Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движи во интервал од еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од ...

Меѓународните набљудувачи денеска на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија. Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент. Мисијата вклучува вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти ...

Според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,04% од гласовите. Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 17,05% и Скендер Реџепи од НАИ со 15,56%. Следуваат Амар Мециновиќ од Левица со 10,47% и Каја Шукова од СДСМ со 9,42%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина ...

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат на коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски, објави дека влегува во вториот круг од локалните избори, каде што ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски. „Јасно е изразена волјата на граѓаните. Гласовите на опозицијата се дупло повеќе во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили“, изјави Јакимовски на вечерашната ...

Сè поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, влегува во втор круг – изјави членот на Централниот комитет на Левица, Круме Богевски, на денешната прес-конференција. Богевски изјави дека во Левица постои исклучително задоволство од изборните резултати, кои постојано се ажурираат. Рече дека според информациите, Левица е втора партија во урбаните средини како Кисела Вода, Аеродром и Карпош, веднаш по ...

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори. Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации. – Денес е ден кога ...

Не ни е важно со кој ќе се натпреваруваме во вториот круг, ЗНАМ ќе победи. Ова вечерва го соопшти кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски од ЗНАМ. „Им благодарам на партнерите од ВМРО-ДПМНЕ за поддршката, ние сме најбројни, а ВМРО-ДПМНЕ втори во Советот и тоа значи дека општината ќе функционира непречено“, рече Димитриевски. На славеничката атмосфера на плоштадот во Куманово, по прес-конференцијата на Димитриевски се ...

Од досега обработени 75,37 отсто од гласовите и податоци од 2 755 Избирачки места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 54 општини, СДСМ и Коалицијата во 8, Коалицијата ВЛЕН во 8 Националната алијанса за интеграција во 5. Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски води во Куманово, Курто Дудуш од Унијата на Роми во Шуто Оризари, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците во Центар ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва на прес-конференција објави победа во три општини во првиот круг од локалните избори – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Кандидатите на СДСМ, како што рече, водат и во девет други општини каде што ќе се оди во втор круг на 2 ноември. „Од пребројаните близу 70 отсто од гласовите водиме во девет општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и ...

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица. -Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО – ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат од ВЛЕН, Изет Меџити, и најави дека за следните политички чекори ќе ја информира јавноста наредните денови. „Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. За следните политички чекори, во следните ...

Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите, рече претседателот на привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами. „Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е ...

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,24 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Башким Бакиу од ВЛЕН со 13,12 и Амар Мециновиќ од Левица со 12,09%, потоа Скендер Реџепи од НАИ со 11,84 и Каја Шукова од СДСМ со 10,78%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина Аеродром, ...

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега обработени 30,68 отсто од гласовите и податоци од 1 278 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВЛЕН и СДСМ во 8 општини, Националната алијанса за интеграција во 7 и Демократската партија на Турците во една општина. ...

Разликата е некаде 3:1, а веќе победивме во: Кисела вода, Радовиш, Берово Ѓорче Петров, Гази баба, Пехчево Делчево Гевгелија Сопиште, Штип Велес, Јагуновце, Вевчани и многу други општини…Орце води убедливо, убедливо за Скопје. Бројките ги собираме и да бидеме прецизни, рече Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ. Разликата е толку убедлива и огромна што нема причина за алиби за СДСМ..за ДУИ – Али има време да си го анализира својот ...

Членови и симпатизери на коалицијата ВЛЕН веќе слават победа во Општина Чаир. Преполно е во седиштето на ВЛЕН што се наоѓа веднаш до плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија. Насобрани има и на самиот плоштад „Скендербег“. По улиците се слушаат свирежи од возила. Погледнете ги видеата од седиштето на ВЛЕН и од атмосферата на плоштадот „Скендербег“. Прес-конференција одржа и Изет Меџити, кандидатот за градоначалник за ...

Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело кое изнесува 7551 лице, потврди за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Во оваа општина во трка за градоначалник беа тројца кандидати, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за четврт мандат, Алил Емрула од Движење за национално единство на Турците и Инает Баки од Партијата за ...

Крадците што утрово го ограбија музејот Лувр во Париз украдоа осум непроценливи предмети, а деветтиот што се обидоа да го украдат беше пронајден на местото на настанот, изјави париската обвинителка Лорејн Беко. Беко за телевизијата BFM изјави дека крадците не го нишанеле ниту го украле светски познатиот дијамант Regent, кој се наоѓа во истата галерија во која провалиле и се проценува дека вреди повеќе од 60 милиони долари. Таа рече дека ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција зборуваше за апсењата што се случија денес. „Гордо велам дека денешните избори беа најмирни и најдемократски досега. Денес бевме сведоци дека кога институциите функционираат, демократијата расте. Пријавени се 91 случај низ цела Македонија, од кои повеќето се поврзани со купување гласови, фотографирање гласови и слично. 11 лица се уапсени, четворица се ослободени, додека ...

Француската министерка за култура, Рашида Дати, изјави дека еден од парчињата накит украден од Лувр утрово е пронајден, а француските медиуми објавија дека станува збор за круната на царицата Евгенија. Предметот е пронајден во близина на местото на грабежот, очигледно откако паднал во рацете на крадците, а Дати рече дека неговата вредност моментално се проценува. Според француските медиуми, од Лувр се украдени помалку од десет вредни ...

ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг од изборите ќе победат и ќе добијат градоначалници во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Василево, Радовиш, Штип, во Струмица, Босилово, Ново Село и Вевчани и Прилеп, најави вечерва членот на Извршниот комитет на партијата Антонио Милошоски повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата. Милошоски истакна дека првпат по 20 години ВМРО-ДПМНЕ ќе добие ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по остварувањето на своето гласачко право на локалните избори рече дека верува оти тоа ќе го сторат и другите граѓани. Очекува триесетгодишното изборно искуство да се повтори, а тоа се пристојни, фер и демократски избори. „Очекувам демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите“, рече таа. Посакува ...

Арбр Адеми од Коалицијата Националната алијанса за интеграција (НАИ) попладнево на прес конференција истакна голема благодарност до граѓаните кои учествувале на гласањето. „Овие избори за нас беа повеќе од локални избори, досега е завршен еден многу важен дел од демократскиот процес, но сега започнува другата подеднакво важна фаза на броење, администрирање и зачувување на интегритетот на гласот“, вели Адеми. Тој упати повик до изборната ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Тимчо Муцунски изборниот ден го оцени како мирен и демократски, изразувајќи очекување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат победници во најголемиот број од општините. „На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел во општините од државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. За тоа ...

Во 19 часот се затвораат избирачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори што се одржаа денеска се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија најдоцна за 12 часа по завршувањето на изборите треба да ги објави првичните резултати од гласањето. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од ...

На прес конференцијата по затворањето на гласачките места, ВЛЕН го оцени дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера и им се заблагодари на граѓаните за покажаната демократска и граѓанска свест. „Процесот на гласање на Локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини на земјата. Според информациите од теренот процесот беше реализиран без поголеми неправилности. ВЛЕН им се заблагодарува на сите граѓани кои денеска ...

Новинарката Фатлуме Дервиши известува од ДИК дека се очекува сите гласачки места да се затворат на време и дека нема да има продолжување на гласањето на ниту едно гласачко место, бидејќи во текот на денот не се пријавени прекини на гласањето. Останува да се види дали сите општини го исполниле прагот утврден со Изборниот законик, или можеби во некои од нив, особено во западниот дел од земјата, каде што излезноста беше многу мала, целиот ...

Новинарката на Алсат, Мелихате Рустеми, извести дека во Сарај бил мирен ден и дека гласањето таму поминало без никакви инциденти. „Ставаме крај на еден прилично долг ден. Во општина Сарај сè беше во ред, беше многу мирен процес. Пред неколку моменти, последните гласачи го остварија своето право на глас, во 19 часот беа затворени гласачките места во училиштето Дитурија. Во текот на денот и до крајот, беа забележани и полициски сили… И во ...

Новинарот на Алсат, Зекирија Хаџиу, известува за процесот на гласање во Чаир, кој веќе е затворен. „Интересот на граѓаните наутро беше мал, додека попладне беше забележан поголем прилив на граѓани. Исто така, имаше промена на кутиите откако беа наполнети со гласачки ливчиња. Во Чаир беа приведени две лица за кои се вели дека лажно се претставиле како набљудувачи на изборниот процес. Друго лице беше приведено пред 20 минути и во моментов е ...

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
66%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
2.06
67%
1019
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
80%
1014
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.06
68%
1013
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.7
79%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
74%
1013
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
57%
1017
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
75%
1010
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
4.92
59%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1013
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Родиум

326330.08

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Паладиум

46843.64

Сребро

2399.81

Злато

151336.48

Бакар

12.11

Алуминиум

3.59

Калај

50.34

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

64365.79