
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Денеска околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени ...
Еднаш одложена поради трагедијата во Кочани, уставните судии ќе ја одржат подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците на 19-ти јуни, објави претседателот на Судот, Дарко Костадиновски во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој смета дека по седницата ќе бидат потребни околу два месеца за сумирање на сите мислења и дека, најверојатно, конечната одлука ќе се донесе по локалните избори во октомври. Уставниот суд ќе бара и меѓународни ...
„Ние не ветуваме, ние градиме“, рече премиерот Мицкоски на почетокот на изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар. Тој посочи оти со коридорите 8, 10 и 11 сме единствена држава конектирана со правци кои претендираат да се со паневропски коридори, преку кои се поврзување со сите пристаништа во регионот. Министерот за транспорт и врски Николоски посочи дека во јуни лани биле експроприрани само 560 парцели на трите делници, а оттогаш е стигнато ...
Пролетниот априлски мраз кој повеќе од 100 часа ги држеше замрзнати овошките во преспанско, нанесе незапамтливи штети врз овоштарството. Родот на овошните насади во атарот на село Евла, на Лозевски Димитар кој цел живот се занимава со оваа дејност, и му е единствен извор на финансии за егзистенција е речиси 100 проценти уништен. Овоштарите бараат исплатата на штета да биде што поскоро, за да можат да продолжат со третирање и заштита на овошките ...
Родовобазираното насилство, правата од социјален, здравствен и работен однос, особено за жените и девојките од руралните средини во пелагониско, и во 21 век остануваат табу теми. Патријархалната средина, финансиската зависност се големи пречки. Пријавите за обесправеноста се ретки и речиси не добиваат епилог. Невладините почнаа со бесплатна правна и социјална помош што може да придонесат за подобрување на состојбите. Оспособени се и едукатори од ...
Угостителите кои користат јавна површина, а не постапиле по констатираните неправилности од страна на општинските инспектори ќе бидат казнети, а подигнатите објекти ќе бидат рушени. Тоа ќе се случи најдоцна до средината на јуни кажа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Тој неодамна најави дека 24 правни лица го загубиле правото за користење на јавна површина. Дел од угостителите во Струмица побараа да се запрат постапките, бидејќи ...
Подготвителната седница за законот за јазиците е закажана за 19-ти јуни. По неа ќе бидат потребни до два месеци да се подготви нов реферат и да се сублимираат сите мислења на учесниците. Проценката на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски е дека конечната улога ќе биде донесена после локалните избори во октомври. Појаснува дека поради трагедијата во Кочани, судот еднаш ја одложи седницата, а неговите проценки се дека после ...
Полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспекциски служби од Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, по претходно изготвен план, вчера и денес (02/03.05.) во периодот од 22,00 до 01,00 часот извршија акциска контрола во угостителски објект во Штип. Притоа во објектот е затекнато 17 годишно малолетно лице од Штип кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок, за што ќе следат соодветни поднесоци. Исто ...
Израел доцна синоќа изврши нови воздушни напади во близина на сирискиот главен град Дамаск и градот Хама, објави сириската државна новинска агенција Сана, без да даде дополнителни детали. Едно лице загинало, а четворица се повредени. Израелската војска ги потврди нападите, велејќи дека цел била сириската воена инфраструктура, вклучувајќи командни пунктови и локации со оружје и опрема. Претходно Израел бомбардираше област во близина на ...
Советот за национална безбедност на САД подготвува нови економски санкции против Москва, во банкарството и во енергетиката, со цел да се зголеми притисокот врз Кремљ да ги прифати напорите на американскиот претседател Трамп за прекин на војната во Украина. Сепак, неизвесно е дали Трамп ќе го одобри овој пакет санкции, иако фрустрациите растат, бидејќи Путин ги отфрла неговите повици за прекин на огнот и мировни преговори, велат американски ...
Семејствата и роднините на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани на протестен марш за ангелите, во 12 и 5, симболично како задоцнета реакција на институциите. Бараат одговорност за најголемата трагедија во историјата на Македонија, но и одговори до каде е истрагата. На протестот кој во вторникот се одржа во Скопје, дел од родителите разговараа со државниот обвинител Коцевски. Обвинителскиот тим ги уверил дека истрагата е сеопфатна и се ...
Српскиот претседател Вучиќ е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош. По прегледот била донесена одлука тој да се врати во земјата, јавија српските медиуми. Претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои дојде во САД, меѓу кои беше планирана и кратка средба со американскиот претседател Трамп. За што точно станува збор, од кабинетот на претседателот најавија дека ќе ја ...
Денеска почнуваат градежните работи на новиот автопат од Тетово до Гостивар. За делницата од околу 25 километри ќе се потрошат 90 милиони евра. Проектот за изградба на автопатот опфаќа и осум делници за поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат, и уште една за новата клучка во општините Боговиње и Врапчиште. На клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот надвозник. На свечениот почеток на работите ќе ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 30 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај во 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реномираниот грчки диригент Владимирос Симеонидис. На програмата се дела од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Министерството за внатрешни работи потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете министерства во областа на физичките подготовки и спортски активности. Со овој Меморандум за соработка се утврдува рамката помеѓу страните потписници за работи од заеднички интерес базирани на искористување на стручно-научните, професионалните, материјално-техничките и ...
На 8 мај во 18 часот, во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, а во режија на Билјана Јовановска. Во претставата играат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска – алтернација. Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како децата ...
Во текот на вчерашниот празничен ден, а како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци се однесуваат за возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот коишто немале возачка дозвола, ...
Близу 1.200 проекти поднесле 80-те општини во двата јавни повици на министерството за локална самоуправа да користат средства од унгарскиот кредит за унапредување на живеењето на граѓаните, констатираат од министерството. Од првиот проект, 90 насто од 388 проекти се завршени. Една од општините со повеќе проекти, 17, е Кавадарци Од надлежното министерство проектите ги оценуваат како квалитетни и, главно ќе ги унапредат инфраструктурата, но и ...
Лебот, млекото, јајцата, брашното, јогуртот, маслото за јадење од сега ќе се продаваат без ограничени маржи. Заврши владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, што беше во сила од 20 февруари. Со ова, трговците повторно имаат слобода да ги одредуваат цените на повеќе од 1.000 производи. Граѓаните со поделени ставови. Едни тврдат дека дел од трговците веќе залепиле нови, повисоки цени, а други, дека барем за ...
За 4,7 отсто е намален јавниот долг во првиот квартал од годинава, од 62,4 проценти од БДП на 57,7. Намалување бележи и државниот долг, сега изнесува 50,1 отсто, според податоците на Министерството за финансии. Ова е најниско ниво на долгот во последните пет години. Споредено со 2020-та јавниот долг е намален за 2 насто, а државниот за 0,7. Според премиерот Мицкоски, ова се јасни индикатори за стабилизирање на македонската економија. Најавува ...
Граѓаните честопати знаат да го вперат прстот во комуналните претпријатија, но одговорноста е на сите нас. Денеска на излетничките места каде што вчера се подготвуваа скари можат да се видат многу отпадоци. Парковите полни со остатоци од храна, пластични шишиња, ќеси, а кантите за отпадоци околу нив празни. Ваква е сликата по први мај. Овој викенд еко-акција за чистење на водно – заедно до почиста природа. Граѓаните велат за чист град потребни ...
Владината коалиција е одлична. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека случувањата во „Вреди“ нема да влијаат на стабилноста во владиното мнозинство. Одлуката на Арбен Таравари да ја напушти коалицијата „Вреди“ нема да влијае негативно врз Владата во периодот што следи. Се очекува средба меѓу премиерот Мицкоски и Таравари, по што ќе се знае иднината на Алијанса во владината коалиција. Дали Таравари ќе остане во Владата и покрај тоа што не е ...
Вчера во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ц.(44) од село Жегљане, општина Старо Нагоричане, информираат од МВР. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 ...
Израел изврши воздушни напади во близина на претседателската палата во Дамаск како одговор на насилството во Сирија врз малцинството Друзи во земјата-соопштија израелските одбранбени сили. Ова е втор напад неделава кој, како што вели премиерот Нетанјаху, треба да пренесе јасна порака до сирискиот режим дека Израел нема да дозволи сили да бидат испратени јужно од Дамаск или да претставуваат каква било закана за заедницата Друзи. По соборувањето ...
Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти. Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“. Дел од повредените, ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие. – Пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во селото Марчино која се запалила од оставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот, информира ЦУК. Заради ветер се разгорел ...
Пад на Македонија за шест места во индексот на слобода на медиумите, покажува извештајот на „Репортери без граници“. Годинава земјава се најде на 42 место, за разлика од минатиот извештај каде што беше на 36-то место. Македонија е последна во групата земји од регионов каде што состојбата со медиумите е задоволителна. Во оваа група од регионот сè уште, Словенија која напредувала за 9 места и е 33-та и Црна Гора која е погоре за 3 места и е 37-ма. ...
Договорот за минерали го зацврстува партнерството на САД со Украина, но сепак останува на Москва и Киев да постигнат прекин на огнот-велат од Вашингтон. Тврдат дека остануваат посветени да помогнат, но како што велат, нема да летаат по светот и да посредуваат состаноци кои се сега меѓу двете страни. „Сега кога секоја страна ги знае условите на другата за мир, од нив ќе зависи да постигнат договор и да го запрат овој брутален конфликт. Се надевам ...