Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Владата продолжува со политиките за обезбедување достоинствени услови за живот на граѓаните од ранливите категории. Денеска во Дебар беа распределени 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка. На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за стопанисување со станбен и ...
Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...
Новата сезона во Лигата на шампионите шампионот Вардар ја отвара на 10 септември со гостување кај Мелсунген, меч кој е закажан за 20:45 часот. Следен предизвик за Вардар ќе биде дуелот со Нант кој се игра во Скопје од 20:45 на 16 септември, а пак на 8 октомври, исто така на домашен терен против Висла Плоцк во истиот термин. На 15 октомври Вардар ќе гостува кај Висла Плоцк меч кој ќе започне во 18:45, следува дуел со Нант во гости на 21 ...
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш се засили со неколку нови играчи со кои ќе се подига квалитетот за новата сезона со сопствените редови. Радовишани ја засилија дефанзивата откако го договорија Леонид Кофиловски, кој доаѓа од редовите на второлигашот Охрид, каде настапуваше минатата сезона. Кофиловски е 21-годишен фудбалер, кој кариерата ја започна во прилепска Победа, а потоа се пресели во Охрид. Во Првата македонска фудбалска лига ...
Новата сезона во Првата женска фудбалска лига ќе започне на 23 август со мечевите од првото коло, а екипите ја темпираат формата за новата сезона со одигрување и на пријателски натпревари. Во новата сезона ќе настапат десет екипи, а ЖФК Конзули кој ќе настапи сега под името ЖФК Пелистер е нов член на елитата, а Кочани пак преку бараж избори опстанок, додека пак во новата сезона Скопје ќе ја брани титула, а ќе настапат и екипите на Тиверија ...
Ракометарот Ненад Белистојановски го заврши развојот со премин во Еурофарм Пелистер кој доаѓа од „двојката“, десното крило со нетрпение го чека новиот предизвик, а во новата сезона ќе работи со искусниот хрватски стратег Лино Червар. „Мојата физичка спремност е на високо ниво, мислам дека сум спремен за нов предизвик. Се чувствувам многу убаво со првиот тим на Еурофарм Пелистер, со сите репрезентативци и Лино Червар како тренер. Јас ќе го ...
Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја ...
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира Министерството за здравство. Според податоците на Министерството, на 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, надлежните посочуваат дека вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со периодот на најголем број случаи. Најголемиот број прегледи е регистриран на 18 ...
Во Гостивар продолжува процесот на хиперхлорирање на водата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро граѓаните да добијат вода која ќе може да се користи и за пиење и готвење. „Во моментот се случува процес на хиперхлорирање којшто го вршат експерти од Јавното претпријатие Водовод Скопје. Секој ден се земаат различни примероци, се испитуваат и веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во ...
Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија, кажа денеска на прес-конференција, Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат можност да го продолжат својот ...
„Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта?“ – истакна на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската ...
Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење, а листата расте секој ден, кажа денеска на прес-конференција Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. „Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица. И власта повторно задоцни со ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила е забележана и на дел од граничните премини. На граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на Богородица за излез од земјава, има зголемено движење на возила. Времето на ...
Со кревање на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечерва во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која започнуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата ќе започне претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...
СДСМ преку соопштение утринава упати критики кон премиерот Христијан Мицкоски поради неговото најавено патување во Белгија. „Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија“ во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел. На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија. На границите – гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана. Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ. Затоа што во ЕУ обвинителството е ...
Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова значи поголема поддршка за ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, Македонија и во наредните денови ќе биде зафатена од период на сончево и многу топло време. Според прогнозите, високите температури ќе се задржат во текот на продолжениот викенд, но и до крајот на следната седмица, со мала до умерена локална облачност. Освен високите дневни температури, топло ќе биде и во вечерните и ноќните часови, што дополнително го зголемува ризикот од негативни последици врз ...
Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемената опасност од пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба ќе важи 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година, а целта е навремено, координирано и ефикасно справување со пожарите, како и максимална мобилизација на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот ...
На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, на која разговарале за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и заедничките развојни проекти. Како што објави Мицкоски на Фејсбук, во отворен и конструктивен разговор размениле мислења за актуелните регионални предизвици, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што треба да ...
Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) препорачува навремена подготовка и почитување на следните мерки за заштита на здравјето при патување. Пред да заминете Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни ...
Поради најава од Управата за хидромететоролошки работи (УХМР) за очекувани високи максимални дневни температури за периодот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица (1–7 август 2026 година), Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. Како влијае топлото време на нашето здравје и што треба да направиме? Кога амбиентниот воздух се приближува или ...
За време на топлотен бран, чувството на жед не треба да биде сигнал дека е време да пиете вода, бидејќи тоа често е првиот знак дека организмот веќе почнал да губи течности. Високите температури, изложеноста на сонце и засиленото потење го зголемуваат ризикот од дехидратација, исцрпеност и топлотен удар. Стручњаците советуваат течностите да се внесуваат редовно во текот на целиот ден, наместо одеднаш во големи количини. Добра навика е да се ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево и многу топло време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени. Според УХМР, под влијание на ...
Денеска попладне, околу 13.00 часот, изби пожар во атарот на валандовското сeло Удово, при што пожарникарите итно беа упатени кон тој пожар, но веднаш потоа изби друг пожар на локалната допонија до Валандово, што од слабиот ветар се проширил на околната ниска вегетација. Како што соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од страна на ...
СДСМ обвини дека јавниот долг на државата достигнал речиси 11 милијарди евра, односно околу 60 проценти од бруто-домашниот производ, оценувајќи дека граѓаните не ги чувствуваат ефектите од новите задолжувања. Од партијата тврдат дека за две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжила државата за повеќе од две милијарди евра, а граѓаните добиле ниски плати, отсуство на зголемување на минималната плата, проблеми со водоснабдувањето, ...
Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта останаа значително повисоки ...
Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање, од Град Скопје, се во границите на дозволеното, а конечните анализи се очекуваат на 4 август. „Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија ...
Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка, соопшти Министерството за здравство. Од таму велат дека особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија ...
Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност. „Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на ...