ДАМАСК/ИСТАНБУЛ (АА) - Сирискиот министер за информации, Хамза ал-Мустафа, изјави дека во тек се индиректни преговори меѓу Дамаск и Тел Авив, јавува Анадолу. Тој рече дека преговорите течат и дека Сирија продолжува да го почитува договорот за недејствување од 1974 година меѓу израелските и сириските сили. Ал Мустафа, говорејќи на прес-конференција во Дамаск по состанокот на Кабинетот со кој претседаваше сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, рече ...

Во соопштението, Хамас наведува дека целта на разговорите е да се постигне договор што обезбедува помош за народот во Газа и става крај на хуманитарната катастрофа, што на крајот би довело до траен прекин на огнот и целосно повлекување на окупаторските сили Палестинската милитантна група Хамас синоќа објави дека е подготвена за индиректни преговори со Израел за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Хамас објави дека е ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ѝ нареди на армијата да го продолжи напредувањето во Појасот Газа без оглед на преговорите. Наредив војската да продолжи да напредува во Газа против сите цели, без оглед на какви било преговори, и да ги користи сите потребни средства за заштита на војниците и за елиминирање и уништување на убијците од Хамас, истакна Кац. Според него, или Хамас ќе ги ослободи заложниците или ќе биде уништен. Специјалниот ...