
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1. Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб-страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со ...
Заменик-министерот за здравство формира стручна комисија за случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци. Докторите кои ќе го истражуваат случајот се повикани веднаш да почнат со работа. Комисијата ќе треба да утврди дали имало лекарски пропуст во третманот на детето кое пред неколку дена почина на пат кон Детската клиника во Скопје, откако претходно било однесено во болницата во Кавадарци. Здравствениот инспекторат кој вршеше контрола ...
Иран тврди дека поседува чувствителни израелски документи за нуклеарните постројки, воените капацитети и надворешните врски со САД, Европа и други земји. Го нарече ова „вредно откритие“ кое ќе ја зајакне офанзивната моќ на Техеран. „Имаме разузнавачка ризница од стратешки, оперативни и научни разузнавачки информации на ционистичкиот режим. Комплетни нуклеарни документи се собрани и префрлени во земјава. Меѓу нив и документи поврзани со САД, ...
Бирото за јавна безбедност, по налог на надлежен јавен обвинител приведе неколку лица за институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување. Опфатени се 15 правни и 23 физички лица. Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, ...
Израел го запре бродот со активисти, меѓу кои и Грета Тунберг, кои носат хуманитарна помош за Газа. Тие се приведени и ќе бидат вратени во своите земји, а помошта ќе се достави преку официјални канали – тврди Тел Авив. „Поморската зона покрај брегот на Газа е затворена за поморски сообраќај, како дел од легална поморска блокада. Доколку сакате да доставите хуманитарна помош во Појасот Газа, можете да го направите тоа преку пристаништето Ашдод ...
Масовни руски напади со „шахеди“ низ Украина, Москва јавува за десетици соборени украински дронови над Русија. Војната се разгорува наспроти обвинувања за ветеното во Истанбул. Русија чека потврда од Украина за размена на загинати борци, додека Киев вели дека сѐ уште нема целосни списоци на воени заробеници. Зеленски ја обвини Русија за валкана политичка и информативна игра и се надева на европска решителност и поголем притисок од САД врз ...
Денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, заменик амбасадорката на САД во Македонија, Никол Варнс и заменик шеф на Канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД во Македонија, мајор Даниел Силвер ќе го посетат реконструираното основно училиште „Гоце Делчев“ во с. Пирава во општина Валандово. Станува збор за инвестиција во вредност од 322.600 долари кои ги обезбеди американската страна, додека ...
Солзавец, флеш гранати, запалени автомобили-Лос Анџелес стана воена зона откако националната гарда по наредба на Трамп се распореди за да го заштити федералниот персонал и имот и покрај противењата на гувернерот и на градоначалникот. „Подготвени сме да испратиме кој и да ни треба за да се осигураме дека редот се почитува. Јасно им кажав: никој нема да плука по нашата полиција или нашата армија неказнето. Ако тоа се случи, одговорот ќе биде многу ...
Во Кривичниот суд завршни зборови на Обвинителството за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На последното судење беа изведувани дополнителни докази од одбраната на Палевски, Видевски и Ѓорчевски. Според обвинението, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања за да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп, а грабнувањето на Жежовски во Велес пак, било со намера да го присилат да им го ...
Празни клупи на факултети и улиците, полни автобуси и авиони со млади кои заминуваат од земјава – ова е заедничко потфрлање на сите кои досега ги воделе политиките во земјава. Затоа мораме да го смениме системот и да ја вратиме надежта. Мицкоски со порака – Македонија мора да успее, не прифаќаме ништо помалку за младите да останат дома. Мицкоски се осврна и на трагедијата во Кочани – рече дека опозицијата го злоупотребува случајот – граѓанското ...
Прилепските средношколки Ева Зореска и Теодора Деркоска од текстилно-кожарската струка сонуваат да отворат свој бизнис како дизајнерки. Имаат идеи и замисли, очекуваат поддршка. Образовната поддршка, кампањата да се купуваат локални, а не увезени производи и едукацијата се пресудни младите луѓе да ја градат својата иднина во земјава. За една недела во земјава се очекува да почне оперативниот план за вработување, посебно млади. Елизабета ...
На 07.06.2025 во 11.15 часот на ул. „Битолска“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода З. Б.(39) од с. Свето Тодори, демирхисарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а ...
Повредените од пожарот во Кочани ќе се рехабилитираат во одморалиштето „Пониква“. Со владина одлука, Министерството за внатрешни работи, како сопственик, ќе му го отстапи објектот на Министерството за здравство, со цел рехабилитација и продолжена медицинска нега на повредените. Станува збор за пациенти во стабилна состојба, но кои имаат потреба од понатамошно лекување. Одморалиштето има капацитет од 56 легла, сместени во 27 соби. Нема ништо ...
По стотина прегледи за 24 часа имаат лекарите во дежурните амбуланти на Клиниката за детски болести. Дијареја, повраќање, проследени со покачена температура е најчестата симптоматологија поради која родителите ги носат децата и бараат помош. Поголем дел од нив заминуваат дома, но има деца на коишто им е потребно болничко лекување. Причина се цревните инфекции, најчесто се вирусни, но лоша клиничка слика може да предизвикаат и бактерии како ...
Азир Алиу да биде министер за здравство, а Албрим Хоџа заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство се владините предлози потпишани од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кои ќе се разгледуваат на 54-тата собраниска седница. Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки, професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈУЕ во Тетово. Тој е дел од Алијанса за Албанците која ...
За разлика од минатите четири години кога интересот за обука на спасители на вода беше минимален, годинава само до овој период се пријавени над 20 млади лица кои ќе ја минат обуката според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода. Од Црвениот крст велат дека заедно со обучените лица во изминатиот период бројката на спасители ќе биде доволна за да се задоволат потребите на сите плажи кои се издаваат. Сепак останува проблемот ...
Родителите на децата со попречености бараат измени на Законот за социјална заштита за да добијат статус на родител-негувател идентично како и згрижувачите на лица со попречености. Анче Туфекчиева секојдневно се грижи за својата ќерка со Даунов синдром. Од таа причина не може да се вработи а со посебниот додаток од 7.800 денари смета дека не се преживува. Туфекчиева преку здружението Вера од Струмица покрена онлајн петиција. Околу 4 500 семејства ...
Стручните лица на Националниот конзерваторски центар на Македонија ја истражуваат црквата Св. Димитрија, лоцирана на влезот во Велес од правец на Градско, за утврдување дали има остатоци од оригиналниот, автентичен живопис. Стручњаците сметаат дека таа е нацртана при крај на 13 век, кога била и изградена. Дилемата е дали со мануелните сонди може нешто да се открие, како ран ракопис, од времето кога црквата е живописана. Тоа е потребно, за да се ...
Утре собраниска седница за избор на нов министер за здравство. На местото на Арбен Таравари, кој премина во опозиција, премиерот го предложи екс-министерот за информатичко општество, Азир Алиу од „Вреди“. Народните избраници ќе гласаат и за нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Албрим Хоџа е предложен. Со изгласување на предлозите, Собранието ќе ја комплетира празнината во ресорите на здравството и земјоделството. ...
„Бугарија јасно да каже дека нема да поставува нови непринципиелни барања кон Македонија“ – повика лидерот на опозицискиот СДСМ. Филипче го повика источниот сосед да покаже европско однесување и да гарантира дека ќе нема нови условувања за нашиот јазик и идентитет. Ваквата на реторика на Филипче, за ВМРО-ДПМНЕ е показател дека тој дошол на нивна позиција кога велат дека уставните измени не се единствениот услов што го поставува Софија – ...
Докторката Билјана Тодоровска-Шапова, од Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ вели дека десетината повредени во „Пулс“ коишто цело време ги лекувале, сега се на третман со креми. Задоволна е што пациентите на коишто им направиле трансплантација на кожа, физикални терапии, а подоцна и третман за намалување на лузните, се опоравуваат одлично. Во Клиниката ги третираат и повредените коишто се враќаат од лекување во странство. На ...
Туристичките агенции бараат да се преземат конкретни мерки да се намали чекањето на граничните премини за време на туристичката сезона кога е зголемена фреквенцијата. Велат, со повеќе цариници и побрз систем ќе нема километарски колони, вербални и физички пресметки и чекање со часови. 34 животи згаснале во сообраќајни несреќи само минатото лето. Причините се неприлагодена брзина, непочитување на патната сигнализација, користење мобилен телефон, ...
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е традиција, духовна навика и жива дебата за тоа каков театар сакаме да гледаме и какво општество сакаме да градиме, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Актерот создава и твори, а годините не се пречка за тоа, порачаа тројцата наградени за животно дело. Публиката сака да се одржува фестивалската традиција по која ...
Новата станица за прочистување на отпадните води во Дојран е готова. Треба да биде ставена во функција наредниот период. Така најавуваат општинските власти кои очекуваат премостување на мрежата од старата кон новата станица. Изградбата на станицата во Дојран е дел од поголемите инвестициони проекти на Општината за поефикасна еко заштита на Дојранското езеро. Со станицата беше саниран и колекторскиот систем изграден пред 40 години на кој се ...
Наглото затоплување ги разбуди чувствата на љубителите на егзотичните одморалишта и плажи. Од битолските туристички агенции велат продажбата на пансионите веќе добива на динамика а покрај Шпанија која годинава е новина во понудата најбарани дестинации се Грција, Албанија, Турција, Египет и Тунис. Факторот цена главна причина зошто има сè уште дилема каде да се летува. Поскапено е малку но ако треба ќе се штеди малку па ќе се оди, велат ...
Војната се разгорува. Со ракети и беспилотни летала, Харков, вториот по големина град во Украина, под најинтензивниот оган од почетокот на конфликтот. Регистрирани жртви и повредени, во пламен станбени згради на неколку локации. На удар и градови на исток и северозапад. Украинските воздухопловни сили тврдат дека собориле руски ловец Су-35. „Денес е ужасно утро во Харков. Оштетени беа цивилни објекти – станбени згради. Имаше три погодени станбени ...
Високи претставници од САД и Кина ќе се сретнат во Лондон во понеделник на трговски разговори. Новата рунда разговори е договорена за време на телефонскиот разговор со кинескиот претседател и Ши Џинпинг. Според Трамп, целта на разговорите е да се разгледаат деталите од трговскиот договор постигнат во мај во меѓу двете најголеми економии. „Многу напреднавме во договорот со Кина. Разговарав со претседателот си, претпоставувам, повеќе од два часа. ...
Харков под интензивен руски оган, најголем од почетокот на војната. Регистрирани се најмалку 60 експлозии. Продолжува битката со дронови и во други региони. Русија ги користи мировните преговори за да ги зголеми нападите врз Украина, обвинува Зеленски. Украинскиот претседател ги повика меѓународните партнери да извршат притисок врз Русија. „Дипломатијата мора да функционира, безбедносните гаранции мора да бидат воспоставени, мирот мора да се ...
Администрацијата на САД воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд. Државниот секретар Рубио, објави дека потегот е поради активното учество на судиите во нелегални и неосновани постапки против САД и сојузникот Израел. Двајца од судиите беа вклучени во одлуката со која се отвори истрага за наводни воени злосторства извршени од американските сили во Авганистан. Други двајца издадоа налози за апсење за израелскиот премиер ...
Кремљ ја почна одмаздата за „Пајаковата мрежа“. Со 44 ракети и повеќе од 400 беспилотни летала нападнат Киев, сирените за опасност активирани и во други региони. Оштетена е електричната мрежа, во прекин се железнички линии. „Имаше многугласна експлозија. Слушнав се и искрено, целиот мој живот ми светна пред очите. Почнав да добивам напад на паника, искрено, страдав од нив на почетокот на војната и сега повторно почнаа“, изјави жителка на Киев. ...