Јусуф Ибраими од долненско Житоше со нетрпение чека да почне откупот на тутунот. Има околу три и пол тони квалитетен род кој се надева ќе постигне повисока цена иако сушата ги намали приносите. Законски, откупот почнува од 15-ти ноември и трае до 28-ми февруари. Од утре ќе почне верификација на мострите и 10-те откупувачи пунктовите треба да ги отворат по 17-ти ноември. Се очекува да се преземат околу 22.000 тони квалитетен род. Од ...

Деновиве се извршуваат завршните активности, последната фаза од годинашната конзервација на мермерните елементи од гледалиштето во театарот, во археолошкиот локалитет Стоби. Дваесетината мермерни плочи се враќаат, откако се изврши санација на местото каде беа лоцирани. Вратените мермерни седишта се оригиналните од времето кога театарот бил изграден, во 2 век а постоел до 4-тиот. Со ова се отвора можноста веќе од следната година Фестивалот на ...

Илјадници летови се откажани низ САД поради блокадата на федералната администрација. Според прогнозите, ако ситуацијата се продолжи, бројот на откажувања може да се искачи и до 20 проценти од сите летови. Според податоците на федералната администрација за авијација, кризата е предизвикана од сериозен недостаток на контролори на воздушниот сообраќај, околу 3.500 помалку од потребното, поради блокадата и неплатените работни денови. Експертите ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени. Според прогнозата на УХМР, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Продолжува генералката во Скопје. Багери, камиони и механизација интензивно работат во сите делови на градот. Се собира отпад, се мијат улиците, се расчистуваат јавните површини, а екипите работат и во ноќните часови. Механизација на „Улици и патишта“ го чисти и коритото на Вардар од тиња и од ѓубре, а се чистат и косините на реката и централниот дел на кејот. Истекува предизборното ветување на новиот градоначалник на Скопје, Ѓорѓиевски за ...

Речиси месец дена трае имплементацијата на новиот систем за регистрација на патниците што влегуваат во земјите членки на Шенген зоната. Кабина за регистрација со фотографирање и земање отисок од прсти на патниците има и на т грчкиот граничен премин Евзони. Работи по еден, до два часа. Но, од патниците кои ги анкетиравме, никој сè уште не беше регистриран во ЕЕС системот. Туристичките работници ги информираат патниците за новите правила на ...

По најавата од премиерот Мицкоски дека владата идната недела ќе назначи повереници во четирите општини кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија ќе бара измени во Изборниот законик. Според предлогот, владините повереници не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа, со цел никој да нема нефер предност пред ...

Екипите на „Комунална хигиена“ чистат на места во градот каде што сè уште не поминале. Над стотина камиони на терен. Така ќе биде сè додека Скопје не стане целосно исчистено. Работниците од „Комуналец“ продолжуваат да собираат отпад од корпите, контејнерите и околу нив. Граѓаните главно задоволни, но велат дека сè уште на одредени места има смет. Се чистат и парковите и тротоарите околу скопските улици. Градот заличува на метропола, велат ...

Турција издаде налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и повеќемина функционери на Израел, обвинувајќи ги за геноцид и злосторства против човештвото во Газа. Меѓу 37-те осомничени се министрите за одбрана и за национална безбедност и началникот на армијата. Тел Авив експресно реагираше на одлуката на Анкара, нарекувајќи ја „пи-ар трик“. Во меѓувреме во Газа владее кревко примирје што стапи во сила пред еден месец, како дел од ...

Руската војска ги интензивира воздушните напади врз гасните централи и електраните низ Украина. Има загинати и повредени. И натаму главна цел е освојување на важниот логистички центар Покровск на истокот. Воведени се итни прекини во снабдувањето со електрична енергија во голем број региони, напиша на Фејсбук министерката за енергетика, Свитлана Гринчук. Во Киев, цивилните и воените власти објавија дека ракетните остатоци предизвикале пожари ...

Од утро довечер е на нивата, со производството, а потоа со семејството. Елизабета Олиманова е рурална жена, земјоделка од прилепското село Славеј. Се бори за поголемо производство, за подобар пласман, за здраво семејство. Вели, земјоделството го лекувале многу, но со погрешна дијагноза. Потребни се сигурни цени, пласман и заслужено место во производството на храна. Земјоделството последниве години опаѓа, но мора да се консолидира поддршката. ...

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани и Скопје-Зајчев Рид 6, во Ѓуриште, Пожар-Радовиш 5, во Прилеп, Велес, Скопје-Петровец 4 и во Штип и Кавадарци ...

По средбата со унгарскиот премиер Орбан во Белата куќа, американскиот претседател Трамп сугерира оти би можел да направи исклучок со Унгарија во однос на санкциите што Вашингтон ги воведе на увозот на руска нафта. Будимпешта претходно го соопшти својот став дека сака да биде ослободена од санкциите, бидејќи според нејзините тврдења, нема друг одржлив извор за набавка на нафта и гас. Орбан, чии критичари во Европската унија сметаат дека е ...

Попладнево во Кочани „Марш на ангелите“, на семејствата и роднините на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, пред 8 месеци. Ова не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој „број“ стои име, живот, семејство и болка. Нашата порака е едноставна, но длабока-за нашите деца, за вистинска правда, за Македонија со совест, велат родителите. Потенцираат дека сакаат да покажат дека ова општество не молчи ...

На четворица осомничени за давање и примање поткуп, меѓу кои и на актуелниот директор на Aгенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството, скопскиот Кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена. Петтоосомничената доби куќен притвор. Сите се сомничат за давање поткуп и награда за противзаконито влијание. Извршени се претреси на повеќе локации, под сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа, при што се пронајдени парични ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи по поднесената кривична пријава од МВР и врз основа на сите обезбедени докази веќе поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена бомба во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Од ...

Вчера во 14:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(45) од Гевгелија, соопштија од МВР. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и предмети со остатоци од растителна материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен ...

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од помошник на министерот на Центар за обука учествува на 14. Меѓународна конференција и Генерално собрание на Меѓународната асоцијација на полициски академии каде членуваат околу 85 полициски академии од 65 држави во светот, која од 6-ти до 09-ти ноември се одржува во Кападокија, Република Турција. На Генералното собрание со гласање на сите членки, Центарот за обука на МВР стана дел ...

Владата ќе именува повереници во четирите општини каде што не се избрани градоначалници во првиот круг локалните избори. Според премиерот со коалиционите партнери сè уште не се разговарало. Ќе се чека Државната комисија и официјално да ги прогласи изборите за завршени. Нови избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа. Мицкоски најави дека сè уште не разговарал со коалиционите партнери и ...

Македонската Радио Телевизија со гордост ја претставува песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, со која ќе настапи на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025. Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Miracle“ не е само песна- тоа е чувство. Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе- за моментот кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот ...

На 06.11.2025 во 20:20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода А.Т.(21) од Велес. По издадена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари. А.Т. е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за ...

Од Зелениково до Скопје со градски воз за 25 минути. Се најавуваат нови траси, ремонт на пругите за побрз и почист сообраќај. Првата фаза опфаќа реконструкција од 24,5 километри пруга, со седум железнички станици кои ќе овозможат побрз, поефикасен и поеколошки транспорт. Покрај патничкиот превоз, се работи и на делницата Драчево-Илинден, долга 7,7 километри, исклучиво за товарен сообраќај. Вредноста на проектот изнесува три милиони евра, а ...

На 5-ти ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое сè уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот Ѓело Ѓошев. Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала. ...

Покачена температура, растечен нос, кашлање, бактериско-вирусни инфекции кај децата ги полнат амбулантите во клиниката „Козле“. Грип сè уште не е регистриран. Лекарите имаат од 120 до 150 прегледи за 24 часа, далеку се од онаа бројка над 200 како што се случува во пикот на грип. Директорката на Клиниката Катерина Бошковска, вели вакцината против сезонски грип би ги заштитила децата со кревко здравје. Во моментот педесетина деца се на болничко ...

Советот на Град Скопје доби нови 44 советници. При верифицирањето на мандатите еден советник од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски беше отсутен, а Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана пратеник во републичкото Собрание, беше заменет со Никола Стојковски. Со 23 гласа „ЗА“, професорот Даме Димитровски беше избран за нов претседател на Советот. На седницата со која претседаваше најстариот советник, Ристо Пенов, се случи и прва реакција на ...

На сцената на Националната опера и балет, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот. Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, во ...

Во тек е генералката на метрополата, но метрополата по тешките недели преплавена со смет сè уште е далеку од новото руво. Големата акција почна вчера со над 100 возила, ќе продолжи и по истекот на 72 – та часа, најави скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски. Градоначалникот имаше средба и со превозниците. Најави дека од понеделник во оптег ќе се пуштат 55 автобуси за скопјани кои сериозно ќе влијаат на подобрување на јавниот транспорт во главниот ...

Денес продолжува судскиот процес за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи. На минатото рочиште, наместо да се сослушаат супер вештаците, повторно се одложи судењето поради тоа што одбраната побара изземање на судијата а предметот да биде разгледан од Врховниот суд. Случајот со Јилдаз Веапоска, во кој тројца лекари се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, веќе трета година е во судница. ...

Јавното обвинителство ќе чека МВР и Финансиската полиција да постапат по сомнежите за финансиски злоупотреби во скопски Комуналец, а ако тоа не го сторат, тогаш може да постапат по допрен глас. Овој став доаѓа откако скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски рече дека 371 лице земале плата без да одат на работа, а по десет илјади евра се плаќале на физички лица за интелектуални услуги. Од Обвинителството велат дека до нив до сега не е доставена ниту ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1005
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
2.06
70%
1004
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
84%
1003
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.09
93%
1008
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.53
63%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
73%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1004
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
91%
1008
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
81%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1006
Currency

61.6038

Currency

52.4152

Currency

70.7683

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

66.3324

Currency

7.51664

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Рутениум

45750.51

Кобалт

62.83

Бакар

11.75

Родиум

324722.54

Платина

74080.83

Паладиум

57453.38

Цинк

3.20

Злато

147776.72

Алуминиум

3.13

Сребро

2897.70

Калај

49.66

Иридиум

198077.91