
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Денеска во рамките на 27 коло во Премиер лигата фудбалерите на Манчестер сити славеа минимално со 1:0 на гостувањето кај Тотенхем. Стрелец на единствениот гол за „граѓаните“ го реализираше Халанд во 12 минута по асистенцијата на Доку. Во самиот финиш од средбата Халанд повторно ја затресе домашната мрежа, но голот беше поништен поради играње со рака. На табелата тимот на Пеп Гвардиола после 14 победа оваа сезона се наоѓа на четвртото место со 47 ...
Акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“ паднаа за повеќе од 40 отсто по нивната највисока вредност од 488 долари во декември, откако продажбата на возилата на компанијата во ЕУ и Велика Британија речиси се преполови во јануари. Падот на вредноста на акциите ја врати пазарната капитализација на „Тесла“ под трилион долари за првпат од ноември лани, пишува „Би-би-си“. Само во средата, акцијата на „Тесла“ на Њујоршката берза ...
Соединетите Американски Држави воведоа санкции против шест субјекти со седиште во Хонг Конг и Кина поради наводите за вмешаност во синџирот на снабдување за производство на ирански беспилотни летала. Американското Министерство за финансии соопшти дека ентитетите биле ангажирани во набавка на компоненти за беспилотни летала (UAVs) во име на иранската компанија Pishtazan Kavosh Gostar Boshra (PKGB) санкционирана од САД и нејзината филијала Нарин ...
Индиската полиција отвори случај против моќниот бизнисмен Шјам С.Барти и уште три лица за закани и силување на актерка од Боливуд, јавува Би-Би-Си. Барти е основач и претседател на Jubilant Bhartia Group, чија подружница Jubilant Foodworks ја има најголемата франшиза на Domino’s Pizza надвор од САД. Жената, чие име не е објавено поради законите за анонимност во Индија, го обвинува Барти дека ја дрогирал, а потоа брутално ја силувал во Сингапур. ...
Косовското Министерство за одбрана на Косово денеска ги демантираше медиумските наводи дека е планирано повлекување на американската армија од Косово. – Оваа вест, која ја делат некои веб-страници и телевизиски канали е дезинформација која ја шират надворешни актери со цел да се дестабилизира земјата и Западен Балкан, се наведува во соопштението од косовското МО. Во соопштението се истакнува дека повлекувањето на американските трупи од НАТО ...
Хрватскиот пратеник и поранешен министер и вицепремиер, Јосип Дабро, попладнево беше уапсен од полицијата откако Парламентот на барање на Државното обвинителство му го укина имунитетот поради кривична постапка и евентуален притвор за кршење на правата на децата и недозволено оружје, јавуваат хрватските медиуми. Уапсениот 42-годишен политичар ќе биде изведен на понатамошна постапка во Општинското државно обвинителство во Осиек – соопштија од ...
Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар. – Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три лица. Од обвинителството соопштуваат дека се уапсени земјоделец од оваа област, ...
Денеска беше повеќе од бурен ден за вработените и учениците од Петтата белградска гимназија. Новата директорка на училиштето пристигна пред три дена, а денеска ја искористи можноста да се претстави пред вработените, по што требаше да се одржи Наставничкиот совет. Но, 76 од присутните 80 наставници ја напуштија собраниската сала, претходно со образложение дека за време на прекинот на наставата во кој се од 20 јануари, не присуствуваат на ...
Во населбата Ивици на периферијата на босанскиот град Брчко, денеска беа пронајдени повеќе од 30 бебиња и деца, сите помали од 12 години, а властите го истражуваат случајот со сомнежи за трговија со луѓе. Новинарот од Брчко, Мирослав Обрадовиќ, за „Н1“ откри нови детали и ја пренесе атмосферата од градот чии жители се шокирани од случајот. Уапсени се петмина осомничени, а Обрадовиќ вели дека има индиции дека ќе бидат уапсени уште тројца. Поголем ...
„Имаме надлежност над „инфлуенсерите“. Ќе се направи правилник со кој ќе се прецизираат критериумите за нив, на кој начин ќе се идентификуваат и кои ќе бидат предмет на регулација“ изјави денеска Емилија Петреска Камењарова од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната панел-дискусија „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“ во организација на Институтот за медиуми и аналитика ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ), предводена од претседателот Али Ахмети, на седница на Генералниот Совет како највисоко партиско тело меѓу два конгреси, денеска ја објави својата непоколеблива посветеност на партиските реформи, нагласувајќи ја важноста од транспарентност, отчетност и интегритет во своите редови. Во согласност со оваа заложба, ДУИ е посветена на продолжување на процесот на ветинг во партијата за да се осигура дека ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на „Алсат“, запрашан за тоа кога Артан Груби ќе се врати во Македонија, рече дека слушнал оти Али Ахмети има редовна комуникација со Груби и го советуваше да се врати во земјава и да се соочи со правдата.„Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе ...
Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска вечерва во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ зборуваше за последните чекори на Владата во надворешната политика и поставеноста на македонската дипломатија во однос на резолуциите во ООН посветени на војната во Украина. Чупеска осврнувајќи се на коспонзорството на резолуцијата за Украина поддржана од САД и „воздржаното“ гласање за другата резолуција поддржана од ЕУ, рече дека „ние сме во ситуација каде што ...
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16:42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК била добиена пријава од чешки планинар – скијач дека негов колега е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош. „По примањето на информацијата дека треба да се извлекува и спасува повредениот на крајот од денот, пред да настапи ноќта, кога студот и видливоста се ...
Гугл развива напреден систем за вештачка интелигенција кој ќе ги препознава корисниците помлади од 18 години, настојувајќи на тој начин да ја подобри безбедноста на децата на интернет, пишува „Си-ен-би-си“. Гугл ја објави новата техника за одредување на возраста на корисниците како дел од блогот фокусиран на „нова дигитална заштита за деца, тинејџери и родители“. Автоматизацијата ќе се користи низ производите на Гугл, вклучувајќи го и Јујтуб, ...
Граѓаните, научниците и љубителите на природата ќе можат во секое време да пристапат до податоци за загаденост, температурата на водата, нивото на кислород, состојбата на биолошките видови и други значајни фактори кои влијаат на екосистемите на езерата. Група студенти разви веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки ...
Технолошкиот гигант Мета ги објави плановите за изградба на подморски кабел долг 50.000 километри, кој ќе ги поврзува САД, Индија, Јужна Африка, Бразил и други региони. Проектот наречен Waterworth ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот кога ќе биде завршен. Мета, сопственик на Facebook, Instagram и WhatsApp, веќе некое време го шири своето влијание надвор од социјалните мрежи, особено во областите на вештачката интелигенција (AI) и ...
Полн резервоар за гориво и батерија: новиот грандиозен SUV може да помине 1,115 km • Новиот SUV на тест: со plug-in hybrid во GS ниво на опременост може да поминете 380 km на електрична енергија без емисии, со едно полнење благодарение на регенеративното сопирање • Идеален за флотна продажба и физички лица: погон совршен за секој кој сака да патува на електрична енергија и сака да помине повеќе километри на особено ефикасен начин за заштеда на ...
Тајлер Хиро од Мајами утрово ја освои шампионската титула во шутирање три поени, додека Мек Мекланг од Оскеола Меџик од Развојната лига го одбрани трофејот во забивање, во рамките на НБА Ол-стар кошаркарскиот викенд, кој се одржува во Сан Франциско. Хиро го победи Бади Хилд од Голден стејт во финалето во шутирање тројки. Мекланг стана првиот играч во историјата на НБА кој три пати по ред победил на натпреварот за забивање на Ол-стар викендот. ...
Рана елиминација за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на турнирот во Доха, Катар. Ѓоковиќ беше поразен во првото коло од Италијанецот Матео Беретини со 2:0, во сетови 7:6 (4), 6:2. Ова беше прво натпреварување за Ѓоковиќ откако поради повреда се повлече од полуфиналниот меч на Австралија опен. Во дуелот на два одлични сервери, Италијанецот успеа да го добие првиот сет во тај-брејк со 7:4, додека во вториот веднаш направи брејк и рутински го приведе ...
Фудбалерите на Феенорд се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако денеска на Сан Сиро ремизираа 1:1 со Милан во реваншот од плејофот. Холандскиот претставник се пласираше во следната фаза откако во првиот натпревар славеше со резултат 1:0. Милан поведе уште во првата минута, поточно во 38. секунда преку поранешниот напаѓач на Феенорд, Сантијаго Хименез, а израмни Јулијан Каранца во 73. минута. Натпреварот го реши „глумата“ на ...
Во Шпанија беснее војна меѓу Реал Мадрид и Ла Лига и судиската комисија поради одлуките и случувањата на последниот меч против Осасуна и заканата дека Џуд Белингам би можел да добие суспензија до 12 натпревари поради исклучување и пцуење на судијата Мунуера. Фудбалерите на Реал Мадрид мора целото внимание да го насочи кон утрешниот реванш од плеј-офот против Манчестер сити (21.00 часот) и предноста во однос на „Етихад“ (3:2) да ја претвори во ...
Убедливата победа над Њукасл во Премиер лигата (4:0) не ја менува реалноста на Манчестер сити, кој во среда ќе игра за живот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Фудбалерите на Пеп Гвардиола ќе му гостуваат на Реал Мадрид во реваншот од плеј-офот од Лигата на шампионите, откако Шпанците славеа со 3:2 на „Етихад“ во првиот меч. Играчите на Карло Анчелоти се поблиску до следната фаза во ЛШ. Покрај одличниот резултат ќе играат и пред своите навивачи. ...
Фановите на Формула 1 и на Ферари можат да бидат задоволни од првото тестирање на автомобилот на овој тим, што го изврши Шарл Леклер на патеката Фиорано. Шарл Леклер го извози својот прв пробен круг во автомобилот на Ферари за сезонава и постигнатото време е многу добар знак и за него и за неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Во вторникот вечерта, Ферари учествуваше на преставувањето на автомобилите во лондонската О2 Арена, претставувајќи го ...
Maкедонската кошаркарска репрезентација денеска отпатува за Талин каде што в петок ја очекува натпреварот против Естонија во квалификациите за Евробаскетот 2025 година. Пред овој натпревар стручниот штаб на репрезентацијата се соочува со големи проблеми поради недостигот на високи играчи во ростерот. Од претходно надвор од комбинација за настап беше Итан Хап, а сега отпадна Теодор Симиќ. Кошаркарот на Кожув требаше да биде адут на Јончевски во ...
Забраната за увоз на алуминиум ќе се воведе постепено, со целосна примена една година по официјалното усвојување на пакетот. Покрај тоа, на санкциската листа се додаваат 48 индивидуи и 35 ентитети, кои ќе се соочат со замрзнување на имотот и забрана за патување. Амбасадорите на ЕУ денес се согласија за 16-тиот пакет санкции против Русија, кој што вклучува забрана за увоз на примарен алуминиум, продажба на гејминг конзоли и додавање на 73 брода ...
Организаторот посочува оти добитниците на наградите кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда од 7.500 евра за прва награда и 4.500 евра за втора награда. Отворен е повикот за апликации за шестото издание на Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција, соопштија од Рома Актив Албанија кои ја доделуваат наградата. Како што велат тие ова издание е посветено на позитивните постигнувања за ...
Објава на Фејсбук тврди дека НАТО ја загубил војната во Украина, но пактот не учествува во неа, а не е јасно ни како Русија победила: таа дури нема целосна контрола над териториите, кои илегално ги анектираше, како градовите Запорожје и Херсон; не падна ни Киев, ни Харков, ни Зеленски; а наместо Украина да се демилитаризира, таа е помилитаризирана. Што ќе донесе најавениот мировен план не е најјасно, но дури тој да ѝ забрани влез во НАТО, тоа не ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на забелешките дека Украина била изземена од преговорите меѓу САД и Русија за војната на украинска територија, тврдејќи дека можеле да постигнат договор „без да изгубат многу територија“. Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше Володимир Зеленски, посочувајќи дека бил „разочаран“ од забелешките на украинскиот претседател дека бил изземен од преговорите меѓу САД и Русија за крај на војната во ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го посети папата Франциск во болница по што изјави дека тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор, и покрај неговата дијагноза на пневмонија и комплицирана бронхијална инфекција поради која веќе шест дена е хоспитализиран. Taa ги изрази своите желби за брзо закрепнување на папата, во име на Владата и целата нација. „Се шегувавме како и секогаш. Тој не ја изгубил својата смисла за ...