АНКАРА (АА) - Турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ ја задржа својата водечка позиција како највреден бренд во земјата во 2025 година, покажа неодамнешниот извештај на групата за проценка „Бренд фајнанс“, пишува Анадолу. Брендот „Туркиш ерлајнс“ достигна вредност од 2,2 милијарди долари оваа година, според годишниот извештај „Бренд фајнанс Турција 2025“. „Бренд фајнанс“ објавува годишни извештаи за вредноста на брендовите од 2007 година, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најпознатиот планинарски водич од Непал, Ками Рита, припадник на етничката група Шерпа, утринава повторно се искачи на Монт Еверест, достигнувајќи го врвот по рекорден 31. пат и со тоа го продолжи својот светски рекорд за најмногу успешни искачувања на највисокиот врв во светот, пренесува Анадолу. Според весникот „Катманду пост“, 55-годишниот планинар пристигнал на врвот висок 8.848 метри околу 4 часот по локално време, ...

ПРИШТИНА (АА) - Косовското Собрание не успеа да ги обезбеди потребните гласови од пратениците на деветтиот состав на законодавниот дом што треба да се конституира по изборите на 9 февруари годинава, јавува Анадолу. Пратениците по 22. пат не го поддржаа предлогот на најголемата партија, Движењето Самоопределување, за нејзиниот кандидат за претседател на косовското Собрание. Мнозинството парламентарни групи во косовското Собрание не го поддржаа ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Вториот Самит помеѓу Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) и Советот за заливска соработка (ГЦЦ) почна денес во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, јавува Анадолу. Малезискиот премиер Анвар Ибрахим во своето воведно обраќање изрази благодарност за присуството на сите лидери, нарекувајќи го тоа „силен сигнал за нивната заедничка решеност да ја зајакнат соработката меѓу АСЕАН и ГЦЦ и да истражуваат пошироки ...

АТИНА (АА) - Европскиот совет денес усвои програма за заем од 150 милијарди евра со цел зајакнување на одбранбениот сектор на блокот, јавува Анадолу. Станува збор за нова финансиска програма наречена Акција за безбедност за Европа (САФЕ), што ќе им помогне на земјите членки да инвестираат во одбранбено-индустриското производство преку заеднички јавни набавки, соопшти Советот на ЕУ. „Целта е да се зголеми капацитетот за производство, да се ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Министрите за прашања на Европската Унија (ЕУ) денес се состанаа во Брисел на сослушување за состојбата во демократијата и владеењето на правото во Унгарија, додека се зголемува притисокот да ѝ се ускрати правото на глас на Будимпешта во рамките на ЕУ, јавува Анадолу. „Длабоко сме загрижени“, изјави шведската министерка за ЕУ-прашања, Џесика Розенкранц, на отворањето на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, нагласувајќи ја ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја изрази својата загриженост за хуманитарната криза во Газа, нагласувајќи дека „геноцидот во Газа мора веднаш да престане, во спротивно хаосот што може да го зафати Израел ќе биде незапирлив“, јавува Анадолу. Фидан, во рамките на својата посета на Русија, во Москва оствари средба со својот руски колега Сергеј Лавров, по која двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција. ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулската фондација за семејство, во соработка со Министерството за семејство и социјални услуги на Турција, ќе го организира 3. Меѓународен симпозиум за семејство на тема „Да се биде семејство во 21 век“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај во Истанбул, јавува Анадолу. Основана во 2020 година со слоганот „Семејството е темелот на цивилизацијата“, фондацијата се етаблира како важна граѓанска организација која се залага за ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, беше примен денес од рускиот претседател Владимир Путин во руската престолнина Москва, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу. Средбата започна во 19:30 часот по локално време и траеше приближно еден час, додадоа изворите. Дополнителни информации за средбата сѐ уште не се достапни. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на ...

РАМАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) – Фоторепортер на Анадолу е повреден во напад на илегалните еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу. Исам ал-Римави е нападнат со стап по главата од доселениците додека известуваше за нападите на доселениците во селото Ал-Мугајир, источно од Рамала, во централниот дел на Западниот Брег, јави репортерот на Анадолу. „Во нападот фоторепортерот ја изгуби свеста“, додаде тој. Римави е префрлен во ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека турската метропола Истанбул би можела да биде домаќин на втората рунда директни преговори меѓу Москва и Киев за изнаоѓање на решение за тековната војна со Украина, јавува Анадолу. „Што се однесува до втората рунда преговори меѓу Русија и Украина, ако мене ме прашувате, повторно би се обратил до нашите турски пријатели. Истанбул е многу добар“, рече Лавров за ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 54.056 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 79 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 163 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелската офанзива достигна 123.129, која утре влегува во својот 600-ти ден. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на ...

БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес повторно упати силна критика кон обновената воена офанзива на Израел во Газа, повикувајќи ги властите во Тел Авив да го запрат страдањето на палестинските цивили и да дозволат поголема хуманитарна помош, јавува Анадолу. „Длабоко сме загрижени поради интензивирањето на воените дејства на израелската армија во Газа и ужаснати сме од страдањата на цивилното население таму“, изјави Мерц на ...

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, рече дека земјата е посветена на зачувувањето на трајниот мир и стабилноста во регионот, пренесува Анадолу. Муцунски учествуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, што се одржа во рамките на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, САД. Во обраќањето на сесијата ...

СКОПЈЕ (АА) - Црна Гора е блиску до решение за намалување на работното време на седум часа на ден, најави премиерот на земјата, Милојко Спајиќ, пренесува Анадолу. Во објава на социјалните мрежи, Спајиќ рече дека по обемно разгледување на модел што би ги задоволил синдикатите и работодавачите, „можеме да заклучиме дека сме блиску до решение во врска со воведувањето седумчасовен работен ден“. Тој рече дека почнувајќи од следната недела, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Вториот Самит помеѓу Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) и Советот за заливска соработка (ГЦЦ) почна денес во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, јавува Анадолу. Малезискиот премиер Анвар Ибрахим во своето воведно обраќање изрази благодарност за присуството на сите лидери, нарекувајќи го тоа „силен сигнал за нивната заедничка решеност да ја зајакнат соработката меѓу АСЕАН и ГЦЦ и да истражуваат пошироки ...

АНКАРА (АА) - Газа се соочува со сериозен недостиг на медицински материјали и сè уште се функционални само шест од 22 здравствени центри под нејзино управување, при што продолжуваат израелските напади врз енклавата, предупредува Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), јавува Анадолу. „Основните медицински материјали се критично намалени“, се наведува во соопштението на УНРВА. „Само шест од 22 здравствени центри на УНРВА ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најпознатиот планинарски водич од Непал, Ками Рита, припадник на етничката група Шерпа, утринава повторно се искачи на Монт Еверест, достигнувајќи го врвот по рекорден 31. пат и со тоа го продолжи својот светски рекорд за најмногу успешни искачувања на највисокиот врв во светот, пренесува Анадолу. Според весникот „Катманду пост“, 55-годишниот планинар пристигнал на врвот висок 8.848 метри околу 4 часот по локално време, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, беше примен денес од рускиот претседател Владимир Путин во руската престолнина Москва, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу. Средбата започна во 19:30 часот по локално време и траеше приближно еден час, додадоа изворите. Дополнителни информации за средбата сѐ уште не се достапни. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на ...

ЉУБЉАНА (АА) - Телевизија Словенија испрати писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во кое изрази „сѐ поголема загриженост во врска со натамошното учество на Израел на настаните на ЕБУ“, вклучително и Евровизија, и повика на отворена расправа на членките за транспарентноста на годинашното гласање и правилата за учество, пренесува Анадолу. Откако и белгиската и шпанската радиотелевизија побараа поголема транспарентност во врска со ...

САРАЕВО (АА) – Геноцидот во Газа е последна фаза од ционистичкото преземање на Палестина, порачаа учесниците на „Трибуналот за Газа“, независна иницијатива на граѓанското општество основана како „народен трибунал“, кој се одржува во Сараево, јавува Анадолу. На седницата во Сараево се собраа Управниот одбор на Трибуналот, специјализираните совети, Советодавниот политички совет и стручни сведоци на четиридневни јавни расправи. Учесниците ќе ги ...

СКОПЈЕ (АА) - Навивачите на фудбалскиот клуб Наполи почнаа да се собираат во центарот на градот за да го прослават триумфот на својот тим во италијанската Серија А, прва титула на клубот во лигата по две години, јавува Анадолу. Победничката парада со автобус со отворен покрив и шампионскиот трофеј се очекува подоцна денес попладне. Се очекува речиси еден милион навивачи да ги исполнат улиците за да го прослават второто Скудето на Наполи за три ...

СКОПЈЕ (АА) – Во повеќе сојузни држави и градови низ Соединетите Американски Држави (САД) се одржаа различни активности по повод Националниот ден на сеќавање, јавува Анадолу. По повод овој значаен ден во главниот град Вашингтон се одржа традиционалната „Парада по повод Националниот ден на сеќавање“, која секоја година се организира од Американскиот центар на ветерани. Во Сан Франциско, Калифорнија, на гробиштата Пресидио се одржа посебен настан ...

БЕРЛИН (АА) - Мнозинството Германци се против извозот на оружје во Израел, покажа новата анкета објавена денес, додека се зголемуваат меѓународните критики поради воената офанзива на Израел во Газа и ограничувањата за хуманитарна помош за Палестинците, јавува Анадолу. Анкетата на „Сивеј“ за весникот „Дер Тагесшпигел“ покажа дека 51% од испитаниците се против испорака на оружје во Израел, а отпорот е особено силен кај левичарските гласачи, каде ...

СКОПЈЕ (АА) - Пропалестински демонстранти се собраа пред зградата на „Њујорк тајмс“ во Њујорк, САД, на Денот на сеќавањето, 26 мај, во знак на протест и да ја подигнат свеста за обемот на израелските напади врз Газа, јавува Анадолу. Демонстрантите маршираа покрај познатите знаменитости на градот, Тајмс сквер, Брајант парк и Јавната библиотека во Њујорк, носејќи палестински знамиња и транспаренти. Тие извикуваа слогани и повикаа на прекин на ...

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Владата на Израел подготвува одлука за зголемување на бројот на резервисти за дополнителни 50.000, со што вкупниот број ќе достигне 450.000, во рамките на напорите за проширување на геноцидната војна во Појасот Газа, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу. „Владата денес ќе ја одобри оваа одлука во Давидов град, денешен Ерусалим, со која се зголемува горната граница за регрутирање резервисти во израелската ...

СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во Рим оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, на која е истакнато дека Италија е важен политички и економски партнер на земјата, пренесува Анадолу. Кабинетот на претседателката соопшти дека двајцата лидери разговарале за „македонскиот евроинтеграциски пат, при што беше констатирано дека Италија, како дел од неформалната група 'Пријатели на ...

ИСТАНБУЛ (AA) – Илјадници луѓе, кои одговорија на повикот на таткото преку социјалните мрежи, пуштија шарени балони кон небото во Санџактепе, во областа на Истанбул, за да ја споделат среќата на Али Асаф Демир, кој ја победи болеста на 3-годишна возраст, откако му е дијагностициран рак кога имал само 8 месеци, јавува Анадолу. На Али Асаф, син на Есра и Самет Демир од Санџактепе, му е дијагностицирана леукемија кога имал 8 месеци. По две години ...

ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) - Третиот меѓународен симпозиум за семејство, организиран во соработка помеѓу турското Министерство за семејство и социјални услуги и Фондацијата за семејство во Истанбул, ќе се одржи од 30 до 31 мај на Островот на Демократијата и Слободата, во Мраморното Море, јавува Анадолу. Со Анадолу како негов глобален комуникациски партнер, симпозиумот ќе биде домаќин на домашни и меѓународни учесници од академската фела, експерти и ...

СКОПЈЕ (АА) - Палестинско девојче преживеа израелски воздушен напад врз училиште утрово во градот Газа, каде што беа засолнети раселени цивили, излегувајќи живо од пламенот што ја уништи зградата, јавува Анадолу. Најмалку 49 Палестинци се убиени во два израелски воздушни напада врз училиште во кое се сместени раселени лица и дом во градот Газа и во Џабалија, Северна Газа. Очевидци ги опишаа сцените на хаос додека пламените јазици проголтуваа ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
94%
1017
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
4.08
60%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
0.24
95%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
1.79
57%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
59%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
56%
1013
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
81%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
78%
1012
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71