Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес е од суштинско значење за довербата во изборите, велат од ЗНМ. „До ЗНМ ...

Откако Здружението на новинарите на Македонија апелираше да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места, пријавени се нови случаи на попречување на новинарската работа за време на изборите на избирачките места. Денеска, на избирачкото место 2648 во Влае, општина Карпош, новинарката на Мета.мк, Антонија Јаневска, била спречена да фотографира за потребите на медиумот, со образложение дека немала ...