
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Премиерот мицкоски најави акција за проверка на потребната документација за сите објекти и клубови нагласувајќи дека контролата ќе биде ригорозна и нема да биде поштеден ниту еден ако се утврдат и најмали пропусти. Од утре почнува голема акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба и за работа на овие објекти. Милиметар да недостасува ќе бидат затворени и тука нема да има милост ...
„Скршен сум и мојот дух е срозен“, со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски го започна своето обраќање по трагедијата во Кочани во која според досегашните информации животот го загувија 59 лица, претежно деца. Во обраќањето Мицкоски нагласи дека одговорност за случајот ќе има и најави решителни чекори. „Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната. Но промените почнуваат од нас самите“, рече премиерот ...
Премиерот Мицкоски изрази длабоко сочувство за загинатите и посака закрепнување на повредените. Тој рече дека ова е тежок ден за Македонија. Загубата е огромна, болката на семејствата не може да се опише. „Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова пред малку испрати пораки на сочувство за трагедијата во Кочани. „Знам и чувствувам дека не сме сами. Сите се огласија, не само соседите, туку и подалечни држави. Најтешко болните се во Софија, во Истанбул, во Грција, во Србија за да добијат врвна медицинска помош. Вечно ќе бидеме благодарни за оваа помош“, рече Силјановска-Давкова и потенцираше дека не смее ниту еден одговорен да ги избегне правото и ...
Од Македонскиот народен театар изразуваат сочувство до семејството на загинатиот музичар Андреј Ѓорѓиевски од бендот ДНК. – Со големо жалење ја примивме веста за смртта на музичарот Андреј Ѓорѓиески, брат на нашиот колега актерот Александар Ѓорѓиески, дел од активниот ансамбл на МНТ. Загубивме голем музичар, хуманитарец и пријател. Изразуваме огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар и неговото семејство, пријатели и колеги, се ...
Европската Унија е подготвена да помогнеме на Северна Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. „Подготвени сме да помогнеме преку нашиот Механизам за цивилна заштита, доколку тоа биде побарано“, посочи портпаролот, при тоа изразувајќи жалење за трагедијата. Во врска со пожарот се огласи и еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент Хаџа Лабиб ...
Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, а продадени биле околу 250 карти, а досега утврдени се три починати и повеќе од 20 повредени малолетни лица. Според последните информации бројот на починати лица е 59, а 155 се повредени. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференција, информираше дека идентификувани се најголем број од жртвите и дека имињата на починатите ...
МВР и Обвинителството во акција – се обезбедува документација за опожарената дискотека, како и лицата поврзани со неа. Меѓу загинатите во дискотеката е и полицаец. Државниот обвинител Коцевски им вети на семејствата на починатите дека истрагата ќе биде целосна и брза. Бројот на загинати лица во пожарот во дискотеката во Кочани се искачи на најмалку 59 лица, а бројот на повредени кои се хоспитализирани низ болниците низ Северна Македонија е 155. ...
Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано утрово се случи во дискотека во Кочани, изрази длабко сочувство до семејствата на загинатите, а на ...
Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави, информираат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените. Според информациите, пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од хируршката клиника ,,Свети Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца ...
Министерството за социјална политика, во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, ставија на располагање стручни тимови за кризна интервенција, помош и психолошка поддршка на семејствата на загинатите и повредените. „Овие тимови, составени од психолози, социјални работници и други стручни лица, се подготвени да дадат итна и долгорочна поддршка на сите кои се справуваат со болката и последиците од овој тежок ...
Директорката на болницата во Кочани д-р Кристина Серафимова на прес-конференција изјави дека загинатите во пожарот во дискотеката синоќа во Кочани се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани и блиските општини. Жртвите биле на возраст меѓу 14 и 25 години. Таа кажа дека кај нив во моментов се задржани полесно повредените кои се на возраст од 18 до 23 години. -Пациентите беа тука прегледувани, направена е тријажа. До Клиничката болница во Штип се ...
– Срцето ми е скршено од загубата на толку млади луѓе во страотниот пожар во Кочани. Моите мисли се со сите семејства на жртвите од оваа трагедија, наведе претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во објава на Икс. Тој додаде дека „ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во овој момент на тага“. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола порача дека нејзините мисли „утрово се со народот на Северна Македонија и со ...
Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани. Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”. Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти ...
Министерството за образование и наука информира дека семејствата на повредените од несреќата во Кочани кои во моментов се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите за сместување и исхрана на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ исто така во Гази Баба, студентскиот дом ...
Македонскиот фудбал остана без едно име во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани. Андреј Лазаров, членот на Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница. Откако јавноста објави дека се бара Андреј Лазаров, се огласи Шкупи од каде посочија дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров не издржа, заради изгореници и вдишување на чад почина на 25-годишна возраст. Младиот кочанчанец оваа ...
Хоспитализирани се 152 пациенти, од кои 18 се во критичична состојба.Министерството за здравство објави телефонски броеви на кои семејствата може да добијат информации за состојбата на хоспитализираните лица по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 51 лице, а 152 се хоспитализирани различни здравствени установи низ државата. Од нив 18 се во критична состојба. Ова се телефонските броеви: Градска општа болница (ГОБ) „8 ...
Светските и регионалните агенции ја пренесоа веста дека рано утринава во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загубија над 50 млади лица. Агенциите и медиумите се повикуваат на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи и на податоци на релевантни македонски медиуми Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение на македонското МВР, јави дека „51 лице загина во пожар во ноќен клуб во Северна Македонија, а повеќе од 100 се повредени“. ...
Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски”-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години. – Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира Настов. Информира дека степенот ...
Црвениот крст на Република Северна Македонија соопшти дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани. Папралелно, отворени се и наменски телефонски линии за прва психолошка помош. Воедно, апелираат до сите да ја покажат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства. ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната втора прес конференција соопшти дека е распишана потерница по 4 лица, во врска со трагедијата во дискотеката во Кочани. Како што рече Тошковски, истрагата прибира податоци и од Министерството за економија. „Распишана е централна потерница за 4 лица. Во координација со ЈО се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација поврзана со ...
Зе зголемува бројот на починати лица во трагедијата во Кочани. СПоред најновите информации што министерот за внатрешни работи ги сподели со јавноста, бројот на починати се искачи на 59. „Од нив 35 се идентификувани. Од идентификуваните 31 лице е од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени, по последните информации што ги добив до 12:00, е 155 лица“, рече Тошковски. Како што кажа Тошковски, меѓу настрадание е и еден полициски службеник од ...
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, реагираше по трагедијата што се случи во Кочани, во која најмалку 51 лице, претежно деца, загинаа, а стотина други се хоспитализирани. „Деструктивни вести од Кочани, Северна Македонија. Губењето толку многу нови животи е трагедија што не може да се искаже со зборови“, рече Османи. Претседателката понатаму изрази сочувство до членовите на семејството на жртвите. „Ние ги искажуваме нашите најискрени ...
Претставници на Европската унија и амбасадори во Северна Македонија, премиери и претседатели на соседни земји, испратија пораки за сочувство и длабоко жалење за пожарот во Кочани, во кој досега според информациите на МВР почина 51 лица, а повеќе од 100 се повредени. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани. „Длабока жалост за ...
Формиран е специјален обвинителски тим кој ќе работи на случајот со изгорената дискотека во Кочани, откри на прес-конференција држабниот обвинител Љупчо Коцевски. Тој информира дека петмина обвинители и еден раководител се дел од тимот, по двајца обвинители од Кочани и Скопје и еден обвинител од Штип. Коцевски не откри детали за тоа дали се утврдени првичните причини за пожарот, ниту пак откри колкумина осомничени досега се испрашани. Тој не ...
И малолетници се меѓу оние кои се во критична состојба, потврди предмалку министерот за здравство, Арбен Таравари во изјава за медиумите поврзана со трагичниот настан во кој загина 51 лице во пожар во дискотека во Кочани. „Хоспитализирани во ГОБ 8 ми Септември се 17 лица, во Штип во клиничката болница се 39, а во Кочани 30. Околу 18 пациенти се во критична состојба и тие се во скопските болници. Сигурен сум дека здравствените работници го даваат ...
Претседателката Горадана Сиљановска-Давкова ги посети трите болници во Скопје каде се сместени дел од повредените. Таа, низ солзи, изрази неверување. „Знам дека се тоа млади и храбри луѓе, ова е страшно… Верувам дека повеќето ќе се спасат, лекарите работат, не можам да сфатам како нешто вакво може да се случи. Некои од пациентите се контактибилни. Што можам да споделам со родителите? Прво надеж, а па потоа ја разбирам болката, но млади луѓе се ...
Девојче кое било внатре во дискотеката и кое пред болницата „Свети Наум Охридски“ чека информации за состојбата на своите другари, во изјава за медиумите рече дека се пламнало за две минути и оти се се случило многу брзо, а пожарот почнал од покривот. „Пробуваа да реанимираат луѓе и на лице место. Пожарна и амбуланта стигнаа на време, но не беа доволно. Имаше стампедо при излезот. Јас моментално чекам другар тука, тој има изгореници на рака. На ...
Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија. -Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната тагедија во Кочани. -Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас. Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им ...