Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени кога камион што превезувал хуманитарна помош се превртел врз толпа што чекала помош во Газа рано утрово. Палестинската државна новинска агенција WAFA соопшти дека несреќата се случила откако израелската армија го принудила камионот да тргне по небезбеден пат. Агенцијата не ја прецизираше точната локација на несреќата. Медиумската канцеларија на владата во Газа ја обвини израелската војска за ...
Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима беше срамнета со земја на 6 август 1945 година. Три дена подоцна, Нагасаки ја доживеа истата судбина. Последиците од двете бомби, што доведоа до капитулација на Јапонија на 15 август и крај на Втората светска војна во Азија и Пацификот, се проценува дека убиле повеќе од 200.000 луѓе до декември 1945 ...
Кремљ размислува за привремено запирање на својата кампања за напади со долг дострел во Украина како потенцијална отстапка кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со дискусиите. Остануваат уште три дена до крајниот рок на Трамп на 29 јули за Русија да ја заврши војната во Украина. Воздушното примирје е една опција Според „Блумберг“, руските претставници ги разгледуваат ...
Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис: „Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал ...
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура. Прогноза за 07.08.2025 Минимална температура: 12°C до 21°C Максимална температура: 28°C до 36°C Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Прогноза за 08.08.2025 Минимална ...
ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 ...
Во рамките на РЕсет платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, под познатото мото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање на отворено со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, овој пат покрај езеро, во еден од најубавите градови во земјава, Охрид. Сесијата ќе се одржи на 9 август 2025 година (сабота), со почеток во 18.45 часот, на плажата Бафало, пред скејт паркот, а организаторите и за овој РЕсет тренинг најавуваат позитивна атмосфера и ...
Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека извршила напад врз руската воена база Саки на Крим, при што, според нивните тврдења, целосно бил уништен еден борбен авион од типот Су-30М, а биле оштетени уште четири бомбардери од типот Су-24. Според соопштението на СБУ објавено на Телеграм, погодено било и руско складиште за авионско вооружување. Вкупната проценета штета за руската страна, според нив, изнесува десетици милиони долари. ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само откако на стручна основа ќе се одржат подготовителни разговори, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. Песков истакна дека подготовките за таков состанок сè уште не започнале. Додаде дека не е исклучена можноста Путин оваа недела да се сретне со посебниот претставник на претседателот на САД, Стив Виткоф. ...
Патнички авион на „Ербас“ е приземјен откако беше тешко оштетен во удар од птица при полетување од шпански аеродром, објавува „Дејли мејл“. Летот IB579 на „Ибериа“, кој требаше да полета од Мадрид за Париз денес попладне, мораше да се врати на аеродромот Адолфо Суарез Мадрид-Барахас бидејќи удри во голема птица при полетување. Фотографиите од аеродромот покажуваат дека носот на авионот е сериозно оштетен, а дел од материјалот на предниот дел ...
Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го нарече емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, и неговата мајка Моза бинт Насер – „модерен Хитлер и Гебелс“. Според објавата на платформата Икс (поранешен Твитер), тој напиша: „Катар е главната сила зад брановите на антисемитизам каков што не сме виделе од 1930-тите и 1940-тите. Катар е модерна нацистичка Германија. Секој Евреин во светот е во сериозна опасност поради децении ...
Полицијата на Истра уапси во саботата двајца мажи, еден Русин и еден Германец, кои тајно снимале голи деца во туристички камп. Двајцата беа однесени во полициската единица за притвор под сомнение за кривично дело експлоатација на деца за порнографија и беа обвинети за кривично дело. Како што соопшти полицијата денес, во саботата околу 12:45 часот, обезбедувач во туристички објект во областа Ровињ пронашол 56-годишен руски државјанин како тајно ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж. Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам. Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за ...
Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со видеото што беше објавено на социјалните мрежи, а на кое едно лице качено на хауба се вози на улица. Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени пријави против двајца млади ...
Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање на нови работни места, 40 милиони евра за самовработување и 250 милиони за компаниите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ дека бројот на вработени од лани паднал за 17.000. „Очајниот и безидеен СДС бара сламка на која може да се фати само за медиумско внимание. Неговата безидејност оди до таму што, дури и во пресрет на изборен циклус, нема ниту визија, ниту ...
Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката за детски болести присуствуваше на настан по повод промоција на дигитален мобилен рендген апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. – Станува збор за дигитален мобилен рендген апарат, во вредност над 60 илјади евра. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти. Изразувам длабока ...
Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје -Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз. Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови ...
Автопатот долг 98 милји (приближно 158 километри) во Кина е изграден целосно од роботи. Проектот е дел од автопатот Пекинг – Хонг Конг, а користени се напредни машини од групацијата Sany, со што е постигната милиметарска прецизност, пишува The Economic Times. Автоматските возила ги дистрибуираа каменот и песокот по што автономните валјаци вршеа притисок за да обезбедат еднаква и издржлива површина на патот. Беспилотните летала го следеа ...
Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри, објавија руските власти. Вежбите, наречени „Морнаричка интеракција 2025“, започнаа два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил распоредување на две нуклеарни подморници во она што ги нарече „соодветни региони“ како одговор на „глупавите и провокативни“ нуклеарни закани од ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата. Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“. „Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ...
На 04.08.2025 во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во 16:20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(63), Х.Х.(19), Ј.Ќ.(19), сите од Скопје, од една страна и И.Б. (29) од Скопје, М.Б.(20) од Република Австрија и еден малолетник од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде ...
На 04.08.2025 во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот ...
По вчерашната акција на Општина Центар, денеска продолжија активностите за целосно чистење и уредување на просторот кај Паркот на новинарите, спроти зградата на „Нова Македонија“. Службите на Општината изутринава ја искосија тревата, го собраа расфрланиот отпад и го средија целиот јавен простор кој во изминатиот период беше узурпиран и претворен во небезбедна зона за граѓаните. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека секој јавен простор ...
Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово околу 4 часот. Според информациите од надлежните, огнот зафатил магацински простор и канцеларии, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење. Пожарот бил пријавен околу 22 часот. Горел магацин во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцелариски простории со документација. Во гаснењето ...
На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот ...
Соопштение на СДСМ: Македонија скапо ја плаќа неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени. Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија. Со оваа неспособна Влада: -Пазарот ...
На 04.08.2025 во 11:35 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод лишиле од слобода маж(54) од Македонски Брод. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал маж, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на ...
Со просек повисок од ланскиот, матурантите го завршија полагањето на државната матура во јунскиот рок во учебната 2024-2025 година. Голем дел од учениците испитите ги полагаа во амфитеатри и предавални во најблиските факултетите и не беа евидентирани масовни прекршувања на правилата како во минатото. За новините во начинот на организација годинава и резултатите од државната матура, денес прес конференција одржаа министерката за образование и ...
Синоќа избувна голем пожар во фабриката за храна „Мирана“, лоцирана во индустрискиот блок на Велес, потврдија надлежните. На барање на Територијалната противпожарна единица Велес, привремено беше исклучена електричната енергија во фабриката. „Во Велес, кај индустрискиот блок, опожарена е фабриката ‘Мирана’. По барање на ТППЕ Велес, исклучена е струјата во фабриката. Единиците за гаснење на пожарот се на терен“, информираше директорот на ЦУК, ...