Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските вооружени сили извршиле масовен напад врз украинските енергетски капацитети, како одговор на обидите на Украина да ја оштети руската енергетска индустрија. „Како одговор на обидите на режимот во Киев да и наштети на нафтената и гасната индустрија и енергетските капацитети на Русија, вооружените сили на Руската Федерација вечерва извршија масовен напад со високопрецизно оружје со ...

Владините партнери СДСМ и ДУИ своевремено најавуваа дека на претстојните избори ќе настапат во заеднички предизборен фронт, кој двете страни го нарекоа европски фронт. Меѓутоа, на крајот наместо еден се формираа два вакви т.н. европски блока – еден предводен од СДСМ со нивните традиционални партнери, а друг предводен од ДУИ, каде влегоа и партии-претставници на „помалите“ етнички заедници – турска, ромска, бошњачка… Во меѓувреме, од Бихаќка и од ...

Во југозападен Пакистан, 17 лица загинаа, а 16 се повредени кога автобусот во кој се наоѓале паднал во провалија. Портпаролот на провинцијата Белуџистан, Шахид Ринд изјави дека сообраќајната несреќа се случила синоќа кога верниците се упатиле кон едно свето место за да го прослават Рамазан Бајрам. Возачот изгубил контрола над автобусот и паднал во провалија на само 25 километри од дестинацијата. Петнаесет лица се во тешка состојба, а во ...

Владејачкиот СДСМ бележи раст на вкупните приливи на парични средства, но кога ќе се навлезе во структурата на приходите, се забележува дека ланската 2023 година собрала драстично помалку пари од членарина и донации, во споредба со претходната 2022 година. Притоа, владејачката партија потрошила повеќе пари на рекламирање, а го стегнале кесето за плати и надоместоци. Во ситуација кога државата се јавува како извор на 90 отсто од приходите, ...

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека го разгледува барањето на Австралија, САД да се откажат од гонењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој објави серија доверливи американски документи. – Го разгледуваме тоа, му одговори американскиот претседател на новинар кој се интересираше дали има одговор на барањето на Австралија да се прекине кривичното гонење на нејзиниот државјанин. – Направете ја вистинската работа, ...

Палестинските власти соопштија дека на секои 15 минути се убива по едно дете во Газа. Повеќе од 13.000 палестински деца се убиени во Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври, според Министерството за здравство на Газа. Најмалку 25.000 се ранети. Повеќето од еден милион палестински деца не оделе на училиште во Газа и има мали изгледи дека наставата ќе продолжи наскоро. Повеќето училишта се трансформирани во преполни ...

Тројца синови на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије се убиени во израелски воздушен напад врз Газа, соопшти палестинската исламистичка група и семејството на Ханија, пренесува Ројтерс. Тројцата сина – Хазем, Амир и Мохамед – беа убиени откако автомобилот со кој патуваа беше бомбардиран во кампот Ал Шати во Газа, соопшти Хамас. Во нападот загинаа и двајца од внуците на Хани, а третиот е ранет, јавуваат медиумите на Хамас. -Нашите барања се јасни и ...

Русија и Казахстан наредија евакуација на повеќе од 100.000 лица по брзото топење на снегот што придонесе за надоаѓање на реките и доведе до нивно излевање и најголемите поплави во областа во последните 70 години. Големите поплави им се заканија на многу населени места во планината Урал, во Сибир, како и Казахстан, во близина на реките Урал и Тобол, за кои локалните власти соопштија дека за неколку часа го зголемија ниво на вода на највисоките ...

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „погрешен“, изјави американскиот претседател Џо Бајден. -Мислам дека тоа што го прави е погрешно. Не се согласувам со неговиот пристап“, рече Бајден во интервју за „Univision“, американската ТВ мрежа на шпански јазик што се емитуваше во вторник. Тој апелираше до израелските власти „само да повикаат“ на прекин на огнот во траење од шест до осум недели и да овозможат ...

Врховниот суд во Аризона денеска го оживеа законот од 1864 година со кој се забрануваат речиси сите абортуси, симболична одлука со важни изборни импликации неколку месеци пред претседателските избори во оваа клучна јужна сојузна држава. Законот од пред речиси 150 години забранува секаков абортус од моментот на зачнувањето, освен ако животот на мајката не е во опасност. Силувањето и инцестот не се сметаат за валидни исклучоци. Според пресудата ...

Кој вечерва ги гледаше четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, не се зажали. Можеби беше сведок на еден од најдобрите денови во историјата на ова натпреварување. Какви голови, пресврти, возбудувања. И двата вечерашни меча завршија нерешено. Во Мадрид, Реал и Манчестер Сити одиграа спектакуларни 3-3, додека пак во Лондон, Арсенал и Баерн Минхен патникот во полуфинале ќе го решаваат во Германија откако по 90 минути на семафорот стоеше ...

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во 15-тиот ден. Телото на девојчето се уште не е пронајдено. Ивана и Милош, нејзините родители само сакаат да знаат каде ќе почива нивното дете. Полицијата и спасувачките екипи секојдневно ја пребаруваат областа по телото на девојчето. Иако двајцата осомничени во полиција го признале делото, местото каде што е телото се уште е мистерија, а се се усложнило со тоа што во Обвинителството едниот се бранел ...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на денешното сослушување на Комитетот за вооружени служби во Сенатот рече дека САД немаат докази дека Израел врши геноцид во Газа. Сенаторот Том Котон го праша Остин дали Израел врши геноцид во Газа, на што американскиот секретар рече: „немаме никакви докази за геноцид“. Остин, исто така, го негираше „обвинувањето дека (тој) го потпалил геноцидот“, велејќи дека САД „се обврза да му помогнат на Израел ...

Родителите на момчето кое изврши масовно убиство во училиште во американската сојузна држава Мичиген денеска се осудени на по најмалку 10 години затвор затоа што не презеле чекори кои би можеле да го спречат убиството на четворицата ученици во 2021 година. Џенифер и Џејмс Крамбл се првите родители осудени за масовно пукање во училиште во САД. Тие претходно беа прогласени за виновни за убиство од небрежност во одделни судења во февруари и март, ...

Хрватската полиција интензивно трага по 13-годишниот Иван Лалиќ, кој исчезна во понеделникот во загрепската населба Ланиште. Попладнево поради исчезнувањето на тинејџерот полицијата го активираше т.н НЕНО аларм. НЕНО е кратенка за Националниот регистар на исчезнати лица, а алармот за граѓаните се активира преку социјалните мрежи. Според податоците од Националниот регистар на исчезнати лица, Иван Лалиќ е роден во 2010 година, висок е 160 ...

Ракометарите на Вардар 1961 го победија тимот на битолски Еурофарм Пелистер со 24:20 (12:11), во осмото коло, во машката Супер лига. Со овој триумф „црвено-црните“ останаа во шампионската трка, па сега на табелата имаат два бода помалку од ривалот. Дербито во СЦ „Јане Сандански“ иако донесе голема борба, имаше малку квалитетна игра. Голманот на вардарци, Мартин Томовски со 12 одбрани (три седмерци) беше најдобар кај домаќините. Стрелците ги ...

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор би можел да го замени специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пишува словенечки „Дело“. Како што наведува медиумот, Пахор со помош на Министерството за европски и надворешни работи на чие чело е неговата екс сопартијка Тања Фајон, се подготвува да заземе позиција на специјален пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина. Неофицијалните оценки ...

Цените на златото денеска достигнаа нови рекордни височини поради зголемените геополитички тензии и купувањата од страна на централните банки. Во Лондон цената на унца злато утринава беше за 1,1 отсто повисока отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 2.364,10 долари, што е нејзино највисоко ниво откако почна да се тргува со злато. На американскиот пазар на фјучерси, унцата денеска се тргуваше по нова рекордна цена од 2.383,15 ...

Ниту најтврдокорните полициски ветерани, кои поминале низ безброј истраги и истражувале најбрутални злосторства, не останаа рамнодушни на случајот со исчезнувањето и убиството на Данка Илиќ, девојчето кое во мај ќе наполнеше две години, да не беше убиена на 26 март. Таков е Драгиша Ремовиќ, поранешен инспектор на Одделот за крв и сексуални деликти на белградската полиција кој во интервју за порталот „Нова.рс“ објасни колку ќе трае потрагата по ...

Триесет и седмото издание на реномираниот Фолк фест Валандово ќе се одржи на 26-ти мај во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на фестивалската сцена ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни. Пред тоа пак, ќе се одржат две воведни вечери на Градскиот плоштад на 24-ти и 25-ти мај, на кои ќе настапат домашни музички гости. Според најавата, на 24-ти мај (петок), присутните ќе ги забавуваат Перо Христов, Драган Мијалковски и Влатко ...

Млада козметичарка од Русија паднала од карпа висока 50 метри кога сакала да направи селфи од панорамска платформа! Според очевидци, Инеса Поленко, која имала 39 години, ја прескокнала оградата на гледиштето Гагри во Абхазија, а потоа се сопнала и паднала на плажата под карпа. Брза помош пристигнала, но Поленко им подлегнала на повредите во болница. Инфлуенсерката објавуваше селфи од целиот свет. Минатата година таа објавила слики од Дубаи и ...

Денеска се случила експлозија во хидроцентрала во областа Болоња, десет лица се повредени, а шест исчезнаа. Несреќата се случила во вештачкиот басен Сувиана, на Болоњските Апенини. Експлозијата се случила на -9-ти кат, под нивото на езерото, на длабочина од околу 30 метри. На местото на настанот пристигнал хеликоптер на брза помош од Болоња и Модена. Најтешко повреден е 48-годишен маж. Полицијата и пожарникарите во моментов вршат увид. – Има ...

Истражниот комитет на Русија денеска отвори истрага за финансирањето на терористичкиот напад на „Crocus City Hall“, во кој наводно учествувале претставници на САД и НАТО. Според РИА Новости, парите користени за финансирање на нападот дошле преку комерцијални компании, украинската компанија за нафта и гас Бурисма холдингс. Бурисма холдингс е позната по тоа што беше на чело е синот на американскиот претседател Џозеф Бајден – Хантер Бајден, кога ...

Американскиот милијардер и сопственик на „Тесла“ – Илон Маск реагираше на најавата на бизнисменот Вивек Рамасвами дека САД ќе отворат пат за „уште една трагедија од размерите на нападите на 11. септември“, доколку не се реши кризата на јужната граница на земјата. Маск оцени дека е само прашање на време кога поради приливот на мигранти во САД ќе се случи терористички напад од исти размери како оној на кулите близначки на светската трговија. ...

Турција ќе го ограничи извозот на широк спектар на производи во Израел, вклучително и челик и авионско гориво, додека не се објави прекин на огнот во палестинскиот Појас Газа, соопшти денеска Министерството за трговија. Ограничувањата ќе го опфатат извозот на производи од 54 различни категории, вклучувајќи железо, мермер, челик, цемент, алуминиум, тули, ѓубрива, градежна опрема и производи и воздухопловно гориво, се вели во соопштението на ...

ИСИС се закани со терористички напади на фудбалските стадиони во Лондон, Париз и Мадрид. Безбедносните служби на овие земји се на готовс по заканата, против стадионите на кои оваа недела се одржуваат натпревари од Лигата на шампионите. Фондацијата Ал Азаим, медиумски канал кој е одговорен за ширење пораки од терористичката група, се закани со напад на сите четири места на кои ќе се одржи четвртфиналето оваа недела. Тоа го вклучува стадионот ...

Преттседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека Белград ќе има летечко такси во 2027 година. „Кинезите во моментов се единствените во светот способни за она што е нашата цел, а тоа е Експо 2027. И тоа ќе биде една од темите, без разлика колку и да ви изгледа чудно или мене. Ќе дадеме се од себе за да биде прв или втор во Европа што ќе воведе летечки такси до 2027 година“, изјави денеска Вучиќ. Тој пред два дена најави летечки автомобили ...

Судењето на група од дваесет и седум лица под обвинение за перење пари поврзани со скандалот со даночно затајување „Панамски документи“, кој откри колку од светските богаташи го криеле својот имот во офшор компании, започна во понеделникот. Во 2016 година, скандалот ги потресе владите, разоткри високи личности, доведе до серија истраги ширум светот и ја наруши репутацијата на Панама како офшор финансиски центар, пренесува Хина. Меѓу обвинетите ...

Бугарија денеска ја доби преодната влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори. Народното собрание на вонредната седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години. Тоа е и првата влада која положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот, по неодамнешните измени на уставни амандмани пишува бугарскиот сајт „Новините“. Претходно ...

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека предлогот на Израел, поднесен со посредство на Катар и Египет, не исполнува ниту едно од барањата на палестинската страна. Во соопштението, групата додава дека ќе го проучи предлогот и ќе одговори на посредниците. Претставник на Хамас вчера изјави за Ројтерс дека тие го отфрлаат израелскиот предлог за прекин на огнот претставен на разговорите во Каиро. Истиот ден, израелскиот премиер ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
1.03
76%
1006

Белград

7ᴼ/6ᴼ
1.54
85%
1008

Софија

11ᴼ/8ᴼ
4.12
85%
1007

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
5.01
77%
1007

Љубљана

5ᴼ/3ᴼ
1.54
91%
1000

Атина

22ᴼ/18ᴼ
1.79
45%
1004

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
1.54
93%
1007

Подгорица

12ᴼ/9ᴼ
1.54
81%
1007
Currency

61.5521

Currency

57.5361

Currency

71.7049

Currency

37.3818

Currency

41.9844

Currency

62.88

Currency

7.94039

Currency

0.6176

Currency

0.37038

Currency

0.52508

Currency

1.76733

Currency

0.69045

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

610450 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

870 $

Злато

74392 $

Бакар

8 $

Паладиум

31935 $

Платина

28923 $

Родиум

152411 $

Цинк

89903 $