Шпанија се подготвува за бурата Алис денес, само неколку часа откако ужасните поплави предизвикаа хаос низ туристичките места во земјата. Донесена е црвена тревога, а властите ги предупредија жителите да избегнуваат возење бидејќи лошото време го зафаќа регионот. Сончевата Коста Бланка е погодена од мега бурата Алис, оставајќи ги туристите блокирани бидејќи неколку летови се пренасочени и откажани. Силните дождови почнаа да ја погодуваат ...

Немам сознанија кој би можел да стои зад обидот за атентат врз мене, немам нерасчистени сметки, а мојата сопруга да не се инволвира во случајот, рече во денешната изјава за медиуми д-р Зекирја Шахини од Слупчане, носител на Листата за советници на ДУИ во Општина Липково. „Изјавувам дека немам никаква информација и сознанија за мотивите на овој атентат. Немам нерасчистени сметки со никого, на никого не сум загрозил живот, приватност или нешто ...

Израелската влада денеска го ратификуваше договорот за прекин на огнот со палестинската милитантна група Хамас, отворајќи го патот за прекин на непријателствата во Газа во рок од 24 часа и ослободување на израелските заложници држени таму во рок од 72 часа потоа. Израелскиот кабинет го одобри договорот рано наутро во петокот, околу 24 часа откако медијаторите го објавија договорот, кој повикува на ослободување на израелските заложници во ...

Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките во Србија по стапувањето во сила на американските санкции против српската нафтена индустрија (НИС), изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето со сурова нафта и гориво за Србија, нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемени испораки од МОЛ“, рече Сијарто во објава на социјалните мрежи, пренесува Ројтерс. ...

Белата куќа ја критикуваше одлуката на Комитетот за Нобелова награда за мир да ја додели наградата на лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, наместо на американскиот претседател Доналд Трамп. Портпаролот на Белата куќа, Стивен Чеунг, изјави за X дека Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да ги прекинува војните и да спасува животи, истакнувајќи ја неговата хуманитарна посветеност и „волја што ги движи ...

На 20 октомври, во период од 10 до 15 часот, нема да има ниту полетување ниту слетување на Скопскиот и Охридскиот аеродром, контролорите на летање ќе го реализираат најавениот штрајк, потврдува за Алсат, Александар Тасевски од синдикатот на контролори на летање. Тој додава дека ќе работи само еден сектор на контролорите, кои ќе овозможи максимален број од 30 авиони само да го прелетуваат македонското небо, но не и да слетуваат, а во тој ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети партнерите на ЕУ од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда попладне ќе престојува во Скопје, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. Пињо информира дека за време на престојот во Скопје, Фон дер Лајен ќе има одвоени средби со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со ...

Нобеловата награда за мир за 2025 година ја доби венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо. Нобеловиот комитет соопшти дека таа е добитничка на наградата за мир поради нејзината неуморна работа во промовирањето на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведна и мирна транзиција од диктатура во демократија. Се додава дека Марија Корина Мачадо е еден од највпечатливите примери за храброст ...

Наместо мерка притвор, како што барало Основното јавно обвинителство Битола, битолскиот суд им одредил куќен притвор на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски и на уште еден осомничен, опфатени во новата истрага за злоупотреби во РЕК „Битола“, информираа вечерва од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Оттаму велат дека надлежниот обвинител не се согласува со ваквата одлука на Основниот суд Битола и затоа ќе ...

Жителите на северниот и западниот дел од градот Газа останаа затечени откако израелските сили се повлекоа од неколку населби, откривајќи невиден обем на уништување по неколкунеделното силно бомбардирање. За прв пат по неколку недели, луѓето влегоа во областите Шеик Радван, ал-Карама и бегалскиот камп Бич, каде што наидоа на цели станбени блокови срамнети со земја, стотици уништени домови и голем дел од инфраструктурата. Видеата што кружат на ...

И по половина година од трагедијата со пожарот во Кочани, сѐ повеќе луѓе бараат психијатриско-психолошка помош. Некои од оние кои се обраќаат до професионалците од оваа област биле повредени во пожарот кој во март се случи во кочанската дискотека „Пулс“, но некои биле индиректно засегнати. Ова денеска го посочи директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова која рече дека било очекувано луѓето да не бараат помош веднаш по ...

Уште еден обид за измама на повозрасна жена од кумановско за наводна сообраќајна несреќа во која има повреден член на семејството. Вчера во 15:50 часот во СВР Куманово, 57-годишен маж пријавил дека едно лице се обидело да ја измами неговата мајка од општина Старо Нагоричане. – Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство предизвикал сообраќајна незгода во Прешево и ќе биде потребна ...

Осум месеци по одржувањето на парламентарните избори денеска беше конституиран парламентот на Косово. Процесот беше проследен со десетици продолжувања на конституивната седница, неколку одлуки на Уставниот суд и повеќе од една кандидатура за функција на претседател како и потпредседатели. Откако деветмината пратеници на Српската листа не добија доволно поддршка од пратениците за да станат потпретседатели на парламентот од редовите на ...

Во ек на кампањата за локалните избори, Народниот правобранител апелира учесниците во изборниот процес да се воздржат од вклучување на деца во политичките активности. Во спротивно, би се повредило нивното достоинство и правото на заштита од политички влијанија гарантирано со Конвенцијата за правата на детето, Законот за заштита на децата, како и Изборниот законик со кој се предвидува учесниците во изборната кампања да постапуваат согласно ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија ќе обезбеди 29 милиони евра (34 милиони долари) итна хуманитарна помош за Газа, откако Израел го ратификуваше прекинот на огнот со палестинската милитантна група Хамас. „Обезбедуваме 29 милиони евра за хуманитарна помош. Заедно со Египет, ќе организираме конференција за реконструкција на Газа“, напиша Мерц на платформата X. Тој рече дека прекинот на огнот во Газа по повеќе од две ...

Откако вчера битолскиот суд им одреди куќен притвор на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, и на уште еден осомничен, кои се опфатени во новата истрага за злоупотреби во РЕК „Битола“, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинија опозицискиот Социјалдемократски сојуз дека на овој начин токму нивното судство ги охрабрува криминалците. „Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата ‘Марковски‘ за кои ние многу говоревме, ...

Под влијание на моќната комбинација на Марс и Плутон, два знака на Зодијакот влегуваат во енергетски вртлог што го менува текот на нивните животи – Овен и Скорпија. Овој датум носи судбоносни одлуки, внатрешна сила и храброст да се откаже од сè што повеќе не служи за нашиот раст. Овен – семејни одлуки и емоционални раскрсници Овенот ќе се соочи со важни прашања поврзани со домот и семејството. Сè што долго време го одложувале, сега излегува ...

Уапсени се двајца криумчари на автопатот Демир Капија – Неготино, на местото викано „Острово“ откако се фатени дека во автомобил превезуваат седуммина мигранти, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор ‘Михајлово‘ вчера ги лишија од слобода Б.М. (25) и В.Ч. (27), двајцата од Неготино откако претходниот ден по извршена полициска контрола во патничко возило марка ‘шкода‘ ...

Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените намерно се заразувале со паразити за да ослабат. Стандардите за убавина постојано се менуваат, но луѓето отсекогаш барале начин да се ослободат од вишокот килограми. Иако порано овој проблем не бил толку изразен и поради храната, и поради начинот на живот, факт е дека имало луѓе кои сакале да бидат послаби. Во период кога експертите го немале денешното знаење, ...

Велика Британија најави дека ќе мобилизира средства за борба против мрежите за нелегална имиграција и ризикот од руско мешање во Западен Балкан. Ова беше објавено во текот на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ вклучени во Берлинскиот процес. На дводневниот министерски состанок кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес учество земаа министрите за надворешни работи на Северна ...

Процесот за враќање на надворешното напојување со електрична енергија на нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина е започнат, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на 9 октомври. Процесот започна по „интензивни консултации“ со властите во Украина и Русија, изјави Гроси во соопштението. Нуклеарната централа е под руска контрола кратко време откако Русија ја започна својата ...

Моментумот за мирно решавање на украинската криза што произлезе од средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Анкориџ е жив и се надеваме дека ќе продолжи и во иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Со оглед на тоа што ги продолжуваме нашите напори да се движиме кон мирно решавање на кризата, можеме да кажеме дека моментумот е жив и се надеваме дека ќе продолжи и во иднина“, изјави ...

Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2025 година ќе биде објавен денес во 11 часот наутро во Норвешка, а во фокусот на вниманието на светските медиуми е желбата на американскиот претседател Доналд Трамп тој да ја освои оваа награда, објавува Ројтерс. Трамп наводно отворено зборувал за својата желба за наградата, која ја добиле четворица негови претходници – Барак Обама во 2009 година, Џими Картер во 2002 година, Вудро Вилсон во 1919 ...

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон во понеделник изјави дека Шведска ќе инвестира 3,5 милијарди шведски круни (317 милиони евра) во неколку системи против беспилотни летала. „Неодамнешните видувања на беспилотни летала и повредите на воздушниот простор се потсетник дека воздушните закани се сè поважен дел од модерното војување. Мора да се одбраниме од нив“, рече Јонсон на социјалната мрежа X, објави Ројтерс. Тој рече дека Шведска, ...

Се очекува новиот премиер на Франција да биде именуван во следните неколку часа, објави утрово француската телевизија BFM. Францускиот претседател Емануел Макрон ги покани шефовите на повеќето француски политички партии на состанок во Елисејската палата денес попладне, додека го бара својот шести премиер за помалку од две години, објави BFM, повикувајќи се на извори. Претставниците на крајната десница и крајната левица не беа поканети на ...

Американска судијка издаде привремена забрана со која се блокира распоредувањето на војници од Националната гарда во државата Илиноис, која го вклучува и градот Чикаго. Наредбата на окружната судијка Ејприл Пери ќе остане во сила две недели, а на 22 октомври ќе се одржи рочиште за да се утврди дали треба да биде продолжена. Според американската војска, околу 500 припадници на Националната гарда веќе се стационирани во регионот. Неколку ...

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавување на лицата кои сакаат да гласаат на изборите а кои издржуваат мерка куќен притвор. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската ...

71-та годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО започнува денес во Словенија, на која ќе учествуваат речиси 300 пратеници од целата Алијанса за да разговараат за актуелните безбедносни предизвици, објави СТА. Сесијата ќе трае до понеделник. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе се обрати на последната пленарна сесија во понеделник и ќе одржи одделни состаноци со високи словенечки претставници. Собранието служи како форум за ...

Земјотрес со јачина од 7,6 степени денеска го погоди јужниот филипински регион, предизвикувајќи луѓето да бегаат од зградите и поттикнувајќи ги властите да издадат предупредување за цунами. Како што пренесе ДПА, засега нема извештаи за жртви од земјотресот, кој се случи во 9:43 часот наутро крај брегот на покраината Давао Ориентал, околу 1.000 километри јужно од Манила, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ...

Денеска нè очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 22 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
64%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
69%
1020
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
49%
1016
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.92
63%
1014
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
67%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
66%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
62%
1012
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
60%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
82%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

64365.79

Кобалт

45.39

Рутениум

53788.20

Родиум

326330.08

Калај

50.34

Сребро

2399.81

Паладиум

46843.64

Бакар

12.11

Алуминиум

3.59

Злато

151336.48