел од професорите по предметите филозофија, логика и етика во средните училишта не се согласуваат со новата концепција со став дека изземањето на етиката и филозофијата како редовен предмет ќе оневозможи формирање критичка мисла кај младите и негативно ќе влијае врз ...
Денеска два, во понеделник уште три лека од биолошката терапија треба да стигнат на клиниката за онкологија и пациентите да продолжат со лекувањето по речиси две недели прекин поради недостиг на биолошката терапија. Надлежните велат, терапијата ќе им биде доволна на пациентите во наредните неколку недели, се до новиот тендер. За сомнежите на онколошките пациенти дека се трошат последните количества од имунолошката терапија која е различна од ...
Студентите од белградските факултети кои вчера тргнаа од Белград кон Нови Сад за да им дадат поддршка на колегите во блокирањето на сите три моста во тој град, по повод три месеци од уривањето на настрешница на Железничката станица во која загинаа 15 лица, втор ден го продолжија своето патување, од Инџија, каде што ја поминаа ноќта. Се очекува вечерва да пристигнат во Нови Сад на Железничката станица, каде ќе положат 15 ружи за настраданите во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на 11-та Европска конференција на Универзитетот Харвард, со наслов „Лидер или сонувач? Улогата на Европа во фрагментираниот светски поредок“, што се одржува денес и утре во Бостон, САД. Во рамки на учеството, Министерот ќе се обрати на панел-дискусијата „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и пошироко“, каде ќе говори за значењето ...
На 30.01.2025 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.П.(42) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица. Додека, по преземени мерки од полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција ...
Министерот за правда Игор Филков испрати сочувство до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова. Нагласи дека ќе се заложи целиот систем да се менува од корен. „Упатувам сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова. Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се ...
Серија на земјотреси, од кои два со посилен интензитет од 4,1 и 2,7 степени според Рихтеровата скала, биле регистрирани утрово кај грчкиот остров Закинтос, во југозападна Грција. Епицентарот на земјотресот бил во областа со географски координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на ...
Регулаторната комисија за енергетика треба да пресече дали парното ќе има нова цена. ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство поднесоа барања за зголемување на цената за 13, односно 20 проценти. Нивното барање доаѓа по она на ЕСМ. Од таму велат дека ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите. На крајот од јули минатата година регулаторот донесе одлука со ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1-ви до 5-ти февруари 2025 година. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување на правото на ...
Утрово е најстудено во Берово, Маврови Анови, Лазарополе и на Попова Шапка, нула степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 35 сантиметри. Како што информира УХМР, изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Пожар – Радовиш, 4 литри на метар квадратен, на Попова Шапка 3, во Крива Паланка, Струмица и Охрид 2, како и во Прилеп и Маврови Анови еден литар. Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 16 сантиметри. До 08:30 часот се ...
Израел ослободи 110 палестински затвореници откако привремено ја стопираше размената во знак на протест по хаотичните сцени и куп навреди кои ги претрпеа заложниците за време на предавањето од Хамас. Од кабинетот на Нетанјаху потврдија дека посредниците се заложиле да гарантираат безбеден излез на заложниците во идните предавања откако тој претходно им стави дознаење дека нема намера да прифати никаков ризик за заложниците. Првата фаза од ...
Завршија спасувачките операции во Суми по рускиот напад со дронови врз станбена зграда во кој загинаа 9 луѓе, а 13 се повредени. Додека европските претставници разговараат за можното продолжување на купување руски гас во контекст на потенцијалното решавање на војната во Украина, Киев повторно ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Москва. „Секој ваков руски напад мора да се соочи со одговор од светот – теророт не смее да остане ...
Српските студенти го продолжуваат протестниот марш до Нови Сад откако поминаа половина од патот и преноќија во Инџија. В сабота ќе им се приклучат на своите новосадски колеги за да ги поддржат во блокирањето на трите моста, симболично одбележувајќи ги трите месеци од несреќата на железничката станица и смртта на 15 лица. „Откако го напуштивме Белград ни се придружија огромен број луѓе, постари, помлади, луѓе од сите возрасти. Поддршката за нас е ...
Граѓаните преку социјалните мрежи повикаа на протест по сообраќајната несреќа што се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, а во која загина 22-годишна девојка. Протестниот собир е закажан за 13 часот пред прекарницата во близина на местото каде што смртно беше прегазена девојката. Во сообраќајката што се случи вечерта на 29-ти јануари, 15-тина минути пред полноќ, девојката поминувала на пешачки премин кога во неа удрил автомобил со ...
Концесиите за организирање на рекреативен риболов за две зони што го опфаќаат риболовните подрачја Шпиље и Мавровица се за период од 12 години. Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица регистрирани за дејноста рибарство и риболовни здруженија кои имаат право да конкурираат за повеќе места. Покрај другите документи потребно е да се достави и доказ дека барателот ја има потребната опрема и вработени за вршење на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има во Сарамзалино, Неготино и Струмица. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...
Истрагата за воздушната несреќа во Вашингтон во која загинаа 67 луѓе продолжува. Порнајдени се и двете црни кутии од патничкиот авион на „Американ Ерлајнс“ кои треба да дадат одговори. Надлежните велат дека добиле голем број информации чии факти допрва треба да се утврдат. Прелиминарниот извештај би требало да биде готов за 30 дена. „Ги разгледуваме сите факти за да утврдиме дали се работи за човечка грешка, проблеми со леталата или околината. ...
За денеска најавен бојкот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Граѓаните преку социјалните мрежи се организираа за испраќање пораки до трговците кои енормно ги зголемија цените, но и за власта која треба да алармира за спречување на оваа појава. Во пресрет на бојкотот некои маркети најавија спроведување попис, а други, пак ќе се бранат со акции. Протестот го поддржаа од Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму велат, ...
Судија на претходна постапка вечерва му одреди триесет дневен притвор на возачот кој ја усмрти дваесет и двегодишната девојка на Партизанска. Обвинителството поведе истрага – осомничениот 20-годишник без дозвола управувал автомобил во сопственост на неговиот татко. Бил под дејство на алкохол, поминал и на црвено светло. Тој претходно бил во притвор за дрога, но судот одлучил да биде испратен во Воспитно-поправниот дом во Тетово третирајќи го ...
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван утринава, предизвикувајќи мала материјална штета, соопштија тамошните власти, додавајќи дека следеле серија помали последователни потреси. Главниот земјотрес се случил во 10:11 часот по локално време во градот Дапу, додека епицентарот бил на околу 250 километри јужно од Тајпеј, каде земјотресот бил благо почувствуван. Главниот земјотрес беше проследен со десетина помали ...
Во врска со медиумските написи поврзани со претходните постапки за лицето осомничено за сообраќајната несреќа на „Партизанска“, обвинителството појаснува дека ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, ...
Општина Аеродром донесе препорака учениците од прво до деветто одделение во сите основни училишта да не ги поседуваат кај себе и да не ги користат мобилните телефони за време на наставата. „Имено, се препорачува учениците при влез во училиштата да ги оставаат своите мобилни апарати во посебно означени кутии сместени во посебни простории во рамките на училиштата, од каде ќе можат да ги земат по завршување на наставата. Доколку вработените во ...