Премиерот Христијан Мицкоски во посета на Општина Виница. Во рамки на посетата, официјално ќе биде означен за отворен новиот затворен градски пазар, а ќе биде извршен и увид во повеќе инфраструктурни проекти што се реализираат во општината. Станува збор за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, целосна реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ во Виница, како и реконструкција на главната улица со крак кон црквата во селото ...
Општина Виница денеска го заокружува еден од своите позначајни инфраструктурни и капитални проекти со официјалното отворање на новиот градски пазар. На свеченото пуштање во употреба на овој нов комерцијален објект ќе присуствува и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа посета ја потврдува владината посветеност за рамномерен регионален развој и поддршка на локалните проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. ...

