Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Cotton Blues Festival годинава ќе понуди 4 вечери и 9 концертни настапи, придружна програма, арт колонија и гитарска работилница со Јаниз Павеза, кој минатата година турнерал низ Азија и Европа. Во рамките на фестивалот ќе има три промоции на албуми и интересни македонски блуз проекти. Меѓу гостите се Hamilton Loomis, американски добитник на Греми, Norman Beaker, легенда на британската блуз сцена и член на Blues Hall of Fame, и Tony Holiday, ...
Украина, Арктикот, мирот на Блискиот Исток, одбранбените трошоци, трговијата, енергетската соработка и критичните минерали-во фокусот на самитот на Г7 во Онтарио. Канадската министерка за надворешни истакна дека средбата се одржува во време на трговски тензии со администрацијата на Трамп и внатрешни поделби во блокот. На самитот учествува и американскиот државен секретар Рубио, кој според Андан е многу конструктивен член на Г7. „Глобалниот ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во Центарот за дизајн и иновации-Јавна соба ќе се обратат на првиот панел во рамки на конференцијата „Е-75-Основа за развој на креативен туризам и негова одржливост“, која е дел од Фестивалот за развој на креативните економи „Недела на дизајн-Скопје 2025“. Конференцијата е дел од визијата за развој на нашата ...
Денес во Владата премиерот Христијан Мицкоски ќе има состанок со заменик-претседателот на Европската инвестициона банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, во просториите на Владата. По завршувањето на состанокот, според најавата од владината прес-служба, ќе се изврши потпишување на спогодба за соработка. Потоа, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе одржи заедничка прес-конференција со заменик-претседателот на ...
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. ...
СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот ...
Во септември 2025 година во земјава престојувале 132.999 туристи, кои оствариле вкупно 262.686 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75,4 % странски посетители. Кај ноќевањата, домашните туристи учествуваат со 31,8 %, а странските со 68,2 %. Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8 % во однос на истиот период минатата ...
Бомбаш – самоубиец уби над 10 лица и рани десетици во главниот град на Пакистан. Напаѓачот се обидел да влезе во Окружниот суд во Исламабад, по што ја активирал експлозивната направа пред зградата, во близина на полициското возило. „Ги лекуваме повредените во болниците, а нашите тимови се таму за да им ги обезбедат најдобрите услови. Осомничениот стоел таму 15 минути, дури се обидел да влезе во просториите на судот, но, не успевајќи да го ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен. Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат ...
Професорката Дијана Плашевска-Каранфилска, повеќе од три и пол децении е во контакт со ретките болести. Во лабораторијата каде што работи едновремено се проверуваат сите хумани гени, а над 100 гени можат да бидат причина за ретка болест. Кога таа почнувала да работи, не се зборувало толку за ретки болести, за цистична фиброза, наследни анемии, за други ретки болести немало начин да се дојде до генетска дијагноза. Сега има технологии за ...
Владината реконструкција ќе го чека партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 6-ти декември по што ќе се знаат кадровските промени што ќе ги направи Мицкоски. Беким Сали е предлогот на ВРЕДИ, за испразнетото место на Изет Меџити. Со оглед на тоа што градоначалникот на Чаир имаше две функционерски места во владината коалиција, ВРЕДИ оценува дека е сосема нормално и прифатливо да имаат предлог, формат еден плус еден. Мицкоски вели дека има високо ...
Обвинителите кои работеа на истрагата за пожарот во кочанската дискотека ќе бидат присутни на судењето кое почнува идната недела. Ќе ротираат, бидејќи имаат и други предмети за работа, но вкупно 15-мина ќе го бранат обвинението. Институцијата има капацитет да се справи со предизвикот што го носи процесот, уверува државниот обвинител Коцевски. Идниот месец ќе се донесе и одлука за истрагата против полициските службеници осомничени во случајот ...
Секој што ги злоупотребил парите од ИПАРД програмата ќе одговара – од прв до последен. Ова е ставот на премиерот откако државата времено ја прекина исплатата на парите од европските фондови, додека трае истрагата за корупцијата во платежната Агенција. Одлуката ја поздрави Европската Унија. Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат парите за да се види до каде оделе злоупотребите. Исплатите од ИПАРД не може да ги стопира премиерот, тоа е ...
Започнувањето на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ претставува значаен чекор во унапредувањето на националната политика за безбедност и здравје при работа, истакна денес министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во своето обраќање на официјална промоција на Проектот. „Заштитата на здравјето и животот на работниците е темелна вредност и законска обврска, но пред сè морална должност на сите. Со овој ...
На 10.11.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја. Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото. Додека, при претреси во нивните домови, извршени со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе именува повереници во општините каде што ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори, откако ќе биде добиено официјално известување од Државната изборна комисија (ДИК). Согласно законот, тоа ќе го направиме откако ќе добиеме известување од ДИК дека изборите се завршени и дека во тие четири општини се неуспешни. Потоа Владата ќе ги именува поверениците, изјави Мицкоски. Станува ...
Сирија ќе се приклучи на коалицијата предводена од САД за борба против Исламска држава, потврди Белата куќа по историската средба на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара со Трамп. САД ќе укинат дел од санкциите, ќе ѝ дозволат на Сирија да ја отвори амбасадата во Вашингтон и ќе ја следат обновата на земјата по 13-годишната војна. Ал-Шара се обврза на борба против милитантите и кршењето на човековите права. „Сирија влегува во нова ера, која ќе ...
Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година. На Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар против Летонија. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи. „Ова е наш начин да изразиме благодарност до сите поддржувачи за ...
Премиерот Мицкоски лично побарал да биде запрена исплатата за ИПАРД 3 програмата, за да се утврдат сите злоупотреби и потенцира дека доколку се констатира вина, ќе има одговорност. Ваквиот чекор го поздрави Европската комисија. „Од Европската комисија беше поздравена позитивната акција. Мора да видиме до каде оделе злоупотребите, бидејќи има информации дека тоа се случувало со години наназад. Ќе се истражи сè и сите вклучени ќе одговараат – ...
Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги негираше тврдењата дека средствата од ИПАРД програмата се блокирани поради апсењата во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, нагласувајќи дека истрагата се продлабочува поради сомнежи за злоупотреби и во минатите години. „Напротив, од Европската комисија беше поздравена позитивната акција. Мора да видиме до каде оделе злоупотребите, бидејќи има информации дека тоа се ...
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. Во фокус на разговорите одличните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за нивно понатамошно продлабочување. „Го истакнавме задоволството од континуираниот развој на соработката и од заедничките иницијативи во повеќе области. Посебен акцент ставивме на евроинтегративниот процес, реформите и силната поддршка ...
Синоќа во 19:00 часот на ул. „Борис Кидрич“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода М.И.(22) од Неготино. При контрола во патничко возило „БМВ х1“ со луксембуршки национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се три лица мигранти од Кина, додека при дополнителни проверки констатирано е дека табличките припаѓаат на друго возило. Мигрантите се спроведени во ...
Во зимскиот период, нашето тело има поголема потреба од витамини затоа што е поладно, има помалку сонце и често сме изложени на настинки и вируси. Витамините му помагаат на организмот да остане здрав, да има енергија и да се одбрани од болести. Витамин Ц – го зајакнува имунитетот и помага побрзо да се закрепнеме од настинки. Го има во цитрусите (помфел, мандарини, лимон), киви, пиперки и зелка. Витамин Д – телото го создава со помош на ...
Утрово најстудено е во Маврови Анови и Лазарополе каде се измерени 5 степени. 6 степени измерени во Крушево, 8 во Крива Паланка, Претор, Битола, Прилеп, Виница, Берово, 9 во Тетово, Куманово, Охрид, 10 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 11 во Скопје – Петровец, Велес, Демир Капија. Најмногу дожд има во Крива Паланка каде се измерени 9 l/m2, 7 l/m2 во Берово, Крушево, Кавадарци, Лазарополе, 6 l/m2 Прилеп, Штип, ...
Синоќа во преполна сала на Културниот центар на Белград, во срцето на градот, на Кнез Михајлова улица, блеснаа со својата интерпретација нашите две реномирани пијанистки Ана Гацева и Татјана Џорлева. Во едночасовната програма за четирирачно пијано, професорките Гацева и Џорлева одржаа вистински час за висока професионалност и исклучително сугестивна интерпретација на дела од Ерик Сати, Едвард Григ и Антонин Дворжак, а долги аплаузи измамија ...
Од 13- 17 ноември Кинотеката на Македонија ги отворa својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија, информираат од ...
Со 60 гласа „за“ и 40 „против“, американскиот Сенат го усвои законот за финансирање со кој треба да заврши најдолгото затворање на владата. Средствата се обезбедени за до крајот на јануари и исплата на федералните работници. Се очекува законот да помине во Претставничкиот дом уште утре, по што ќе биде потпишан од претседателот Трамп. „Ова беше многу долг пат, најдолгото затворање во историјата. Многу сум среќен што можам да кажам дека се ...
Киев и Москва продолжуваат со жестоки борби, со интензивни напади врз Украина и соборени дронови и експлозии во руска рафинерија во Саратов. Украина воведува ротирачки прекини на струја и бара итни мерки за заштита на критичната инфраструктура, додека нов корупциски скандал ја тресе земјата – шема за поткуп од 100 милиони долари во државната нуклеарна компанија „Енергоатом“. Зеленски најави дека сите вмешани, вклучувајќи и високи функционери, ...