Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од ...

Тринаесетгодишно дете од кумановското село Черкези загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје. Според СВР Куманово, во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со кумановски таблички, управуван од 24-годишен жител на Куманово, и електричен тротинет што го управувало малолетното дете. Детето било пренесено во кумановската болница, каде што лекар констатирал смрт. Возачот на автомобилот бил ...

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта од 2018 година, добил унгарско државјанство во 2022 година, и тоа му обезбедува заштита од можна екстрадиција во Македонија, објави истражувачкиот портал ВиСквер, повикувајќи се на извори од владата на Унгарија. Порталот пишува дека Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува ...

Утре ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од недела во попладневните часови повторно ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 31.05.2026 Минимална температура: 7°C до 16°C Максимална температура: 24°C до 33°C Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист став, велат дека преговарале за Македонија со Европа, а не со Бугарија. Но, Венко Филипче исто така цврсто стои на ставот оти смета дека треба да се спроведат уставни измени без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат. Ова би му дозволило на Бугарија и понатаму да ја ветоизира Македонија. Филипче исто така е на ист став со ...

На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двете од села на подрачје на Тетово. Претходно, истиот ден во 16:45 часот, во СВР Тетово, 62 годишно лице исто така од тетовско село пријавила кривично дело „полово вознемирување“ со елементи на обљуба извршено врз нејзината малолетна внука од страна на 58 годишното лице. Според пријавеното настанот се случил во декември 2024 ...

Соопштение на СДСМ: Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, како што самата рече, „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен, пред камерите, пред граѓаните, за сите да ги слушнат фактите и бројките за состојбата во која се наоѓа буџетот и долгот. И потоа избега. Ниту вчера ја немаше во Собранието. Прво повикува, а потоа бега. Зошто? Затоа што нема како да ...

Претставувањето на новиот, целосно електричен модел на Ферари (Ferrari) наречен „Луче“ (Luce) предизвика бран негативни реакции во Италија. Во критиките се обединија инаку политички спротивставените јавни личности, како што се министерот за транспорт Матео Салвини, опозицискиот пратеник Карло Календа, но и поранешниот директор на компанијата, Лука Кордеро ди Монтеѕемоло. Контроверзниот модел е првото Ферари со пет седишта и исклучиво ...

Смртта на 33-годишната манекенка и актерка Твиша Шарма, која на 12 мај беше пронајдена мртва во семејната куќа во Бопал, предизвика големо медиумско внимание во Индија и отвори истрага за тоа дали станува збор за убиство или самоубиство. Твиша Шарма била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг. Нејзиното семејство тврди дека сопругот и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја малтретирале за мираз и дека таа е убиена. ...

Северна Кореја тестираше новоразвиен лесен повеќенаменски систем за лансирање проектили, како и повеќе тактички крстосувачки ракети, под надзор на лидерот Ким Џонг Ун, јавија државните медиуми. Според севернокорејската новинска агенција „КЦНА“, тестирањата биле извршени вчера и се дел од планот за модернизација на артилериските и ракетните вооружени сили, со цел постигнување на петгодишните цели за развој на националната одбрана. ...

Во Украина се продлабочува најголемата внатрешнополитичка криза од почетокот на војната, поврзана со таканаречената „афера Миндич“, која прерасна во конфликт меѓу претседателскиот кабинет и антикорупциските институции (NABU), поддржани од Западот. Аферата е именувана по бизнисменот Тимур Миндич, близок до претседателот Володимир Зеленски. Според објавените информации, преку прислушкувани материјали се открива наводна корупциска мрежа поврзана ...

Туристка решила да поднесе тужба против луксузен хотел и го изнесе случајот до Врховниот суд, откако ѝ било одбиено да ѝ послужат бесплатна вода од чешма. Сега е донесена пресуда во Италија. Врховниот суд на Италија одлучил дека хотел со пет ѕвездички во Доломитите не постапил незаконски кога одбил да ѝ послужи вода од чешма, образложувајќи дека не постои законска обврска угостителските објекти да обезбедуваат бесплатна вода од јавната ...

Гувернерот на Севастопол објави дека воздушната одбрана на рускиот окупиран кримски град соборила повеќе од 20 украински дронови рано утрово, додавајќи дека Киев користел и ракети „Storm Shadow“. Михаил Развожаев објави на „Телеграм“ дека засега нема информации за жртви и дека неколку згради се оштетени во нападот, вклучувајќи ја регионалната канцеларија на централната банка и осумкатна станбена зграда. Ракетите „Storm Shadow“ се произведени ...

Најмалку 31 лице загина, а 40 се повредени во силните израелски воздушни напади врз јужниот и источниот дел на Либан. Оваа ескалација доаѓа по предупредувањето од Израел дека ги засилува своите воени операции, и покрај формално соопштениот прекин на огнот. Според либанското Министерство за здравство, жртвите се последица на нападите извршени во текот на вчерашниот ден. Либанските власти соопштија дека Израел извршил напади на повеќе локации ...

Руски дрон се урна синоќа во десеткатна зграда во центарот на романскиот град Галац, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на горниот кат. Во инцидентот има повредени, но за среќа нема жртви. Се верува дека дронот, кој влегол во романскиот воздушен простор, е дел од руски напад врз блиските украински цели. Според најновото соопштение од романското Министерство за одбрана, првичните информации укажуваат дека експлозивите во дронот Геран-2 ...

НАТО се огласи откако руски дрон удри во станбена зграда во центарот на романскиот град Галац. Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“. Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата. „Утрово, дрон удри во станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз ...

Една жена (51) и 14-годишно дете се повредени во експлозија утрово откако руски дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац. Каталин Сион, портпарол на локалната противпожарна служба, потврди дека повредените биле во стан кој бил оштетен во експлозијата, објавува „Либертате“. „Дронот удрил во покривот на зградата, а ударот предизвикал експлозија што го погодила станот подолу. Не го погодил директно станот, туку покривот. Во станот ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температури по региони: Запад: 6 °C | 19 °C Југозапад: 11 °C | 22 °C Централен дел: 14 °C | 28 °C Јужен дел: 9 °C | 25 °C Југоисток: 10 °C | 30 °C Исток: 8 °C | 31 °C Североисток: 5 °C | 22 °C Северен дел: 6 °C | 23 °C ...

Соопштение на СДСМ: Остнуваат уште само 2 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски јавно вети пред граѓаните дека целосно ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат. 2 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски и уште една лага. Нема реформи, нема ниту документи за екстрадиција на Груевски и негово враќање во затвор, го има само Стоилковиќ и Кина кој стратешки работи против ...

Се подготвува нова мерка за помош на граѓаните со пониски примања и на семејствата кои најтешко се справуваат со секојдневните трошоци. Според најавите, поддршката би изнесувала 3.000 денари месечно и би била наменета за точно определени категории граѓани. Главната цел е да се обезбеди дополнително олеснување за домаќинствата кои се погодени од растот на цените и зголемените животни трошоци. Помошта треба да биде насочена кон оние на кои им е ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...

На 27.05.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Лице(19), лице(27) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што претходно физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 27.05.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од ...

Некогаш луѓето се откажуваа од луксуз. Денес сè почесто се откажуваат од работи што порано се сметаа за нормален живот. Прво се откажуваш од одмор. Па од излегување. Па од нова облека. Па од поправка што може „да почека“. Па од приватен преглед. Па од подобра храна. Па од нешто за децата што не е итно, но многу би ги израдувало. И така, чекор по чекор, човек не забележува дека повеќе не се откажува од луксуз — туку од достоинство. Ова е ...

Не можеме целосно да се заштитиме од стресни ситуации, но постојат физички активности кои можат брзо да нè ослободат од стрес. 1. Трчање Ова е најлесниот и најевтиниот начин да се ослободите од стресот. Трчајте колку што мислите дека е доволно, а потоа преминете на брзо одење. Фитнес инструкторите забележуваат дека овој едноставен и достапен начин за намалување на стресот не е споредлив со ниту еден друг. И функционира 100 проценти. Додека ...

На 28.05.2026 во 00:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија, по што сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат, а поради вдишување на чад Џ.А. и Р.А. биле пренесени во ...

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против четири лица од 22 до 38 години, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“ на дрва. На 06.11.2025 во атар на населените места Беловодица, Тројаци, Царевиќ и Плетвар, полициски службеници од ОВР Прилеп ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против четири лица од 22 до 38 години, сите од Прилеп, поради ...

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против четири лица од 19 до 27 години, сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавените, од домот на едно женско лице во село во општина Ранковце одзеле банкарска картичка, по што на 14.11.2025 во седум наврати на четири локации во Крива Паланка извршиле трансакции и се стекнале со ...

Како полесно и поздраво да ги поминеме велигденските пости? Постењето може да биде забавно: Практични совети за здрави велигденски пости Велигденски пости без стрес: Совети за балансирана исхрана Започнаа велигденските постови. Независно од мотивите кај секој од нас, факт е дека дека доколку барем еднаш годишно го исчистиме организмот од отровните материи кои во него се таложат, нашиот имунитет ќе зајакне а воедно ќе се подобри и нашето ...

Скопје последниве години се менува со голема брзина. Никнуваат нови згради, се продаваат станови уште пред да бидат завршени, маалата добиваат нови катови, нови фасади и нови станари. На прв поглед, тоа изгледа како развој. Но прашањето што сè почесто го поставуваат граѓаните е едноставно: за кого се гради Скопје? Се гради ли за младите семејства што бараат прв дом? За луѓето што сакаат нормална кирија? За децата што треба да имаат двор, парк ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес оствари посета на Универзитетот во Тетово, каде што одржа средба со раководството на универзитетот и учествуваше на активноста на Парламентарниот караван „Собранието кај младите“, во рамки на отворената дискусија со студентите. За време на средбата со ректорот, Јусуф Зејнели, како и со академскиот кадар составен од претседателот на Сенатот, проректорите и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
50%
1030
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
59%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32