Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
-За мене претставува навистина прво чест, а потоа и задоволство што еве на покана на директорот, заедно со колегите од Владата, со директорот на Фондот и останатите вработени во оваа клиника, можеме да ја посетиме, да направиме увид во уште едно навистина многу позитивно дело, овде во Клиничкиот центар, Клиниката за урологија, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на пуштањето во употреба на целосно реконструираното болничко одделение на ...
Соопштение на Левица: Најновите изјави на премиерот Мицкоски уште еднаш потврдуваат дека оваа Влада нема ниту стратегија, ниту политичка волја за справување со инфлацијата и растечките трошоци за живот. Наместо конкретни и системски решенија, граѓаните добиваат само празни зборови, бесконечни „анализи“ без рокови и магливи ветувања за идни мерки кои никогаш не се реализираат. Макроекономските бројки не лажат: инфлацијата во Македонија која ...
Иво Санадер, поранешен лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска, е ослободен од затвор пред да ја отслужи целата казна. Санадер беше условно ослободен од затворот Липовица откако отслужи две третини од казната, објавија хрватските медиуми. Како што објасни адвокатот Драган Црнковиќ, исполнети се сите законски услови за поранешниот премиер да биде ослободен. Тој рече дека покрај неговата возраст, една од причините наведени во барањето за ослободување е ...
Соопштение на ХЕРА: Додека светот денес го слави 12 август -Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во Северна Македонија сè уште живеат во реалност исполнета со системски предизвици, ограничени можности и несигурна иднина. Од високото ниво на невработеност, неквалитетно образование, недостаток на младински пријателски здравствени услуги, па сè до слабата институционална поддршка и недостигот на безбедни јавни простори, корупција, младите се ...
Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчера вечер (11.08.2025) во 21:15 часот во Кочани го лишија од слобода лице (32) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ на 07.08.2025 пред угостителски објект во Виница. Имено, мажот по претходна вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани на едно лице од Виница, по што се дал во бегство. Известен е ...
Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер вечерва ја погоди западна Турција во регионот Баликешир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на турското Министерство за внатрешни работи. Најмалку десет згради се урнаа во градот Синдири, кој е најблиску до епицентарот, соопштија локалните власти. Четири лица се спасени од една зграда во овој град, додека се трага по уште две, изјави градоначалникот на Синдири, Серкан ...
ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ ЗА ТТВ: Од 06:49 часот сообраќајот за ТТВ на ГП Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица, ГП Дојран и ГП Табановце времето на чекање е околу 30 ...
Соопштение на ДУИ: Парадоксално е што премиерот зборува за „невраќање во 2001 година“, додека секојдневното практикување на владеењето на неговата влада е враќање назад во времето: кон дискриминацијата, мајоризацијата, исклучувањето и кршењето на правата на Албанците и другите заедници. Потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платија за еднаквоста и за Охридскиот договор, кој денес отворено се ...
Денеска (11.08.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во СВР Тетово оствари средба со раководството, на која детално беа разгледани сите околности и преземените мерки по вчерашниот вооружен инцидент, во кој беше одземен еден живот а повредени беа четири лица. „Сакам граѓаните на Тетово и регионот да знаат дека полицијата е целосно мобилизирана и посветена. Се преземаат активности за да се гарантира и испорача ...
Државната комисија за спречување на корупцијата, со цел навремено и транспарентно информирање на сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес како и јавноста за законитоста на користењето и располагањето со буџетските средства, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик укажува на следните состојби за период од денот на донесување на одлуката за распишувањето на Локални ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода ја објави експанзијата на својата клучна мониторинг-единица за дезинформации и пропаганда, со тоа што ја преименува во ТИМ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (на англиски: Civil Hybrid Threats Monitoring – CHTM). Одлуката ја одразува стратешката промена на организацијата кон поширок и поинтегриран пристап во справувањето со сложениот спектар на хибридни закани со кои се соочуваат Северна Македонија, Западен ...
Под влијание на топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Прогноза за 13.08.2025 Минимална температура: 12°C до 23°C Максимална температура: 32°C до 39°C Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Прогноза за 14.08.2025 Минимална температура: 11°C до ...
„Во првите шест месеци после долго време извозот повеќе расте во однос на увозот.“, посочи премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Петровец, каде имаше увид во изведбата на повеќе општински проекти. „После долго време, во првите шест месеци извозот расте повеќе во однос на увозот. Извозот беше 2,9% зголемен во првите 6 месеци споредено со минатата година, а увозот 2,3 или 2,4% во истиот период. За прв пат после долго време се ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 07 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 165 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9. Според досегашните податоци со кои располага ...
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби активно работат на санација на пешачката патека што води од хотел „Best Western“ на улица „Македонија“ до Министерството за финансии. Оваа интервенција е на барање на жителите кои живеат во околните згради. „Со санацијата на оваа пешачка патека не само што им излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните, туку овозможуваме и полесен пристап, подобра проодност и поголема ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити за оправданата и разумна борба на ОНА во Македонија во текот на конфликтот во 2001 година. „Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде апсолутно разумна и праведна, а од заседа да се убиваат припадници на ...
„За мене претставува задоволство кога ќе можеме да направиме увид на градежни работи коишто се случуваат на целата територија на државата, тоа е многу важно, бидејќи сепак тоа се проекти коишто наскоро ќе бидат завршени и ќе бидат ставени во функција. Без разлика дали станува збор за спортска сала, дали станува збор за водоводни или канализациони системи, за нови локални, регионални патишта, сето тоа претставува дел од онаа наша цел и заложба ...
„Исплатата на субвенциите кај земјоделците е навистина за мене би рекол изненадувачки позитивна, бидејќи изминатата недела веќе се исплатија околу 400 милиони денари за околу 7 илјади земјоделци и ценам дека на тој начин ќе продолжиме и понатаму да ја придвижуваме економијата и земјоделската активност.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата, одговарајќи на новинарско прашање. Во однос на обвинувањата од страна на опозицијата Мицкоски ...
На 10.08.2025 во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. По наредба на јавен обвинител, извршен е ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Стоковите резерви на пченица се полнат со македонска пченица, откупена директно од македонските земјоделци. Државните резерви, со своите вредни и неуморни раце, ги полнат македонските земјоделци. Со одлука на Владата, 9.000 тони македонска пченица ќе се откупат за потребите на стоковите државни резерви. Тоа ја покажува и потврдува вистинската грижа и посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за интересот на ...
Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за забрзувањето на продорот на „Српскиот свет“ во Северна Македонија, кој по Српски Телеком, сега силно навлегува и во банкарскиот сектор преку „Алта Банка“. Ова не е обична финансиска инвестиција, туку структуриранa политичкa и економскa операција на Белград за обезбедување стратешка контрола врз клучните институции на државата, со активна вклученост на владините ...
Соопштение на СДСМ: Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и уште десетина институции со преку 700 огласи за работа се предмет на вдомување исклучиво партиски подобни лица. Вакава груба партизација е незапаметена во историјата на државата. Стручни и квалитетни кандидати се отфрлаат секаде, а местата се полнат со партиски луѓе. Се партизира секоја позиција, па ...
Во деновите од изминатиот викенд (09./10.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 48 возачи на ...
– Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување на истрагата. Фактите се јасни, началникот на Тошковски ги прекршил своите овластувања и ја злоупотребил својата положба спроведувајќи незаконска постапка и политички прогон против болна жена. Самото МВР ја призна неговата вина и го потврди она што СДСМ го говореше од првиот ден, дека началникот ...
Пожарот во атарот на с. Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и Национални Шуми, е ставен под целосна контрола. Екипите патролираат а по потреба и дејствуваат за да се спречи негово реактивирање. Пожарот на територијата на ловиштето Јасен е сеуште активен. Екипи на Јасен и Национални Шуми се излезени на терен но поради непристапност на теренот не се во можност да дејствуваат. Утрово дејствуваа два ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица и ГП Дојран времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Реакција на СДСМ: Откако МВР ја призна вината и се потврди она што го говореше СДСМ, дека началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиновски, постапувал незаконски, министерот Панче Тошковски не смее да се обидува да го заташка случајот. Не е доволно само да се води постапка пред внатрешна контрола. Тошковски е должен веднаш да поднесе кривична пријава и да обезбеди процесуирање на началникот пред лицето на правдата. Нема простор за изговори. ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица и ГП Дојран времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува ...
Мет Гронинг, креаторот на иконската анимирана серија „Симпсонови“, конечно се осврна на прашањето што ги мачи фановите со години на Сан Диего Comic-Con: кога ќе заврши серијата? Неговиот одговор предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. „Симпсонови“ е најдолготрајната анимирана серија во американската историја и несомнено една од највлијателните. Сепак, многумина се согласуваат дека најдобрите денови на серијата, таканареченото „златно ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање – бесплатен за онколошки пациенти, поевтин за пациенти со упат, поскап за вработените и најскап за граѓаните кои доаѓаат по други причини. Договорот за управување со паркингот ќе го потпише Министерството со ЈП Градски паркинг. Се најавува и оптимизација на паркинг просторот, со дупло повеќе места и ...