Погребот на Валентино Гаравани, еден од најголемите модни дизајнери на сите времиња, се одржа денес во Рим. Последното збогување со модната легенда се одржа во импозантната црква Санта Марија дели Анџели е деи Мартири, каде што се собраа бројни познати личности од светот на модата, филмот, политиката и јавниот живот за да му оддадат почит. Меѓу првите што пристигнаа беше легендарната модна новинарка Ана Винтур, долгогодишна пријателка и ...
На последното испраќање на големиот италијански дизајнер Валентино Гаравани, кој почина во понеделникот на 93-годишна возраст, му оддадоа почит култни модни дизајнери и ѕвезди со кои Валентино соработуваше многу години. На погребот во Рим дојдоа актерката Ен Хатавеј, модните дизајнери Донатела Версаче и Том Форд и поранешната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Британската актерка Елизабет Харли и нејзиниот син Дамијан исто така му ...

