
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Камион без возач на компанијата „Навио“ за прв пат помина 1.600 километри од Санкт Петербург до Казањ за 24 часа, изјави компанијата за РИА Новости. Возилото се движело по автопат, со инженер во кабината за надзор. Системот користи компјутерски вид за откривање пречки, препознавање возила во близина и одредување на бројот на ленти. Патувањето од Санкт Петербург до Казањ обично трае околу 58 часа бидејќи возачот мора да се придржува до режимот ...
Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, ќе се одржи во американската воздухопловна база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на информирани извори. „Организаторите заклучија дека единствениот град во огромната држава што може да биде соодветна локација за самитот е Енкориџ. И само воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон, која се наоѓа на северниот дел од градот ги исполни ...
Потрошувачките цени на кафето во Бразил се намалија за 1,01 процент во јули во однос на претходниот месец, што е прв пад за година и пол, соопшти во вторник Бразилскиот институт за географија и статистика (IBGE). Падот на малопродажните цени во најголемата земја во Јужна Америка е резултат на пониските цени што им се исплаќаат на земјоделците по бербата на овогодинешната реколта, која сега е во завршна фаза, објави Ројтерс. Во текот на ...
Две лица починаа во Франција од инфекција со бактеријата листерија, а 21 друго лице е заразено, соопштија здравствените власти, наведувајќи ги пастеризираните млечни сирења од фабриката Шавегранд во департманот Крез како можен извор на контаминација. Заразените пациенти се на возраст меѓу 34 и 95 години, а една од жртвите имала хронични заболувања, објави денес BFM TV. Епидемиолошките и микробиолошките тестови укажуваат на „можна врска“ помеѓу ...
Кантонот Женева денес ќе воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани за прв пат во Швајцарија поради екстремно високите нивоа на загадување со озон, објави кантоналниот Оддел за територијални работи (DT). Оваа мерка се воведува како одговор на забележаниот врв на концентрацијата на озон во воздухот, а со цел да се заштити здравјето на населението, објавува Швајцарската радиотелевизија. Дополнително, ќе се зајакне мерката за таканаречен ...
Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните. Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност, истакна денеска во својот говор на настанот за одбележување на 24 – годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор премиерот Христијан Мицкоски. „Ги повикувам сите, без разлика на вера, националност или политичка опредеба или неопределба, да ја избереме државата пред ...
Скопјанецот И.А. (55) е лишен од слобода поради сомнение дека ја загрозил безбедноста на полициски хеликоптер кој полнел вода за гаснење пожари, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Инцидентот се случил на 6 јули годинава, додека хеликоптерот бил вклучен во гаснење на пожарот во близина на Блаце. Според полициските информации, хеликоптерот „бел 412“ се подготвувал да наполни вода на местото каде што реката Лепенец се влева ...
„Денес, 24 години по потпишување на Охридскиот рамковен договор, не се потсетуваме само на еден документ кој стави крај на еден конфликт. Се потсетуваме на политичка институционална визија врз која се гради нашата модерна држава за сите“, рече првиот вицепремиер, Изет Меџити, во своето денешно излагање на свечена владина седница по повод одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. „Охридскиот договор е темелот врз ...
Педесет и едногодишен возач од Македонска Каменица е приведен откако вчеравечер околу 23 часот со автомобил „мерцедес“ со италијански регистарски таблички удрил во 13-годишно девојче и побегнал. Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Штип за укажување помош. Полицијата го пронашла осомничениот Г.А. и го привела околу 2 часот утринава на улицата „Каменичка“ во Македонска Каменица, при што ...
Припадници на Националната гарда, чие распоредување е активирано по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, пристигнаа во Вашингтон како дел од неговиот план за решавање, како што изјави, на проблемот со криминалот што е „целосно надвор од контрола“ во главниот град на САД. Портпаролот на американската армија, полковник Дејв Батлер, потврди дека војниците се распоредени за да обезбедат логистичка, транспортна и административна ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го предупреди Израел дека може да биде ставен на официјалната „црна листа“ на ОН на држави и вооружени групи за кои се верува дека извршиле систематско сексуално насилство за време на вооружен конфликт, според нацрт-верзијата на годишниот извештај што ја виде „Тајмс оф Израел“. Иако Израел не е наведен во формалниот анекс на најновиот извештај на ОН за сексуално насилство во конфликт, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес е во посета на Берлин, каде што ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц, а потоа ќе учествува на видеоконференција со европските лидери, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и американскиот претседател Доналд Трамп, објавија германската влада и кабинетот на украинскиот претседател. Претходно, Ројтерс објави дека американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс денес ...
Тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека цените на производите се зголемуваат поради зголемувањето на платите и пензиите не држат, велат од опозицијата. Според Фатмир Битиќи, зголемувањето на платите и пензиите немало никакво влијание врз потрошувачката кошничка бидејќи, како што вели тој, трошоците се зголемиле двојно повеќе. Според него, вредноста на синдикалната кошничка од 61.855 денари во март пораснала на 65.328 денари. „Тоа значи ...
Сончево и многу топло време со мала локална облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 39 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 19 степени наутро до 38 во ...
Пожарот во Општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде гори мешана шума, се уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради овој пожар, сообраќајот на патот Македонски Брод – Скопје и забранет за секаков вид возила, велат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според информациите од ЦУК, утринава активни се уште два пожара. Едниот е во Општина Сарај од селото Радуша кон селото Дворце каде ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавни огласи за поддршка на категоријата ранливи потрошувачи на енергија, како дел од Програмата за 2025 година. Достапни се две мерки и тоа субвенционирање на инвертер клима уреди и финансиска помош за потрошена електрична енергија. Огласот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 киловати и енергетска класа најмалку А+. Рокот, додаваат од ...
Над 60 вработени во компаниите „Флораком“ и „Луна“ денес го блокираа булевар „Илинден“ во Скопјe за да бараат исплата на заостанатите плати од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Претседателот на синдикатот, Стојанче Кашиковски, изјави дека барањата за средба со менаџерите на компанијата не дале резултати. Вработените кои го изразија својот револт со протест најавија дека неисплатата на платите ќе ги принуди повторно да протестираат и да ...
СДСМ бара појаснувања за назначувањето на новата в.д. директорка на Националната агенција за европски програми за образование и мобилност, Ана Михајлов. Според нив, изборот на Михајлов сега не е случаен кога таа беше во центарот на скандалот околу злоупотребата на средства поврзани со образовните програми, поточно два милиони евра во 2016 година. Од СДСМ ја обвинуваат владата дека врши притисок врз обвинителството да не постапува по овие ...
Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е ...
Во Тетово, по вооружениот инцидент каде загина 46-годишник, а беа повредени четири лица, се очекува четворица од двете семејства вмешани во случајот да завршат во притвор. Еден од осомничените веќе се појавил пред суд, двајца се во бегство, а еден е во болница, бидејќи беше меѓу повредените во инцидентот во неделата. Се работи за лицата со иницијали Л.М и З.М од селото Гарје, како и Р.Т и М.Т од друго семејство од Тетово. Полицијата изврши ...
Левата лента на автопатите е наменета за претекнување, но во пракса често во оваа лента возат бавни возачи кои одбиваат да се поместат десно, со што го забавуваат сообраќајот. Од 1 август во американската сојузна држава Луизијана стапи на сила нов закон кој ваквото однесување го казнува многу построго од порано, вклучувајќи и можност за затворска казна. Според правилата, возач кој се задржува во левата лента и истовремено вози под дозволеното ...
1.118 ученици од средните училишта се пријавиле во августовската сесија на државната матура, која во Скопје се одржува на Градежниот факултет. На испитот по македонски јазик излегле 352 кандидати, по албански јазик 225 и девет матуранти по турски јазик. Ова е првиот задолжителен екстерен испит – мајчин јазик и литература – за оние кои не ја положиле матурата во јуниската сесија. Некои од учениците, анкетирани од Алсат, рекоа дека испитот бил ...
Во Северна Македонија моментално има два активни пожари – еден во Македонски Брод и еден во селото Сфилларе, а според Дирекцијата за заштита и спасување, најтежок за ставање под контрола е пожарот во Македонски Брод, каде што се ангажирани четири хеликоптери. Во изминатите 24 часа два пожари се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати. Ситуацијата со пожарите е алармантна и во регионот и во дел од Јужна Европа. Во Албанија е ...
По распитот, полицијата ослободи тројца од вкупно четворицата уапсени, осомничени за убиството во Тетово, каде што загина 46-годишен маж, а четворица други беа повредени. Како осомничен за извршување на делото останал само 15-годишникот, кој моментално се испрашува во Судот во присуство на адвокат од Центарот за социјална работа и социјални работници. Еден ден претходно, полицијата извршила претреси на неколку локации во селото Гајре, Тетово, ...
ДУИ и ВЛЕН денеска повторно се судрија за кандидатите за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи и Изет Меџити Според ВЛЕН, граѓаните на Чаир добро знаат кој е Бујар Османи за којшто велат дека за дваесет години политика никогаш не направил ништо за Чаир, туку се враќал само кога му требаат гласови за да ја продолжи својата лична политичка кариера. „Бујар Османи е симбол на кариеризмот – човек кој ја користеше секоја функција за сопствен ...
Општина Струга ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година. Причина за тоа, како што наведуваат на официјалната фејсбук страница, е дека до крајот на годината им останувале за трошење само 985.304 денари за материјални трошоци, што не било доволни за финансирање или исполнување на нормални услови за одвивање на образовниот процес во 12 основни ...
Стоматолозите од денес ќе можат да аплицираат за лиценци во Министерството за здравство. Рокот за нивно добивање ќе биде ист, а можеби и побрз, најави министерот за здравство. Коментирајќи ја одлуката на министерството да ѝ ги одземе надлежностите на Комората на стоматолози за издавање лиценци, тој вели дека постапиле правилно, бидејќи во спротивно, во октомври би можело да има околу 50% стоматолозите без важечки лиценци. Методологијата за ...
Според наводите, таа разгледува неколку можни локации, а се вели и дека никогаш не сакала трајно да живее во Лос Анџелес, но немала избор поради договорот за старателство над децата којшто го има со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Инаку, таа, се чини, би се преселила следната година, кога нејзините најмлади деца – близнаците Нокс и Вивиен ќе наполнат 18 години. „Ќе биде многу среќна кога ќе може да го напушти Лос Анџелес“, додаде ...
Кумановската полиција приведе деветнаесетгодишник со кого затекнало малолетно 14 годишно девојче за кое имало пријава дека се оддалечило од нејзиниот дом. – Вчера во 15: 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(19) од Куманово. При преглед кај него било пронајдено огнено оружје и со него била затекната 14-годишна девојка за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираше СВР Куманово. ...
Неколку пожари се активни денеска на отворен простор низ државата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најсериозна е ситуацијата на територијата на Општина Македонски Брод, во ловиштето „Јасен“, каде пожарот со денови не може целосно да се стави под контрола. -Овој пожар е активен неколку дена. Иако повеќе пати беше ставен под целосна контрола, а на моменти и целосно изгаснат, поради исклучително ...