Премиерот Мицкоски и шефот на дипломатијата Муцунски од вчера се во дводневна работна посета на Брисел. Покрај многубројните билатерални средби, предвиден е состанок и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Kошта. Во фокусот, македонските евроинтеграции. Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со реформската агенда, за што е доказ и исплатата на две транши на средства во рамките на планот за ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени. ...

Синоќа околу 22:00 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција. Претходно, полициските службеници забележале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „БМВ“ со албански национални ознаки, кое ...

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %. Според ...

Актуелниот градоначалник на Куманово, кој е и претседател на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, оствари победа во вториот круг. Димитриевски се избори за трет мандат со поддршка на коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и Вреди. Тој го победи независниот кандидат Горан Стојковски-Диро со разлика од 1.300 гласови. Вети ќе продолжи да работи за градот и ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. „Сето она што беше реализирано досега во најмала рака ...

Советот на Европа ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и го следи напредокот на земјата, ова го истакна претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос од собраниската говорница во македонското Собрание. Посочи дека 75 години по потпишувањето на европската конвенција за човекови права и 30 години по приклучувањето на Македонија кон Советот на Европа, приказната за Европа продолжува. – Секоја ...

Опозициските тенденции во Македонија се престројуваат зад „Левица“, истакна лидерот на партијата Димитар Апасиев, по вториот круг од локалните избори. Апасиев информира дека „Левица“ ќе бара измени во Изборниот законик, со цел да добијат свој претставник во Државната изборна комисија, а во спротивно, најави, како што рече, пекол во законодавниот дом. Во изминативе два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме, 60 000 луѓе ја ...

СДСМ освои 6 општини, најслаб резултат на локални избори досега. Лидерот на партијата Филипче најави кадровски промени по изборите, но не и негова оставка. И пред најавените промени во раководството, оставки веќе поднесоа претседателот на општинската организација и кандидат за градоначалник за Ѓорче Петров, Костадин Ацевски и потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска. Оставките се поднесени поради лошите резултати, но и несогласувањето со ...

Довербата на граѓаните не е ослабена, туку зајакната. Време е за обнова и за самокритика. Ова по завршувањето на изборите го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од седиштето во Мала Речица. Рече дека неговата партија и коалицијата НАИ ја добиле довербата на народот со над 23.000 гласови предност. Тој нагласи дека ДУИ останува партија со стабилна поддршка и дека резултатите не се причина за разочарување, туку за преиспитување и нова енергија. ...

Политичките аналитичари се едногласни дека локалните избори донесоа промени во вкупниот политички амбиент во кој се истиснува етничката гетоизација, а се наметнуваат политичките групации со слична идеолошка основа кои ќе се трудат да ги надминат етничките бариери. Овие избори не беа само локални, тие ќе влијаат на тоа како во иднина ќе изгледа политичката сцена. ВМРО-ДПМНЕ однесе голема победа, коалицискиот партнер „Вреди“ ја потврди ...

Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 15 литри на квадратен метар и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер од над 60 километри на час, а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, кон крајот на ...

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по ...

Со освоени 55 општини, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник на локалните избори. Народот покажа зрелост, а довербата на граѓаните е наша одговорност и обврска за уште попосветена работа, рече во обраќањето од партиската говорница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Особено горд на победата на Орце Ѓоргиевски во Скопје, на Александар Јовановски во Кичево и Јовица Илиевски во Брвеница, посочи дека победиле ...

Над 20 лица загинаа, а над 300 се повредени по силниот земјотрес од 6,3 степени кој го потресе северниот дел на Авганистан. Се стравува дека бројот на жртви може да расте. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мазар и Шариф, на длабочина од 28 километри. „Спасувачките екипи сè уште се на терен и бројките може да се променат. Медицинските екипи стигнаа до погодениот регион и под раководство на ...

Со 55 освоени градоначалнички мандати, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори. Партијата што ја предводи Мицкоски, освои 13 градоначалници повеќе во однос на минатите изборите. Орце Ѓорѓиевски е новиот градски татко на Скопје, убедливо го победи против кандидатот на Левица Амар Мециновиќ. Коалицискиот партнер во Владата – ВРЕДИ доби 9 градоначалници, додека социјалдемократите се позиционираат на третото место на изборната листа ...

Попладнево на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби велосипедист. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 12:30 часот, кога патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице, удрило велосипедист. По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот. Засега, полицијата презема мерки за негово пронаоѓање, а на ...

03/11/2025 02:40 - МРТ

Телевизиската серија „Светски прваци“ раскажува за историјата на кошарката во поранешна Југославија, преку прикажување на повеќе временски периоди започнувајќи од 2001 година, за време на Европското првенство во Турција, и се навраќа на клучните моменти што довеле до освојувањето на првото злато на репрезентацијата во Љубљана во 1970 година. Младата новинарка Невена добива задача да сними документарен филм за претстојното кошаркарско ...

03/11/2025 02:26 - МРТ - +1

Дејството се одвива во Хамилтон во 1954 година. Приказната го следи Ралф Вокер, кој ги надминува очекувањата на сите освен на себе, во обид да го истрча Бостонскиот маратон. Ралф има 14 години и нема татко, а мајка му е тешко болна. Таа знае дека нејзиниот син е темпирана бомба подготвена да експлодира во нешто големо, но не се знае во што ќе се манифестира таа големина. Несакана случка во јавен базен ненамерно го свртува на тој пат кога ...

Дејвид и Миа се среќаваат на одмор на остров во Пацификот и по виорната романса се согласуваат да се венчаат. Дејвид се враќа во Лондон, ги собира своите тројца најдобри пријатели за да ги споделат должности на кумови и се упатува во Австралија. Но, прославата на бурното додворување е загрозена од неговите најдобри другари кои бегаат од џет-легот, бидејќи тие предизвикуваа низа компромитирачки ситуации за младоженецот. Подвизите на ...

03/11/2025 02:26 - МРТ

Во 1940 година, за време на Втората светска војна, по инвазијата на Полска и падот на Франција, пилотите на полските воздухопловни сили избегале во Обединетото Кралство, каде што се придружиле на Кралските воздухопловни сили. Тие стануваат членови на новоформираната Ескадрила бр. 303, полската ескадрила, која учествува во Битката за Британија против нацистичка Германија Луфтвафе. Првично, британските офицери се неподготвени кон полските ...

Гилберт Грејп е млад човек кој живее во прилично изолирано место со само илјада жители, каде сите се познаваат, па сосема нормално го прифаќаат неговото необично семејство, кое веројатно би било целосно изолирано на друго место. По самоубиството на неговиот татко, тој всушност ја презема новата улога. Мајката Бони, поранешна убавица, сега има над двесте килограми и со години не излегува од дома, нејзината постара сестра е домаќинка, а ...

Повеќето контејнери низ главниот град се веќе испразнети, но сепак може да се забележи на многу локации смет околу контејнерите. Се стабилизира состојбата со сметот во Скопје. Камионите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ги празнат контејнерите. Се чисти градот, но сликата е далеку од онаа на која треба да заличи метрополата. Кога метрополата се затрупа во ѓубре дел од локалните власти ги засукаа ракавите, се работеше со камиони и ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на еуросупер БС - 95 е 74 денари за литар, Еуросупер БС - ...

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), на првиот круг од локалните избори 2025 за градоначалници, одѕивот изнесувал 48,30% од вкупно 1.832.415 регистрирани избирачи. Во вториот круг, обработени 98,26% од гласачките места покажуваат излезност од 40,46%, додека првичните неофицијални податоци ја покажуваат на 41,24%. Највисока излезност во вториот круг имале општините Росоман (79,68%) и Лозово (77,85%), додека најниска во ...

Во вториот круг од локалните избори за градоначалници, што се одржа во 33 општини, според податоците од гласањето, вкупно 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки. Тоа претставува 5,6 отсто од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање. Во Град Скопје, каде што гласаа 167.575 граѓани, неважечки биле 10.528 ливчиња, односно 6,3 проценти. Споредено, речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко. Излезноста во главниот ...

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември 2025 година изнесува 4,85 проценти и бележи намалување и на месечно и на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка. Истовремено, каматната стапка на вкупните депозити пораснала на 2,20 проценти. Кај корпоративниот сектор каматите на кредитите се намалени на 4,46 проценти, а кај домаќинствата на 5,24 проценти. Новоодобрените кредити во просек се со камата од 4,47 проценти, ...

Националниот џез оркестар ќе настапи заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот Yellojackets. Диригент на концертот ќе биде единствениот Bob Mintzer, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. Концертот ќе се одржи на 6 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет. Угледното списание „Jazz Times“ ќе ги опише како „совршено запалив ...

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе управува со вкупно 55 општини, вклучително и со Градот Скопје, покажуваат резултатите од двата круга на локалните избори 2025 година. Втора по број на освоени градоначалнички места е коалицијата ВРЕДИ со девет градоначалници, додека коалицијата на СДСМ ќе раководи со шест општини. НАИ доби четири општини, а Движењето ЗНАМ и Унијата на Ромите по една. Една општина ќе ја води независен кандидат. Во ...

До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и 2 ноември. Се очекува на денешната седница на Собранието, ...

Тензична ноќ пред српското Собрание. Стотици полицајци формираа кордон и поставија метални огради за да ги одделат соперничките толпи противници и лојалисти на претседателот Вучиќ. Тензиите во Белград се зголемија еден ден, откако десетици илјади луѓе излегоа на митингот во Нови Сад на годишнината од падот на настрешницата на железничката станица во која загинаа 16 лица. Голем број граѓани се собраа и за да и дадат поддршка на Дијана Хрка, ...

Сејф сити

4 минути - Cooltura
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
66%
1005
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
69%
1004
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1003
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.06
95%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
69%
1003
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
73%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
62%
1004
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
91%
1008
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
86%
1006
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
93%
1007
Currency

61.6038

Currency

52.4152

Currency

70.7683

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

66.3324

Currency

7.51664

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Рутениум

45750.51

Паладиум

57453.38

Платина

74080.83

Цинк

3.20

Сребро

2897.70

Иридиум

198077.91

Кобалт

62.83

Злато

147776.72

Алуминиум

3.13

Калај

49.66

Бакар

11.75

Родиум

324722.54