Директорот на Клиничка болница Штип, Владко Захариев, се огласи по реакциите и објавите на социјалните мрежи во врска со пациентка која, по извршен царски рез, развила невролошки симптоми, повикувајќи на воздржаност од изнесување непроверени информации сè додека не заврши стручната и институционалната постапка. Во соопштението се наведува дека пациентката била породена со царски рез, а постоперативниот тек поминал уредно, по што била испишана ...

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски денеска од Мечкин Камен, на одбележувањето на 2 Август – Илинден, порача дека најголемиот предизвик со кој се соочува државата денес е демографската состојба, оценувајќи дека современото „востание“ не е со оружје, туку преку создавање семејства, воспитување деца и обезбедување иднина за младите во Македонија. Во обраќањето во Крушево, каде ја предводеше собраниската делегација на државното ...

На 01.08.2026 во 21:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Р.А.(33) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул. „Тодосија Паунов“, полициските службеници сопреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, при што било констатирано дека Р.А. го управувал мотоциклот без возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна ...

На 01.08.2026 во 11:30 часот во СВР Штип e пријавено дека во с.Сарчиево, штипско, настанал пожар на нискостеблеста вегетација, при што огнот зафатил трло, склад со бали, мисирки и др., во сопственост на Р.Ј.(53) од Штип. Повредени лица нема, а од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. На 01.08.2026 во 11:30 часот во СВР Штип e пријавено дека во ...

На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово ...

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска порача дека Илинден е ден за потсетување на борбата на повеќе генерации за создавање самостојна македонска држава, нагласувајќи дека постои долг кон историската вистина и кон асномската генерација која, како што рече, „со крв извојува слобода и македонска република“. Во обраќањето на централното чествување на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, што под нејзино ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна, а надлежните здравствени институции продолжуваат со континуирано следење, информира Министерството за здравство. Во текот на 1 август се регистрирани 57 први прегледи на пациенти, што е намалување за три случаи во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 60 прегледи. Во изминатото деноноќие нема регистрирани нови хоспитализации. Според податоците на Министерството, заклучно со 1 август ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека секоја генерација има свој Илинден, со сопствена мисија и одговорност, а задачата на денешната генерација е да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна и праведна. Во обраќањето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, Мицкоски истакна дека почитта кон илинденците и асномците не треба да биде само сеќавање на минатото, туку и потсетување ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 2 Август – Илинден во Смилево, Демир Хисар. Во состав на владината делегација беа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски. Делегацијата положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на повеќе локации во Смилево, оддавајќи им ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце порача дека Македонија низ историјата победувала тогаш кога била обединета околу голема цел, а не кога била поделена. Во обраќањето по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, Мицкоски нагласи дека постојат вредности кои се поголеми од секоја политичка партија, функција или мандат, а тоа, како што рече, се татковината и обврската кон идните генерации. ...

По повод големиот празник 2-ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. „Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Илинден не е само датум во календарот, туку завет и карактер, кој ја симболизира борбата за слобода, државност и достоинство. Во обраќањето од Пелинце по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, Мицкоски истакна дека денеска се одбележува споменот на генерации кои, како што рече, се воделе од идеали, жртви и соништа за слободна Македонија. „Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои ...

Струмичките пожарникари утринава извлекоа мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Спасувачката акција започнала околу 5:15 часот, кога екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица добила повик и веднаш се упатила кон местото на несреќата. Пожарникарите употребиле специјална спасувачка опрема и успеале безбедно да ги извлечат двете лица од провалијата. По интервенцијата, ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, во која порача дека идеалите на илинденците и асномската генерација претставуваат обврска за градење современа и правна држава. Костадиновски, во честитката упатена во свое име и во име на Судот, посочи дека денеска се одбележуваат 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит ...

Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да живее достоинствено и слободно. Крушевската Република остави порака што и денес има силно ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево порача дека вредноста на сеќавањето на Илинден е во градењето подобра иднина за граѓаните. Филипче, по повод 2 Август – Илинден, оддаде почит на хероите на Илинденското востание и Крушевската Република, посочувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на народот сам да ја одлучува својата судбина. „Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. ...

По повод 2 Август – Илинден, Државниот архив објави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, кои сведочат за борбата, идеалите и жртвата на илинденците. „На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август – Илинден. Во честитката, Сиљановска-Давкова посочи дека на Илинден 1903 година македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република, а во 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници. „Низ крвавите страници на тешката историја, ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка по повод 2 Август – Илинден. Во честитката, Мисајловски порача дека Илинден е нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. „Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската ...

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја. Годинава се навршуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната прослава традиционално ќе се одржи во Крушево. Чествувањето ќе започне со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на „Слива“, по што ќе биде одржана панихида во храмот ...

Сончево и многу топло време ја очекува Македонија денеска. Максималната дневна температура ќе достигне од 33 до 39 степени, додека утринската ќе се движи од 9 до 18 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени. Според најавите на синоптичарите, топлотниот бран нема наскоро да попушти. Напротив, до крајот на ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите меѓу селата Слатина и Грешница и од селото Девич кон Самоков во општина Македонски Брод, меѓу селата Делогожда и Татеши во струшко, кај селото Борино во Крушево и кај селото Баранци во битолско. Под контрола е ...

Полициски службеници од ОВР Кочани денеска (1 август) спроведоа успешна акција во која беа пронајдени и одземени над 160 грама наркотични дроги – кокаин, хашиш и марихуана. Акцијата била реализирана по претходно обезбедена судска наредба, при што бил извршен претрес во домот на А.Р. во Кочани. При претресот полицијата ја пронашла и одзела дрогата, по што лицето било лишено од слобода. За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по ...

Во рамки на засилените полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ државата, Министерството за внатрешни работи лишило од слобода вкупно 18 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, а меѓу нив има и случаи од Делчево, Кочани и Македонска Каменица. Според информациите на МВР, 17 лица биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола. Меѓу приведените се и по еден возач од Кочани и Делчево, кои ќе се соочат со ...

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. „Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови“, велат од УХМР. Институтот за јавно здравје упатува препораки ...

Во вториот квартал од годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 договори за закуп, што е за 17 проценти помалку во однос на првиот квартал. И покрај падот на бројот на закупи, вкупната месечна закупнина достигнала 1,2 милиони евра, што претставува раст од 9 проценти на квартално ниво. Најголем дел од закупите се однесуваат на деловни простори – 935 или 44 проценти од вкупниот број. Следуваат становите со 630 закупи (29 ...

Гнев и револт кај родителите во карбинското село Крупиште, поради нивни информациите дека од 1 септември нивното подрачно училиште би можело да стави клуч на врата. Велат, ако тоа навистина се случи, нема да дозволат нивните деца секојдневно да патуваат десетици километри до друго училиште. Тврдат дека училиштето е изградено со големи маки и трудот на нивните предци, кои по уништувањето на селото во 1944 година, за време на војната, повторно ...

Надминат големиот проблем со откупот на млекото, тврди министерот за земјоделие Борче Серафимовски. По протестите на сточарите, тој вели дека откупот повторно тече и млекото повторно се презема од производителите. Според Серафимовски, до решението дошло по средбите со млекопроизводителите и млекарниците. Владата, како што рече, им помогнала на млекарниците полесно да ги пласираат наталожените залихи на млечни производи. Со тоа, тврди ...

По 100 денари за кило, почна да се продава првата ајварска пиперка на штипскиот пазар, граѓаните во дилема дали ќе имаат или не финансии за да прават ајвар годинава. Едни велат еднаш се живее, ќе се прави во помали количини, други децидни оти не, бидејќи зимата ќе ја поминат со неколку купени тегли ајвар од продавница. Наместо печење над ќумбет, лупење, пржење и два дена работа, повеќе штипјани се решени маката да ја скратат со купување. Кога ...

Штипската бања се почесто се претвора во импровизиран фризерски салон. Наместо место за релаксација и лекување, дел од посетителките таму ги фарбаат косите, а бојата останува на подот и плочките. Иако вработените редовно го чистат просторот, ваквата слика често повторно се појавува. Останатите посетители апелираат да престанат ваквите практики и велат дека Штипската бања е гордост на градот што треба да ја чуваме, а не со несовесно однесување ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Бакар

12.58