Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Потресот бил регистриран во 07 часот и 16 минути по универзално време (09:16 по локално време), на длабочина од 7 километри. Епицентарот се наоѓал во близина на градот Ксанти, на околу 12 километри западно од него, и на околу 110 километри јужно од Пловдив, Бугарија. Потресот бил ...
На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на ...
Судскиот совет ќе ја одржи својата 530-та седница, закажана за 10 часот. На дневен ред е разгледување на бројни приговори и жалби доставени од страна на граѓани и правни субјекти, а се однесуваат на работењето на судиите, претседателите на судовите и самите судови. Покрај тоа, членовите на Советот ќе одлучуваат и за формирање на Комисии на известители, кои ќе работат по пристигнатите барања за поведување постапка за утврдување на одговорност ...
Најмалку десет луѓе загинаа, а над 20 се повредени во катастрофален пожар што избувна во дом за пензионери во североисточниот босански град Тузла. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил пријавен околу 22 часот, а огнот брзо се проширил низ објектот во кој престојувале постари лица со ограничена подвижност. „Бев во кревет кога слушнав тресок. Слушнав работи како паѓаат, па погледнав низ прозорецот и видов пламен. Излегов ...
Амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас, го презентираше Извештајот на Европската комисија за напредок на Република Северна Македонија за 2025 година на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата беа поканети потпретседателите, координаторите на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието и Кабинетот на претседателот на Собранието. Извештајот нагласува дека треба да ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени. Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување. Кон ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава. Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од оваа клиника покажа дека ...
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска го пушти во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во склоп на ООУ „Тихомир Милошевски“. Овој проект претставува уште еден значаен чекор во рамки на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура низ целата држава, со цел спортот да биде достапен секаде ...
ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори, освојувајќи 54 општини и Градот Скопје. Ваквите резултати се потврда дека граѓаните ја препознале искрената намера на партијата да ја обнови државата, децидни се во владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија доживеа тежок пораз, освојувајќи само шест општини, околу 126 илјади гласови и 230 советници. СДСМ е трета партија во државата, зад нашиот владин коалициски ...
Наместо да шетаат по продавници и да бараат она што им е потребно, граѓаните сè почесто се одлучуваат да купуваат преку интернет. Сепак, споредено со земјите од регионот, сè уште заостануваме со онлајн пазарувањето. Некои немаат навика, други се плашат дека нема да го добијат она што ќе го нарачаат. Анализите за е-трговијата во земјава говорат дека има раст во повеќе сегменти, но сепак е потребно да се забрза тој раст за да се доближиме до ...
„Комунална хигиена“ има доволно гориво за камионите за чистење на сметот. Завршени се сите административни процедури, уверува директорот Јовановски. Сепак, откако направивме обиколка во централното градско подрачје, можевме да забележиме дека контејнерите сè уште претекуваат по тротоарите и улиците и им го попречуваа движењето на пешаците и возилата. И Синдикатот предупредува дека ЈП функционира со само четвртина од потребниот број возила – ...
Потребен е нов Изборен законик кој би го предложила Владата, но ако не се случи тоа, измените ќе ги направат пратениците – вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. Препораките на ОБСЕ, начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независни кандидати, цензусите, но и теми како изборниот модел или организирање во една изборна единица – сите прашања во врска со изборите се очекува да бидат опфатени, вели Гаши и нагласува ...
Утре и во четврток во утринските часови има услови за појава на магла, а од четврток до понеделник повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од УХМР под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па сѐ до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Премиерот Мицкоски денеска во Брисел оствари пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Како што истакна Мицкоски по средбата, разговорите биле насочени кон актуелните теми поврзани со европската интеграција на земјата и формалното отпочнување на преговорите со Европската Унија. „Ги повторивме нашите единствени и достоинствени позиции, особено по сите понижувања што ни се случија во изминатите 25 години од ...
Физичка пресметка во Неготино завршила со повредена неготинка и приведени три неготинки. Денеска во два часот, полициски службеници од ОВР - Неготино ги приведоа 34-годишната Б.Џ., 26-годишната С.К. и 31-годишната С.Д., сите од овој град, затоа што на улица „Даме Груев“ во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ. и С.Д. од една страна и С.К. и 31-годишната Д.Б. од Неготино, од друга страна, при што Д.Б. се ...
Сомнителните случаи за кардиолошки и кардиохируршки интервенции остануваат сомнителни. И по повеќе од два месеца нема разрешница за оние кои поднесоа претставки. Министерот за здравство Алиу вели дека чека официјално да завршат локалните избори за да ги ангажира странските експерти кои ќе се вклучат во анализата. На Кардиологија воведена нова процедура – пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство. ...
Повеќе од 3,2 милиони патници во САД останаа заглавени на аеродромите поради хаосот од затворањето на американската влада на 1-ви октомври. Недостигот на контролори на летови доведе до сериозни доцнења и откажувања. Според организацијата „Авиокомпании за Америка“, проблемите ќе продолжат сè додека не се врати нормалното финансирање на Федералната управа за авијација. Демократите и републиканците и натаму без договор за финансирањето на ...
Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка (Белорусија), објави дека ќе игра егзибициски натпревар против Ник Кирјос (Австралија). „Се случува. Сабаленка против Кирјос. Битка на половите“, напиша белоруската тенисерка на социјалните мрежи. Мечот ќе се одржи во Дубаи на 28 декември 2025 година. Триесетгодишниот Кирјос моментално е рангиран на 652. место на АТП ранг-листата. Во својот последен натпревар во поединечна конкуренција, тој загуби од ...
Барселона планира следното лето да го ангажира напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Според шпанскиот „Ел Национал“, Каталонците се подготвени да понудат парична отштета и играчот од средниот ред Дани Олмо во замена за норвешкиот голгетер. Олмо веќе подолго време е на радарот на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, што дополнително ја зголемува можноста за ваков трансфер. Халанд сезонава има одиграно 13 натпревари, на кои постигна 17 ...
Собранискиот спикер, Африм Гаши денеска се сретнал со поранешните претседатели на законодавниот дом – Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски. Станува збор за прва средба од ваков вид со институционален карактер, за споделување искуства и идеи за поголема ефикасност на Собранието. Идејата е да се формира неформален совет, каде што ќе се разговара реформите и процесите што имаат за цел да го направат Собранието ...
Актерот Џонатан Бејли, познат по улогите во „Bridgerton“ и „Wicked“, е прогласен за „Најсексапилен маж“ за 2025 година според магазинот „People“. Титулата беше објавена синоќа во емисијата на Џими Фалон. „Ова е чест на животот“ изјави Бејли, шегувајќи се дека му е благодарен на Фалон што ја „одбил наградата“ за да може тој да ја добие. Бејли стана светски познат со тв серијата „Bridgerton“, а како и филмовите „Wicked“ и „Jurassic World: ...
Хамас е подготвен да се предаде на комитет составен од Палестинци, изјави турскиот министер за надворешни работи. Објавата следува по состанокот во Истанбул на министрите за надворешни работи на Турција, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Катар, Пакистан, Саудиска Арабија и Јордан за ситуацијата во Газа. „Хамас е подготвен да го предаде управувањето со Газа на комитет составен од Палестинци. Предложените аранжмани ќе станат трајни со ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Идентитески паралели“ на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска. Изложбата е дел од настанот „Уметник во престој“ организиран во рамки на европскиот проект Креарт што се одржува во КИЦ шеста година по ред, а е финансирана од Град Скопје. Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска го претставуваат сопствениот интимистички и длабоко промислен творечки концепт преку неколку ...
По 11 часа драматична операција за спасување, почина работникот кој остана заробен во урнатините на Торе деи Конти во Рим. 66 годишниот Октај Строичи не успеа да го преживее уривањето на средновековната кула. Дел од фасадата на објектот, која се наоѓа во близина на Царскиот форум и Колосеумот, се урна во вчера наутро, создавајќи облак од прашина и закопчувајќи ги работниците кои работеа на реставрацијата на зградата. Обвинителството во Рим ...
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Крушево, а најмалку во Гевгелија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнало 24 литри на метар квадратен, 18 – Тополчани, 12 – Прилеп, Битола, 10 – Берово, 8 – Скопје – Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 – Маврови Анови, 6 – Претор, Демир Капија, 5 – Пожаране, Куманово, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 4 – ...
Венецуелскиот претседател Мадуро вели дека со Русија одржуваат континуирана воена соработка и покрај растечките тензии меѓу Каракас и Вашингтон околу распоредувањето на американски воени бродови во водите на крајбрежјето на јужноамериканската земја. „Ние сме во постојана секојдневна комуникација со руската влада за сите прашања, бидејќи имаме многу проблеми во развојот. Огромен број кадети и офицери се обучени во Русија, а огромен број руски ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Војната во Украина продолжува. На прагот од зимата, Зеленски во трка за заштита на енергетските ресурси. Украинскиот претседател изјави дека добил добар сигнал од Европската унија за обидот на Киев да се приклучи на блокот и за понатамошна поддршка за енергетскиот сектор на земјата. „Разговарав со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Многу сме благодарни за поддршката и она што го слушнавме е многу важно за нас. ...
Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025-та година. Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следи дебата која се очекува да биде фокусирана на постигнувањата на земјите кандидати и ...