
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Како што информира МВР, пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и ...
Дознајте како сезоната на затемнувања ќе влијае на вашиот хороскопски знак. Космичкиот рефлектор штотуку се појавува: влегуваме во сезоната на затемнувања со два моќни небесни настани што ќе ги потресат нашите животи на најтрансформативни начини. Од 7 септември очекуваме целосно затемнување на Месечината во Риби, а на 21 септември делумно затемнување на Сонцето во Девица. Затемнувањата функционираат во шестмесечен циклус. Темите што се ...
Под водство на Али Ахмети, земјава беше преплавена со сомнителен српски и црногорски капитал, што отвори пат за опасно економско и политичко влијание од Белград, реагираат од ВЛЕН во партиското соопштение испратено до медиумите утринава. Оттаму велат дека владата на ДУИ, овозможила српскиот и црногорскиот организиран криминал да влезе во индустријата на казината, односно, од трите доделени лиценци од Видеолотарија, две завршиле кај сомнителни ...
Северозападниот регион на Шпанија се соочува со едни од најразорните пожари во последните децении, при што огнените јазици пустошат огромни шумски површини и се закануваат на рурални заедници. Веќе десет дена пожарникари, потпомогнати од армијата и авиони со вода, се обидуваат да ги локализираат пожарите кои зафатиле околу 4.000 квадратни километри во покраината Галиција. Најкритична е ситуацијата во близина на селото Ребордондо, каде што ...
Бразилскиот голман Фабио официјално стана фудбалерот со најмногу одиграни натпревари во историјата. Синоќа тој го запиша својот 1391. официјален настап во кариерата, бранејќи за својот Флуминенсе во мечот против Америка де Кали во Копа Судамерикана. Со тоа, 44-годишниот чувар на мрежата го урна досегашниот рекорд на англиската легенда Питер Шилтон, кој имаше 1390 натпревари. Зад нив во ова историско рангирање следуваат Кристијано Роналдо со ...
Наместо да го оствари ветувањето од изборната кампања во 2024 година дека ќе се отвори банка со доминантен албански капитал, како гаранција за економското зајакнување на Албанците, ВЛЕН сега како слуга на ВМРО-ДПМНЕ ги отвори вратите за навлегување на „српскиот свет“ во банкарскиот сектор во земјава преку Алта банка, реагираат од Демократската унија за интеграции. Оттаму велат дека отворањето на банката не е обична финансиска инвестиција, туку ...
На видеолотариските терминали во Ново село, Александар Павлески го освои Милионер џекпотот во износ од 1.621.296 денари! Александар Павлески од Скопје се приклучи на семејство среќни милинери на Видеолотарија. Тој на 08.08.2025 го освои Милионер џекпотот вреден 1.621.296 денари. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на Александар за освоениот Милионер џекпот. Оваа добивка, нека му донесе уште повеќе радост, исполнети соништа и многу убави ...
Министерството за трговија на САД објави во вторник дека ги зголемува царините за челик и алуминиум за повеќе од 400 производи, вклучувајќи ветерни турбини, домашни апарати, тешка машинерија, железнички вагони, мотоцикли, морски мотори, мебел и стотици други производи. Министерството соопшти дека додава 407 категории на производи на листата на „деривати“ на производи од челик и алуминиум кои подлежат на секторски царини, со царина од 50 ...
Македонската репрезентација до 16 години со 3-0 ја победи Црна Гора на првиот контролен натпревар одигран на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Нашата младинска селекција доминираше на мечот на кој головите ги дадоа Велевски, Крстевски и Ристиќ. Селекторот на репрезентацијата, Иљами Исејни изрази задоволство од играта, потенцирајќи дека оваа наша генерација ветува и ќе напредува во периодот до квалификациите. „Одигравме добар натпревар. ...
Државната изборна комисија не успеа да донесе упатство за пополнување на формуларите за листите на кандидати за општински советници. Ова упатство требаше да се усвои врз основа на одлуката на Владата, каде самата Влада го одреди бројот на општински советници, иако ова е регулирано со член 34 од Законот за локална самоуправа. Бидејќи Уставниот суд ја укина методологијата на попис, бројот на советници треба да се одреди врз основа на вкупниот број ...
Селекторот Марјан Илиевски го заокружи ростерот на машката сениорска репрезентација на Македонија за последниот натпревар од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар, со повикот за младиот центар Марко Луканоски. Луканоски ќе биде последниот, 12-ти играч, во составот за вечерашниот дуел кој од 19 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје, Македонија го игра против Унгарија. Селекторот Марјан Илиевски одлучи да му даде шанса на ...
Борбата со големиот шумски пожар во ловиштето „Јасен“ продолжува и денеска. Во текот на ноќта, огнот се доближи до шумскиот пат кој води од влезната капија на ловиштето „Јасен“ до ресторанот на брегот на езерото Козјак, но за среќа, благодарение на претходно расчистениот терен од вегетацијата, не беше дозволено негово ширење, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во акцијата ноќеска биле ...
Белата куќа отвори официјален профил на платформата TikTok, иако судбината на популарната апликација останува неизвесна поради закон кој бара од нејзиниот кинески сопственик, ByteDance, да ја продаде апликацијата на американски купувач до 17 септември или ќе биде забранета во Соединетите Американски Држави, објави CNN. Законот за забрана на TikTok, потпишан на крајот од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден, вклучува ...
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, денеска беше на распит во Обвинителство во врска со кривична пријава против неа. Ивановска, во изјава за медиумите, по нејзиниот распит во Обвинителсто, рече дека била повикана поради кривична пријава за несовесно работење по член 353, додека била ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја исклучува можноста за распоредување на американски војници на украинска територија, но не ја исклучува опцијата САД да обезбедат воздушна поддршка како дел од мировен договор за прекин на војната на Русија против Украина. Ден по вонредниот Самит во Белата куќа, на кој Трамп вети безбедносни гаранции за прекин на војната, останува неизвесно каква конкретна воена поддршка би можела да добие ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се движат од 27 до 34 степени. И во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Поради пожар во повеќенаменското подрачје „Јасен“, регионалниот пат Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничниот премин (ГП) „Табановце” времето на чекање за влез е ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави целосна модернизација на електронскиот систем за управување со документи. Според него, ова подразбира електронска подготовка на документите со електронски печати и потписи, со цел граѓаните да не мора да одат од шалтер до шалтер. Испраќањето, приемот и разгледувањето на документите ќе се врши целосно по електронски пат. Системот ќе биде поврзан со порталот USLUGI.GOV.MK, каде на ...
Во Вараждин почна рушењето на поранешната фабрика „Вартекс“, некогаш една од најголемите и најпознатите текстилни компании во Хрватска, која на просторите на поранешна Југославија особено беше позната по производството на популарните фармерки „Левис 501“. На местото на фабричкиот комплекс кој има површина од 50.000 квадратни метри ќе се гради трговскиот центар „С-ПАРК Вараждин“, инвестиција на „СЕС Спар Европски трговски центри“ вредна повеќе ...
Владата одлучи да започне со подготовки за целосна реконструкција на железничката пруга Скопјe-Кичево. Железницата е дел од Коридорот 8, но моментално е во лоша состојба и е невозможно да ја користат возови. Новата изградба ќе се одвива на местото на постојната железница. Министерот за транспорт Александар Николовски вели дека прво треба да се извршат потребните студии и дека пред да се заврши таа фаза, се очекува изградбата да трае две до две и ...
Пациентите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се жалат дека никако не успеваат навреме да влезат на лекарски контроли, бидејќи лекарите често примаат пациенти кои доаѓаат преку познанства, а има и лекари кои не се појавуваат навреме на своето работно место. Граѓаните, исто така, велат дека иако имаат термини со приоритет, сепак остануваат блокирани чекајќи го редот. Граѓаните од другите градови бараат да се отворат клинички центри и во други ...
Пожарникарите и денеска се бореа на три терен гасејќи пожари, два од нив успеаја да ги изгаснат, додека еден и понатаму останува активен. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пожарот во Јасен и понатаму останува најкритичен за негово гаснење, бидејќи теренот е тешко достапен. Во текот на денот, единицата на пожарникарите успеа да изгасне два активни пожари, во Општина Битола, каде гореше ниска ...
Кандидатите за градоначалници на Скопје и Чаир промовираа проект за проширување на булеварот „Цветан Димов“, клучен булевар кој поврзува три општини и по кој секојдневно минуваат илјадници возила. Познат како најкритична точка на Скопје, булеварот „Цветан Димов“ не доби решение од повеќе градоначалници на Скопје. Во пресрет на локалните избори, кандидатите за градоначалници на Скопје и Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити, најавија дека овој ...
Најново истражување спроведено во Хонг Конг покажа дека повеќечасовното играње видео игри, познато како „binge gaming“, може да има сериозни последици врз менталното здравје на децата и младите. Резултатите се загрижувачки – анксиозност, депресија, нарушувања на сонот и пад на самодовербата се далеку почести кај оние што редовно поминуваат повеќе од пет часа пред екран без пауза. Во анкетата спроведена меѓу 2.592 ученици, дури 31 отсто ...
Надвозникот Хуангѓуеван во Чунгќинг, Кина, се смета за најсложениот надвозник во светот и е вистинско архитектонско и транспортно чудо. Се смета за еден од најпредизвикувачките надвозници во светот за навигација. А кога сме кај навигацијата – што може да им направи надвозникот на дигиталните навигациски системи со своите пет кружни и паралелни нивоа? Можете да замислите. Кина се гордее со неколку инфраструктурни чуда, а надвозникот Хуангѓуеван ...
Два огромни континенти се на пат да се судрат и тоа се очекува порано и побрзо отколку што некој предвидуваше! Имено, Австралија е на неизбежен курс кон судир со Азија, а темпото на ова континентално поместување се случува многу брзо. Според професорот на Универзитетот Куртин, Женг-Сјанг Ли, ова тектонско движење не е само далечен, теоретски феномен. Тоа веќе е во тек и ќе има длабоко влијание врз географијата на планетата, екосистемите, па ...
Изминатите два дена во скопскиот Кривичен суд биле одложени речиси сите притворски предмети кои уредно биле насрочени, со навремена достава на покани за странките, информираа денеска од Судот. Како причина наведуваат дека е тоа што од затворот во Шутка не биле спроведени притворените лица на закажаните рочишта. Поради ова, од Основниот кривичен суд Скопје денеска упатиле писмо до управата на Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ ...
Двете куќи-музеи на Скопското Кале ќе бидат отворени за посетителите од следната година, а за нив ќе се потрошат 8 милиони денари. Ова ветување го даде министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за време на потпишувањето на меморандумот за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи. Друг проект кој е важен за скопјани е Универзалната сала. Министерот Љутков изјави дека овој објект се очекува да биде готова до крајот ...
Пожарот што со денови гори во повеќенаменското подрачје „Јасен“ денеска повторно се реактивирал, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов во неговата пладневна изјава. Тој додаде дека слабиот дожд што заврнал вчера не бил ни приближно доволен да го изгасне. „Голема благодарност до армиските ‘Волци’ и ‘Ренџери’ кои во текот на вчерашниот ден допринесоа беарем горниот крак да биде целосно изгаснат со ...
Изградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на новинарски прашања при посета на локалитетот Скупи. Тој вели дека сите работи се расчистени и е распишан тендерот со тоа што овој пат нема да биде во две фази или во три фази како што беше претходно, туку Универзална сала ќе ...