Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков. Пенков истакна дека преку ребаланс на буџет средствата се насочуваат за инфраструктурни проекти, ...
По повод две години од работата на Владата, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прес-конференција на која даде пресек на постигнатите резултати и започнатите капитални процеси во ресорот, нагласувајќи го институционалниот континуитет и стабилноста во реализацијата на политиките. Тој кажа дека во изминатиот период, Министерството обезбеди средства и започна со реализација на над 300 инфраструктурни ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и капацитетите ...
Предложениот ребаланс на Буџетот е признание дека Владата потфрли во планирањето и повторно ги товари граѓаните со поголем дефицит, нови задолжувања и неизвесност, обвини пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. „Овој ребаланс ја открива главната слабост, Владата сака да ја задржи реториката на стабилност, но бара инструмент на нестабилност. Поголем дефицит. Не може истовремено да ...
Во рамки на работната посета на Државата Катар, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари средба со заменик-претседателот на Владата и државен министер за одбрана, шеикот Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али Ал Тани. На средбата се разговараше за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и ...
Мартин Стојановски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот на буџетот обезбедува услови Македонија да продолжи по патот на економскиот раст, стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани. „Денес расправаме за ребаланс во буџетот во период кога светската економија се соочува со многу сериозни предизвици за кои сме свесни и сите ние. Геополитички тензии ...
Државниот пазарен инспекторат утврди дека одредени синџири маркети ги зголемиле бруто-маржите за 2 до 5 процентни поени за само една година. Наодот, по Законот за инспекциски надзор и Законот за трговија, повлекува јасна постапка: решение, мерка, казна! Наместо тоа, премиерот Мицкоски најавува дека имињата на компаниите ќе се кријат во анонимност и дека она што има да го каже, „ќе го каже директно, во разговор со нив“, истакнуваат од Левица. ...
Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување на еднократна парична помош за овие граѓани, информираат од таму. Лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната документација: фотокопија од ...
Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја ...
Андреј Петров е човекот кој ја предводеше најголемата изборна катастрофа во СДСМ, велат од оваа партија. „Во емисијата „Во Центар“, Андреј Петров, еден од главните промотори на иницијативата за „реформи“ во СДСМ (Платформа за иднина на Мицкоски – ЗНАМ 2.0), сам се разоткри. Тој беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните парламентарни избори во 2024 година – единицата во која СДСМ постигна историски најлош резултат, ...
Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на потпишувањето на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој за изградба на автопатот. Грант средствата во вредност од 30,8 милиони евра се обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ. „Ми ...
Автопатот Скопје -Блаце е важен чекор во реализацијата на стратешката визија Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница на Балканот. Тој е дел од транс-европската рута 6, која Македонија ја поврзува со Косово, со пристаништата во Албанија и Црна Гора и што го прави значаен во аспект на трговија, бизнис и развој на туризмот, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на потпишувањето на ...
Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините, истакна на прес-конференција Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Со реализацијата на овие активности спроведуваме, рече тој, една од мерките предвидени во Стратегијата за ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Собранието, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“, истакна дека спроведувањето на Законот е обврска на сите институции и дека неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Тој нагласи дека Законот е донесен со широк парламентарен консензус на почетокот на 2024 година, а ...
Изградбата на новиот спортско-рекреативен центар во населеното место Кучевишка Бара напредува со одлична динамика, соопшти Општина Бутел. Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2000 метри квадратни и содржи фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец и нови клупи, парк и нови зелени површини. „Општина Бутел се менува. Маалскиот дух се чува и негува. Локалната самоуправа инвестира и создава ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро реагира на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил „усогласен“. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата, вели во својата видео изјава Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор (ИО) на ЛДП. Ваквите намерни медиумски манипулации, според Цветановски, се ...
Општина Ѓорче Петров обезбедува еднократна годишна финансиска поддршка во износ од 10.000 денари за секој ученик со попреченост, согласно класификацијата МКФ и мислење на ЗМЗ, во текот на целото образование. Со оваа мерка, општината им излегува во пресрет на семејствата на учениците со попреченост, обезбедувајќи финансиска помош наменета за покривање на дел од трошоците поврзани со образованието, развојот и секојдневните активности на ...
Од 15 до 18 октомври во Струга ќе се одржи седмиот Конгрес на еколозите на Македонија, со меѓународно учество, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). До ден-денес, Конгресот останува еден од најголемите научни собири на еколозите во регионот, во чиј фокус се еколошките истражувања во последните години. „Науката е тимска работа. Нашите конгреси се уникатна можност еколозите лично да ги запознаат колегите од регионот, да ...
„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните, велат од МВР. „Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот на ...
АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признание АЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци. Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35 % и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на АЛКАЛОИД ...
„Игор Ивановски, познат и како ‘Шема’, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш. Затоа што не може да ја напаѓа својата шема“, велат од СДСМ. „Човекот кој се претставува како алтернатива, како „опозиција на опозицијата“ и како демократ, во моментот кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, од удобната фотелја и матните политички кулоари се обидува да тргува ...
Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“, информираат од таму. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ, според соопштеното, ...
Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни енергетски решенија. Во текот на саемот, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните инвеститори од Македонија за технички информации и консултации околу ...
Во првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што е раст за 8,6% во споредба со истиот период од претходната година и има реализација на планот од над 45%, велат од Министерството за финансии. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската ...
Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Левица и Димитар Апасиев докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го поништуваат. ...
Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои, како што велат, бараат суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност. Според оваа партија, ребалансот што го предлага ДПМНЕ е финансиски ...
„Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“. Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да дефокусира од проблемот“, велат од СДСМ. „Додека граѓаните живеат ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, општина Аеродром; – во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Методија Андонов Ченто, објектите кај ЗПЗ Напредок, сендвичара Хит, објектите од место викано Триангладо надвозникот за Ченто, општина Гази Баба; – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ...
Со интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, за еден час ставен под контрола и локализиран пожарот во магацин или друг простор на Јужен булевар, во скопската Општина Кисела Вода. Пожарот e во близина на Пазарната инспекција, на еден километар од центарот на Скопје близу до Рампа. Нема жртви, но еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Од ...
Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија -Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден ...