Овие палачинки се различни од оние на кои сте навикнати, а главен адут им е хранливоста. Потребни состојки: 250 грама брашно од хелда 10 грама сол 2 јајца 600 милилитри филтрирана вода 2 лажички маслиново масло Начин на подготовка: Измешајте ги брашното, солта и јајцата, а потоа полека истурете ја водата за да добиете хомогена смеса. Потоа, додајте го маслиновото масло. Загрејте го тавчето за палачинки и намачкајте го со малку масло или путер. ...

Грицкањето нокти секогаш го поврзуваме со стрес, но прочитајте што друго може да значи. Сигурно ќе се изненадите. 1. Можеби сте перфекционист Според многу истражувања, повеќето луѓе кои грицкаат нокти се перфекционисти. Истражувачите испитале група луѓе, од кои половина ја имале оваа навика, а половина не. Се покажало дека оние кои ги грицкале ноктите се лица кои работат премногу. 2. Вие сте попаметни отколку што мислите Луѓето кои грицкаат ...

Кучињата се секогаш во режим на тревога кога ќе се појави некоја непозната личност. Сепак, тие понекогаш веднаш почнуваат да ‘ржaт или да лаат на некои луѓе, а на други не. Таквото однесување може да укаже на агресија, одбранбен став или вознемиреност. Но, зошто кучињата имаат различни реакции во зависност од индивидуата? 1. Непознатото е страшно Најчестата причина зошто вашето куче реагира лошо на одредени луѓе е затоа што доживува нешто ново. ...

Само неколку луѓе слушнале за земјата помеѓу Кавказ и Црното Море, а причината е што таа не е на картата. Поранешната автономна советска социјалистичка република во границите на Грузија прогласи независност во 1992 година и беше признаена од Русија, Никарагва, Венецуела и Науру, како и od Јужна Осетија и Приднестровје. Меѓународните организации како ООН, Европската комисија, ОБСЕ, НАТО, Светската трговска организација, Советот на Европа и ...

Ако имате мачка дома, веројатно сте имале среќа да добиете мало лижење како „благодарам“ за нешто што сте направиле. Но, бакнежите на мачките обично се груби. Jазикот на мачката крие тајна што ја прави многу посебна и ја објаснува својата грубост. 1. Јазикот на мачката е груб бидејќи рецепторите за вкус се направени од кератин Сите знаеме дека мачките сакаат да се средуваат, а за да го направат тоа, тие ги користат грубиот јазик. Ако ги ...

Ако случајно сте премногу скромни и ви е тешко да прифатите комплимент, овие 5 реченици треба да се обидете да ги избегнете следниот пат кога некој ќе ви каже убав збор. 1. „Навистина? Мислам дека сто пати реков `како’ за време на презентацијата.“ Кога барате дополнителен комплимент, испраќате порака дека не сте сигурни во вашата работа. Верувајте дека заслужувате пофалби и не споменувајте веднаш каква било негативност за себе, како што е ...

Во последните десет години, моќта на позитивното размислување, како и тоа да се биде во моментот и да се контролираат внатрешните монолози, сè повеќе се споменува во доменот на личното исполнување и среќата во животот. Дефинициите за афирмација се различни, но многу духовни учители ги нарекуваат афирмации не само зборовите и речениците што си ги упатуваме себеси со намера, туку и сè што си велиме несвесно. Сè што си повторуваме „одвнатре“, без ...

Британските лекари ја истражуваа врската помеѓу одењето и срцевите заболувања со фатален исход. Луѓето со бавно одење умираат двојно почесто од срцеви заболувања, покажуваат резултатите од обемното истражување на британските лекари. Специјалистите следеле 230 000 жени и 190 000 мажи на возраст од 39 до 74 години во период од шест години. Учесниците во експериментот редовно правеле тестови за физичка подготовка и за општата состојба на ...

Видеата со кучиња се несомнено една од најслатките работи. Љубителите на домашни миленици често го поминуваат своето време гледајќи видеа од нивните лудории. Неодамна, едно видео од куче стана вирално на социјалните мрежи, а станува збор за видео од Маја – куче од Германија кое има над 1,9 милиони следбеници на својот профил на Инстаграм. На краткото видео кое е објавено на нејзиниот профил на Инстаграм можете да видите како кучето Маја „јаде“ ...

Кучињата сакаат да ги следат своите сопственици насекаде, делумно поради менталитетот на глутницата. Исто така, тие сакаат да копаат затоа што мирисаат нешто под земја. Но, зошто сакаат да ги потпираат шепите на вашето колено? Некои мислат дека ова сигнализира дека тие се доминантни, други дека тоа е знак на наклонетост, но еве ја вистинската причина. Ребека Форс, тренер за кучиња, вели дека кучињата со овој гест всушност пробуваат неколку ...

За припадниците на овие хороскопски знаци, февруари ќе биде период на збунетост и спомени и ќе забележат дека ништо не им оди од рака. Ретроградниот Меркур создава хаос во Зодијакот, а овие 4 хороскопски знаци најмногу ќе го почувствуваат тоа. Овен Иако во првата половина од месецот може да се чувствувате екстровертно и расположени за дружење, во втората половина на февруари работите ќе се смират и ќе станете посвесни за вашите чувства. Кога ќе ...

Откријте како размислува секој хороскопски знак за парите и кој е неговиот најдобар начин да стекне материјално богатство. Овен Овенот е толку агресивен што има вродена тенденција да се наметне на позициите на моќ. Тие се збогатуваат како лекари, како агенти и како посредници на берза. Бик Биковите често се сопственици на спортски објекти и терени, а успешни се и во областа на спортската медицина и физиотерапијата. Тие често поседуваат франшизи ...

Колку и да сакате свежо измиена и исфенирана коса, понекогаш е едноставно полесно, но и поелегантно кога косата е собрана во пунџа. View this post on Instagram A post shared by Cᴏɪғғᴜʀᴇ & Mᴀᴋᴇᴜᴘ Mᴀʀɪéᴇ 💍 (@wellglambeauty) Оваа софистицирана форма на француска пунџа била популарна во античка Грција, во викторијанската ера и повторно за време на Втората светска војна. Денес е една од најчестите фризури на црвениот тепих, но ...

Викендот е првенствено наменет за уживање, па затоа не сакаме да се заморуваме со комплицирани рецепти. Едноставните и вкусни варијанти се нешто за што особено се радуваме! Денес ви предлагаме да ги соберете вашите најмили и да ги почестите со многу едноставен и вкусен „пијан“ пудинг од чоколадо. Иако при подготовка на пудинг всушност сме навикнати на готови мешавини што може да се купат во продавниците, правењето домашен пудинг не одзема многу ...

Ако имате неколку картонски кутии во вашата куќи кои сакате да ги фрлите, подобро оставете им ги на вашите деца. Тие ќе ја искористат својата фантазија и ќе направат разни работи и вид играчки во кои со сигурност ќе уживаат. Така, вие ќе ја заштитите планетата и ќе ги употребите повторно старите картонски кутии, а во исто време и вашите деца ќе бидат среќни и креативни. Погледнете неколку идеи подолу. 1. Детски штанд за сладолед Ver esta ...

Минатата година влијаеше на многу аспекти од нашите животи, претежно на односите со другите луѓе. Стресот, губењето на работата, финансиските проблеми и работата од дома се само некои од нештата што ги нарушија меѓучовечките односи, а особено оние со партнерите. Прашајте го вашиот партнер дали можете да направите нешто за да се чувствува подобро и повторно да ви се приближи. Ако сте во врска долго време, голема е веројатноста дека веќе точно ...

„Игра на тронови“ стана една од најгледаните ТВ серии од почетокот на нејзиното емитување во 2011 година. Серијата привлече пофалби од телевизиските критичари, главно за нејзините одлични актерски претстави, сложени ликови, раскажување приказни, величественост и продукција, иако честата употреба на голотија и насилство (особено сексуално насилство) беше критикувана. Ver esta publicación en Instagram Una publicación compartida ...

Ако сакате да јадете нешто вкусно и слатко, а немате многу време, тогаш овие мафини ќе станат вашето омилено уживање. Потребни се половина час и дванаесет состојки за да се подготват. Потребни состојки: За тестото (состојки за класични мафини): 120 гр брашно половина лажичка сол прашок за печиво 120 милилитри масло 1 лажица шеќер 1 јајце 2 лажички екстракт од ванила 65 гр слатка павлака За филот: 110 гр путер 150 гр кафеав шеќер 65 гр шлаг 2 ...

Како вие го замислувате добриот секс? Непланиран, спонтан или страсен? Во практиката, добриот секс не е како на филм. Истражувањата покажаа дека најдобриот секс е всушност оној што е планиран. Истражувањето било спроведено во Германија, а резултатите биле објавени во „Магазин за сексуални истражувања“. Во истражувањето учествувале 966 парови (претежно хетеросексуалци) кои отворено зборувале за своите сексуални активности. Покрај квалитетот на ...

Ако во голема мера се подготвувате за празникот на љубовта, а сè уште барате идеи за маникир, ќе ги пронајдете овде. Црвените нијанси, срцата и љубовните пораки се неизоставен дел од приказната за романтичен маникир и Денот на вљубените. Насмевка што освојува View this post on Instagram A post shared by Kate Beauté (@katebeaute) Носете насмевка и на вашите нокти. Во бела боја, на неутрална основа, насмеаните срца се совршен ...

Можеби користите балсам за усни секојдневно, без да знаете каков ефект може да има на вашите усни. Во продолжение погледнете го списокот со работи што се случуваат кога премногу често користите балсам за усни. 1. Вашите усни може да станат уште посуви Според дерматолозите, балсамите за усни содржат состојки што може да ги иритираат или претерано да ги ексфолираат вашите усни. Тие состојки се: фенол, камфор, ментол, мириси, ароми, салицилна ...

Даргавс во Северна Осетија-Аланија на прв поглед изгледа како многу идилично место. Во предградието на ова руско село, сместено покрај реката Гизелдон, доминираат интересно обликувани камени куќи изградени од 14 до 16 век. Едно истражување открива дека станува збор за некрополи во кои биле погребани нивните жители заедно со облеката и сите други работи што ги поседувале. Стотици гробници биле изградени во препознатливиот нахски стил – некои од ...

Ова обично се случува кога јадете намирници како кашкавал, компири или месо, бидејќи оваа храна ја задржува топлината подолго време. Повеќето изгореници на јазикот се сметаат за изгореници од прв степен, што значи дека е оштетен само неговиот надворешен слој. Сепак, тоа е доволно за да предизвика болка, црвенило или оток. Во такви ситуации, никогаш не треба да трчате до фрижидерот по мраз бидејќи на тој начин, поради чувствителноста на јазикот, ...

Жителите на Западен Бенгал во Индија претежно се занимаваат со сушење ориз. Туркањето бесконечни ридови ориз на површината, под жешкото индиско сонце, им го исполнува секојдневието. Иако од далечина ова изгледа како зен-градина, нема ништо лесно или смирувачко во оваа макотрпна работа. Целта е да се исуши зрното од ориз за да може да се пакува и потоа да се дистрибуира. Оваа работа е исклучително тешка бидејќи зрното ориз не смее да се прегрее, ...

Извинувањето може да биде тешко. За некои луѓе, кажувањето „жал ми е“ е исто толку неподносливо како главоболка. Но, дури и оние кои успеваат да соберат храброст за да се извинат, може да го направат тоа неискрено. Во продолжение прочитајте како да препознаете лажно извинување и како да откриете дали личноста што ве повредила е искрена кога вели „жал ми е“. 1. Лажното извинување содржи „ако“ или „но“ Според психолозите, дури и ако извинувањето ...

Образованието е нешто што не престанува бидејќи е практично невозможно да дојдете до точка кога знаете сè што вреди да се знае. Желбата за едукација, но и за откривање интересни историски факти е водечката идеја на една заедница на Редит. Нејзиното име е „Денес научив“ (Today I learned) и собира љубопитни луѓе кои сакаат да научат нешто ново секој ден. Во продолжение ќе прочитате 10 интересни факти што ги има таму. View this post on ...

Цикоријата е растение чиј корен во минатото луѓето го печеле и го вареле како кафе, бидејќи тогаш кафето било многу скапо. Коренот на цикоријата е сличен како оној на глуварчето, а може да се исуши, да се пече или да се меле. Дава одлично кафе со вкус на црно чоколадо. Ако барате да го намалите внесот на кофеин, можете да пробате чисто кафе од цикорија или да го измешате со вашето вообичаено кафе. Цикоријата содржи пребиотици, кои придонесуваат ...

Февруари ќе биде тежок месец поради ретроградното движење на Меркур, но и поради цела група други астролошки случувања. Меѓутоа, според астрологијата и нумерологијата, 2 февруари ќе биде еден од најсреќните денови во месецот. Бројот 2 во нумерологијата се однесува на двојност и рамнотежа – зрачи со енергија на соработка, дипломатија и партнерства. Денес ќе доживеете наплив на двојна доза од оваа енергија што е во совршена хармонија со ...

Сигурно ви се случило да се најдете во некоја непријатна ситуација и да не знаете како да реагирате. Но, астрологијата открива како се справуваат хороскопските знаци со непријатните ситуации. Овен Се однесувате како да не сте засрамени. Но, потоа одите дома и ја повторувате сцената низ вашата глава и се чувствувате многу лошо. Бик Поцрвенувате, се збунувате и очигледно е дека се чувствувате непријатно. Близнаци Ја напуштате просторијата и ја ...

Според компанијата „Левис“, потрошувачите во моментов сакаат колку што е можно поудобна облека и затоа „Левис“ е подготвен да започне авантура за правење разни модели на т.н. „широки“ фармерки. Извршниот директор најави дека „Левис“ во моментов ги приспособува своите погони на новите трендови. Тој изјави дека трендот на широки и понеформални парчиња во моментов е претставен во дизајнот на друга облека. Покрај „Левис“, новите модни трендови ги ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
80%
1032
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
84%
1032
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
83%
1032
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.02
49%
1029
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
88%
1032
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
46%
1026
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
57%
1025
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
72%
1028
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
92%
1032
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
76%
1028
Currency

61.53

Currency

59.7076

Currency

72.8354

Currency

36.971

Currency

41.2047

Currency

65.2769

Currency

8.15121

Currency

0.58454

Currency

0.38197

Currency

0.52546

Currency

1.68497

Currency

0.68965

Алуминиум

2.68

Кобалт

30.86

Никел

15838.50

Рутениум

14885.80

Калај

29.54

Сребро

975.48

Злато

86893.38

Бакар

8.74

Паладиум

30060.95

Платина

30617.86

Родиум

149500.97

Цинк

2.88