Фабриката „Нула отпад“ во селото Трубарево, општина Гази Баба, е зафатена од голем пожар. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека станува збор за сериозен и тежок пожар за гаснење поради материјалите што горат, а се слушаат и детонации. Инаку, компанијата бесплатно презема електричен и електронски отпад од домаќинствата и го рециклира. Од Центарот за управување со кризи, пак, информираа дека бригадата за противпожарна заштита на ...

Инфлацијата е со забавено темпо, но сè уште е висока и не смее да се остави сама од себе да се намали. Македонската зависи од глобалната економија и секое превирање скапо нè чини. Потребна е будност и паралелно да се работи на подолгорочни мерки, сметаат и експертите и бизнис секторот. Поттикнување на домашното производство и домашната конкурентност и забрзана битка со сивата економија. Административните мерки не даваат резултати, сметаат од ...

На струмичките ниви лотарија е да се види млад земјоделец-вака коментира Драги Памуков од Куклиш. Според него, тоа е и клучниот проблем што се намалува производството на зеленчук во струмичкиот регион. Несигурниот пласман и немање работна рака е причината што нивите во струмичко ќе бидат обраснати со трева, вели земјоделецот Ристо Велков од Василево. Поголема поддршка на младите е клучен сегмент за подобрување на старосната слика во македонскиот ...

Она што се најавуваше веќе се реализира. До крајот на годината во индустриската зона Жабени германската компанија „Брејнчајлд“ го отвора новиот погон. Произведената спортска опрема за водни и ветропловни спортови оттука ќе патува до светските пазари на германскиот инвеститор кој во Македонија работи над три години. Бети Дрогришка беше првовработена. Вели работата е динамична и интересна. Во оваа прва фаза ќе бидат вработени близу 200 нови ...

На 12.09.2025 во 21:30 и во 23:15 часот во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишија од слобода М.Ф.(41) и А.Р.(38), двајцата од Дебар. Тие се сомничат дека заедно со уште едно лице околу 19:30 часот предизвикале пожар на стрниште во Градскиот парк во Дебар. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на третото лице. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде ...

Со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата „Дрисла“. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, чадот е намален, но сè уште присутен. Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето а кој е со величина приближно колку фудбалско игралиште. Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но се уште ...

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Тие се сомничат дека на 12.09.2025 во периодот од 10:40 до 11:15 часот од продажен објект во состав на хотел на Граничен премин Богородица одзеле повеќе парфеми. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР ...

Израел ја критикува како „срамна“ усвоената резолуција од Генералното собрание на Обединетите нации, со цел да даде нов поттик на решението за израелско-палестинскиот конфликт. Според Тел Авив, со ова се охрабрува Хамас да „продолжи со војна“. „Во десетици членови на усвоената декларација воопшто не се споменува фактичката состојба дека Хамас е единствен одговорен за продолжувањето на војната преку одбивањето да ги ослободи заложниците и да го ...

Репрезентацијата на Турција избори пласман во финалето на Евробаскет откако ја надигра Грција со 94:68 (26:16; 23:15; 23:20 и 22:17). Противник на Турција во финалето ќе биде селекцијата на Германија, која во првото полуфинале ја совлада Финска со 98:86. Доминацијата на Турција беше во текот на целиот натпревар, а тимот на Ергин Атаман (селектор на Турција) ги доби сите четири периоди. Турција во еден момент водеше со 30 поени (91:61). Ерсан ...

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк со емотивен говор во Аризона. Стоејќи покрај празната столица што ја користел нејзиниот сопруг, им се заблагодари на службите за итна помош и на Белата куќа. Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен. Претседателот Трамп најави дека на Кирк постхумно ќе му додели Медал на слободата. Неговата сопруга со порака и до злосторниците: „Ако ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена. Како што ...

Вечер на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи од политичките партии. За Град Скопје досега има осум номинации, шестмина од политичките партии и двајца независни. Во Чаир се очекува главната политичка битка да биде меѓу Бујар Османи од ДУИ и Изет Меџити од Вреди. За Кочани власта и опозиција со свои кандидати, но и двајца независни. До Државната изборна комисија беа доставени и 69 независни ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Одделението за внатрешни работи Струга и Полициската станица за гранични проверки Ќафасан. Од страна на раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга министерот беше информиран за безбедносната состојба во регионот, со забележителни резултати во справувањето со насилниот криминал и видлив напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност – област во која и понатаму ќе ...

Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик. Имено, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и ...

Вчера во 01:00 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(34) од Куманово, информираат од МВР. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,20 промили алкохол во ...

Формализирана коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ составена од 25 партии, што заеднички ќе настапи на претстојните локални избори. Премиерот Мицкоски вели, како коалиција имаат со што да излезат пред граѓаните, со она што е направено во изминатите четири години во општините и она што е направено во изминатите 15 години откако се централна власт. Ќе се обидеме да направиме разлика меѓу оние седум години, кога ДУИ и СДСМ беа ...

Интервенирањето со стокови резерви и нивното надополнување со домашно производство е начин на поддржување на стандардот на граѓаните, вели заменик-министерот за економија Ристески. Зголемувањето на домашното производство може да ги стабилизира цените на долг рок. Апелира да се пријави секое непочитување на Законот за нефер трговски практики кој треба да е стожер во нормализирањето на цените на подолг рок. Според бизнисот, Законот за нефер ...

Зошто не дозволите декласификација на материјалите за прислушувањето и следењето-прашање од собраниската говорница од лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче до премиерот Мицкоски. Јавен интерес е, смета Филипче, јавноста да знае ако имало злоупотреба. Смета дека е недозволиво тоа што ниту во АНБ, ниту во Агенцијата за разузнавање пратениците не ги добија на увид спорните материјали. Некој повторно ве носи во длабокото. Не сум јас тој што ...

Вчера во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово, соопштија од МВР. При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од ...

Врховниот суд на Бразил го осуди поранешниот претседател Жаир Болсонаро на 27 години затвор за обид за државен удар и водење вооружена криминална организација. 70-годишниот Болсонаро е обвинет дека водел заговор против неговиот левичарски ривал Лула да Силва по поразот на изборите во 2022 година. Болсонаро е во домашен притвор од почетокот на август, а за негово ослободување се залага и претседателот Трамп кој воведе царини за Бразил од 50 ...

Вкупен број на граѓани кои се провериле во Избирачкиот список е 6.787 – информираат Државната изборна комисија. Рокот за проверка во избирачкиот список заврши вчера на полноќ. 11 лица побарале запишување, а 199 бришење од Избирачкиот список, од кои 197 поради смрт и 2 поради отпус од државата. 151 граѓанин побарале промена на податоците во ИС, најчеста за адресата на живеење или пак поради промена на презиме. За време на јавниот увид ...

Вчера во 18:40 часот во с. Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(75) од с. Трубарево, информираат од МВР. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја одложи денеска одлуката за организирање натпревари од националните лиги во странство, откако Барселона побара да игра во САД, а Милано во Австралија. Извршниот комитет на УЕФА објави дека му е потребно повеќе време за да ги разгледа предлозите од шпанската и италијанската лига, но и да разговора со навивачките групи. Шпанската лига сака Виљареал и Барселона да играат во Мајами на 20 декември, додека ...

СДСМ во Кочани ќе трча со свој кандидат за градоначалник, различен од натпартскиот за којшто застана ВМРО-ДПМНЕ. На седницата на Извршниот одбор на партијата се потврдени уште четири кандидатури. За кандидат за градоначалник на Кочани е предложен Игор Христов, за Илинден Жика Стојановски, за Шуто Оризари е Едис Хасан и за Долнени, Исуф Синани. СДСМ досега објави 64 кандидати за градоначалници. Сите се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба ...

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што утринава се случи на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска Река, во близина на селото Лакавица. Комбето со кое се превезувале работниците излетало од патот. Лекарите на Итната медицинска помош на самото место констатирале смрт на две лица, а третото било реанимирано, но подоцна им подлегнало на повредите. Повредени се уште еден работник и возачот ...

Денеска на територијата на државава има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден, а 13 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК),под контрола е пожарот во депонијата Дрисла во Општина Студеничани каде гори ѓубре. Изгаснати се пожарите во 
Општина Струга кај селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума), како и во населбата Елен Камен (ниска вегетација), во
Општина Липково село ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Во судницата во затворот „Идризово“, ново рочиште за 9-мина обвинети, членови на криминалната група „Беланоца“. Обвинети се за најмалку осум убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани и дрога. На претходно судење, обвинетите и одбраната реагираа на начинот на кој обвинителството прибавило докази против нив, односно биле снимани во ќелија во Идризово. Според обвинителката доказите биле законски, имале информации оти групата и од затвор ...

Жестока дебата во ООН за последните случувања на Блискиот Исток. Израелските власти покажаа дека не им е грижа за заложниците во Појасот Газа по нападот оваа недела врз лидерите на Хамас во Доха, изјави премиерот на Катар пред Обединетите нации. „Нашите напори во соработка со САД и Египет доведоа до опипливи резултати и ослободување на 148 заложници и до обезбедување хуманитарна помош за Газа. Тоа беше зрак надеж, редок зрак надеж во оваа Газа. ...

Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел, кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар. Концертот ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет, под диригентство на маестро Владимир Николов. The New York Times за него пишува: „Со само неколку ноти, Курт Розенвинкел кажува повеќе отколку што многумина гитаристи постигнуваат за цела кариера. ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1032
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1029
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
70%
1031
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.97
68%
1029
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
99%
1029
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
48%
1029
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
55%
1030
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 5ᴼ
5.14
81%
1028
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
94%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1030
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Платина

61733.50

Калај

42.35

Кобалт

58.42

Цинк

3.03

Злато

139470.53

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Паладиум

52470.02

Сребро

2128.87

Родиум

258009.74

Алуминиум

2.90