Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања упати две прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи дека безбедносниот систем во државата е во сериозен распад и дека МВР не функционира ниту како превентивен, ниту како заштитен механизам за граѓаните. Талевски посочи дека последните години се карактеризираат со низа тешки криминални и насилни настани, од убиства и семејно насилство до ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред фронтранерите, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни резултати. „Се разбира дека не само јас и ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи упати две прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која и на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања не беше присутна да одговори на растечкото државно задолжување, динамиката на јавниот долг и најавите за нови кредитни аранжмани во услови кога долгот веќе се приближува до ниво од околу 11 милијарди евра. Битиќи потенцираше дека има дополнителни најави за нови ...

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, на собраниска седница постави пратеничко прашање до Министерството за социјална политика, демографија и млади, барајќи одговор дали се размислува за воведување на „Институт родител негувател“ во македонскиот систем за заштита на децата со попреченост. Јанчев истакна дека родителите на деца со попреченост се принудени да избираат меѓу работа и грижа за своето дете, бидејќи голем дел од овие деца имаат ...

Задоволството на граѓаните од работата на Собранието бележи континуиран раст трета година по ред, покажува најновото истражување на Швајцарската Програма за парламентарна поддршка, насловена „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2026)”. Граѓаните ја оценуваат работата на Собранието со средна оцена 2,7 на скала од 1 до 5 – во споредба со 2,5 во 2025 и 2,3 во 2024 година. И ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања зборувајќи за задолжувањето, истакна дека во јуни нема да има ново задолжување како што претендира опозицијата, а правејќи компарација помеѓу шест години од владеењето на СДСМ и ДУИ и овие две години од владата на ВМРО истакна дека според ММФ, оваа влада за две години остварила поголема додадена вредност отколку владата на СДСМ и ДУИ за 6 години, а ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во однос на исполнување на реформската агенда истакна дека тоа што е до 30 јуни како грејс период може да биде завршено, и во јунскиот извештај сега како земја да бидеме и вистински т.н. фронтранери, односно македонската јавност да знае дека важно ни да се испорачаат што е можно повеќе реформи и за граѓаните и за државата. „Имаме прилично ...

Во чест на патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во н.м Миладиновци, се одржа пригодна свеченост со која беше одбележано делото и значењето на Браќа Миладиновци за македонската просвета и култура. По тој повод, свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци положи делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорот на училиштето, како и директори од останатите ...

Денес, во исклучително емотивна и свечена атмосфера, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје,Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар,Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. По тој повод, беа испратени честитки и пораки за ...

Пратеникот од СДСМ, Борче Цветков, на денешните пратенички прашања посочи дека земјоделството никогаш не било во полоша состојба, како овие две години со Владата на ВМРО и нивната коалиција. Во отсуство на министерот за за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветков постави прашање до заменик министерот Албрим Хоџа, во однос на тоа кој ќе понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделството. Во продолжение е интегралното ...

Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е таа да се запре, туку човекот да го има последниот збор. Во образованието, наша задача е да поставиме рамки и начини на нејзина употреба. Нив ги определуваме со Националната стратегијата за образование 2026–2032 и повеќе други документи, со кои целиме кон создавање дигитално зрело образовно опкружување, коешто ќе им овозможи на младите одговорно и креативно да ги ...

Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески на денешната седница за пратенички прашања постави прашање до министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во кое побара одговор дали постои сценарио кое се тестира во Брисел за формирање на техничка влада на чие чело би застанал министерот, со цел да се спроведат уставните измени. Во обраќањето, Трајчулески посочи дека по две години, Владата на ВМРО не исполни ништо од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховна командантка на вооружените сили, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Штип присуствуваше на презентацијата на воената опрема, како и на демонстрацијата на војничките вештини од различен вид. Настанот беше организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки, Лесната пешадиска баталјонска група доби ...

Во Собранието, денеска, се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“ – сесија 2 во рамки на Четвртиот форум за културна дипломатија. Свое воведно обраќање на настанот имаа претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и поранешниот претседател на државата, проф. д-р Ѓорге Иванов. На панел-дискусијата свои обраќања имаа: Јован Суботиќ, пратеник во Собранието на Црна ...

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓудругото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...

На 27.05.2026 во 20:30 часот во село Чајле, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 17-годишна девојка од село Чегране. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека малолетничката го управувала возилото пред да се стекне со право на управување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На ...

Во 2025 година, во споредба со 2024 година, имаме зголемување на бројот на пријавените полнолетни лица за 6.5 %, кај обвинетите и осудените полнолетни лица имаме намалување на бројот на сторителите, на обвинетите за 7.7 %, а на осудените за 5.7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во 2025 година бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во споредба со 2024 година, е зголемен за 6.5 %. Во наведениот период, намален е и ...

28 мај 2026 година, Скопје- Оваа Влада е целосно посветена на зачувување на стабилноста на јавните финансии, паралелно со обезбедување средства за развој на државата, истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Тој посочи дека Владата внимателно и одговорно управува со јавниот долг и навремено ги сервисира наследените обврски, во услови кога државата се соочува со значајни ...

Државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје се првите два кои сегашната Влада целосно ќе ги реновира и пушти во употреба на стартот на новата академска година. Работите се одвиваат паралелно и ќе завршат во јули, но потоа ќе следи опремување на собите и сите други простории. За ова информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на студентскиот дом во ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го ...

Внатрешна контрола изврши проверки и констатираше дека нема незаконско постапување при одбивањето на влез на четворица државјани на Обединетото Кралство со возило со странски регистарски ознаки на 06.05. на ГП Табановце Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапуваше по објава на социјална мрежа, каде од државјанин на Обединетото Кралство е објавено видео на англиски јазик за одбиен влез во ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе отпатува во Западен Балкан следната недела (1-5 јуни) за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора (на 5 јуни). Претседателот Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста. „Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор: Владата на Мицкоски призна дека нема пари ниту за организирање референдум на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Пари има само за криминалната група на ВМРО и нивните криминални тендери. Нема пари за граѓаните, нема за повисоки плати, нема за минимална плата од 600 евра, нема пари за мерки, нема пари за субвенции за земјоделците. Нема ...

На 27.05.2026 во 13:30 часот во СВР Тетово, маж (36) од Тетово пријавил дека околу 05:30 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во неговото возило „пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки и подоцна го следело низ градот. Според пријавеното, така бегајќи од возилото, на крстосницата помеѓу ул.„Видое Смилевски Бато и „29 Ноември“ забележал службено возило на МВР со вклучени ротациони светла зад него, но ...

Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), во која живеела и нејзината мајка М.В. (85), која настрадала во настанот. Огнот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во текот на денот се очекува да ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија. Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека македонските ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено ...

Следниот неработен ден за православните граѓани неработен ден е и 29 мај кој се паѓа во петок, со што се добива уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 март (понеделник) е неработен ден, • 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против лице (60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла. Надворешната канцеларија за ...

Соопштение на СДСМ: Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Кога буџетот е во „одлична форма“? Ова е уште една потврда дека во буџетот нема пари. Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 тендери за Мастеф, има за 51 ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
50%
1030
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
59%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35