Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Американскиот претседател потврди дека ќе го тужи британскиот јавен сервис и покрај извинувањето. Трамп бара отштета помеѓу 1 милијарда и 5 милијарди долари поради начинот на кој бил монтиран неговиот говор во документарецот „Панорама“. Би-Би-Си повторно е под силен притисок и во центарот на нов медиумски скандал, откако весникот „Телеграф“ објави уште една спорна монтажа на говорот на Трамп емитуван во „Њузнајт“, речиси две години пред ...
Американската државна обвинителка Пам Бонди, ги прифати барањата на Трамп да се истражат врските на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи и некои од неговите политички противници. Бонди објави дека го назначува обвинителот од Менхетен, Џеј Клејтон да ја води истрагата. Трамп не објасни, кои наводни злосторства сака Министерството за правда да ги истражи и ги обвини демократите дека се обидуваат ...
Вчера заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде беа донесени повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6-ти декември во Кавадарци. Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на ...
Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини, но, текот на денот, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од – 3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат од 15 до 19 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик. Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото. Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по ...
Во вторник, на 18-ти ноември прилепскиот Tутунски комбинат ги отвора вратите за откуп на тутунот на 34 пункта во земјава. Ќе преземе 2.300 тони тутун и ќе исплаќа два пати неделно. Цените по класи се зголемени за пет проценти. Се очекува да се купи реколта со висок квалитет. Со стратешкиот партнер „Филип Морис“, комбинатот 11 години соработува и го очекува договорот на нова 10-годишна соработка. Законски, откупот почнува на 15-ти ноември и ...
Постојан замор, болки во нозете, смалена концентрација и зголемена жед биле симптомите кои ја поттикнале Билјана Костовска да го исконтролира своето здравје. Информацијата дека има дијабет тип два, ја изненадила. Во Битола, 22 проценти од пациентите се веќе на инсулинска терапија. Се апелира на редовни контроли за да се спречат здравствени компликации. И пациентите со дијабет очекуваат подобрувања во здравствениот систем. Здруженија на ...
Повисоки плати, пензии, инвестиции во инфраструктурата, поголем економски раст, нови вработувања, поддршка на стопанството, предвидува Предлог-буџетот за следната година за кој почна амандманската расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Приходите се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари. Економскиот раст е проектиран на 3,8 насто, инфлацијата на ...
Поранешна директорка на Здравствениот дом во Делчево, четири месеци по исполнувањето на условите за пензионирање по навршување 67 години, останала на работното место директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево. Настанот се случил во јануари 2022 година, а буџетот на Здравствениот дом во Делчево е оштетен за 401 илјада 776 денари. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична ...
Јавното обвинителството отвори предмет за пратеникот Блерим Беџети. Од таму велат дека се постапува по кривичната пријава од Финансиската полиција за поранешниот градоначалник на Сарај и актуелен пратеник од ДУИ како и за уште 7-те негови соработници од општината. Се прибираат и разгледуваат докази и по комплетирање на случајот ќе има јавнообвинителска одлука. „Оформен е предмет, распореден кај јавен обвинител и се постапува по него“, стои во ...
Со 37 гласа за советниците го изгласаа прекројувањето на градската каса, тешка над 120 милиони евра. Се кратат околу 900 милиони денари кои претходната градска власт ги планираше за купување нови автобуси за потребите на ЈСП. Скопскиот градоначалник Ѓоргиевски појаснува дека товарот за нивната набавка ќе падне на извршната власт која ќе набави нови 80. Повеќе пари за капитални проекти, помалку за непродуктивни трошоци, финансиско зајакнување ...
Венко Филипче не го интересира напредокот на СДСМ, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат во недостиг на вистински кадри и луѓе кои и мислат добро на СДС, Филипче става луѓе кои се блиски до него и Зоран Заев. Децидни се во ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ возвратија ВМРО-ДПМНЕ треба да се грижи за ...
25 години се развивал Фондот за здравствено осигурување воведувајќи современи практики за здравствена заштита, но и честопати недоверба кај пациенти коишто чекаат на современи лекови на позитивна листа или лекување во странство. Над 1,8 милиони корисници на здравствено осигурување, од кои 1,2 милиони се граѓани кои придонесуваат во Фондот. Најмногу пари се издвојуваат за лекови за онколошките пациенти, а побрза е постапката и за упатување на ...
СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Љ. и од него е одземен ножот со кој го извршил ...
Бараме само достоинствени услови за живот и да не бидеме „невидливи“ за институциите. Лицата со попреченост и нивните семејства побараа да не бидат кратени пари од буџетот, оти живеат со потешкотии. Се пожалија дека трошоците за живот им пораснале за 60 проценти, а со тоа и проблемите им станувале се поголеми. Од Министерството за социјална политика велат дека конечните решенија зависат од буџетската рамка и меѓуресорските анализи. „Во ...
Сојузот на синдикатите на Македонија бара минималната плата да се зголеми интервентно до крајот на годинава на 600 или 700 евра, повикувајќи се на анкета направена со дел од вработените лица во земјава. Во анкетата направена месецов, учествувале 1.613 испитаници. 45, 2% од нив сметаат дека минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, а 42% дека таа треба да изнесува 700 €. 12, 8% пак сметаат дека платата треба да изнесува 500 евра. ...
Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани. Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена. Бидејќи објектот нема важечко ...
Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги усвои тужбите на тројца македонски судии кои беа разрешени од Судскиот совет поради нестручно вршење на функцијата. Судот минатиот месец одлучил дека на судиите Стојанче Рибарев, Сузана Здравева и Силвана Илиевска им било повредено правото на фер судење. Рибарев беше разрешен бидејќи како в.д. претседател на скопска единица во 2017-та исклучил петмина судии од АКМИС системот за да не добијат во ...
На седница на новоизбраниот Совет на Град Скопје, ребаланс на буџетот за годинава. Според најавите, се очекува да бидат обезбедени средства за системот БРТ, но и како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски и за украсување на метрополата за новата година. Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, ниту пак за новогодишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на новата година, вели скопскиот градоначалник. ...
Витаминот Ц е неопходен за здрав имунолошки систем, заздравување рани, здрави коски и правилно функционирање на мозокот. Најчесто се внесува преку овошје и зеленчук, но сè почесто се користи и како додаток во исхраната. Стручњаците предупредуваат дека претераниот внес може да предизвика несакани ефекти. Најчестите симптоми од прекумерно земање витамин Ц се гастроинтестинални проблеми – дијареја, гадење и болки во стомакот. Ризикот расте кога ...
Од анализираните 19 случаи, кај десет, комисијата од Министерството за здравство утврдила дека биле извршени непотребни кардиолошки интервенции кај пациенти во приватни болници. Комисијата дополнително ќе ги анализира случаите, заедно со странските експерти кои ќе се вклучат во работата. Претседавачот на комисијата, д-р Жарко Христовски рече дека со резултатите од оваа првична анализа, ќе настапат заедно со меѓународната комисија којашто е ...
Во периодот од 10.11 до 13.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење ...
Едно лцие загина, десетици се ранети и хоспитализирани по рускиот напад врз Киев во текот на ноќта. Властите со повик до жителите да останат во засолништа сè додека не се укине тревогата за воздушниот напад. Предупредија и дека се можни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода. Нападот доаѓа откако Европската унија оваа недела предупреди дека Украина мора да продолжи со сузбивање на корупцијата по големиот скандал со мито што ги ...
Со роденденска премиера на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Иштван Сабо од Унгарија, Битолскиот театар денеска одбележува 81 година од денот на формирањето и почетокот на Меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“. Главната улога, ликот на Макбет го игра Мартин Мирчевски, а заедно со него во најновиот проект вклучени се четириесеттина професионалци, актери и логистички персонал од Народниот театар-Битола, избрани од ...
Во Владата денеска е закажана прес-конференција на која ќе се обратат министерот за здравство Азир Алиу и членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции. Комисијата беше формирана откако кардиохирургот Сашко Кадев во интервју изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции само за профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции. На 4-ти ноември министерот за здравство информираше дека ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2025 година ...
БИ-БИ-СИ му се извини на американскиот претседател за документарецот „Панорама“, во кој беа монтирани делови од неговиот говор пред нападот на Капитол Хил, но го отфрли барањето за отштета од една милијарда долари. Трамп претходно најави тужба-бараше извинување, повлекување на документарецот и прикладен надомест. Претседателот на БИ-БИ-СИ, Самир Шах, се извини и призна дека монтажата оставила „впечаток на повик за насилство“. Генералниот ...
Во Комисијата за финансирање и буџет почнува расправата за Предлог-државната каса за идната година. Ќе тежи 6,73 милијарди евра. Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на скоро 414 милијарди, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2 ипол, а буџетскиот дефицит на 3,5 насто од БДП. Од Владата велат дека Буџетот претставува реално планирање, ...
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 0:0 на пријателскиот натпревар против Летонија во Скопје. Имавме шанси, меѓутоа затаи реализацијата. Во 14. минута, Милан Ристовски одлично се ослободи од својот чувар, шутираше од 25 метри, но голманот на Летонија, Рихард Матревичс, успеа да одбрани. Десет минути подоцна, возврати и Летонија со опасен напад. По нафрлувањето од левата страна, Владиславс Гутковскис шутираше со глава, но крај ...
Бројот на заболени од грип се зголемува. За една недела пријавени се 116 заболени, за 20 проценти повеќе од претходната. Најмногу заболени има во Куманово и Гостивар. Во однос на возраста најмногу заболени има од 15 до 64 годишна возраст. Грипот сè уште не е лабораториски потврден во земјава. Иако, се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, сепак останува на меѓусезонско ниво, карактеристично за овој период од годината. ...