Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој се одигра на 5 август во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање ...

Ненадејна поплава што предизвика порој од кал погоди населено место во хималајскиот регион во северна Индија, каде што четири лица загинаа, а околу 100 се водат како исчезнати, објавија денес локалните власти. „Ситуацијата е сериозна. Добивме извештаи за четири смртни случаи и околу 100 исчезнати. Се молиме за нивна безбедност“, изјави државниот министер за одбрана Санџај Сет. Видео снимките што ги објавија индиските медиуми покажуваат порои од ...

Поминаа 80 години откако првата атомска бомба беше фрлена врз Хирошима, а три дена подоцна и врз Нагасаки. Живееме во свет каде што нуклеарната закана изгледа сè пореална, но лекцијата од Јапонија е: никогаш повеќе, пишува Дојче Веле. Стравувајќи дека обемот и последиците од уништувањето на атомската бомба би можеле да бидат заборавени, многу организации и поединци во Јапонија се обидуваат да ги оживеат искуствата и сеќавањата на преживеаните и ...

Уште четири лица починаа откако се заразија со бактеријата што јаде месо, осмиот смртен случај предизвикан од Vibrio vulnificus во две американски држави. Vibrio vulnificus (бактерија што јаде месо) живее во топла вода и може да влезе во телото преку отворени рани, предизвикувајќи болка, црвенило и оток пред кожата да поцрни додека месото умира. Во тешки случаи, може да се прошири во крвотокот и да предизвика фатална компликација на сепса. ...

Нов Зеланд планира да почне да им наплаќа влезници на меѓународните туристи за своите познати природни места и да им го олесни работењето на бизнисите на заштитено земјиште, како дел од контроверзниот предлог за „ослободување“ на растот во еколошки и културно заштитените подрачја. Посетителите ќе плаќаат до 40 новозеландски долари за пристап до одредени атракции во наредните години, како дел од реформата на законите за заштита на природата. ...

Поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, почина денес на 96-годишна возраст, објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндану. На почетокот на јуни, Илиеску беше примен во болница, каде што беше опериран од рак на белите дробови, а во текот на последните неколку дена неговото здравје брзо се влоши. Според медицинските извештаи, неколку органи откажаа, објавува „Аѓерпрес“. Јон Илиеску беше претседател на ...

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август. Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации. Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција ...

На 05.08.2025 околу 23:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(54), лице(24), лице(24) и 14-годишник, сите од копје. Според пријавеното, околу 22.50 часот на подрачјето на Чаир, две лица. физички го нападнале Б.С. од Скопје, при што еден од 24 годишните напаѓачи извадил пиштол со намера да пука по што заминале од лице место, соопшти полицијата Откако биле пронајдени, двајцата со нивниот татко и ...

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесено 25 годишно момче од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот, по што соседот физички го нападнал. Како што е пријавено, после тоа соседот и ...

На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно ...

На 05.08.2025 околу 16:45 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 во правец од Велес кон Градско, патничко возило „бмв“ со национални ознаки на Босна и Херцеговина, управувано од С.В.(32) од Босна и Херцеговина, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.Р.(26) од Босна и Херцеговина, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. ...

На 05.08.2025 околу 11:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, патничко возило „фолксваген“, управувано од Д.С.(29) од Република Србија, удрило во метален столб од бензинска пумпа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници Т.Т.М.(29) и А.М.(56), двајцата од Велика Британија и С.С.(53) од Република Србија, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. ...

На 05.08.2025 околу 20:55 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат Р 1403 Радовиш-село Воиславци, кај место викано „Воиславска кривина“ – општина Радовиш, лице(34) од с.Сулдурци, радовишко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа Радовиш. Извршен бил увид од увидна ...

Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, СДСМ: Последните податоци се алармантни: Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе. Ова не е само статистика. Ова е вистината зад илјадници човечки судбини – намален број работни места, заминати млади, уништени надежи, растечка сиромаштија. Ова е доказ за економскиот колапс, за хаосот на пазарот на труд, за целосната отуѓеност на ...

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје продолжувајќи со оперативните активности за откривање и сузбивање на недозволена трговија со дрога вчеравечер (05.08.) околу 22:30 часот, а по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршија претрес во дом во скопската населба Кисела Вода во кој што престојува лице (20) од Скопје. При претресот откриени и запленети се најлонски кеси со бела прашкаста материја, односно ...

Следува период на претежно стабилно и топло време со пораст на дневната температура. Прогноза за 08.08.2025 Минимална температура: 12°C до 21°C Максимална температура: 30°C до 38°C Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Прогноза за 09.08.2025 Минимална температура: 11°C до 20°C Максимална температура: 31°C до 38°C Сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Прогноза за ...

За да нема прекин на воспитно образовниот процес на учениците кои имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе од три недели, Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Здружението САНО кое им помага на децата заболени од канцер или други малигни и хронични болести, од септември воведува формално образование во здравствените установи. Зависно од здравствената состојба, ќе можат ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Август 2025 година. Со ...

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ: Помина една година откако ВМРО-ДПМНЕ најави формирање на Министерството за социјална политика, демографија и млади, наместо резултати – младите добија уште едно големо разочарување. Наместо функционална институција што ќе ги слуша, ќе ги вклучува и ќе им служи, добија уште една нефункционална испостава на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо од ветените промени. Ништо од системските ...

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица. Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем дел загинаа на скопската обиколница, ...

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија. Нивниот ангажман ќе биде сезонски и ќе биде финансиски поддржан од Владата со по 24 илјади на секој работник, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Одтаму информираат дека обуките веќе се во тек низ 13 градови во државата, со кој се покриваат 28 општини низ државата. Младите лица ...

На 16 јули, на импресивната сцена на античкиот театар Хераклеа во Битола, ќе се одржи јубилеен концерт на музичката група „Инструментал Бенд“, по повод одбележувањето на 20 години од нивното активно присуство на македонската музичка сцена. Концертот, кој веќе се најавува како еден од музичките настани на годината, ќе понуди ретроспектива на дведецениското творештво на бендот – преку изведба на нивните најпознати песни, како и обработки на ...

На 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи лице (43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а мажот е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд ...

На 05.08.2025 во 13:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија, патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Гевгелија, удрило во 11-годишен пешак од Гевгелија, а потоа и во паркирано патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди малолетникот, констатирани во Медицински центар ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила ...

На 05.08.2025 во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода lice (37) од Швајцарија. При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место. Тој бил задржан ...

Приштина повторно ќе биде епицентарот на музичката еуфорија ова лето! Од 1 до 3 август 2025 година, “Sunny Hill Festival” го носи своето најголемо и најгламурозно издание досега. На сцената ќе се појават светски ѕвезди како Дуа Липа, Шон Мендез, Фетбој Слим, Пеги Гоу, Анима, Мочак – имиња кои гарантираат спектакл кој не се пропушта! Светските ѕвезди никогаш не биле поблиску – затоа што сето ова ќе се случува на локација која е далеку само еден ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека руските сили што се борат во близина на градот Вовчанск во Харковската област вклучуваат странски платеници од Кина, Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и неколку африкански земји. За време на посетата на 57. Одделна моторизирана пешадиска бригада, која го брани секторот Вовчанск, Зеленски се сретна со командантите за да разговара за ситуацијата на бојното поле, борбените операции и потребата ...

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во наредните денови ќе ја посети украинската престолнина Киев, на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува агенцијата Turkiye Gazetesi, повикувајќи се на украинскиот амбасадор во Анкара, Нариман Џелјал. Амбасадорот Џелјал најави дека еден од главните фокуси на средбата ќе биде ратификацијата на Договорот за слободна трговија помеѓу Турција и Украина. Очекувањата се дека ...

Јапонија постави нов температурен рекорд по втор пат за една недела, среде жестокиот топлотен бран што го погоди поголемиот дел од земјата. Температурите во градот Исесаки во префектурата Гунма, северозападно од Токио, се искачија на 41,8°C во вторник, според Јапонската метеоролошка агенција. Тоа го надмина претходниот максимум од 41,2°C забележан на 30 јули во префектурата Хјого во западна Јапонија, кој го надмина претходниот рекорд поставен ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
63%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.39
93%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
4.12
87%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
72%
1015
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1015
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
93%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
77%
1018
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054