Снегот во Хрватска го блокира сообраќајот на камиони на главните автопати меѓу Загреб и Риека. Околу 20 сантиметри изненадувачки пролетен снег само за неколку часа паднаа вчера изутрината, предизвикувајќи хаос на многу прометните патишта во Хрватска. Од силниот ветер паѓаа дрвја и покриви низ загрепските населби. Прекини се регистрирани и во јавниот превоз, а во Загреб откажана е и наставата во училиштата Снежни врнежи се најавуваат денеска и ...

Силно невреме ја зафати Хрватска. Силниот ветер што дуваше преку ноќта, направи големи штети на повеќе места. И утрово во Загреб дува силен ветер, при што се откорнати дрвја, а на некои места се подигнати и покриви. Поради невремето, откажана е и наставата во училиштата, објави Индекс.хр. Силен ветер дува и на крајбрежјето, а на сила се забрани за одредени возила. Поради снегот и зимските услови за возење во Горски Котар и Лика, има ...