МОСКВА / ИСТАНБУЛ (AA) – Висок руски официјален претставник во неделата изјави дека Москва официјално го добила нацрт-меморандумот од Украина, кој предлага можни насоки за мирно решавање на тековниот конфликт. Советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, кој ќе ја предводи руската делегација на мировните преговори во Истанбул денес, за „Русија денес“ изјави дека документот бил доставен на украински и англиски јазик. ...

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (AA) – Целото внимание на меѓународната јавност е насочено кон новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, што ќе се одржат денес во Истанбул, додека вооружените конфликти меѓу двете страни продолжуваат со несмалено темпо, јавува Анадолу. Првата средба меѓу руската и украинската делегација, веднаш по почетокот на војната во февруари 2022 година, беше организирана од страна на Турција во Анталија и Истанбул. Во мај ...

ВАРШАВА (АА) - Карол Навроцки победи во тесна битка во вториот круг од претседателските избори во Полска, освојувајќи 50,9 % од гласовите, известува Анадолу. Во вториот круг од претседателските избори во Полска што се одржа во неделата, 29 милиони регистрирани гласачи излегоа на гласачките места за да изберат меѓу градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, и кандидатот на опозициската конзервативна Партија на правото и правдата, историчарот ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Градот Газа се соочува со невидена криза за вода, бидејќи резервите паднаа под 25% од минималните потреби, предупредија денес локалните власти, јавува Анадолу. Општина Газа соопшти дека 75% од бунарите за вода во градот се уништени од израелската армија од октомври 2023 година. Преостанатите бунари за вода работат неколку часа дневно со ограничена количина на гориво поради израелската блокада и затворањето на граничните премини ...

ИСТАНБУЛ (АА) — Украинската војска спроведе напад од големи размери врз Русија, а државните медиуми денес објавија дека над 40 стратешки бомбардери биле уништени во нападот со употреба на беспилотни летала во различни региони, вклучувајќи го и сибирскиот регион Иркутск, оддалечен над 4.000 километри од границата, пренесува Анадолу. Безбедносната служба на Украина (СБУ) спроведе „голема специјална операција“ за уништување на руски бомбардери, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 54.418 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека во болниците во последните 24 часа донесени се 37 тела, додека 136 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 124.190. „Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не ...

АНКАРА (АА) - Речиси 50 Палестинци се убиени, а над 200 се повредени денес кога израелските сили отворија оган врз цивилите кои дошле за хуманитарна помош во Ал Маваси, западно од Рафа во јужна Газа, соопшти Министерството за здравство, пренесува Анадолу. Во соопштението на Министерството се вели дека телата на 28 лица се префрлени во болницата „Насер“ во градот Кан Јунис, а 21 во теренската болница на Црвениот крст, додека над 200 лица се ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Украина денес соопшти дека најмалку 12 нејзини војници се загинати, а над 60 се повредени во руски ракетен напад врз тренинг центар во земјата разурната од војна, пренесува Анадолу. Во соопштението на Копнените сили на Вооружените сили на Украина објавено на Телеграм се вели дека Русија лансирала ракета „врз локацијата на една од тренинг единиците“ на Копнените сили, без да даде дополнителни детали за тоа каде се случил нападот. ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес соопшти дека министерот за одбрана Рустем Умеров ќе ја предводи делегацијата на Украина во планираната втора рунда директни преговори со Русија утре во Истанбул, јавува Анадолу. „Правиме сè за да ја заштитиме нашата независност, нашата држава и нашиот народ. Ги изложив задачите, а исто така ги дефинирав и нашите позиции пред состанокот во Истанбул утре“, рече Зеленски на X. „Прво - ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Полска денес се одржува вториот круг претседателски избори, каде речиси 29 милиони регистрирани гласачи бираат помеѓу либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски, и конзервативниот националист Карол Навроцки, во доста тесна трка, јавува Анадолу. Избирачките места се отворија во 7 часот наутро по локално време, а ќе се затворат во 21 часот, според Националната изборна комисија на земјата. Вториот круг се одржува ...

ТИРАНА (АА) - ЏИХАТ АЛИЈУ - Поранешниот антинуклеарен бункер во главниот град на Албанија, Тирана, сега познат како „BunkArt 2“, им нуди на посетителите патување во длабочините на историјата, фрлајќи светлина врз она што се случило за време на комунистичката ера во земјата, пишува Анадолу. Познат и како тунел на Министерството за внатрешни работи, изграден помеѓу 1981 и 1986 година, објектот е евидентиран како дел од проектот за изградба на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинската група на отпорот Хамас денес негираше дека го отфрлила предлогот на американскиот претставник Стив Виткоф за прекин на огнот во Газа, обвинувајќи го Израел дека ги поткопува преговорите за прекин на војната во енклавата, јавува Анадолу. „Минатата недела се согласивме со г-дин Витков за предлогот кој тој го сметаше за прифатлив како предлог за преговори. Го добивме одговорот од другата страна, која не се согласуваше ...

СКОПЈЕ (АА) - Селекторот на фудбалската А репрезентација на Северна Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Белгија и Казахстан, јавува Анадолу. На претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство Северна Македонија ќе игра против Белгија на 6 јуни во Скопје и против Казахстан на 9 јуни во Астана. На списокот на селекторот Благоја Милевски единствен дебитант е ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските сили вчераутро започнаа серија рации низ окупираниот Западен Брег, апсејќи двајца Палестинци и оштетувајќи минибус во северниот град Џенин што превезува аџии, јавува Анадолу. Воено возило удри во минибус пред зградата на губернијата Џенин додека се подготвувало да тргне на пат кон граничниот премин Карама помеѓу Западниот Брег и Јордан. Патниците, многу од нив постари лица, беа Палестинци на пат кон Саудиска Арабија ...

МОСКВА (АА) - Седум лица ги загубија животите при уривање на автопатски мост врз патнички воз во регионот Брјанск, во Русија, јавува Анадолу. Гувернерот на регионот Брјанск, Александар Богомаз, на својот канал на Телеграм објави дека автопатски мост се урнал врз патнички воз кој се движел од Климов кон Москва. Истакнувајќи дека екипите за пребарување и спасување продолжуваат со работа на местото на настанот, Богомаз соопшти: „Седум лица ги ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 30 Палестинци се убиени, над 150 се повредени денес откако израелските сили отворија оган врз цивилите кои дојдоа за хуманитарна помош во Ал-Маваси, западно од Рафа во јужна Газа, изјавија медицински извори за Анадолу. Според палестинската новинска агенција Вафа, израелските сили користеле боева муниција од копнени возила и вооружени дронови-квадрокоптери за таргетирање на луѓето кои се собрале за да земат хуманитарна ...

СКОПЈЕ (АА) - Папагалите, кои се едни од највпечатливите видови меѓу животинскиот свет на планетата, со векови продолжуваат да го привлекуваат вниманието на луѓето благодарение на нивните разнобојни пердуви, а најмногу поради вештините на имитирање, јавува Анадолу. Постојат речиси 400 видови папагали низ целиот свет, меѓу кои спаѓаат мали папагали, ара папагали (макао), нимфите и какадуата. Од нив значителен број се соочуваат со опасност од ...

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) - Израелските власти потврдија дека Тел Авив спречил закажана посета на делегација на арапски министри за надворешни работи на Рамала, каде што требало да разговараат за поддршка на воспоставувањето палестинска држава, според весникот „Једиот Ахронот“, јавува Анадолу. „Планираниот состанок на арапските министри за надворешни работи во Рамала за промовирање на создавање палестинска држава е неприфатлив“, објави весникот ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес соопшти дека нејзините трупи ја презеле контролата врз уште две населени места во источна и североисточна Украина како дел од нејзината тековна воена кампања, пренесува Анадолу. Според руското Министерство за одбрана, воената единица „Исток“ го зазела селото Новопил во источниот регион Донецк, додека единицата „Север“ ја презела контролата врз Водолахи во североисточниот регион Суми. Москва ги зголемува своите ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 54.381 Палестинец се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу Министерството истакна дека 60 тела се донесени во болниците во последните 24 часа. Наведе дека уште 284 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади се искачи на 124.054. Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите ...

ЛАГОС (АА) - Бројот на жртви во големите поплави во Моква, град во нигериската северноцентрална држава Нигер, се искачи на 151, според најновите ажурирани бројки објавени денес од локалните власти, јавува Анадолу. Најновите бројки ги објави Ибрахим Хусаини, портпарол на Агенцијата за управување со вонредни состојби на државата Нигер (NSEMA), по поројните дождови што паднаа доцна во средата и продолжија во четвртокот. Поројните дождови ...

СКОПЈЕ (АА) - Најмалку 117 лица ги загубија животите во поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд во нигерската држава Нигер, јавува Анадолу. Ибрахим Хусаини, генерален директор на Државната агенција за управување со вонредни состојби на Нигерија (SEMA), изјави дека поплавите се случиле во регионот Мокова поради обилните дождови. Тој рече дека 117 лица, меѓу кои и деца, ги загубиле животите во поплавите. Наведувајќи дека надојдените води ...

ЗОНГУЛДАК (AA) - Првата пловечка платформа за производство на природен гас на Турција, „Осман Гази“, пристигна денес на пристаништето Филјос во Зонгулдак, на турскиот брег на Црното Море, јавува Анадолу. Огромната платформа беше испратена од претседателската канцеларија Долмабахче во Истанбул на 29 мај, на 572-годишнината од освојувањето на Истанбул - со церемонија на која присуствуваа претседателот Ердоган и министерот за енергетика и природни ...

ДАМАСК/ИСТАНБУЛ (АА) - Сирискиот министер за информации, Хамза ал-Мустафа, изјави дека во тек се индиректни преговори меѓу Дамаск и Тел Авив, јавува Анадолу. Тој рече дека преговорите течат и дека Сирија продолжува да го почитува договорот за недејствување од 1974 година меѓу израелските и сириските сили. Ал Мустафа, говорејќи на прес-конференција во Дамаск по состанокот на Кабинетот со кој претседаваше сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, рече ...

ПРИШТИНА (АА) – Помина месец и половина од 15 април, кога се одржа првата конститутивна седница, а косовското Собрание и на денешната седница не успеа да се конституира, јавува Анадолу. По 24-ти пат по ред, парламентарните групи во косовското Собрание не го поддржаа формирањето на ад-хок Комисијата за тајно гласање за претседател на законодавниот дом, со тоа што не предложија свој член (пратеник) за оваа комисија, чие формирање е предложено од ...

ХАМИЛТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти големо зголемување на царините за увоз на челик и алуминиум, удвојувајќи ја стапката од 25% на 50%, опишувајќи го тоа како потег за понатамошна заштита на американската индустрија, јавува Анадолу. „Денес имам важна објава“, рече Трамп за време на настан во фабриката за челик Ју-Ес Стил во Питсбург, Пенсилванија. „Ќе воведеме зголемување од 25%. Ќе ги зголемиме царините за челик во ...

СКОПЈЕ (АА) – Денес на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопјe се одржа 15-тата церемонија на дипломирање, јавува Анадолу. На церемонијата што се одржа на кампусот на ИБУ присуствуваа вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Изет Меџити, министерката за образование и наука Весна Јаневска, амбасадорот на Турција во Скопјe, Фатих Улусој, пратеници, градоначалници, политичари, претставници ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека разговарал со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за потенцијално организирање на четирилатерален самит на кој ќе учествуваат лидерите на Украина, Русија, Турција и Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Анадолу. Во објава на X, Зеленски синоќа го опиша нивниот разговор како „добар и многу суштински“, за време на кој ѝ се заблагодарил на Турција за ...

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес беше пречекан од украинскиот претседател Владимир Зеленски во Киев, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу. Во рамките на неговата официјална посета, Фидан се сретна и со Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина. Не беа дадени повеќе детали за средбите. Претходно, турскиот министер за надворешни работи одржа заедничка ...

АНКАРА (АА) - Израелската разузнавачка агенција Мосад е идентификувана како извор на финансирање на т.н. Фондација за хуманитарна помош во Газа (GHF), организација што наводно е формирана за да ги олесни контроверзните хуманитарни операции на Израел во Појасот Газа, пренесува Анадолу. Според американскиот весник „Вашингтон пост“, Фондацијата „веќе обезбедила 100 милиони долари од непознат донатор“. Но, двајца високи опозициски пратеници во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
60%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
3.13
91%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
94%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
52%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
56%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
95%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
2.06
56%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
47%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
61%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
4.63
75%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
83%
1012
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71