Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во текот на последните 13 часа, жителите на Струга останаа без вода за пиење. Доколку порано причината беше дефект во мрежата, сега проблемот е во испразнетите извори во Шум и Горна Белица, од кои градот се снабдува со вода. „Водата во Струга стана секојдневна тема за разговор. Ја имаме оваа ситуација со години, но никој не ја решава, исто како и многу други проблеми во градот. Полниме шишиња за да го поминеме денот“, изјави Дејан Јанкоски – ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, кој го оцени како капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на земјата. Проектот, чија вкупна вредност изнесува околу шест милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку програмата „Хоризон јуроп“ (Horizon Europe) и иницијативата „ЕуроХПЦ“ ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија, во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680 и дека истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен меѓу ФЗО и ...
Градежните работи за брзата пруга на Коридорт 10 се очекува да почнат следната година, а да биде готова и пуштена во употреба за пет-шест години заедно со реконструираната Железничка станица во Скопје и железничкиот крак од оваа станица до Меѓународниот аеродром Скопје. Паралелно со тоа МЖ Транспорт ќе треба да направи набавка на нови возови и локомотиви. – Како временска рамка целта е кога ќе се пушта целосно реконструираната Железничката ...
Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција, со кристално јасна заложба за потребата од проширување на ЕУ. Тоа не го прави само во рамки на Вишеградската група, туку и со активното учество во групата „Пријатели на Западен Балкан“ и со денешната средба, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзниот словачки колега Петер Пелегрини. ...
Новата француска Влада денеска треба да го одржи својот прв состанок на Кабинетот, со главна задача да го подготви буџетот за финансиски погодената земја. Времето е клучно, бидејќи доколку не се испочитуваат роковите, Франција би можела да се најде без одобрен буџет на крајот на годината, што би ја ставило под дополнителен економски притисок. Се очекува премиерот Себастијан Лекорну, кој во петокот беше вратен на функцијата од претседателот ...
Шефот на мировните мисии на ОН во вторникот предупреди дека „неопходната“ улога што ја играат мировниците се соочува со предизвици поради намалување на буџетот, бидејќи недостатоците во финансирањето се претвораат во намалување на бројот на војници. „Немаме друг избор освен да ги спроведеме овие намалувања, кои се должат на делумното неплаќање од страна на некои држави“, им рече заменик-генералниот секретар за мировни операции, Жан-Пјер ...
Во текот на следните пет години, компанијата Гугл (Google) ќе инвестира 15 милијарди долари во воспоставување капацитети за центри за податоци како дел од центрите за вештачка интелигенција во индиската држава Андра Прадеш. Ова, пишува Ројтерс, е една од најголемите инвестиции на Гугл во Индија. „Тоа е најголемиот центар за вештачка интелигенција во кој ќе инвестираме надвор од САД“, изјави извршниот директор на Google Cloud, Томас Куријан, ...
Железничката станица во главниот град на државата, еден од симболите на модернистичко Скопје, градена според проект на славниот јапонски архитект Кензо Танге, повеќе нема да биде како големо рекламно пано и турбо-фолк хаб. Ова денес на прес конференција го изјави Синиша Ивановски, директор на Македонски железници Инфраструктура, најавувајќи го проектот за целосна реконструкција на железничката станица, која, како што посочи, ќе го задржи ...
Муабетот за враќање на Карим Бензема во европскиот фудбал почнува да станува се погласен. Францускиот напаѓач има договор со Ал Итихад до следното лето, а доколку не дојде до продолжување на соработката, од јануари ќе може да преговара со други клубови и да биде „заробен“ со преддоговорот. Како што пишува турски Фотомак, Фенербахче сериозно размислува за Карим Бензема. Истанбулскиот великан не ја отвори сезоната како што замислуваше, а ...
Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Словачкиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести на церемонија во нејзиниот кабинет, по што ќе биде одржана тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо ...
Со „Еразмус штафета – кутија во движење“, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја започна агендата за одбележување на Еразмус денови 2025. Учениците и наставниците од основното училиште „Ацо Шопов“ во Бутел се првите што симболично во кутијата ќе ги остават своите пораки и препораки за да стимулираат нови корисници на програмата. Откако кутијата ќе ги заобиколи училиштата во државата, сите писма ќе бидат јавно ...
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес ѝ наложи на Русија да ѝ плати на Грузија повеќе од 253 милиони евра за спречување на слободното движење на луѓето во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, кои Москва ги призна како независни по војната против Тбилиси во 2008 година. Судот во Стразбур утврди дека Русија извршила низа кршења на правата, вклучувајќи прекумерна употреба на сила, нечовечки третман, незаконско притворање и ...
Чешкиот милијардер Андреј Бабиш, чија партија АНО оствари убедлива победа на неодамнешните парламентарни избори, денес изјави дека се фокусира на изготвување заедничка програма со двајца потенцијални сојузници, со кои веќе започна разговори за програмата на идната влада, додека кандидатите за министри ќе бидат разгледани подоцна. Бабиш изјави дека има намера да формира кабинет од 16 члена со крајно десничарската партија Слобода и директна ...
Генералниот штрајк во Белгија поради планот за штедење на владата доведе до откажување на летови, прекин на јавниот превоз и пристаништата во Северното Море денес, а се очекува десетици илјади демонстранти да се обединат на протести во Брисел. Аеродромот во Брисел, најголемиот во земјата, ги откажа сите полетувања откако безбедносните служби стапија во штрајк, објавува „Гардијан“. Аеродромот Шарлроа, голем центар за нискобуџетни ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека договорот за прекин на огнот во Газа е прекин на огнот, но не е решение за палестинското прашање. „Би било погрешно да се гледа на договорот како на документ што го решава палестинското прашање. Овој договор е во суштина прекин на огнот. Единственото трајно решение за палестинското прашање може да биде воспоставување независна, суверена и територијално обединета палестинска држава на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ДИУ ќе бидат непријатно изненадени од резултатите на претстојните локални избори и оти по нив ќе се занимаваат со внатрепартиски, наместо со друг тип избори. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за можност за одржување предвремени парламентарни избори и дали чека да завршат локалните, па потоа да одлучи, истакна дека неговиот став е јасен и прецизен. – Мислам дека сум бил многу јасен и ...
Постојат ветувачки знаци од земји, вклучувајќи ги САД, како и арапските и европските држави, за подготвеност да придонесат кон трошоците за реконструкција на Газа од 70 милијарди долари, изјави денес претставникот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Жако Килиерс. „Веќе имаме многу добри индикации“, изјави тој на прес-конференција во Женева, без да даде детали, објави Ројтерс. Тој исто така рече дека двегодишната војна меѓу ...
Американските федерални регулатори започнаа уште една истрага за автомобилите со самостојно возење на Тесла по десетици инциденти во кои автомобилите поминале на црвено светло или возеле на погрешна страна, што понекогаш довело до судири и повреди. Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) објави дека истражува 58 инциденти во кои автомобилите на Тесла наводно ги прекршиле сообраќајните закони ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави дека имаат 12 работни групи, кои работат на менување или синхронизација на тие закони, со цел да нема колизија меѓу нив. -Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може да биде и тој член, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е планирано воведување такви ...
Минатата година трајно беа уништени светски шуми со големина од приближно половина Англија, покажува извештајот, при што загубата се зголеми за 1,7 милиони хектари од 2022 година на вкупно 8,3 милиони хектари, јави ДПА. Оценката на Декларацијата за шуми, објавена вчера од истражувачки и невладини организации, наведува дека во 2022 година биле изгубени 6,6 милиони хектари шума. И покрај заложбите на повеќе од 140 земји на климатската ...
Товарниот брод „Ејлин“, кој пловеше од Турција кон Украина, вчера потона во Црното Море во близина на Варна, Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од Поморската управа. Сепак, спасен е екипажот на бродот составен од 10 морнари. Товарниот брод „Ејлин“, кој пловел под знамето на Камерун, испратил сигнал за помош вчера по 13 часот и пријавил пробив на вода од едната страна од бродот. Поради тоа, екипажот го ...
По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со еминентни докторски имиња. И покрај ...
Антонио Рудигер ја игра последната сезона во тимот на Реал, тврдат денеска водечките шпански спортски медиуми. Неговиот договор истекува во јуни, а од клубот немаат намера да го продолжат и тоа од повеќе причини. Рудигер на крајот од сезонава ќе има 33 години, но и долг период проследен со повреди и недолично однесување, како она во финалето од Копа дел Реј кога тргна да го тепа главниот судија. Искусниот дефанзивец дојде во Реал во 2022 ...
Македонскиот вицепрвак Вардар 1961 во 18:45 го започнува својот настап во новата сезона од ЕХФ Лига Европа, со натпревар на домашен терен против хрватскиот претставник Сесвете. Видеолотарија Касинос Австрија, како горд спонзор на црвено-црните, е со Вардар и во оваа голема битка. Вардар се наоѓа во групата Ф заедно со Тулуз (Франција) и Кристианштад (Шведска), но „црвено-црните“ одат храбро, со јасна цел: нови европски победи! Капитенот ...
ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со ...
Руските сили продолжуваат со нападите на украинската енергетска инфраструктура, поради кои десетици илјади корисници се оставени без електрична енергија. Во последниот напад, цел на руските сили бил регионот Харков, кои бил гаѓан со наведувани ракети, а оштетувањата на клучната инфраструктура предизвикале прекин на снабдувањето со електрична енергија на 30 000 корисници во три области, соопштија локалните власти. Управителот на градот ...
Четири лица се уапсени во врска со пукањето за време на викендот во Лиланд, Мисисипи, во кое загинаа шест лица, а повеќе од 10 беа повредени, соопшти денес ФБИ. Според ФБИ, Тевион Л. Пауел (29), Вилијам Брајант (29) и Морган Латимор (25) се обвинети за убиство со намалена казна, додека Латоја А. Пауел (44) е обвинета за обид за убиство, објави CBS News. Пукањето се случило во сабота наутро во центарот на Лиланд, додека жителите се собрале да ...
Министерството за транспорт на Кина издаде детален документ во кој се пропишуваат посебни пристанишни такси за бродови во сопственост или управувани од американски компании, организации и поединци, како одговор на неодамнешните рестриктивни мерки од страна на Соединетите Американски Држави против кинескиот бродски сектор. Документот, кој содржи 10 члена, го наведува обемот и стандардите на таксата, субјектите одговорни за таксата, видовите ...
Италија сега е поблиску до признавање на државата Палестина по постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони, пренесе Анадолија. „Очигледно, ако планот се спроведе, признавањето на Палестина од страна на Италија сигурно ќе биде поблиску“, изјави Мелони за новинарите на маргините на Мировниот самит во Шарм ел Шеик во Египет, објави АНСА. Таа нагласи дека Италија сака да го ...