Соединетите Американски Држави утре ќе предложат резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа. „САД сериозно соработуваа со членовите на Советот во последните недели на резолуција која недвосмислено ќе ги поддржи тековните дипломатски напори за обезбедување итен прекин на огнот во Газа“, рече портпаролот на американската мисија во ОН, Нејт Еванс. Toj објасни дека прекинот на огнот ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитка до рускиот претседател Владимир Путин за неговата победа на изборите, на кои освои повеќе од 87 отсто од гласовите. „По официјалните резултати од изборите, премиерот Виктор Орбан му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор, истакнувајќи дека соработката меѓу Унгарија и Русија, заснована на взаемно почитување, овозможува важни дискусии дури и во предизвикувачки геополитички контексти. ...

Убиство на 13-годишно момче од неговите школски другари во руралните северни делови на Кина ја шокираше нацијата. Полицијата приведе тројца тинејџери под сомнение дека убиле момче во село во предградието на градот Хандан во провинцијата Хебеи, откако неговото осакатено тело било пронајдено закопано во напуштена стаклена градина. Властите во Хандан соопштија дека момчето, идентификувано како Ванг, било убиено на 10 март и дека сите осомничени ...

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја усвои првата глобална резолуција за вештачка интелигенција за поттикнување на заштитата на личните податоци, надзорот со вештачка интелигенција и заштитата на човековите права, соопштија американските власти. За необврзувачката резолуција, предложена од САД и ко-спонзорирана од 122 други земји, се преговараше три месеци и предвидува зајакнување на приватноста, изјавија официјални лица на ...

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека само повеќе копнени премини во Газа можат да помогнат да се спречи гладувањето во густо населената палестинска енклава. Децата умираат како резултат на неухранетост и болести, како и поради недостаток на чиста вода и канализација, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус. „Иднината на цела генерација е во сериозна опасност“, рече тој. Петмесечната војна создаде ...

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе додели речиси 20 милијарди долари грантови и заеми на производителот на чипови Интел. Бајден најави прелиминарен договор за грантови од 8,5 милијарди долари и заеми до 11 милијарди долари на Интел во Аризона, каде дел од парите ќе бидат инвестирани во изградба на две нови и модернизација на постоечката фабрика. Пандемијата предизвика сериозен недостиг на полупроводници откако фабриките се ...

Претседателката на Европската комисија Роберта Мецола на седницата на Европскиот совет изјавила дека проширувањето на Европската унија останува приоритет, соопшти Европскиот парламент. Таа нагласи дека проширувањето останува приоритет „за Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, за сите нас“. Мецола порача дека секој треба да оди по својот пат и да ги исполни сите потребни критериуми и оцени дека напредокот на Украина е импресивен. ...

Вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави дека судот ја отфрлил тужбата против затворот во кој тој починал, бидејќи, според неа, тоа би значело откривање на видеото и други информации за околностите на неговата смрт. Јулија Навална на платформата Х (Твитер) напиша дека верува дека случајот е затворен, бидејќи во спротивно тоа ќе ги принуди затворските власти да дадат детални информации за тоа што се случило на 16 февруари, ...

Руски сериски убиец познат како „манијак од Волга“ е осуден на доживотен затвор за убиство на 31 постара жена, јави државната новинска агенција ТАСС. Радик Тагиров беше уапсен во 2020 година под сомнение дека извршил убиства во 15 градови во и околу регионот Татарстан, околу 730 километри источно од Москва, во периодот помеѓу 2011 и 2012 година. Тој понекогаш се претставувал како социјален работник, електричар или водоинсталатер за да влезе во ...

Машката македонската ракометна репрезентација денеска ги доби ривалите за пласман на Европското првенство во 2026 година што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Жрепката во Копехаген за „црбено-жолтите“ донесе релативно лесна група. Македонија во евроквалификациите ќе игра во Групата 1 заедно со Слованија, со Литванија и со Естонија. Словенија секако е главен кандидат за првото место во групата, а Македонија, според реномето, е кандидат ...

Хрватското специјално обвинителство за сузбивање на корупција и организиран криминал поднесе обвинение против пејачот Тони Цетински затоа што беше откриено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот, објави веб-страницата „Империјал“. Според нивните сознанија, од документите што ги објавиле, заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ на 28 декември 2023 година до Жупанискиот суд во Загреб испратил обвинение против 18 лица, меѓу ...

Енис Барди – капитенот на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на утрешниот пријателски меч со Молдавија, истакна дека мечот очекува да биде одличен тест нашите фудбалери да видат до каде се со формата. „Мислам дека сите доаѓаме со коректна минутажа на овој собир. Гледам дека повеќето фудбалери играат доста и се редовни во своите клубови. Мислам дека натпреварувачката форма е на наша страна. Само да сме сконцентрирани, да покажаме ...

Алатките за вештачка интелигенција може да претставуваат закана за авторите на трилер и научна фантастика, но немаат доволно оригиналност и се целосно лишени од секаква смисла за хумор за да бидат пречка за сериозните романсиери, напиша Салман Ружди во едно француско книжевно списание. Во една статија преведена на француски за литературното списание La Nouvelle Revue Francaise (NRF), Ружди рече дека го тестирал ChatGPT барајќи од него да напише ...

Тужбата што ја поднесе мајката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, во која се наведува дека тој не добил соодветна медицинска нега во затворот каде ја отслужил казната и починал, е одбиена бидејќи Навални лично не поднел жалба, изјави поранешниот помошник на Навални, Иван Жданов. Жданов рече дека судот во малиот град Лабитнанги, во близина на затворот каде што почина Навални, ја отфрлил тужбата со образложение дека обвинител ...

Актерот Тони Михајловски е добитник на овогодинешната награда за животно дело, која се доделува во чест на доајенот на македонското актерство Петре Прличко. Наградата му ја врачи велешкиот градоначалник Марко Колев, на третото издание на театарскиот фестивал на комедија „5ре“ во салата на велешкиот театар. Станува збор за чек од 500 евра кој го доделува Општина Велес, како и плакета со ликот на Прличко која ја доделува театарот „Јордан Хаџи ...

И после толку најави дека економските директори ќе заминат во историјата, тоа и после цели 18 години воопшто не се случи. Наместо оваа реформа да биде укината, кој министер како ќе седне на министерското столче така дава само празни ветувања, економските менаџери продолжуваат да се местат на директорските фотељи. а болниците достигнаа огромни долгови од околу 100 милиони евра. Првпат најава околку нивното укинување имаше во краткиот министерски ...

Текстот е објавен на 15 февруари во неделникот „Фокус“ со број 1480 Проширувањето на „црната листа“ на САД со нови имиња, градоначалникот на општина Карпош и актуелен кандидат за претседател, Стевче Јакимовски и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева ги скара партиите и повторно ги актуелизираше измените на законот за рестриктивни мерки. Измените на вој закон со кој се предвидува забрана за вршење на јавна функција е заглавен во ...

По две и пол годишната казна затвор, сопственикот на порталот ,,Доказ-М”, Марјан Стаменковски, е осуден на уште две затворски казни, кои се уште не се правосилни. Едната казна од една година и два месеци му е изречена за ,,пиратерија”, а втората од 10 месеци за кривичното дело ,,Уцена”. Поточно од скопското обвинителство појаснуваат дека казната затвор за пиратерија му била изречена пред неколку дена, откако обвинетиот признал вина. -По ...

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека 10 лица, вклучително и едно 11-годишно девојче, биле ранети од урнатини што паднале додека украинската воздушна одбрана одбила масовен ракетен напад врз главниот град рано на 21 март. Сите проектили се соборени во регионот на Киев, а остатоците од соборената руска ракета погодиле неколку станбени згради, индустриски објекти и градинка. Службите за итни случаи се на терен во различни делови на ...

Русија рано утринава изврши ракетен напад врз украинската престолнина Киев, во кој беа повредени 14 лица, а беа оштетени станбени згради и индустриски објекти, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Градоначалникот Кличко на апликацијата Телеграм рече дека единиците за противвоздушна одбрана го одбиле нападот и дека фрагменти од проектили паднале во различни делови на градот. „Веќе има осум повредени како резултат на нападот на непријателот“, ...

Американскиот Стејт департмент соопшти дека во врска со ескалацијата на насилството на Хаити, американските хеликоптери вчера започнале со чартер летови за евакуација на американските граѓани од главниот град Порт-о-Пренс, при што првиот лет превезувал повеќе од 15 луѓе во Доминиканската Република, објавија британските медиуми. Според портпаролот на Стејт департментот, хеликоптерите ќе овозможат евакуација на повеќе од 30 американски граѓани ...

На струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, му се закануваат од три месеци до три години затвор, откако вчера струшкото обвинителство му поднесе обвинение за несовесно работење во службата. Поточно, обвинителството го гони затоа што во јануари 2022-ра година во основното училиште во Лабуништа поставил директорка која не ги исполнувала законски пропишаните услови. -Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга, на 31.01.2022 ...

Доналд Трамп победи на партиските прелиминарни избори во Флорида, но во таа американска држава, која ја освои со мало мнозинство на претседателските избори во 2020 година, претрпе и удар затоа што илјадници републиканци одби да гласа за него, пишува Њузвик. Иако поранешниот претседател победи на републиканските прелиминарни избори на Флорида за претседателски кандидат на партијата, освојувајќи 910. 857 гласови, или 81,2 отсто од гласовите, околу ...

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Србија не може да биде дел од НАТО, се додека ги нарушува вредностите на кои е изградена НАТО. Коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, дека Србија „моментално е многу поблиску до НАТО отколку Косово“, Османи рече дека има само една земја која е подалеку од НАТО од Србија, а тоа е Русија. „Има само една земја која е подалеку од НАТО од Србија, а тоа е ...

Фактот дека западните сили се присутни во Украина сега е „јавна тајна“, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за германската прес-агенција ДПА. Неговата изјава доаѓа речиси две недели откако тој кажа дека распоредувањето на трупите на НАТО во Украина „не е незамисливо“ и дека го цени францускиот претседател Емануел Макрон што не ја отфрлил идејата. „Како што рече вашиот канцелар [Олаф Шолц], веќе има некои војници од ...

Ирскиот премиер Лео Варадкар најави дека ќе се повлече од лидерската позиција на земјата и како шеф на централнодесничарската партија Фин Гаел, која е дел од ирската коалициска влада. Тој ќе ја напушти премиерската функција кога ќе се избере нов партиски лидер. Варадкар изјави дека се повлекува и од лични и од политички причини и дека се уште нема дефинитивни планови за во иднина, но дека ќе остане во парламентот како пратеник „од резервната ...

Лондонската болница во која се лекуваше Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, се огласи откако почнаа да кружат извештаи дека нивниот персонал се обидел да пристапи до нејзините приватни медицински досиеја. Извршниот директор на болницата рече дека ќе бидат преземени „соодветни мерки“ кога станува збор за овој случај. „Секој во клиниката е акутно свесен за нашите индивидуални, професионални, етички и законски обврски во однос на ...

Судот во Барселона донесе одлука за ослободување на Дани Алвеш од затвор со кауција од 1 милион евра до конечната пресуда за Бразилецот. Алвеш беше затворен во процесот во кој беше одлучено дека силувал 23-годишна жена во ноќен клуб во Барселона на крајот на 2022 година. Еден од најтрофејните фудбалери во историјата неправосилно е осуден на четири ипол години затвор поради силување. Одлучено е дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна ...

Полицијата во САД уапси двајца мажи за обид за убиство. Еден од нив е свештеникот од Викторвил, Самуел Пасиљас (47), кој наредил убиство на момчето на неговата ќерка. Пасиљас, наводно, им платил на убијците речиси 40.000 долари и им дал информации каде да ја најдат жртвата. 55-годишниот Хуан Мануел Себрерос и уште еден маж го следеле младиот човек со недели, а потоа на 21 октомври го застрелале повеќепати додека бил во возило. Младиот човек, ...

Доколку Франција испрати свои војници во Украина, нивната ликвидација ќе биде приоритет и славна задача за руските вооружени сили, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм. Медведев смета дека е корисно ако Французите испратат неколку полкови во Украина: ќе имаат проблеми да ги сокријат, поради што нема да биде тешко да ги ликвидираат – ќе биде невозможно да се сокрие масовната ...

Скопје

15ᴼ/15ᴼ
1.54
55%
1020

Белград

17ᴼ/16ᴼ
4.12
51%
1016

Софија

20ᴼ/17ᴼ
3.09
44%
987

Сараево

21ᴼ/21ᴼ
3.66
38%
1017

Љубљана

14ᴼ/10ᴼ
3.6
77%
1003

Атина

23ᴼ/20ᴼ
2.06
41%
1017

Тирана

18ᴼ/18ᴼ
0.51
52%
1020

Подгорица

19ᴼ/17ᴼ
1.54
63%
1020
Currency

61.615

Currency

57.1177

Currency

72.1028

Currency

37.239

Currency

42.1843

Currency

63.3539

Currency

7.90283

Currency

0.61687

Currency

0.3772

Currency

0.52643

Currency

1.76281

Currency

0.68476

Алуминиум

2 $

Кобалт

558 $

Никел

524887 $

Рутениум

24115 $

Калај

27 $

Сребро

785 $

Злато

70609 $

Бакар

8 $

Паладиум

31906 $

Платина

28698 $

Родиум

150321 $

Цинк

76077 $