Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во една јавна установа . Градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и клонови, а за децата и родителите нема да има никакви промени. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека нема да има отпуштања на вработени, туку ќе се менува само начинот на организација. Целта е да се намалат трошоците и градинките да работат поефикасно. Иван Јорданов, ...

Штип, 30 јули 2026 (МИА) - Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во еден правен субјект, за оваа одлука денеска гласаа мнозинството советници во Советот на општина Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов образложи дека градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и клонови, а за децата и родителите нема да има никакви промени. Јорданов вели дека нема да има отпуштања на ...