Претседателот на САД, Доналд Трамп, на вчерашната прес-конференција одржана во Вашингтон изјави дека разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го опишал како многу, многу паметен човек кој на некои луѓе им се допаѓа, а на некои не. Тој вели дека го прашал Орбан, за кого рекол дека е добро запознаен со ситуацијата во Украина и Русија, дали Украина може да ја победи Русија во војна. „Ме погледна во стилот: „какво глупаво прашање“, рече ...

По повод Светски ден на органодонорство – 13 август, Министерството за здравство информира дека на 9. август беше извршена уште една трансплантација на органи од починат донор, информира Министерството за здравство. – Голема благодарност кон семејството кое во најтешките моменти одлучи да ги донира органите. Во процесот на трансплантација беа вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок „Мајка Тереза“. Им благодариме за ...

Вооружените сили на Украина го држат непријателот на фронтот – особено во правец на Суми, каде што спроведуваат активни операции и постигнуваат успех во напредувањето и ослободувањето на украинските територии, објави Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, на социјалната мрежа Фејсбук. Според UNN, Сирски го напишал соопштението по состанокот на Штабот на Врховниот командант. „Тешко е. Но, го држиме непријателот ...

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила но на граничните премини од македонска страна нема подолги ...

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар. Ова се случува откако на 8 август вечерта, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом барајќи го печатот од училиштето. Во тоа време, Лозановска беше на боледување. Полицискиот началник изјави дека ќе ја однесе на разговор дури и со носилки, иако налогот важел само за претрес, а не и за лишување од слобода. ...

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има ново раководство кое ќе ја продолжи имплементацијата на „Еразмус“ и „Европски солидарен корпус“ во Македонија, како и на неколку други европски програми и мрежи за образование и мобилност. За в.д. директорка на институцијата е избрана Ана Михајлов, која доаѓа од редот на вработените и има искуство во областа повеќе од 15 години. Министерката за образование и наука проф. д-р ...

Соопштение на СДСМ: СДСМ ги осудува постапките на полицијата на Тошковски во Демир Хисар, каде полициски службеници легитимираа новинари на јавен простор, со видливо истакнати новинарски легитимации. Недозволиво е полицајци на јавен простор да ги третираат новинарите како „непознати лица“ кога на себе имаат легитимации. Знаеме дека Тошковски е уплашен од вистината, од силните реакции на јавноста за сите скандали што ги прави, но не може да ја ...

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Прогноза за 14.08.2025 Минимална температура: 11°C до 21°C Максимална температура: 32°C до 39°C Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Прогноза за 15.08.2025 Минимална температура: 11°C до 20°C Максимална температура: ...

Соопштение на ЗНМ: Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради начинoт на постапување на полициски службеници кон новинари од пелагонискиот регион. Случајот за кој веќе испративме официјален допис до Министерството за внатрешни работи, се однесува на известување за разрешувањето на директорка на училиште во Демир Хисар, кога полициски ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице коe е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истите ...

На 11.08.2025 во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода лице(47) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес пронашле и одзеле бела тврда материја и две дигитални ваги. Мажот бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

„Во јуни цените на растителното производство се зголемени за 22,2%, а на добиточното за 6,9%. Но, ако се погледнат поединечните категории, поскапувањата се уште подраматични. Компирот е поскап за 56,7% во однос на лани, житата и оризот за 25,5%, зеленчукот за 23,9%, а овошјето и грозјето за 15,4%“, изјави пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција на партијата. Тој нагласи дека овие поскапувања се директен удар врз ...

– Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година. Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 ...

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес ја посетија Клиниката за урологија, по повод извршена реконструкција на оваа установа. – Продолжуваме со уште една клиника, тука сме денеска на Клиниката за урологија, која инфраструктурно изгледа според сите европски стандарди. Исто така, од техничка гледна точка инфраструктурата, технологиите и методологиите се во склад со потребите на пациентите и ...

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му закануваа на локалитет на УНЕСКО во Шпанија, а француските градови забележаа рекордни температури. Во многу градови во Франција, Италија и на југоистокот на Европа беше прогласено црвено предупредување поради топлина. Пожарите разгорени од силни ветрови принудија на евакуација илјадници луѓе од целиот континент и ги загрозуваа ...

Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми? Која патем управува со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус +. Пред десетина дена, поточно на 1 август, на местото в.д. директор на Агенцијата, без ...

Планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе биде тест за лидерот на Кремљ, а Украина ќе биде вклучена во претстојните мировни напори ако самитот помине добро, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Кога станува збор за мировни преговори, за прекинот на огнот и што ќе се случи потоа со териториите, за безбедносните гаранции за Украина, Украина ќе мора да биде и ќе биде вклучена. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно разгледува едно од клучните барања на Владимир Путин за прекин на војната во Украина. Војната во Украина не стивнува, но во дипломатските кругови се зборува за сценарија што би можеле да ја завршат. Според британскиот Телеграф, Украина би можела да се согласи на прекин на огнот и да отстапи територија што веќе е под нејзина контрола на Русија. Според британскиот весник, Володимир Зеленски им ...

Илјадници Севернокорејци се испраќаат да работат во Русија во услови слични на ропство за да го пополнат огромниот недостиг на работна сила, влошен од руската инвазија на Украина, дознава Би-би-си. Москва повеќекратно се обратила до Пјонгјанг за помош во војната, од која набавува ракети, артилериски гранати и војници. Сега кога многу руски мажи загинале на бојното поле или избегале од земјата, постои зголемена зависност од севернокорејските ...

Жељко Валент (39) од Загреб е осуден на четири години и десет месеци затвор за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, објави порталот „Бурин“. Пресудата ја донесе советот на окружниот суд во Риека, а покрај затворската казна, осуденото лице е должно да плати и 3.390 евра за процедурални и вештачења. Злоупотребата се случила од октомври до втората половина на декември 2023 година во стан во Хановер, каде што Валент ...

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча. Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој ...

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од високите температури и силните ветрови, објавија властите. Околу 400 луѓе беа раселени во и околу градот Каруседо, а уште 700 од неколку градови во близина на местото Лас Медулас, древен римски рудник за злато познат по своите спектакуларни црвени карпи и место на светското наследство на УНЕСКО. Според шефот ...

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа, обвинувајќи го дека раководел со ќелија на Хамас. „Анас Ал Шариф служел како водач на терористичка ќелија во рамките на терористичката организација Хамас и бил одговорен за ракетни напади врз израелски цивили и војници на ИДФ“, соопшти вчера израелската војска. Ал Џезира објави дека новинарите биле убиени во она што се чини дека е ...

Австралија планира многу наскоро да признае палестинска држава, откако Франција, Велика Британија и Канада веќе ја објавија својата намера да го сторат тоа, објави „Сиднеј морнинг хералд“. Премиерот Ентони Албанез би можел да го потпише признавањето во рок од неколку дена од денешниот редовен состанок на кабинетот, објави „Сиднеј морнинг хералд“, повикувајќи се на неименувани извори. Канцеларијата на премиерот Албанез не одговори на барањето за ...

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска во петок. „Да, дефинитивно мислам дека е можно“, рече американскиот дипломат во НАТО кога беше прашан од Си-ен-ен за можната посета на украинскиот претседател на Алјаска, каде што Трамп и Путин треба да се сретнат на 15 август. „Не може да има договор освен ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти. „Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во општините. Севкупно од ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во моментот е активен огласот за аплицирање за инвертер клими за што се издвоени 170 милиони денари. „Да, токму така. И таа политика паралелно ја туркаме. Огласот е објавен, трае 60 дена, отприлика 170 милиони денари се обезбедени за оваа намена. Може сите оние кои ги исполнуваат условите да се пријават на овој оглас, ...

Прес-конференција, Фатмир Битиќи, пратеник: Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии. Тоа не е вистина. Тоа е маневар со кој вината за економската состојба се префрла врз работниците и пензионерите, а не врз вистинските причини. Податоците го потврдуваат ова. Ако ги погледнеме последните ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Времето „како до сега“ заврши. И тоа не е само изрека, тоа веќе се покажува на дело со конкретни дела. Почитувањето на законите и процедурите, не е исклучок, тоа е правило кое секој треба да го почитува, а оној кој работи спротивно на закон се соочува со одговорноста и со правдата. Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила, блиски до некоја политичка партија. Нема ни предмети во фиока и ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Физичката активност на учениците е од исклучително значење за тие да можат правилно да растат и да се развиваат. Спортувањето и зголемена физичка активност, придонесува за концентрација и подобри резултати во учењето. Со цел здрави и со поголема концентрација ученици, се вложува во спортската училишна инфраструктура, се подобрува постоечката, а каде што има потреба се гради нова. Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во ...

Ќе

49 минути - Нова ТВ
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
77%
1013
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
84%
1014
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.07
87%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
74%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
6.17
82%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
63%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
88%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
100%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
86%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1018
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054