Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Денес продолжува судскиот процес за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи. На минатото рочиште, наместо да се сослушаат супер вештаците, повторно се одложи судењето поради тоа што одбраната побара изземање на судијата а предметот да биде разгледан од Врховниот суд. Случајот со Јилдаз Веапоска, во кој тројца лекари се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, веќе трета година е во судница. ...
Јавното обвинителство ќе чека МВР и Финансиската полиција да постапат по сомнежите за финансиски злоупотреби во скопски Комуналец, а ако тоа не го сторат, тогаш може да постапат по допрен глас. Овој став доаѓа откако скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски рече дека 371 лице земале плата без да одат на работа, а по десет илјади евра се плаќале на физички лица за интелектуални услуги. Од Обвинителството велат дека до нив до сега не е доставена ниту ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека акцијата за чистење на главниот град нема да биде само краткорочна иницијатива, туку континуиран процес. „Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Генералката нема да трае само 72 часа, туку ќе продолжи секој ден. Ова не е маркетинг, туку наша обврска кон граѓаните“ – изјави Ѓорѓиевски на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје. Акцијата „72 часа чисто Скопје“ ...
Нови тензии меѓу САД и Венецуела додека Вашингтон продолжува со военото засилување во Карибите. Американската војска повторно нападна брод при што загинаа три лица, за кој тврди дека бил поврзан со терористичка организација што шверцувала дрога. Мадуро изјави дека американските воени дејствија нема да ја нарушат неговата земја. „Не сме вознемирени и никој нема да нè спречи да создаваме и работиме да изградиме директна и вистинска демократија ...
Бројот на летови во САД намален на главните аеродроми низ земјата поради безбедносните проблеми предизвикани од блокадата на владата, што стави притисок врз контролорите на летање кои работат без плата. Стотици летови веќе откажани додека патниците нервозно чекаат на аеродромите. „Денес стигнав два часа пред летот, нервозен сум. Не знам како ќе оди со откажувањата. Не знам зошто не можат да постигнат договор, мора нешто да смислат“, изјави ...
Едно лице загина, а девет се повредени во израелски напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан, кршејќи го едногодишното примирје. УНИФИЛ и САД предупредуваат дека нападите го загрозуваат мирот и цивилите, додека Израел најавува продолжување на операциите. Во меѓувреме, Трамп најави наскоро распоредување меѓународни сили во Газа, подготвени да интервенираат ако Хамас не се разоружа. „Газа се развива многу добро. Имаме земји кои се понудија ...
Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода и до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Д.Ц.(43) поради основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 05.11.2025 во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот Д.Ц., заедно со уште едно лице, го убиле Ѓ.Ѓ. од Велес. Прво Д.Ц. го намамил Ѓ.Ѓ. ...
Голем број познати имиња од забавната музика, на Гала-концерт, ќе му оддадат почит на човекот кој ги создаде едни од најубавите хитови и за нив напиша повеќе од 700 композиции – единствениот маестро Кире Костов. Kонцертот насловен „Летај Галебе“, ќе се одржи во Националната опера и балет, на 11-ти ноември, во 20 часот, во режија на Дејан Пројковски, а под диригентската палка на Сашо Тататрчевски. Музички соработници се Дамир Имери и Владимир ...
Македонската Радио Телевизија со гордост најавува дека вечерва во 18:30 часот, на програмата на МТВ1 и на официјалниот YouTube канал на Јуниорскиот Евросонг, ќе биде промовирана песната „Miracle“, со која Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на овогодишното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025. Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Miracle“ не е само песна, тоа е чувство. Таа раскажува приказна за ...
Заигра метлата во Скопје. Со над 100 камиони и повеќе од 800 работници почна големата акција за чистење на метрополата. Ќе трае 72 часа. На испомош на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски му пристигна и механизација од други градови и локални самоуправи. Камионите го собираа сметот, цистерните ги миеја улиците и централниот плоштад. Сега во функција се 40-ина камиони на скопски „Комуналец“, но ќе се набавуваат и нови возила. Почнаа и ...
Руската војска продолжува со напади низ Украина, Киев возвраќа. Жестоки борби и во стратешки важниот Покровск. Зеленски најави зголемување на поддршката за фронтот и ги повика земјите да се приклучат кон санкциите за Русија. „Секој начин за ограничување на руските приходи претставува ефективна контрамерка против војната. Нашите партнери нè слушаат и прифаќаат нашите предлози, и ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија“, изјави ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Со над 100 камиони и повеќе од 800 работници, новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја почна големата акција за чистење на метрополата што ќе трае 72 часа. На испомош на новиот градоначалник пристигна механизација и од други градови и локални самоуправи. Почнаа и инспекциски контроли, а Ѓорѓиевски најави дека ќе се постави и временска рамка, од колку до колку часот граѓаните ќе може да одлагаат отпад. Паралено со акцијата почна и ...
Над 1.600 деца и млади танчари од 12 држави во сабота ќе настапат на сцената на Националната опера и балет на седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ 2025“. Тие, од 9 до 22 часот, ќе танцуваат класичен и современ балет, џез, модерен, акробатски и шоу танц. „Преку танцот, децата од целиот свет учат да ја разберат и почитуваат културата, да создаваат пријателства и да ја негуваат љубовта кон сцената. Со секое издание, СТЕЈЏ ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денес оствари работна средба со италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери на која стана збор за актуелни теми од областа на здравството. „На денешната средба со амбасадорот Палминтери имавме пријателска и конструктивна дискусија, при што ги афирмиравме одличните билатерални односи меѓу нашите земји. На средбата стана збор и за вклучувањето експерт токму од Италија, кој ќе биде дел од меѓународната експертска ...
Орце Ѓоргиевски е новиот градоначалник на Скопје. На средбата на примопредавањето на функцијата, среќа во работата му посака и неговата претходничка Данела Арсовска, и покрај заострените односи кои двајцата ги имаа низ годините. И како што најави, првата негова одлука беше да ги отстрани рампите на влезот во административните простории, за веднаш потоа да ја најави и големата акција за темелно чистење на сметот во главниот град за што смета ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер. Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување. Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и ...
„Ако ги направевме уставните измени ќе бевме најдобри, за потоа да добиеме ново вето и повторно да има нови проблеми“, ова е ставот на премиерот Мицкоски кој од евроамбасадорот Рокас го доби извештајот за напредокот во кој повторно се повикува земјава да ги направи уставните измени за внесување на Бугарите во преамбулата. Тој рече дека извештајот не е оценка за една година или за една Влада, туку за континуитетот на реформските процес, и е ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Ноември 2025 ...
Со ножеви и боксирачи во ранците учениците одат на училиште. Алармантни се податоците за врсничко насилство од истражувањето на Институтот за човекови права. Булингот се повеќе присутен меѓу младите. Според граѓаните кои ги анкетиравме изгубени се семејните вредности, потребно е родителите да придонесат за подобрување на состојбата. Најзначајната разлика од истражувањето е дека најголем број од анкетираните деца, особено учениците од ромската ...
Гостивар, Куманово, Штип, Битола се градовите коишто бележат поголем број на заболени од грип. Од институтот за јавно здравје информираат бројот е зголемен дури двојно во споредба со претходната седмица, но и во однос на последните 15 сезони. Најзастапена засега е возрасната група од 15 до 64 години. „Кога зборуваме за целокупната сезона 2025-2026 година бројот на случаи на грип и заболување слични на грип изнесува 338 лица, во споредба со ...
Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори за 29 општини и град Скопје. Заедно со 44 градоначалници кои беа избрани во првиот круг, се стигна до избрани 74 градоначалници. За три општини, Брвеница, Карпош и Шуто Оризари има приговори, во четири општини ќе се повтори процесот. До ДИК поднесени 16 приговори за општините Брвеница, Карпош и Шуто Оризари. На седница на комисијата, во дел од ...
Во голема акција е уапсен државен функционер за примање мито. Според првичните, неофицијални информации, лишен од слобода е в.д. директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за наводно примање поткуп од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД, што било констатирано со одбележани пари. Од Обвинителството, пак, само кусо соопштуваат дека под раководство на Обвинителството за ...
Скапа имунолошка терапија селективно и со врски им се давала на пациенти во време кога со онкологија директорувал Никола Васев. За ова извести сведок чиј татко бил пациент на клиниката. Ампулите му ги давал директорот лично откако со ургенција ќе стигнел во неговата канцеларија. Одбраната приговараше. Вели дека во доказите нема досие за лекување на тој пациент. Од Обвинителството велат – не е направена грешка со сведоците. Со неговиот исказ ...
Пополнување на испразнетите министерски места во Владата, но засега не и нејзина реконструкција – јасен е премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека фокусот е на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во почетокот на декември и формирање на партиските тела. Во меѓувреме, ќе се размислува за одредени кадровски поместувања во Владата, доколку има потреба за сето тоа. „Вреди“ не добива министерско место плус, укажува премиерот откако беше обелоденето ...
По есенските проекции на Народна банка за забрзување на растот и за намалување на инфлацијата, и владата со оптимистички прогнози за подобрување на макроекономската слика. Очекувањата се дека годишната стапка на инфлација ќе се движи помеѓу 3,5 и 4 насто, а следната година да падне на два и три проценти. Сепак, економистите советуваат да се земат предвид отвореноста на македонската економија и геополитичките состојби кои имаат влијание и кај ...
Украинската војска нападна руска рафинерија за нафта во Волгоград, додека експлозии потресоа неколку енергетски објекти. Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск биле опколени и повикани да се предадат. Киев негираше и тврди дека имало контранапади за уништување на непријателот. „Посебно сакам да ја истакнам специјалната единица „Алфа“ која систематски и ефикасно ги уништува руските окупатори и нивната техника ...
Вчера во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода Д.Т.(30) од Свети Николе и 25-годишната А.П. од с. Горобинци, светиниколско, информираат од МВР. При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на ...
Солистички рецитал насловен „Звуците на срцето и душата“ ќе се одржи вечер во Салон 19 19 во Културно-информативниот центар во Скопје. На него ќе настапат Берислав Јерковиќ (баритон) и Ана Дадиќ (пијано) од Хрватска, а настанот се одржува во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“. Јерковиќ е дипломец по пеење, диригирање и музичка педагогија, со докторски студии на Универзитетот во Загреб. Има изведено бројни солистички улоги во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари инспиративна средба со Дорис Пак, поранешна пратеничка во Европскиот парламент и легендарна претседателка на Асоцијацијата на жени при Европската народна партија. На средбата, како што истакна Сиљановска-Давкова, се разговарало за значењето на културната дипломатија, за политиката како уметност на можното, како и за улогата на жените во современото општество. „Разговорот беше спој на искуство ...