Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Ребалансот на буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ребалансот на буџетот не документ на паника и не е отстапување од економската политика, туку е навремено приспособување на буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството. „Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 ...
Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила спроведоа акција за подигнување на хаварисани возила низ територијата на Општина Кисела Вода. Според податоците од општинскиот инспекторат, од почетокот на акцијата досега се поведени инспекциски постапки за над 100 возила. Најголемиот дел од овие автомобили се веќе отстранети од самите сопственици, веднаш по оставањето на налепниците со известување ...
Опозициските партии Левица и СДСМ излегоа со одделни реакции против Предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој влезе во собраниска постапка. Двете партии го оспоруваат предвидениот начин на трошење на јавните средства, додека Левица отвора и прашања за назначувањето на Марјан Цветковски за директор на фондацијата што треба да го спроведува проектот. Од Левица тврдат дека градоначалникот ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека секое законско решение со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на системските закони, особено на Законот за јавните набавки, мора да биде јасно и детално образложено и да содржи ефикасни механизми за спречување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства. Реакцијата на ДКСК доаѓа по информациите и јавните реакции во врска со Предлог-законот за ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките на таа Фондација да не се ...
Социјалдемократскиот сојуз ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар, смета ВМРО-ДПМНЕ. Оттука преку соопштение истакнаа дека Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДСМ е дел заедно со ДУИ и Арбен ...
Само еден ден откако Владата најави ново задолжување преку МЕПСО, М-НАВ и Лотарија, Мицкоски се пофали дека Македонија има повисок економски раст од просекот на Европската Унија. Ако економијата навистина бележи таков раст, тогаш зошто државата од месец во месец бара нови задолжувања, додека граѓаните плаќаат сè поскапа храна, повисоки сметки и живеат со сè понизок животен стандард, велат од Левица преку соопштение. „Ако економијата навистина ...
По епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. „Ова е токму она за што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, на институциите доцна им се вклучија „црвените светла“. Додека гостиварчани пиеле вода со фекалии институциите не презеле ништо. Потоа ги криеја ...
Епидемиологот Драган Даниловски предупредува дека информацијата оти сите осум досега регистрирани случаи на Западнонилска треска во Македонија биле со тешка, невроинвазивна форма може да создаде погрешен впечаток дека вирусот кај сите заразени предизвикува тешка болест и дека станал поагресивен. Во објава на Фејсбук, Даниловски нагласува дека тоа не е точно, бидејќи во официјалната статистика најчесто влегуваат само најтешките случаи, додека ...
Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во Албанија, утрово бил почувствуван и во Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот е регистриран во 07:52 часот, а епицентарот се наоѓал на околу 144 километри југозападно од Скопје. Според досегашните податоци на Опсерваторијата, потресот бил почувствуван од жителите на Струга и ...
Делови од Скопје денес (29 јули) ќе останат без водоснабдување и електрична енергија поради закажани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известувањата од ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН Македонија. Поради поврзување на стара со нова водоводна мрежа на раскрсницата меѓу улиците „Софиска“ и „Петар Драганов“, од 09:30 часот без вода ќе останат ...
Опасноста од пожарот во месноста „Дорутовец“ кај Велес е намалена по интервенцијата на противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникарите од ТППЕ Велес, месното население од селото Чалошево и екипа со цистерна од ЈП „Дервен“. Сепак, пожарот се проширил во правец на патот Велес–Штип. Поради густиот чад што ветерот го носи кон автопатот, Главниот штаб за управување со кризи побарал поддршка од ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени, јавува УХМР. Под влијание на топол бран во наредните денови следува период на сончево и ...
По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања, реагира СДСМ. „Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, доцна им се вклучија „црвените светла“. Потоа ги криеја податоците. Сега, ...
Само неколку дена откако Гостивар беше ставен пред ризик од хепатит А, жолтица и други заразни заболувања поради фекално загадената вода, ДПМНЕ објави соопштение во кое се пофали со „историски“ капитални инвестиции во водоснабдување, канализација и пречистителни станици. Во нивното соопштение нема ниту збор за тоа како држава што тврди дека инвестира стотици милиони евра во водната инфраструктура дозволи илјадници граѓани со недели да ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец, соопштија владините служби. „Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на ...
Фондот за здравствено осигурување во јули исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување а најголем дел од средствата според соопштеното биле за породилни отсуства. Од таму велат дека продолжуваат со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). „Заклучно со 28 јули 2026 година, иако месецот сe уште не е завршен, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони ...
15 дена клуч на врата ставија инспекторите по инспекциски надзор во фирма во Карбинци, откако биле затекнати непријавени работници и било утврдено работење во недела, иако за оваа дејност тоа е законски забрането. Поради утврдените прекршоци, инспекторите од Државниот инспекторат за труд изрекле наредба, а по нејзиното непочитување од страна на работодавачот, следувале платни налози и забрана за работа во траење од 15 дена. Од Здружението за ...
Алармантно се шири овчата сипаница низ државата, а сточарите бараат итна типизација на вирусот и системска вакцинација на целото национално стадо. Од Сојузот на одгледувачи на овци предупредуваат дека состојбата со ширењето на болеста кај малите преживари е сериозна и дека секојдневно се појавуваат нови жаришта во повеќе региони. Велат дека досегашните мерки не даваат резултати на терен и дека се потребна итна реакција за да се спречат ...
Кочани го зголеми данокот на имот за 40 проценти, откако Советот на Општината ја усвои измената на Одлуката за утврдување на висината на стапките на данокот на имот. Одлуката беше донесена со 12 гласа „за“ и 7 „против“. Поддршка дадоа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, двајцата независни советници од листата „Сакам живот во Кочани“ и советникот Аки Акиов. Според образложението на локалната самоуправа, станува збор за усогласување на даночните стапки, ...
Еднократна парична помош и годинава ќе добијат новозапишаните првоодделенчиња, учениците кои ќе започнат прва година средно образование, студентите запишани на државните универзитети, како и семејствата со новороденчиња во Општина Карбинци. За учениците и студентите поддршката изнесува по 5.000 денари, додека за новороденче се предвидени 10.000 денари. Градоначалникот Виктор Паунов рече дека со овие мерки се продолжува со поддршката кон ...
Имаме убедливо најниска цена на нафтата во Европа“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека следната недела очекува поголемо намалување на цените на дизелот и бензините, откако ќе се направи двонеделната анализа врз основа на која се утврдуваат цените на нафтените деривати. „Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува втората половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората ...
Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не ...
Општина Крушево информира дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење. Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата, како што појаснуваат, беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла“ закасниле. Резултатот е цел Гостивар отруен, над 4,000 граѓани разболени, кажа на прес-конференција, Кристијан Дојчиновски од СДСМ. Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ, како што рече, не ...
Цената на горивата на почетокот на август ќе се намали по двете поскапувања во јули. Премиерот Христијан Мицкоски денес, при посетата на Илинден, кажа дека очекува поголемо намалување на цените. „Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот. И врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати. Добро ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на резултатите во земјоделството, во делот на наводнувањето, тутунот и лозарството, изјави дека не треба да се заборави дека акумулациите коишто се користеа за наводнување на земјоделските поседи во август месец 2024 година беа на 8%. „Најпрвин треба да споменеме како беше и како е. Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користеа за ...