Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Третолигашот Овче Поле официјално ги започна подготовките за новата сезона 2026/27, а амбициите на клубот се јасно поставени – освојување на првото место во Третата македонска фудбалска лига – Исток и изборување бараж за пласман во Втората македонска фудбалска лига. Првата прозивка се одржа денеска под водство на шефот на стручниот штаб Јорданчо Трендафилов, заедно со неговите соработници Тони Серафимов и Андреја Ефремов. На стартот на ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави фотографија на социјалните мрежи на која е во хируршка облека, проследена со порака. Во објавата, Филипче, кој по професија е доктор, ја споредува хирургијата со политиката, наведувајќи дека едната бара прецизност, одговорност и „чисти раце“, додека, како што пишува, политиката што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е спротивна. „Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја водат ...
Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен и вечерва е невозможно да се воспостави контрола врз него, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е последица на согорувањето на големиот број ниски смреки на теренот. „Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен, невозможно е да се воспостави контрола вечерва. Зафатена е ...
Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во минатата сезона од Женската ракометна суперлига, штипјанката Марија Анчева, ќе го носи дресот на Ѓорче Петров-МРК во новата натпреварувачка сезона. Новиот суперлигаш официјално го потврди ангажманот на искусната средна бековка, која пристигнува од редовите на Астибо, каде со своите одлични партии и голгетерски учинок се наметна како една од најдоминантните ракометарки во ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против И.Р. (31) од Кочани поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „попречување на правдата“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 26 јуни 2026 година во просториите на Основниот суд во Кочани, каде што пријавениот упатувал закани кон сведок за време на судска постапка. Од полицијата информираат дека по преземените мерки и документирањето на ...
Полицијата презема мерки за расчистување на случај по пријава за закани со остар предмет во Штип. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Штип, на 2 август 2026 година, околу 21:50 часот, Ж.М. пријавил дека во Штип лицето Д.М. му се заканувало со остар предмет. Од СВР Штип информираат дека по добиената пријава се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат ...
ГФК Тиквеш продолжува со засилувањата во пресрет на новите предизвици, а најново име во составот на кавадаречкиот прволигаш е младиот Октај Ракипи. Од клубот соопштија дека Ракипи пристигнува во Кавадарци како амбициозен и технички квалитетен фудбалер, кој ќе се обиде со своите настапи да придонесе за остварување на клупските цели во новата сезона. Во Тиквеш веруваат дека неговата енергија, професионален однос и желба за напредок совршено се ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација). Конференцијата собра претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери, кои дискутираа за ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека се надева оти до вечер пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко барем делумно ќе биде ставен под контрола, но предупреди дека гаснењето може да продолжи и во текот на ноќта. Тој информираше дека бил изврен разговор со осомниченото лице кое го подметнало пожарот од криминални мотиви, и се прибираат докази. „Пожарот е предизвикан така што лицето, додека се ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. УХМР јавува дека во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време ...
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште, осомничени за предизвикување општа опасност. Според Обвинителството, на 31 јули вечерта, за време на свадбена прослава во дворот на семејна куќа во селото, осомничените употребиле огнено оружје – три пиштоли и една пушка од засега непозната марка и калибар – и пукале во воздух, со што ги довеле во опасност животите на поголем број ...
Пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко попладнево повторно се реактивираше со голема силина и се движи кон тешко пристапен и непристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Поради сериозноста на состојбата, веднаш биле ангажирани два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, а во гаснењето ќе се вклучат и полициски и армиски хеликоптер. „Тешко ќе биде ...
Автомобил „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на 54-годишниот З.Д., бил опожарен во Кочани, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите, настанот бил пријавен на 2 август 2026 година во 10:45 часот во ОВР Кочани. По пријавата, на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица – Кочани, која успеала да го изгасне пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а на местото бил извршен увид од ...
Пожарот во атарот на селото Раец во Кавадаречко, кој избувна синоќа на пет локации, повторно се разгори поради високите температури и силниот ветер, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој нагласи дека сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Пожарникарите и екипите на терен цела ноќ се бореле со огнот на исклучително непристапен терен и успеале да ги локализираат ...
На 03.08.2026 околу 00:10 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат од Овче Поле кон Свети Николе Ј.К.(35) од Свети Николе додека управувал мотоцикл „сузуки“, а како сопатник се превезувал Х.К.(36) од Свети Николе истиот паднал на коловозот, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот и се упатил кон ЈЗУ Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот констатирани во Клиничката болница Штип, ...
Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој апелира граѓаните да продолжат да се воздржуваат од користење на водата за пиење и подготовка на храна, додавајќи дека се очекува состојбата целосно да биде ставена под контрола во текот на наредната недела. „Водата во Гостивар сè уште не е за пиење. Состојбата се ...
По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија остри обвинувања по говорот на премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Илинден во Пелинце. Од СДСМ тврдат дека Мицкоски во својот говор, во кој повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“, ги нарекол „талог“ сите што не се согласуваат со неговите политики. Според партијата, премиерот наместо порака за единство на најголемиот државен празник, повторно ги поделил ...
Образованието е важен сегмент покрај спортот, со добра организација на времето има простор и за спортување, за училиштето и за дружбата со другарите, вели младиот и успешен каратист Марко Џорлев, кој беше гости во спортскиот магазин Трибина. Тој е посветен каратист кој зад себе има огромни резултати и претставува најголемата карате надеж на Македонија, но покрај одличните спортски резултати, тој е и посветен ученик, кој зад себе има одлични ...
Колку е тешко, но и скапо да се биде ултрамаратонец во Македонија, одговори на овие прашања баравме од искусниот ултрамаратонец од Штип, Тони Манев, кој пред една недела направи огромен спортски подвиг совлакувајќи патека од 400 километри низ швајцарските Алпи. „Дека бара физичка подготвеност, дека е тешко да се биде ултрамаратонец само тоа се потребни големи физички напори, потребно е ментално да си присебен и нормално да имаш желба и да си ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, како што велат од Министерството, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 ...
Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат и дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство наведува ...
Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по налог на министерот Сашо Клековски, спроведува вонреден инспекциски надзор во Општата болница Струмица, Клиничката болница Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, каде што била лекувана 19-годишната пациентка. Од Министерството информираат дека во наредните денови ќе биде прибрана целокупната медицинска документација од трите ...
Македонија и по седум месеци сѐ уште е на листата од Трамп, од 75 земји за издавање на иселенички визи, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во јануари помпезно најави дека „Македонските граѓани ги очекува позитивно изненадување во врска со визната политика на САД во наредните шест месеци“. Иако овој период е веќе изминат, МНР и Владата во меѓувреме не излегоа со ниту едно соопштение околу темата која самите ја отворија, ...
СДСМ денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски со својата неодамнешна изјава признал дека водата за пиење во Гостивар повеќе од две години не била бактериолошки исправна, додека од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека проблемот постоел уште за време на владеењето на СДС и дека тоа го потврдуваат официјални анализи. Од СДСМ се повикаа на изјавата на Мицкоски дека „за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала синоќа во 21:54 часот е регистриран во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 38 степени, јавува УХМР. Текстот Денес сончево и многу топло време е превземен од МАКФАКС. Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална ...
ГФК Куманово ги објави плановите за новата сезона, во која амбициите се повеќе од јасни – освојување на првото место во новоформираниот Регион 2 и изборување пласман во Втората македонска фудбалска лига преку баражот. Подготовките официјално ќе започнат на 4 август, а стручниот штаб ќе стави акцент на физичката, техничката и тактичката подготовка на екипата. Во текот на подготвителниот период се предвидени четири контролни натпревари, на кои ...
Состојбата со водоснабдувањето во Гостивар останува непроменета, а водата и понатаму не се препорачува за пиење, информира раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека Институтот за јавно здравје, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, секојдневно врши испитувања и зема примероци од водата, при што резултатите сè уште покажуваат присуство на бактерии во дел од примероците. „Резултатите ...
Дваесетина помали пожари на отворен простор биле регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека благодарение на брзата реакција на локалните противпожарни екипи, пожарите се изгаснати или ставени под контрола. „Во текот на денешниот ден досега имавме 20-тина помали пожари на отворен простор. Благодарение на брзиот почетен одговор на локалните пожарникари, ...