
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Високите температури го зголемиле бројот на пациенти кои бараат лекарска помош. Освен ризикот од дехидрација, лекарите истакнуваат дека во овој период организмот се ослабува и станува почувствителен на разни вируси. Лекарката Сафјане Белчишта објаснува дека, покрај жештината, и веселбите и големите собири на луѓе придонесуваат за ширење на болести. Според неа, речиси секоја недела се појавуваат нови вируси кои ги зафаќаат граѓаните. „Минатата ...
Студенти и граѓани вечерва повторно излегоа на улиците низ повеќе градови во Србија, во рамки на протестите под мотото „Вечерва пукате по шавови“. Акциите се одвиваат во Белград на три локации – кај Генералштабот, кај кружниот тек во Општина Нови Белград и на Автокоманда, како и во Нови Сад, Крагуевац, Горњи Милановац, Ваљево, Смедерево и повеќе од 20 други градови и општини. Во Белград, стотици студенти и граѓани блокираа сообраќај на ...
Ниту власта ниту опозицијата не откриваат колку чинеле прославите, академиите и манифестациите за одбележување на 24-годишнината од Рамковниот договор. Алсат упати прашање до Владата за тоа колку чинело организирањето на свечениот прием на 12 август, како и Гала вечерта на 13 август. Побаравме детални информации во врска со плаќањето на кетерингот, салите, тенорот, техниката и други евентуални трошоци. До овој момент, не добивме одговор. ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа анекс на Протоколот за електронска размена на податоци со кој се овозможува навремено ажурирање на информации, решавање на застарени долгови и спречување на злоупотреби, сè со цел да се обезбедат поефикасни, потранспарентни и достапни услуги за граѓаните. Како што соопштуваат од ФЗОРСМ, овој анекс е прв по потпишувањето на оригиналниот протокол во 2012 година. ...
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште е активен, а претпладнево избил и во близина на објектите на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во видеоизјава снимена во близина на пожарот, вели дека зад објектите се појавил црн густ чад и висок пламен, но оти теренот не дозволува да се пристапи бидејќи е стрмен и има густа шума. Тој додава дека со ...
Од утре стапува на сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која од 15 август до 15 септември ќе ги опфати трговците на мало и на големо кои продаваат училишен прибор. Станува збор за мерката позната како „Училишна кошница“ која ја спроведуваме втора година по ред и нејзина цел е заштита на животниот стандард, посебно на граѓаните кои имаат деца кои се ученици и студенти. Очекувам заштеда за семејствата од 800 до 2.000 ...
Руските регулатори презедоа мерки за ограничување на користењето на популарните апликации за пораки WhatsApp и Telegram, што е најновиот чекор на руските власти да ги префрлат Русите кон новолансираната „супер апликација“ управувана од владата. Овој потег на Роскомнадзор, агенцијата задолжена за следење и контрола на рускиот интернет, е дел од поголем, повеќегодишен напор на властите да контролираат како Русите пристапуваат до информации преку ...
Решаваме уште еден горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Тоа е пуштањето во употреба на клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија. И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото затоа што во реализацијата на овој проект претходната власт не ...
Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност, повика СДСМ во соопштение кое го пренесуваме интегрално: „Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција. Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се ...
Режимот на Христијан Мицкоски брзо (и политички) ја оддалечува Република Северна Македонија од Европската Унија – единствениот гарант за нејзиното постоење надвор од југословенскиот шаблон и цврстата стисок на Белград. Ова е ударната реченица на уредникот на редакцијата за надворешна политика на бугарската агенција БГНЕС, на иницијативата на поранешната пратеничка и лидерка на ДОМ Лилјана Поповска да го оспори вториот протокол од втората сесија ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека детално разговарал за можните безбедносни гаранции за Украина за време на „продуктивна средба“ со британскиот премиер Кир Стармер. „Исто така, детално разговаравме за безбедносните гаранции што можат да го направат мирот навистина траен, доколку САД успеат да извршат притисок врз Русија да ги запре убиствата и да се вклучи во искрена, суштинска дипломатија“, напиша тој на мрежата X, според ...
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари. Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. ...
Апликацијата за разменување пораки Вацап ја обвини Москва дека се обидува да им го блокира пристапот до нејзините услуги на милиони Руси, ускратувајќи им го пристапот до безбедна комуникација. Русија претходно соопшти дека започнала со ограничување на некои повици од Вацап и Телеграм, обвинувајќи ги странските платформи дека не споделуваат информации со властите во случаи на измами и тероризам. Услугите за текстуални и гласовни пораки во ...
Маркетите деновиве на рафтовите треба да ги постават означувачите за македонските производи кои на граѓаните ќе им овозможат веднаш да ги разграничат од увозните и многу полесно да го направат својот избор доколку сакаат да купат наши, домашни јаболка, домати, компири, моркови, краставици и други продукти. Како што информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во тек е и регистрацијата на ...
Биткоинот утринава порасна за над 1%, на рекордни 123.500 долари, поттикнат од институционалната побарувачка и облозите за полабава монетарна политика. Криптовалутата порасна за 31% од почетокот на годината и е за 60% поголема од најниските нивоа на пазарот во април. Приливите во берзанските фондови, заедно со купувањата од јавни компании кои го копираат планот на софтверската фирма, со додавање на биткоин во нивните биланси на состојба, беа ...
Кремљ денеска го потврди распоредот за очекуваната средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на Алјаска, со разговори што треба да започнат во петок околу 11:30 часот по локално време (21:30 по средноевропско време). Војната на Русија против Украина ќе биде главна тема на агендата, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков. По консултациите, Трамп и Путин ќе одржат заедничка ...
Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи – Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите и како се спечалени? Како Заев стигна до јахта од 850.000 евра? Како е платена и со кои пари, тоа се прашања на кои и СДС и Филипче мора да дадат одговор, посочи на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, што ја пшренесуваме интегрално. „Филипче не може да бега од одговори, тој е должен да одговори од повеќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преку Mинистерството за енергетика, минерални суровини и рударство распишан е јавен повик на кој може да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање за сметките на електрична енергија, и оти за тоа се предвидени 40 милиони денари. Премиерот додаде дека според Евростат и според сите останати параметри, ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вложува големи напори за прекин на борбите во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот пред самитот во Алјаска. „Како што сите знаат, (администрацијата на Трамп) вложува, според мене, доста енергични и искрени напори за прекин на борбите, за прекин на кризата и за постигнување договори што се во интерес на сите страни вклучени во овој конфликт. Со цел да се ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител. Институциите вели тој, постојано поднесуваат пријави за сторен криминал, но, нагласува Обвинителството не презема ништо. -Институциите преземаат мерки, доставуваат пријави, но треба Обвинителството да преземе. Тоа е суштината. Не можете вие со ова Обвинителство, со овој обвинител да очекувате ...
Поминаа 24 години од потпишувањето на Охридскиот договор, најважниот документ за рамноправност на Албанците во Северна Македонија, но сенката од неговата нецелосна имплементација продолжува да ги оптоварува државните институции. Сите го знаеме главниот виновник: ДУИ, партијата „нонграта“ која беше на власт 22 години по ред и која, наместо да го претвори Договорот во реалност, го користеше како изборен банер и банкомат за лично богатење, порачува ...
Првите случаи на инфекција со вирусот чикунгуња се појавија во Обединетото Кралство, објави Британската агенција за здравствена безбедност. Вирусот се шири преку каснувања од комарци во тропските и суптропските региони, а повеќето од 73-те пријавени случаи во Лондон се лица кои претходно патувале во Шри Ланка, Индија и Маврициус, пишува „Скај Њуз“. Во истиот период од јануари до јуни минатата година, беа пријавени само 27 случаи. Чикунгуња ...
Пожарникарите се борат со повеќе пожари низ Грција. Дел од нив се закана за повеќе села и градови во близина на градот Патра на полуостровот Пелопонез, како и на островите Хиос и Закинтос. Во пожарите веќе изгореа куќи, фарми, фабрики и други објекти, а досега се евакуирани илјадници жители и туристи. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека десетици луѓе се хоспитализирани поради вдишување чад. Портпаролот на противпожарната бригада, Василис ...
Во предградие на Стокхолм се создава градот на иднината, но не од челик и бетон, туку од дрво. Шведската компанија „Атриум љунгберг“ вложува 1,25 милијарди долари за изградба на најголемиот проект за дрвена градба во светот. Шведска ја гради новата еколошка населба наречена „Сикла“, користејќи го дрвото како главен градежен материјал. Дрвените згради придонесуваат за намалување на емисиите на стакленички гасови во градежниот сектор. Новата ...
Во вторник и среда (19 и 20 август) е првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за академската 2025/2026 година Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти. Како и во минатите години, најмногу слободни ...
Јулскиот топлотен бран во Норвешка, Шведска и Финска беше историски и засилен од климатската криза, покажувајќи дека дури и северните земји не се имуни на климатските промени, велат научниците. Финска имаше рекордни 22 дена со температури над 30 степени Целзиусови, а Шведска имаше 10 последователни „тропски ноќи“ со ноќни температури над 20 степени, објавува „Гардијан“. Научниците велат дека глобалното затоплување, поради согорувањето на ...
Нa азиските берзи, најважните индекси стагнираат и повеќето од нив се на рекордни нивоа или блиску до нив, благодарение на очекувањата за олабавување на монетарната политика на САД во септември, додека курсот на доларот продолжи да се намалува. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските акции, беше во мал плус само околу 6 часа, но во дофат на највисокото ниво од септември 2021 година, со што го следи растот на ...
Претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, закажана за утре во Анкориџ, Алјаска, ќе трае неколку часа, изјави гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи. „Мислам дека средбата ќе трае неколку часа, а не денови и ќе послужи како основа за идните разговори за завршување на војната“, изјави Данливи за локалниот медиум „Аласка њуз сорс“. Гувернерот додаде дека планира да разговара со Трамп за ...
Министерството за финансии на САД привремено укина дел од санкциите против Русија, отворајќи го патот за планираната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин утре во Алјаска. Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии соопшти дека ослободувањето опфаќа трансакции кои се „вообичаено случајни и неопходни за присуство или поддршка на состаноци во државата Алјаска помеѓу Владата ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 28 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со ...