Ерлинг Халанд вчера постигна еден гол за својот тим на гостувањето кај Виљареал во триумфот од 0-2. Со тоа Халанд го израмни рекордот на Кристијано Роналдо, а следниот меч може и да го урне. Норвежанецот погоди на 12 последователни меча во сите натпреварувања, и така сега е на исто рамниште со легендарниот португалски стрелец. Халанд постигнуваше голови против Брајтон, потоа против Финска, Молдавија, со Манчестер Јунајтед, против Наполи, ...

Серија на земјотреси ноќеска се случиле на тлото на Средна и на Јужна Америка. Првиот земјотрес беше во Аргентина, во провинцијата Ла Риоха со јачина од 5,7 степени. Епицентарот се наоѓал приближно 188 километри северозападно од градот Сан Луис, дом на околу 183.000 жители. Шест минути подоцна се случил моќен земјотрес во Костарика, во провинцијата Сан Хозе со јачина од 5,9 степени. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, предупреди дека здравствената криза во Газа е „катастрофа“ што ќе трае со генерации. Тој повика на значително зголемување на хуманитарната помош за да се задоволат непосредните и долгорочните потреби на населението на територијата, објави Би-Би-Си. Гебрејесус нагласи дека прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври овозможи поголем проток на ...

Француската полиција сè уште интензивно трага по четворицата осомничени кои во неделата извршија дрска кражба во прочуениот Лувр, при што успеале да побегнат со непроценлив накит. Според весникот „Ле Фигаро“, во потрагата се вклучени шеесет истражители од специјалната единица BRB, кои ги следат сите можни траги, вклучително и ДНК материјали пронајдени на предмети што крадците ги оставиле зад себе. Како што јавува „Ле Паризиен“, полицијата ...

Лука Дончиќ маестрално ја отвори новата сезона во НБА лигата, но Голден Стејт Вориорс лесно триумфираше над Лос Анџелес Лејкерс, со резултат 119-109. Плејмејкерот од Словенија постигна 43 поени, со 12 скока и девет асистенции, но ниту тоа не беше доволно за почетно славје. Проблемот беше што имаше поддршка само во Ривс, кој постигна 26 поени, со пет скока и девет асистенции. Двајцата заедно постигнаа 69 поени, остатокот од тимот заедно 40! ...

Цените на златото денес малку закрепнаа откако нивниот спектакуларен пораст беше нагло запрен претходниот ден. Вчера, цената на овој благороден метал падна за повеќе од 5 проценти, што претставува најголема распродажба во повеќе од една деценија, пишува CNN. Падот на цената на златото, кое традиционално се смета за безбедно засолниште во неизвесни времиња, дојде откако инвеститорите одлучија да го заработат профитот по рекордниот пораст. ...

Просечната цена за закуп на метар квадратен станбен простор во општина Карпош во третиот квартал изнесува 357 денари, во Центар 355, а во Аеродром 327, покажуваат денеска објавените податоци од Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава. Од 1 јули до 30 септември евидентирани се вкупно 2.184 закупи. Најголем број, 787, се закупи на станови (36 проценти), по што следуваат закупите на деловни простори, 740 (34 проценти), на ...

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против поранешната директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ за продолжени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа, како и прекршувања на Законот за трансформација во редовен работен однос. Обвинителството утврдило дека со повеќе злоупотреби во текот на 2022 и 2023 година, обвинетата предизвикала штета на домот преку ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени“, се вели во прогнозата на синоптичарите. И во главниот град ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. „Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени“, ...

Во обраќање од Белата куќа, Трамп нагласи дека Москва одбива да се согласи на прекин на огнот долж постојната линија на фронтот, што, според него, претставува клучна пречка за одржување на самитот. „Им реков: ‘Пресечете и запрете ги сите активности на линијата на фронтот. Одете дома. Престанете да се борите, престанете да убивате луѓе’“, изјави Трамп, поддржувајќи го предлогот за замрзнување на конфликтот што веќе доби поддршка од Киев и ...

Во астрологијата, октомври традиционално се смета за период на барање рамнотежа и преиспитување на вредностите. Тоа е момент на транзиција од меката енергија на Вага кон трансформирачката моќ на Скорпија – време кога, според хороскопот, е важно не само да се зачува внатрешниот мир, туку и да се биде подготвен за длабоки промени. Младата месечина на 21 октомври 2025 година се јавува во знакот на Вага, што значи дека главните теми на овој ...

Секој може да биде херој во очите на своето дете, но само еден е семеен херој во очите на сите! Новата Opel Frontera е совршен SUV! Од Еуроимпекс бевме поканети да се запознаеме со најновиот модел на Opel, новата Opel Frontera во дворот на Roosty во прекрасна германска атмосфера. На самата прмоција на моделот имавме можност да видиме две прекрасни верзии. Едната во промотивната Kanyon портокалова боја во GS ниво на опременост, а другата во ...

Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница. Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре. Се очекува активностите да вклучат преглед на документација и други мерки кои ...

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, најави нов циклус на инфраструктурни инвестиции, нагласувајќи дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и според највисоки стандарди. „Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна ...

По двонеделната репрезентативна пауза, денеска со четири меча од 1/8 финалето во Купот на Македонија, домашниот фудбал се враќа на сцената. Во Куманово составот на Башкими го пречекува Силекс и посакува реприза од оној првенствен меч во ПМФЛ сезонава кога кумановци славеа против кратовци. Тешко гостување и за Пелистер под водство на новиот стратег Милан Стојаноски и тоа кај Шкендија Арачиново во Скопје. Струга ТЛ гостува во Ѓорче каде се ...

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје. Овен (21.3 – 20.4) Работа: Обидете се да поработите на вашата самодоверба. Нема причина да се чувствувате инфериорно кога се среќавате со вашите колеги. Работете на градење на себеси и дополнително едуцирање. Имате сите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека им рекол на регионалните земји и на Израел „сè уште не“ кога понудиле да влезат во Појасот Газа „со силна сила“ за да се справат со Хамас. Трамп напиша на мрежата Truth Social дека бројни сојузници на Блискиот Исток „експлицитно и силно“ ја изразиле својата подготвеност, на негово барање, да влезат во Газа и да го „поправат Хамас“ ако групата продолжи да го „крши својот договор“. ...

Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври. Од српските органи беше ...

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Сведокот, кој од 2018 до 2024 година бил ...

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ...

За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. -Со бесплатната вакцинација се ...

Одлуката на Советот на Европската Унија за забрана на транзит на руски гас преку EУ до трети земји, меѓу кои е и Македонија нема да има влијание врз државава – изјави Министерката за енерегетика Сања Божиновска. Таа истакна дека земјава троши околу 500 илјади кубни метри гас годишно, а до 2027 година се очекува да биде завршен гасоводот со Грција. Иако интерконекторот се уште не функционира, државата веќе една година плаќа по 250 илјади евра ...

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки. – Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на ...

Јапонскиот парламент официјално ја избра Санае Такаичи за премиерка, со што стана првата жена на оваа позиција во историјата на Јапонија. Такаичи, 64-годишна ултраконзервативна политичарка, ја презеде функцијата откако нејзиниот претходник Шигеру Ишиба поднесе оставка. Такаичи беше избрана откако нејзината партија, Либерално-демократската партија (ЛДП), формираше коалиција со десничарската Јапонска партија за иновации (Ишин но Каи), ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс слета во Израел во вторник (21 октомври)за да го поддржи кревкиот договор за прекин на огнот во Газа, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Хамас дека ќе биде уништен доколку го прекрши примирјето. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација. Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и зетот Џаред Кушнер, веќе беа во Тел Авив, каде што се сретнаа со израелските заложници ...

Водите на Северниот Пацифик го забележаа своето најжешко лето досега, а мистериозен морски топлотен бран ги збунува климатолозите, покажа анализа на Би-Би-Си. Температурите на површината на морето од јули до септември беа за повеќе од 0,25°C потопли од претходниот рекорд поставен во 2022 година, што е огромен пораст на површина околу десет пати поголема од Средоземното Море. Иако е познато дека климатските промени ја зголемуваат веројатноста ...

Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација. Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии Сања Божиновска не очекува проблем во снабдувањето со гас откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси. Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и оти на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно решение. – Тоа важи за ...

Кабелот што се скина во смртоносната несреќа на жичницата во Лисабон минатиот месец не ги исполнувал потребните спецификации, според прелиминарниот извештај од истрагата. Видот на кабел што се користи од 2022 година не бил сертифициран за превоз на патници или погоден за жичници, соопшти во понеделник Генералната влада на Португалија за спречување и истрага на воздушни и железнички несреќи (GPIAAF). Шеснаесет лица загинаа, а 21 беа ...

Градежните работници во понеделник почнаа да рушат дел од Источното крило на Белата куќа за да ја изградат долгоочекуваната балска сала за американскиот претседател Доналд Трамп. Беше виден багер како ја урива фасадата на зградата, дел од комплексот на Белата куќа во кој се наоѓаа канцелариите на првата дама, театар и влез за посетители каде што беа пречекани странски достоинственици. Се очекува проектот за балската сала да чини повеќе од ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
64%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
50%
1015
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.1
67%
1013
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
74%
1014
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
46%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
65%
1011
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
54%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
86%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Злато

151336.48

Иридиум

253540.09

Рутениум

53788.20

Платина

64365.79

Алуминиум

3.59

Бакар

12.11

Паладиум

46843.64

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Калај

50.34

Сребро

2399.81

Родиум

326330.08