· Извршниот директор на Audi, Гернот Долнер: „Audi Q9 е новиот предводник на гамата на Audi. Со нашиот прв голем SUV од full-size сегментот, дополнително ја зацврстуваме премиум позиционираноста на нашиот бренд.“ · Новиот full-size SUV импресионира со неспоредливо чувство на простор; премиум материјалите, индивидуалните електрично прилагодливи седишта во вториот ред и автоматските врати ја нагласуваат атмосферата на бизнис-класа. · Новиот ...

Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со години, додаваат од партијата, граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана. „Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, ...

Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде, велат од СДСМ. „Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата. Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават. Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар. Зошто не ...

Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со ...

За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство, реагираат од Левица. Ревизијата, додаваат ...

Времето денеска, сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топол бран до крајот на ...

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, соопшти дека е потврден новиот состав на Извршниот комитет на организацијата, при што за генерален секретар е избрана Елена Ивановска, а за потпретседателки Ане Лашкоска и Ленче Нелоска. Митева оцени дека новиот тим претставува „нова енергија и силен кадровски потенцијал“ составен од жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство. „Нова енергија и ...

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје–Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се реализирани повеќе координирани акции низ државата, при што се запленети над 43 килограми марихуана, а приведени се 241 лице. Според МВР, во изминатиот месец бил пресечен и меѓународен транспорт на околу 25 килограми марихуана на граничниот премин „Деве Баир“, како дел од активностите ...

Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат?, прашува ДОМ. „ДОМ не е против дигиталната трансформација. Напротив, Македонија има потреба од современа дигитална инфраструктура и технолошки развој. Но, зелениот и дигиталниот развој мора да ...

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. Во ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени, јавува УХМР. Според прогнозата на Управата за ...

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре-31.07.2026 година (петок) без електрична енергија ќе бидат: – ул.Железничка бр.20,22,22-а,26 и 30 и ул.Герман бр.26 и 30 од 09.00 часот до 15.00 часот.(Општина Центар) – Ул 1687-Бардовци од 08.40 часот до 15.05 часот.(Општина Карпош) Текстот Утре, без струја, делови од Центар и Карпош е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија известуваат дека утре-31.07.2026 година (петок) без електрична енергија ќе ...

Додека македонските работници имаат најниски плати во Европа, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, Арбен Фетаи кој не доаѓаше на работа е награден со нова функција, велат од СДСМ. „Граѓаните скапо го плаќаа Фетаи додека тој не рабоеше ништо и си објавуваше фотографии како ужива на Тајланд. И сега наместо одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните, Мицкоски го наградува Фетаи со нова позиција, ...

Градскиот хор Штип го одржа својот концерт „Јулско натпејување“ во рамките на манифестацијата „Штипско културно лето 2026“. Концертот започна во 19:30 часот во фоајето на НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип. Настанот привлече голем број посетители и публиката со големо внимание ги проследи сите музички точки. Хорот изведе староградски македонски песни и композиции од различни музички жанрови. Според реакциите и коментарите на присутните, концертот беше ...

Се активира процесот за завршување на Клиничката болница во Штип. Од денешната посета на болницата, министерот за здравство Сашо Клековски порача дека се преземаат првите чекори кон завршување на проектот. За два месеца се очекува да заврши ревизијата на постојната состојба, по што ќе биде објавен нов меѓународен тендер за избор на изведувач. Според Клековски, завршувањето на болницата е највисок приоритет на Владата, а проектот ќе се ...

Штетата од невремето што го оштети кровот на Клиничката болница – Штип се проценува на неколку милиони денари, изјави денеска заменик директор на КБ Штип , Билјана Ефтимова. Таа посочи дека најголеми оштетувања има на кровната конструкција над Одделението за ортопедија, операционата сала и Одделот за интензивно лекување, а конечната проценка ќе биде направена по извештајот од осигурителната компанија. „Првична проценка е во денакри неколку ...

Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во една јавна установа . Градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и клонови, а за децата и родителите нема да има никакви промени. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека нема да има отпуштања на вработени, туку ќе се менува само начинот на организација. Целта е да се намалат трошоците и градинките да работат поефикасно. Иван Јорданов, ...

Со цел институцуонална одговорност за случајот на екс-вицепремиерот Фетаи а сегашен „специјален пратеник“ на Владата во Брисел, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, денеска премина во директна институционална акција и поднесе официјално пратенички прашања упатено директно до премиерот за сите исплатени денари и за одговорноста за селективната правда, велат од партијата. Зајкова ...

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд. Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. Во ...

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Венко Филипче посочи економски споредбени параметри со коишто како што истакна, растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Според Мицкоски побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот во услови на криза, а споредувајќи ги параметрите за инфлацијата нагласи дека инфлацијата во јуни 2026 година е ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Текстот Топол бран во наредните денови, УХМР со предупредување за температури над 40 степени е превземен од ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука, соопштија од општината. Летниот распуст, појаснуваат, се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека сите лаги на Владата на ВМРО за наводниот економски напредок пропаднаа. Филипче посочи дека граѓаните живеат сè потешко, а Македонија е на дното во Европа по животен стандард. „Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на ...

Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата што секојдневно им е потребна на луѓето. Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина, истакна на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и ...

Во држава во која граѓаните со мака заработуваат мизерна плата, Владата на ДПМНЕ создаде привилегирана политичка каста во која неработењето е најсигурниот пат до повисока функција. Арбен Фетаи, човекот кој со месеци не се појавуваше на работа, а редовно земаше плата од парите на граѓаните, денес е награден со дипломатски статус и нова државна титула, велат од Левица. „Од вицепремиер за добро владеење, функција што со него прерасна во ...

Обвинителството донело одлука да му го врати пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, затоа што имал фирма во Србија чие работење било сериозно доведено во прашање. „Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06.2026 година даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот рече дека додека СДСМ биле на власт водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а тие не презеле ништо и го повика обвинителството да ги провери овие наводи. „Има луѓе од ...

За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
78%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
68%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.57
55%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
91%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.063
69%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Злато

130856.75