Долгорочно решение за ниските цени и проблемите со откупот на оризот најави од Пробиштип, на денешната прес-конференција, новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски. Тој посочи дека Министерството разговара со оризопроизводителите и откупувачите за да се надмине актуелната состојба со нискиот откуп и залихите, но и да се најде трајно решение за проблемите што се повторуваат секоја година. „Да. Значи, на оваа проблематика пристапивме ...

Новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски потпиша Договор за соработка со ЈП Хидроелектранен систем „Злетовица“ – Пробиштип, со што се отвора патот за реализација на грант од 2 милиони долари обезбеден од Светска банка. Со договорот ќе се подготвува документацијата за проектите за наводнување и производство на електрична енергија, кои се дел од втората и третата фаза на системот „Злетовица“. „Денес ...

Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните. Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните, изјави Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Тој обвини дека Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се ...

СДСМ бара повлекување на криминалниот закон за Скопје2028 – ова е легализација на корупција, изјави Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка од СДСМ. „Пред нас имаме Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка. Денес на 29 јули 2026 година на крајот на работниот месец и пред почетокот на годишниот одмор на Собранието или фаќање на последниот воз пред да се ...

Сѐ ќе направиме што зависи од нас поврзано со реформите, а Брисел и Европската комисија нека судат дали заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака во реформите, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Реформската агенда. „Денеска имавме утрински состанок со луѓето од Брисел, од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската ...

Шеснаесет проекти во моментов се реализираат во Делчево и покрај предизвиците, очекувам до крајот на мандатот да се одблокира и сметката, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа ...

Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување. Максималниот ...

Очекувам Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар, а не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар. „Обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната ...

Штипјани доведени во заблуда со лажни пораки за сообраќајни казни. Граѓани добиваат известувања дека со нивните возила направиле прекршоци кои никогаш не ги сториле. За измамата да изгледа поверодостојно, испраќачите нудат и 50 проценти попуст доколку казната се плати веднаш. Ако не се уплати во наведениот рок, следуваат закани со судска постапка. Од Министерството апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не споделуваат ...

Два хеликоптери и противвоздушни системи треба да пристигнат до крајот на годината за потребите на Армијата на Македонија. Паралелно се очекуваат и 10 оклопни возила од Турција, над 4.000 униформи и друга опрема, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјавата од касарната во Штип. Тој посочи дека сите оклопни возила „Страјкер“ веќе се пристигнати во земјава, а се работи на нивно ставање во функција. Во изјавата како што ...

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20 до 26 јули спроведе вкупно 518 инспекциски надзори на целата територија на Македонија, при што беа издадени 210 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 3,5 милиони денари. Најголем број прекршочни налози се издадени по Законот за угостителска дејност (75), Законот за финансиска дисциплина (50) и Законот за трговија (44). Во текот на контролите биле извршени надзори и по повеќе други ...

На предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава. „Оваа одлука претставува силна инвестиција во младите лекари и конкретен чекор кон зајакнување на македонското јавно здравство. Со неа се создаваат услови младите специјализанти своето знаење, стручност и професионална иднина да ги ...

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и Русудан Табатаџе, шефица на Одделот за владеење на правото и човекови права при Мисијата на ОБСЕ. На состанокот беше направен осврт на досегашната соработка во подготовката на реформските закони и на активностите за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024–2028. Министерот Шасивари изрази ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза. Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Со камион – влекач со приколка, со српски ...

Во Гостивар се регистрирани 71 нов прв контакт поврзан со епидемијата, а министерот за здравство Сашо Клековски оцени дека тоа укажува на смирување на состојбата. „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемијата ќе има само кога врз основа на епидемиолошките анкети ќе се утврди дека веќе нема случаи поврзани со градскиот водовод во Гостивар“, изјави Клековски. Според него, намалувањето на бројот на новорегистрирани случаи ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски денеска беа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо. „Последните недели ...

СДСМ побара кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар. На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека институциите реагирале доцна и не ја информирале навреме јавноста. „По труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност“, изјави Кузеска.  Таа ...

Силен ветер и големи бранови однесоа две тинејџерки кои пловеле со СУП даски во Охридското Езеро на два километри од брегот. Девојчињата викале и барале помош. За среќа ги слушнале луѓе од брегот и полицијата ги спасила. Според информациите на СВР Охрид, вчера во 19:55 часот во полиција било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското Езеро на околу 1.000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со ...

Во земјава се потврдени три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број евидентирани случаи годинава се искачи на 11. Министерот за здравство, Сашо Клековски соопшти дека двајца од новозаболените се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е сместен на Клиниката за неврологија. „Покрај случаите поврзани со престој во Грција, сега имаме и случаи кај лица кои не патувале надвор од државата и се од ...

Второлигашите продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари преку кои ја проверуваат формата за новата сезона која ќе започне на 15 август. Беласица забележа сигурен триумф од 0:2 над Кожуф на контролниот натпревар каде стрелци за струмичани беа Костов и Крстев. Ланскиот прволигаш Работнички со 1:2 го доби мечот со Еуромилк ГЛ, каде за „романтичарите“ стрелци беа Кудијан во 39. минута и Исмаили во 42. минута. За викендот кој следува ...

Прволигашот Брегалница преку соопштение испрати голема благодарност до навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“ и до сите искрени поддржувачи на клубот за поддршката. „Сините“ преку своето кратко соопштение истакнаа дека во периодот што следи ќе се засилат на сите позиции. „ФК Брегалница упатува благодарност до навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“ и сите искрени поддржувачи на клубот за поддршката и љубовта која безрезервно ја ...

Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со којшто се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот чија ...

Македонскиот шампион Вардар заврши со европските настапи, откако беше на чекор да обезбеди пласман во третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, но прими гол во самиот финиш што го однесе мечот во продолженија. Во регуларниот дел резултат беше 1:2 во полза на Вардар, а во продолженија Рига стигна до триумф од 5:2 и со тоа обезбеди пласман во следната фаза. Вардар резултатот го отвори во 17. минута преку гол на Давид ...

Второлигашите продолжуваат со промоција на нови играчи, а најново име кое доаѓа во Пелистер е Благојче Спиркоски, кој пристига од редовите на Охрид. 30-годишникот ќе биде големо засилување за битолчани, кои сакаат експресен кам-бек во елитата. Низ неговата кариера Спиркоски настапуваше за Хоризонт Турново, 11-ти Октомври, Победа, Еуромилк ГЛ, Македонија ЃП, Силекс, Шкупи, Тиквеш, Гостивар и Кожуф. Спиркоски всушност е повратник во Пелистер, ...

Третолигашите со амбиции активно работат на градење на квалитетни ростери за остварување на своите цели – влез во Втората македонска фудбалска лига. Во Трета лига регион 1 фаворити ќе бидат Илинден и БВК Коњаре, а за таа цел и двете екипи изгради квалитетни ростери со кои веќе прават разлика во однос на останатите екипи кои ќе бидат во овој регион. Екипата на Илинден досега промовираше многу квалитетни засилувања, поранешни репрезентативци и ...

Полицијата поднесе кривична пријава против професор на Стоматолошкиот факултет кој е и потпретседател на Стоматолошката комора и против претседателот на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство за примање поткуп. Според информациите на МВР, тие примиле пари од студентка за да се стекне со Уверение за положен стручен испит во областа на ...

Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра, велат од СДСМ. „Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во ...

Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските ...

Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на дефицитарните занаетчии, со цел да се поддржат занаетчиските дејности кои бележат континуирано намалување и да се придонесе за зачувување на традиционалните занаети. За мерката информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека занаетите се важен дел од традицијата, културата и идентитетот на градот. „Тие се чувари на едно богато минато, но и значаен дел од нашата економска ...

Ребалансот на буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ребалансот на буџетот не документ на паника и не е отстапување од економската политика, туку е навремено приспособување на буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството. „Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Злато

130856.75