Шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР за локалните избори во земјава, Матео Мекачи денеска изјави дека набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите и истакна дека не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите. Мекачи кој денеска беше на избирачкото место во Основото училиште „Лирија”, во општина Чаир истакна дека Мисијата се состои од 250 меѓународни ...

Бенџамин Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж во Израел, изјави дека планира повторно да се кандидира на парламентарните избори што треба да се одржат во 2026 година. Неговиот последен мандат беше обележан со контроверзна судска реформа, заложничката криза на Хамас и војната во Газа – прашања што предизвикаа и остри критики и пофалби за него. Во интервју за израелскиот Канал 14, Нетанјаху ја потврди својата намера да се кандидира за уште ...

Според податоците на Државната изборна комисија за излезеноста на локалните избори до 17 часот, во некои општини може да се забележи многу низок процент на излезеност поради што постои опасност во овие општини да не биде избран градоначалник. Имено, согласно член 132 од Изборниот законик, за да има победник денеска или за да има втор круг гласање по две недели, денеска мора минимум да гласаат 33,33% од избирачите запишани во соодветната ...

Во врска со веста за апсење во Чаир, полицијата ги соопшти следниве детали: „Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје. Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44). Имено, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес, биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат. ...

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот во Белата куќа на 17 октомври дека е подготвен да му се придружи на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта. „Ако навистина сакаме праведен и траен мир, ни се потребни двете страни од оваа трагедија. Како може да има какви било договори без нас за нас?“, праша Зеленски во интервју за ...

На гласачкото место број 2607 во општина Карпош, употребата на биометрискиот уред за идентификација на гласачи е прекината, поради технички проблем поврзан со SIM-картичката на уредот, пишува Алсат. Како резултат на тоа, гласањето продолжува преку традиционалниот метод – со УВ ламба и спреј, како што се правеше на претходните избори во слични случаи. Државната изборна комисија (ДИК) потврдува дека ситуацијата не претставува никаков ризик за ...

Член на изборниот совет е уапсен денес на гласачкото место бр. 2938, во просториите на основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир. Според информациите од терен, апсењето се случило за време на паузата, кога лицето излегло надвор да пуши цигара. Претседателот на изборната комисија на ова гласачко место изјави дека засега нема официјални информации за причините за апсењето, додека процесот на гласање продолжил нормално. Се очекува ...

Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа на терен. На медиумските работници од Македонија не им е потребна акредитација од ДИК за да ги следат изборите, туку тие се идентификуваат едноставно со беџот издаден од нивната новинарска куќа или од новинарските здруженија во државата, апелира портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани. Тој напомена дека ДИК ...

Новинарката на Алсат, Фатлуме Дервиши, денес извести за опструкцијата на екипата на Алсат на гласачкото место 2918 во Чаир. Таа на прес-конференцијата ја праша и ДИК дали сите Изборни совети се информирани да не ја попречуваат работата на новинарите? Во својот одговор, Адмир Шабан од ДИК апелираше да не се попречуваат новинарите во својата работа. „Апелирам до органите да не ја попречуваат работата на новинарите“, рече Шабани. Дервиши во ...

Во Општина Кичево е утврдено кршење на изборните процедури, бидејќи кандидат за советник од една од конкурентските листи во исто време бил и член на изборен совет на гласачко место, пишува Алсат. Општинската изборна комисија (ОИК) на Кичево реагираше веднаш по констатирањето на оваа ситуација и ги презеде потребните мерки, отстранувајќи го лицето од составот на гласачкото место. Оваа акција е во согласност со изборните правила, кои ...

Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено ...

Израелските воздухопловни сили извршија напади врз цели на Хамас во Појасот Газа, а првичните извештаи сугерираат дека ескалацијата се случила кратко откако Хамас го прекршил прекинот на огнот со испукување противтенковска ракета кон Израелските одбранбени сили (ИДФ), објави „Ерусалим пост“. Според извештаите од терен, нападот на Хамас бил директен повод за брзиот одговор на израелската војска. Терористичката организација прва испалила ...

Грабеж се случил во музејот Лувр во Париз утрово за време на неговото отворање, објави француската министерка за култура Рашида Дати денес на својот Инстаграм профил. „Поради грабежот, донесена е одлука музејот Лувр да се затвори за посетители од вонредни причини“, се вели во соопштението на музејот објавено на социјалната мрежа, според дневниот весник „Фигаро“. Инцидентот наводно се случил кога првите посетители почнале да влегуваат во ...

На својата втора прес конференција денеска, Државната изборна комисија информираше дека излезеноста до 11:15 часот на територијата на државата, според податоците од 3.139 избирачки места, изнесува 9,3%. На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските ...

Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука со која им наложи на сите Избирачки одбори да присуствуваат во полн состав, односно петте членови и петмината заменици, на процесот на броење на гласовите по 19 часот. Ова го соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на денешната прес-конференција. Главната цел на оваа мерка, како што рече Кондарко, е да се зголеми транспарентноста и ефикасноста во работата на избирачките одбори, а со тоа да ...

За време на предизборниот молк, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). ...

Гласањето на две избирачки места, едно во Куманово и едно во Штип, се одвива без користење на уредите за биометриска идентификација поради објективни и технички причини, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, на денешната прес-конференција. Во Куманово, на избирачкото место број 1133 со 12 запишани гласачи, гласањето продолжило со УВ-спреј и УВ-ламба, откако поради недостаток на електрична енергија од ...

На својата прва прес конференција денеска, Државната изборна комисија информираше дека излезеноста до 9:15 часот на територијата на државата, според податоците од 76,91 проценти од вкупниот број на избирачки места, изнесува 3%. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, рече дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. – Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко место и од ...

Во еден од најсериозните безбедносни пробиви во последниве години, руските хакери украле стотици чувствителни воени документи што содржат информации за осум бази на Британските кралски воздухопловни сили (RAF) и Кралската морнарица, како и имињата и е-пошта адресите на вработените во Министерството за одбрана. Украдените материјали завршиле на темната мрежа, објавува „Дејли меил“. Пробивот се случил откако хакери, наводно поврзани со руската ...

Во сите 117 избирачки места во рамки на Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово од 7 часот почна и нормално се одвива процесот на гласање за денешните локални избори, информираат од ОИК Тетово. Во Општина Тетово ќе гласаат 87.878 граѓани со право на глас. -Сите 117 избирачки места кои се во надлежност на ОИК Тетово навреме се отворени во 7 часот и гласањето се одвива. До сега нема никаков проблем пријавениод ниту еден избирачи одбор. Како ...

Непречено се одвива изборниот процес во општините Дебар и Центар Жупа, но вообичаено за утринските часови со слаба излезеност. Според Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас го искористиле 242 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.762 лица, во единствениот избрачки список. Споредено со минатите локални избори, во октомври 2021 година, излезеноста е помала за 0,75 отсто. Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) континуирано презема мерки и активности за непречено и безбедно спроведување на локалните избори, информираат оттаму и најавуваат засилено присуство на терен и употреба на современа технологија, вклучително и дронови за воздушна контрола. Од МВР соопштија дека, согласно направените проценки, полициски службеници ќе бидат присутни во близина на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки. ...

Летовите од и кон аеродромот во Минхен во Германија синоќа привремено беа прекинати поради пријави за „сомнителна“ активност, јави ДПА. Контролата на воздушниот сообраќај го прекина воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен за половина час околу 22:00 часот по локално време, изјави портпарол на полицијата за ДПА. Уште едно кратко затворање на пистата следеше еден час подоцна. Неколку лица претходно пријавиле во полиција дека виделе нешто ...

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ (Standard & Poor’s) го намали кредитниот рејтинг на Франција доцна во петокот во непланирано ажурирање, наведувајќи ја „зголемената“ неизвесност околу јавните финансии откако владата вети дека ќе ги суспендира пензиските реформи. „И покрај поднесувањето на нацрт-буџетот за 2026 година до парламентот оваа недела, неизвесноста околу јавните финансии на Франција останува висока“, се вели во ...

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Турција е подготвена да биде де факто гарант доколку решението за две држави се спроведе во Палестина, додавајќи дека тоа е голема обврска, објавија турските медиуми. Тој рече дека Турција досега била посредник во напорите за завршување на војната во Газа, промовирајќи мир преку долгорочна поддршка на палестинската борба, објави агенцијата Анадолу. „Доколку се постигне ...

Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со ...

Навреме почна гласањето во Куманово, соопшти денеска претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска. Право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаат на 164 избирачки места. Претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири изјави дека гласањето е тековно. Според податоците на ДИК во општина Липково има 26.362 гласачи кои гласаат на 36 места. Навреме почна гласањето и во општина Старо ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, ...

Изјаснувањето на граѓаните на Локалните избори во општините Охрид и Дебрца започна навреме и гласачкиот процес се идвива непречено. Сите избирачки места се отворени навреме, освен на едно каде поради технички причини гласањето почна со половина час задоцнување. Од ОИК посочија дека на тоа избирачки место нема да има продолжување на гласањето односно дека и таму гласањето ќе биде заокружено во предвидениот термин до 19 часот. Вкупно ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
66%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
2.06
67%
1019
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
80%
1014
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.06
68%
1013
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.7
79%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
74%
1013
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
57%
1017
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
75%
1010
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
4.92
59%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1013
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Кобалт

45.39

Бакар

12.11

Калај

50.34

Сребро

2399.81

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

326330.08

Алуминиум

3.59

Платина

64365.79

Рутениум

53788.20

Злато

151336.48

Паладиум

46843.64