Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува голема акцијата за чистење на градот, како што вети во предизборната кампања. „Она што го ветив за време на кампањата пред моите сограѓани, останувам на тоа дека првата активност ќе започне токму денес. Околу 20 часот кај салата „Борис Трајковски“ екипите ќе бидат спремни да започнеме со чистење на градот, за 72 часа да го исчистиме ...

Денвер ноќеска го победи Мајами во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата со 122:112. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 33 поени, 15 скока и 16 асистенции. Резултати на другите натпревари играни ноќта среда кон четврток: Кливленд – Филаделфија 132:121 Детроит – Јута 114:103 Индијана – Бруклин 103:112 Бостон – Вашингтон 136:107 Њујорк – Минесота 137:114 Мемфис – Хјустон 109:124 Далас – Њу Орлеанс 99:101 Лос Анџелес ...

А репрезентацијата на Македонија ќе одигра два натпревари овој месец, контролен меч против Летонија на 13-ти ноември на домашен терен и последниот од квалификациите за Светското првенство 2026 против Велс во Кардиф на 18-ти ноември. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Од комбинација отпадна повредениот Езѓан Алиоски, а повратнци во тимот се Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски. Во составот ...

Драмскиот театар Скопје со претставата „Ифигенија за ништо“ е добитник на три награди на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски ги доби наградите за најдобра претстава, најдобра режија и најдобра женска улога. Наградата за режија ја доби Филип Петковски, а за најдобра женска улога и припадна на Јелена Жугиќ за улогата на Клитемнестра. „Ифигенија за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се сретне со евроамбасадорот Михалис Рокас, за да разговараат за најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. По средбата е најавена заедничка прес-конференција, соопштија од Владата. Европската комисија на 3-ти ноември го објави извештајот во кој се нагласува потребата земјата да ги заокружи подготвителните активности за отворање на Кластерот „Основи вредности“ и да продолжи со ...

Врховниот суд на САД ја преиспитува одлуката на претседателот Трамп за глобални царини, повикувајќи се на закон од 1977 за вонредни овластувања. Конзервативните судии скептични дека законот му дава таква моќ, додека либералите тврдат дека Конгресот сака да ги ограничи претседателските овластувања. Судот разгледува и дали бизнисите би имале право на поврат на платените царини. Случајот може да има големи економски и политички последици. ...

Синоќа во Тетово, меѓу зградите спроти ентарот за социјални работи било пронајдено безживотно тело на младо женско лице. Според првичните информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово. Дежурен јавен обвинител извршил увид на локацијата каде што е пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој престојувала. Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални ...

Во Националната опера и балет, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот и добитници на две „Греми“ награди. Како што најави НУ Оркестар за џез музика на РСМ, диригент на концертот ќе биде Боб Минцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. На сцената во Скопје ќе настапат и Расел Феранте, ...

Уште едно тело на заложник е вратено во Израел, во Газа сè уште има останки на шест заробеници-вели Тел Авив. Додека жителите на енклавата се подготвуваат за зимата, ОН предупредуваа дека помошта што влегува е недоволна. Алармираат и за недостиг на шатори, ќебиња и материјали за засолништа. СЗО в недела почнува кампања за имунизација на околу 44 илјади деца во Појасот против морбили, заушки, рубеола и детска парализа. „Првата од трите ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, слично време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Украинската војска нападна руска рафинерија за нафта во Волгоград додека експлозии потресоа неколку енергетски објекти. Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат. Киев, пак, негира и тврди дека се во тек контранапади и уништување на непријателот. „Посебно сакам да ја истакнам специјалната единица „Алфа“ која систематски и ефикасно ги уништува руските окупатори и нивната ...

На сцената на Националната опера и балет на 7-ми ноември, петок со почеток во 20 часот, ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот. Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар ...

Во Драмски театар Скопје денеска се одржала прва проба на претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов. Премиерата е планирана за втората половина на декември. Драмски театар соопшти дека „Болва в уво“ на нивната сцена првпат е поставена на 24 март 1974 година и дека е „амблематска претстава за Драмски, што публиката ја памети по една исклучителна генерација на актери, со вкупно 333 изведби“. Текстот „Болва в уво“ е напишан во 1907 ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од од спалната соба во куќа на улицата „Благоја Стефковски“. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го ...

Ромскиот јазик е јазик кој својата кодификација ја добил 1981 година. Оттогаш, политиките се насочени кон описменување и едукација на народот. Но, недостигаат и кадар и учебници. Секоја заедница е дел од мозаикот што ја создава убавината на нашата земја и на Европа. Македонија е држава која се темели на принципите на еднаквост, мултикултурализам и меѓусебна почит, рече министерот Шабан Салиу. Собранието е посветено на гарантирање на заштитата ...

Основците се помалку сакаат да читаат лектири. Надлежните ќе го менуваат списокот со поинтересни содржини што се поблиски на нивната реалност. Министерката за образование и наука смета дека теми како училишен живот, врсничко насилство, инклузија на деца со посебни образовни потреби и психолошки предизвици би биле поинтересни теми за децата од основното образование. Поради овие причини создаден е нов предлог-лектирен список кој ќе оди на јавна ...

Извештајот за напредокот на државава во евроинтеграциите е најлош досега. Нема напредок во ниту една област, дури и назадуваме-оценка на првиот социјалдемократ Венко Филипче. Смета дека реформската агенда не се спроведува, а институциите се парализирани. Нацрт-резолуцијата за црвените линии сè уште не е доставена во Собранието. Филипче очекува дијалог со останатите политички чинители, истата да биде надоградена. Лидерот на СДСМ вели дека не ...

Терапија под рака, за 500 евра давал ексдиректорот на Онкологија, Никола Васев. Ова го тврди сопруга на пациент кој починал од канцер. Парите, како што рече пред судот, му ги давала во неговата канцеларија, каде лекарот во фрижидер ги чувал ампулите. Лекот го аплицирала медицинска сестра. Одбраната тврди дека сведокот не ја зборува вистината, а обвинителството нема докази за корупција. Уште еден сведок тврдеше дека потплаќал на Онкологија. ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар дожд. И во Скопје од утре во вечерните часови до понеделник ќе има повремени врнежи од ...

Раст од 3,5 отсто и инфлација 3,9 отсто се есенските проекции на Народната банка за годинава. Според гувернерот Славески, макроекономската слика за домашната економија укажува на солидни економски изгледи и стабилизација на инфлацијата. Дефицитот на тековната сметка е 4,2 отсто. Економскиот раст се очекува да биде поттикнат од домашната побарувачка, и извозот на стоки и услуги, според превидувањата на банкарите. Силен раст е забележан на ...

Русија продолжува со офанзивата на истокот во Украина, со жестоки борби за Покровск, додека Киев тврди дека го одвраќа непријателот. Русите концентрираат трупи во Купјанск, а Зеленски го истакнува членството во ЕУ како клучна безбедносна гаранција за земјата. „Руската армија повторно беше принудена да ги помести роковите што си ги постави за освојување на Покровск и Доброполија. Секој руски пораз во овие области придонесува за нашата ...

На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час. На 05.11.2025 во ...

До денеска претпладне до Државната изборна комисија се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16.30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од „Влен“ за избирачки места во Брвеница. Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за ...

На 20 ноември во „Јавна соба“ во Скопје македонската кантавторка Дина Јашари ќе ја има својата концертна промоција на нејзиниот последен албум „Растенија без корен“. „Растенија без корен – во живо, искрено и топло, во градот. Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли“ – вака младата кантавторка го најавува концертот. На концертот ќе настапи со нејзиниот долгогодишен бенд: Лука Тошев (гитара), Драган Теодосиев (тапани), ...

Демократскиот социјалист Зохран Мамдани е избран за нов градоначалник на Њујорк, победувајќи го независниот кандидат Ендру Куомо. Тој освои поддршка со планови за бесплатна грижа за деца, бесплатен автобуски превоз и замрзнување на кириите. Мамдани ќе стане прв муслимански градоначалник на Њујорк од 1 јануари. Куомо им се заблагодари на поддржувачите и вети дека ќе му помогне на Мамдани. „Соборивме политичка династија. Донесовте мандат за ...

Карго авион на „УПС“ се урна при полетување од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и екипажот, а единаесет се повредени. Пожарот по експлозијата зафатил околни објекти, па можно е бројот на жртви да порасне. „Во авионот имало три члена на екипажот. Четворицата за кои потврдивме дека се починати, не биле во авионот. Засега немаме информирани за други исчезнати лица, но тоа не значи дека ги нема. Веруваме дека ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на АТП 250 турнирот во Атина. Тој направи подвиг откако дури во третиот меѓусебен меч го совлада Чилеанецот Алехандер Табило со 2:0 во сетови. Првиот Ѓоковиќ го доби по голема борба и тајбрејк со 7:3 на поени, а во вториот сет беше убедливи сетот го заврши со 6:1 во сетови. Во следната рунда ќе игра со победникот од мечот меѓу Нуно Боржес и Елиот Спицири. Фото/ Извор: МИА ...

Оклахома Сити утрово на гостински терен забележа победа над Лос Анџелес клиперс со 126:107. За Тандер ова беше осма последователна победа од почетокот на сезоната поставувајќи нов клупски рекорд. Пред натпреварот, актуелниот НБА-шампион го изедначи својот најдобар старт (7-0) од минатата сезона, приклучувајќи се кон кратка листа на тимови (Хјустон во 1990-тите, Бостон во 1960-тите) кои го постигнаа овој подвиг двапати по ред. Оклахома Сити е ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 368,3 милијарди денари, што претставува раст од 2,09 проценти во однос на истиот период од минатата година. Вредноста на увезената стока изнесува 523,2 милијарди денари и е зголемена за 3,59 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Најзастапени производи во извозот се катализаторите на носачи со благородни ...

Сејф сити

4 минути - Cooltura
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
66%
1005
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
69%
1004
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1003
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.06
95%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
69%
1003
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
73%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
62%
1004
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
91%
1008
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
86%
1006
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
93%
1007
Currency

61.6038

Currency

52.4152

Currency

70.7683

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

66.3324

Currency

7.51664

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Цинк

3.20

Бакар

11.75

Злато

147776.72

Паладиум

57453.38

Кобалт

62.83

Рутениум

45750.51

Иридиум

198077.91

Родиум

324722.54

Калај

49.66

Сребро

2897.70

Платина

74080.83

Алуминиум

3.13