Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) и Министерството за внатрешни работи, а во партнерство со Владата на Северна Македонија, денеска и утре во Скопје ја организираат 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“). Одбележувајќи ја својата 10-годишнина, овогодишната безбедносна конференција ќе ги собере ...

Во управувањето со отпадот сме на ниво нула, бидејќи до пред еден ден бевме на ниво минус еден. Тридневната генералка е интервентно решение, потребни се долгорочни решенија - вели претседателот на Советот на Град Скопје, повикувајќи ги општините да ги обезбедат потребните контејнери, а граѓаните да се вклучат во селектирање отпад. На отпадот, вели, треба да гледаме како на ресурс. Во Скопје проблем е и како да се стигне до работа, факултет, ...

Блерим Амети, второобвинет во случајот „Геријатрија“ неколку пати се сретнал со жената од која, според обвинителството, барал пари во име на директорот за да згрижи болна пациентка. Се сретнале во кафуле, кај неа на работа и во нејзиниот автомобил кога му ги дала обележаните пари. Обвинителството низ фотографии и снимки обезбедени со посебни истражни мерки ги прикажа своите докази за корупција во Геријатриската болница. На предлог на ...

Тешко и трауматично е искуството на 46-годишниот Ицко Милески од долненското село Секирци. Со својот пријател излегол во атарот на селото Рилево да бере печурки, кога го нападнала мечка. На хируршкото одделение во прилепската болница констатирале тешки повреди на лицето, главата, раката и поради тоа веднаш е префрлен на клиниките во Скопје. Според концесионерите во Долненскиот регион, досега не е забележан напад на мечка на луѓето. Тие ги ...

Незадоволителен број студенти кои го изучуваат македонскиот јазик. На катедрата на Филолошкиот факултет, годишно се запишуваат речиси 20-тина студенти. Велат, љубовта кон јазикот е мотив да го учат, негуваат и надградуваат како аманет за следните генерации. Најголем предизвик за јазикот е употребата на странските зборови и желбата на младите, модата, да говорат на еден од светските јазици. Професорката Јачева – Улчар смета дека на научен план ...

По 12 години управување со градот, Дехари ја предаде функцијата градоначалник на Општина Кичево на Александар Јовановски. „Оваа должност не ја гледам како привилегија, туку како обврска — пред вас, граѓаните, да работам посветено, транспарентно и во интерес на сите“, порача Јовановски. Тој истакна дека ќе се стреми кон изградба на локална самоуправа блиска до граѓаните, отворена за идеи и решенија, без поделби по политичка, етничка или верска ...

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќура денес го доби уверението од ОИК. По куса средба со претходниот градоначалник, Ќура донесе две предлог одлуки. Првата продажба на аудито, рече за своите потреби ќе го користи приватниот автомобил. Воедно најави отпуштање на сите вработени во општината коишто не одат на работа. „Денеска почнуваме од зборови на дела почнуваат промените. Мојот изборен број 133 е среќен број денеска ...

„Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Она што веднаш по сознанието ...

РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата, информираат од Министерството за финансии. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои ...

За време на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.466 издадени платни налози, 786 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 14 лица, од кои 11 за возење под ...

Регулаторната комисија за енергетика, ја објави новата цена на горивата која ќе важи од вечерва на полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ...

Скандалот во Би-би-си добива нови размери. Во тек е внатрешна истрага за начинот на кој радиодифузерот известува за климатските промени и енергетската политика, по низата контроверзии и обвиненија за неточности и пристрасност. Генералниот директор Тим Дејви и извршната директорка за вести Дебора Тернес си дадоа отказ. Двајцата директори се соочија со критиките дека документарецот, „Панорама“, ги довел во заблуда гледачите со монтажа на говор ...

Дерби дуелот од 11-то коло од ракометната Супер лига им припадна на ракометарите на Вардар, кој славеа победа со 34:28 против Алкалоид. „Вардарци“ ја продолжија серијата победи и ја „запишаа“ 11-та победа во Супер лигата, додека за Алкалоид ова беше прв лигашки пораз. Во првиот дел двете екипи се менуваа во водството и на полувреме беше 17:17. Резултатот последен пат беше нерешен 21:21 во 36.та минута. Вардар направи серија од 10-4 и во 52.та ...

Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го ажурираше своето рангирање во поединечна конкуренција. Шпанецот Карлос Алкараз повторно стана играч број 1 во светот. Тој го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој падна на второто место. Топ 10 на најновата АТП ранг-листа објавена на 10 ноември: 1 (2). Карлос Алкараз (Шпанија) – 11.050 бодови 2 (1). Јаник Синер (Италија) – 10.000 3 (3). Александар Зверев (Германија) – 4.960 4 (5). Новак ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

10/11/2025 09:49 - МРТ

Маж и жена се заљубуваат додека го посетуваат колеџот за нивните деца. Вера Фармига и Енди Гарсија глумат двајца родители кои се заљубуваат во текот на еден ден додека ја одбележуваат турнејата на нивните деца на факултет. Едит (Вера Фармига) е тврдоглава, слободоумна и успешна бизнисменка која ја носи својата 18-годишна ќерка Одри (Таиса Фармига) на турнеја низ потенцијалните колеџи. Џорџ (Енди Гарсија) е закоравен кардиоваскуларен хирург ...

Самореформираниот ситен криминалец Тери Ледер (Џејсон Стејтам) станал финансиски проблематичен продавач на автомобили и се навикнал на пешачки живот во Лондон со сопругата и децата, но се нурнува во голем криминал кога неговата поранешна девојка, Мартин (Сафрон Бароуз), се појавува со понуда да изврши профитабилен банкарски грабеж. Откако Тери ќе ја собере својата екипа од отпадници и ќе ја започне операцијата, тој открива дека има и други ...

Ограничувања на електричната енергија во Украина по руските напади врз големите енергетски објекти. Украинскиот претседател Зеленски вели дека со партнерите од Европската Унија подготвуваат 20-ти пакет санкции против Русија. Од друга страна, рускиот министер за надворешни работи Лавров вели дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Рубио. Американскиот претседател Трамп го номинираше адвокатот Џон Кол за специјален ...

На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци – студенти и слушатели од курсот за офицери и штабни службеници. Како што информираат од Министерството за одбрана, на одржувањето на свеченоста ќе се обратат претседателката и врховен командант на армијата, Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на воената академија, полковник ...

Сенатот го направи првиот чекор за прекин на затворањето на американската влада, откако група умерени демократи се согласија да гласаат за унапредување на три двопартиски закони за трошење и продолжување на остатокот од владиното финансирање до крајот на јануари, во замена за гласање во средината на декември за продолжување на даночните кредити за здравствена заштита. „На ова гласање, 60 гласа „за“, а 40 „против“. Три петтини од Сенатот, ...

Израел соопшти дека форензичкото тестирање потврдува дека ги примиле останките од Хадар Голдин, војник убиен во Газа во 2014 година. Чинот на Хамас е значаен развој во примирјето постигнато со посредство на САД, кое се наруши поради бавното враќање на телата на заложниците и престрелките меѓу израелските трупи и милитантите во Газа. „Хамас знае каде се наоѓаат нашите заложници во Газа и ние сме целосно свесни дека можат да ги пронајдат сите ...

Празни контејнери на булеварите и пред домаќинствата. Багери кои го чистат коритото на реката Вардар, сечење на жалните врби. Ова е слика на третиот ден од акцијата за чистка на Скопје. Метлата заигра и во тесните сокаци на чаршијата. Ги нема повеќе депониите кои беа честа слика во главниот град. Градоначалникот Ѓорѓиевски задоволен од досега постигнатото. Вели, собрани се над 4.500 тони смет, а комуналните инспектори изрекле и казни на ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Со налет на ветер од 230 километри на час, супертајфунот Фунг-Вонг го погоди североисточниот брег на Филипините пред да стигне до копното. Најмалку две лица загинаа, а повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од областите каде што постои ризик од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето. Филипините сè уште се справуваат со пустошот предизвикан од тајфунот Калмаеги, кој зеде над 200 жртви во централните провинции, пред да го погоди Виетнам, ...

Бугарија не дозволува формирање македонски здруженија и не го признава македонското малцинство. И покрај позитивното решение на судот во Стразбур, проблемот не е надминат. Пред очите на цела меѓународна заедница се негира постоењето на македонското малцинство, заради што Сојузот „Македон“ поднесе 109 претставки до меѓународните судови. Една од нив е за обидите за бугаризација на македонското малцинство во Албанија. Правата на Македонците ...

По најавите на премиерот Мицкоски за реконструкција на „Илинденска“ веднаш по Конгресот на владејачката партија во декември, јавноста очекува кои министри ќе бидат опфатени со промените во Владата. Министерот за здравство Азир Алиу кој на оваа функција е релативно краток период вели дека има политичка влада и премиер којшто одлучува за промените, а тој како министер ќе ги извршува обврските сè додека е на чело во оваа институција. Политичкиот ...

Осумдесет и шестгодишната Љубица Петкоска од Охрид, повеќе од 15 години редовно се вакцинира против сезонски грип. Не памети од кога не била болна, со години немала симптоми на грип и настинки. Вели вакцината и помага и ја штити, но за здрав и долг живот е важна и рекреација, редовни вежби и движење. „Секоја година се вакцинирам. Кај мене има ефект, кај други не знам. Грипот некако слабо, не доаѓа. 86 години имам, секоја година ја примам“, ...

Филипинскиот метеоролошки завод издаде предупредување за опасни бури и налети на ветер, во очекување на главниот удар на тајфунот „Фангвонг“, кој се движи кон источниот брег на земјата и според прогнозите, ќе пристигне до вечер. Тајфунот, кој се протега на 1.500 километри, веќе зафати делови од источните Филипини со силни дождови и ветрови. Неколку локални самоуправи ја откажаа наставата за понеделник, а националниот авиопревозник на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1005
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
2.06
70%
1004
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
84%
1003
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.09
93%
1008
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.53
63%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
73%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1004
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
91%
1008
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
81%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1006
Currency

61.6038

Currency

52.4152

Currency

70.7683

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

66.3324

Currency

7.51664

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Сребро

2897.70

Платина

74080.83

Цинк

3.20

Бакар

11.75

Злато

147776.72

Рутениум

45750.51

Кобалт

62.83

Калај

49.66

Иридиум

198077.91

Паладиум

57453.38

Родиум

324722.54

Алуминиум

3.13