Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи жестоко реагираат на одлуката на Владата да даде согласност за формирање основно училиште во општина Студеничани кое ќе го носи името на профашистичкиот колаборационист и балист Азем Морани. Во отвореното писмо до Владата, Главниот одбор на Сојузот предупредува дека оваа одлука претставува опасен преседан кој поттикнува историски ревизионизам и директно ги подрива асномските темели ...
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати од Првата светска војна. Првата интервенција беше спроведена во близина на граничниот премин Меџитлија, кон Р. Грција, на терен кој претходно беше зафатен од голем шумски пожар. По пријава од граничната полиција, пиротехничарот на ДЗС подигна две артилериски гранати со калибар од 75 mm, без ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда. Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата. Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември. На локалните избори, граѓаните ќе бираат ...
Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби. Станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно ...
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, за време на викендот и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде од недела кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне 40°C Прогноза за 10.08.2025 Минимална температура: 11°C до 21°C Максимална температура: 32°C до 39°C Сончево и топло со слаб до умерен ветер од источен ...
Доцна ноќта во петокот во домот на директорката на средното училиште Крсте Петков Мисирков во Демир Хисар, Маја Лозановска, бил вршен притисок од страна на надлежните со цел претрес на семејниот дом на директорката на средното училиште, објавија медиумите. Според објавените податоци, при што се се објавени и видео снимки од атмосферата, наводно целта е директорката да биде разрешена пред утрешното распишување на локалните избори. Жесток револт и ...
Житие: Светиот великомаченик Пантелејмон Родум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а татко му Евсторгиј. Како момче ја изучи лекарската наука. Свештеникот Ермолај го повика кај себе, го научи на верата во Христа и го крсти. Пантелејмон чудотворно излечи еден слеп когошто другите лекари залудно го лечеле: го излечи со името на Христос и го крсти. Од завист лекарите го обвинија дека е христијанин, па ...
Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа од државата, на скоро 8.000 земјоделци се исплатени над 407 милиони денари, директни плаќања, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, односно градинари, за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Висината на директните плаќања се однесува на предадените култури за ...
Украинското Министерство за одбрана објави дека сите вработени во украинските канцеларии за регрутирање ќе мора да носат камери на своите тела и да ги снимаат своите постапки при проверка на документи и доставување на известувања за регрутирање. Одлуката стапува на сила на 1 септември. „Овој чекор ќе помогне да се обезбеди транспарентност и легалност во работата на тимовите на канцелариите за регрутирање, како и да се заштитат правата на двете ...
Соединетите Американски Држави ја удвоија наградата за информации што би довеле до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 50 милиони долари, обвинувајќи го дека е еден од најголемите трговци со дрога во светот, пишува „Би-би-си њуз“. Американскиот претседател, Доналд Трамп, е долгогодишен критичар на Мадуро, кој повторно ја презеде функцијата во јануари по изборите обележани со обвинувања за фалсификување на гласови, чии резултати ...
Поранешниот министер за здравство на Латвија, Петерис Апинис, им даде на своите сограѓани необичен, но сериозен совет – однапред да се подготват за можни кризни ситуации и нестабилност. Во гостувањето на ТВ24, Апинис препорача секое домаќинство да обезбеди скривалиште на својот имот, со закопување цврсто буре на околу десет метри од куќата. Како што нагласи, садот мора да биде доволно отпорен за да не може да се оштети од глодари или влага. ...
Градот Скопје известува дека денеска ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје. Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши од 04.08.2025 година (понеделник) до 07.08. 2025 година (четврток), од 22 до 03 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат ...
Патнички авион „Ербас А320-232“ на авиокомпанијата Wizz Air во средата попладне, непосредно по полетувањето кон Базел околу 18 часот, се вратил и безбедно слетал на Меѓународниот аеродром Скопје, откако налетал на јато птици. Според првичните информации од воздухопловните власти, најверојатно удар со поголема птица предизвикал вибрации на еден од моторите поради искривени перки. Иако двата мотора продолжиле да работат нормално, капетанот – ...
Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања. „Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со ...
На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг. Имено, според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет. Тој бил пренесен во Клиничка ...
На 07.08.2025 во 20:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (67) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешаците Г.Т.Т.(61) и С.Н.(58), двете од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Т.Т., додека со телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид ...
На 07.08.2025 во 16:35 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија. Исто така МВР информира дека На 07.08.2025 во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во ...
На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала ...
Прес конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование: Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите. Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Според ...
Секој човек има свој „Тони“ Румена Бужаровска, Тони, Три, Скопје 2024. (…) Тоа го исполни со уште поголем презир кон неа, кој го поттикна да посегне по нејзиното гиро и да го изеде. Види, си мислеше. Тамара пак се има бааги здебелено, а за жена на четириес’ плус, тоа е како смртна казна. Реално, си мислеше, реално треба да престане да јаде леб, компир, мрсно месо, па уште кечап, кој знае што све има во тоа, адитиви, шеќери и курци-палци. Реално, ...
Соопштение на Град Скопје: Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 04.08.2025 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје. Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши од 04.08.2025 година (понеделник) до 07.08. 2025 година (четврток), од 22 до 03 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено за секого. За 20% се зголемуваат платите во јавните установи за социјална заштита. 20% повисоки плати ќе добијат вработените во јавните установи за социјална заштита. Ресорното министерство заедно со синдикатите потпиша нов колективен договор со кој освен што ќе се зголемат платите, ќе се подобрат и работните услови, правната сигурност и социјалниот дијалог. Со ...
Соопштение на ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во 2023 година беше најголемиот и најзначајниот меѓународен настан организиран досега во Северна Македонија – настан кој собра министри за надворешни работи и делегации од целиот ОБСЕ простор, ставајќи ја нашата земја во центарот на светската дипломатија цели три дена. Настанот беше пофален од сите партнери и меѓународни институции, опишан како совршено организиран и момент што ги направи горди ...
На 08.08.2025 во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Коцевски продолжува да ја игнорира јавноста и да молчи и покрај фактот што довербата на јавноста во правосудството е помала од 2 проценти а во Собранието му е изгласана интерпелација. На Коцевски фотелјата му е поважна од угледот.Коцевски нема ниту срам, ниту одговорност, ниту барем обид за достоинствено повлекување. Поважна му е политичката елита на СДС и ДУИ, и тие да се задоволни и да остане што подолго на функцијата ...
Нападите кон Бујар Османи за наводна незаконска набавка за потребите на ОБСЕ самитот во Скопје се целосно демантирани со официјален документ од Државниот завод за ревизија, во кој јасно се наведува дека Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) уште во 2023 и 2024 година постапувала по предметот и утврдила дека нема неправилности. Според извештајот, ДКСК го отворила предметот по сопствена иницијатива, а потоа и по поднесок од познат ...
Министерството за здравство информира дека според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои на некои места ќе достигнат и до 39 степени Целзиусови. Поради тоа, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотен удар: престој во разладени простории, внесување на доволно течности, избегнување на ...
Утрово 54 годишен маж си ја убил својата 84 годишна мајка во Штип. МВР за медиумите информира дека трагедијата се случила на 8-ми август околу 2 часот во семејниот дом на убиецот и мајката. Според достапните информации убиецот со остар предмет и нанел убодна рана на својата 84 годишна мајка, по што таа починала. Лекарите можеле да констатираат само смрт. Полицијата уште рано изутрина нешто по 4 часот по полноќ го уапсила осомничениот, а јавен ...
Свети Николе стана третото светло на мапата на надежта, добивајќи мини пич терен, донација од компанијата Mozzart, во рамки на акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“. Оваа иницијатива не е само за спорт, туку за соништа, за младите кои со топка во нозете го бараат својот пат кон иднината. Приказната започна покрај езерото во Охрид, продолжи низ срцето на Велес, и сега, со топлина и гордост, завршува во Свети Николе. Но ова не е крај — ова е само ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовираше новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците за училишен прибор и заштита на семејниот буџет пред почетокот на новата учебна година. „Веруваме дека образованието треба да биде еднакво достапно за сите – без оглед на семејниот приход. Затоа, заедно со Владата, преземаме мерки што овозможуваат секое дете да започне со училишните обврски под ...