Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) започна со целосна реконструкција на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“. Главниот зафат опфаќа обновување на теренот број еден, каде се поставува нов тревник со современа дренажа. Паралелно, уреден е и паркинг простор, како и пристапот до трибините на вториот терен. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, изјави дека со овие инвестиции центарот добива нов ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, порача дека поддршката на овие избори и единствената алтернативата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДС и ДУИ, потпомогнати од Левица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ...
Од утре почнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. – Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е ...
Вечерва цела Македонија живее за дербито – Вардар против Пелистер! Видеолотарија Касинос Австрија, како горд спонзор на црвено-црните, е со Вардар и во оваа голема битка. Видеолотарија Касинос Австрија со гордост го поддржува македонскиот ракометен шампион РК Вардар, кој вечерва во рамки на 5. коло од Супер Машка Лига во ракомет, го игра големото дерби против својот вечен ривал, РК Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одржи во 19:00 часот во СЦ ...
Улицата „5 Мај“ кај комплексот „Чаирчанка” е целосно трансформирана, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, се наведува во соопштението на ВЛЕН. Во текстот се додава: Улицата „5 Мај“ кај комплексот „Чаирчанка” е целосно трансформирана, изјави кандидатот за нов мандат на чело на Општина Чаир, Изет Меџити, кој лично ги следеше завршните работи на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Чаир, асфалтирањето на ...
Вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа повторно на улица и блокираа неколку крстосници во Град Скопје, со цел да го изразат своето незадоволство за доцнењето на платите за месец август. Претседателот на Синдикалната организација на „Паркови и зеленило“ вели дека иако очекувале дека ќе наидат на разбирање од надлежните институции, сепак оттаму не добиле никакви конкретни ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 октомври 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Од 12 октомври Европската унија започнува со воведување на новиот Систем за влез/излез (EES), со кој традиционалните печати во пасошите ќе бидат заменети со електронска евиденција и биометриски податоци. Новиот систем, кој ќе се применува на сите надворешни граници на Шенген зоната, е наменет за државјани на трети земји што патуваат за краток престој до 90 дена во рамки на 180 дена – без разлика дали патуваат со виза или безвизно. Целта е да се ...
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Европската унија за двојни стандарди во проширувањето, наведувајќи дека земји-членки како Грција и Бугарија со години ги блокираат процесите кон Македонија и Србија без да бидат обвинети за поткопување на единството на Унијата. Во интервју за РТС, Сијарто посочи дека, спротивно на тоа, Унгарија е мета на критики кога ќе го искористи правото на вето за Украина. „Дали тогаш некој ги ...
На филмскиот фестивал во Цирих се појави нова ѕвезда – Тили Норвуд. Нејзиното име сè почесто се споменува во индустријата, но Тили не е вистинска личност. Таа е првата ВИ-актерка. Креатор е „Иксикоиа“, студио за ВИ-таленти основано од компанијата „Партикл6“, чија сопственичка е холандската актерка и дигитална продуцентка Елин ван дер Велден. Пред неколку месеци Тили ја доби и првата улога. Станува збор за краткиот филм со наслов „Комесар на ...
Кандидатите за локалните избори денеска на третиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Конче (16:30), Демир Капија (17:30), Неготино (18:30) и Кавадарци (20:30). Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Конче (17:30), Кичево (18:30) и Македонски Брод (20:00). Движење ЗНАМ, пак, ќе има промотивна конвенција на Градскиот плоштад во Куманово (19:00). ...
Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата – барем кај жените. Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка на Центарот за здравје на животната средина и одржливост на ...
Од 12 октомври годинава Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 годи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Овој нов дигитален систем, како што велат од МВР, претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци ...
Цената на цигарите на популарните брендови се зголеми за 10 денари по пакување. Производителите велат дека покачувањето не е резултат на зголемени акцизи или државни даноци, туку дел од ценовната политика поврзана со зголемени трошоци за производство и логистика. Сепак, покачувањето на цената на цигарите не влијае врз бројот на пушачите во земјава. Според последните истражувања, 45,4% од возрасните се активни пушачи, додека лица кои никогаш не ...
Куманово да се промовира во нов регионален-економски центар на Балканот, ќе ја искористи позицијата на крстосница помеѓу коридорите 8 и 10, ќе понуди и поддршка на домашните и странските компании, проекти кои ќе придонесат за намалување на невработеноста, кажа на денешната прес-конференција пред компанијата „Бучен Козјак“, кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Тој денеска се сретна со две ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на прес-конференција ја претстави својата стратегија за решавање на хроничниот недостиг од паркинг-места, предупредувајќи дека општината е пред целосен колапс, се вели во соопштението од ДУИ. Во текстот се додава: „Чаир е задушен, претворен е во општина на автомобили. Едноставно нема простор, улиците се претворени во паркинзи, тротоарите се претворени во паркинзи, и веќе нема слободни тротоари ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Копенхаген, Кралство Данска, заради учество на Седмиот состанок на Европската политичка заедница. Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со којашто ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама. На ...
Живееме во тешки времиња во кои Русија ја тестира нашата решителност, па затоа од апсолутно суштинско значење е да имаме заедничко чувство за итност и единство за да се справиме со предизвиците, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на неформалниот Самит на ЕУ во Копенхаген. „Мојата Комисија подготви документ кој ќе биде разгледан и по кој ќе се разговара за насоките за дејствување, но исто ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводна промена на ставот околу францускиот предлог и оти тоа е за „спас“ преку судството, нарекувајќи ги „уште еден обид за спин“ од партијата која „не сака да го продолжи европскиот пат на земјата“. Во одговор на новинарски прашања, Филипче посочи дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е мотивирано од желбата да ја задржат државата „заглавена“ за да можат да ја менаџираат „во ...
Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, се одложува за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски Штикли. Штекли пред почетокот на денешното рочиште имал некој вид на епилептичен напад и паднал во судница. По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот донесе одлука рочиштето да продолжи да го следи од друга просторија во Судот. ...
Лина Ѓорческа ја запиша можеби една од најголемите победи во својата кариера против тенисерка која била и светски рекет број еден во кариерата. Ѓорческа на ВТА Челинџерот во Самсун, Турција, кој се игра за награден фонд од 115.000 долари во 1/16-финалето славеше во два сета против Каролина Плишкова од Чешка која претходно во својата кариера во еден момент беше и најдобра светска тенисерка. Ѓорческа триумфираше во два сета, со 6-4 и 6-3 за еден ...
На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за градоначалници и општински советници на коалицијата ВЛЕН во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците, се наведува во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: – НЕ, ние не сме предавници – НЕ го ...
Денес темата на оваа прес-конференција е ставот на Венко Филипче, претседателот на СДСМ за францускиот предлог и за резолуцијата која што тој ја нуди, со наводно патриотски црвени линии, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот меѓу другото се додава: „Првата констатација е дека Венко Филипче ја менува својата политика и позиции во зависност од потребите на ...
Дали мислите дека срцевите удари се резервирани за постари мажи со висок холестерол? Најновото истражување покажува дека реалноста е многу посложена – особено кај помладите жени. Нова 15-годишна студија фрли нова светлина врз причините за срцеви удари и откри дека тие често се различни кај жените отколку кај мажите. Што откри главната студија? Студијата OCTOPUS, спроведена во САД на речиси 3.000 луѓе под 65 години, покажа дека повеќе од ...
Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски сè уште не е можна, бидејќи Киев не брза да ги продолжи преговорите со Руската Федерација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Токму процесот на преговори на експертско ниво може да подготви разговори на високо ниво. Контактите на високо ниво не можат да бидат цел сами по себе, бидејќи нема да помогнат во решавањето на толку сложено и предизвикувачко ...
Бананите се сè повеќе загрозени од климатските промени, додека производителите тврдат дека екстремните временски услови им ги „убиваат“ посевите, се вели во извештајот. Анализата на меѓународната добротворна организација за развој „Кристијан Еид“ објавена во понеделник покажува дека растечките температури и штетниците поврзани со климата ги ставаат бананите во опасност. Утврдено е дека речиси две третини од најсоодветните области за одгледување ...
Скопје – град партнер и поддршка на лицата со инвалидитет! Денес заедно со идниот градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, пратеничката Катерина Димитровска и носителот на листата за советници во Аеродром, Елена Тренчевска, остваривме искрена и топла средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Скопје, наведува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук. Во текстот се ...
Конзорциум од девет големи банки, вклучувајќи ги ING, Banca Sella, KBC, Danske Bank, DekaBank, UniCredit, SEB, CaixaBank и Raiffeisen Bank International, се здружуваат за да лансираат нова стабилна валута поддржана од еврото. Стабилната валута треба да се лансира кон крајот на 2026 година и ќе биде во согласност со неодамна воведената „Регулатива за пазари на крипто-средства“ (MiCA) на ЕУ. MiCA, која стапи на сила од средината на 2024 година, ...
Велика Британија се соочува со пораст на инфекции, при што XFG (познат како Stratus) и NB.1.8.1 (Nimbus) сега се најчести во земјата, според здравствените службеници. Експертите велат дека овие варијанти не предизвикуваат потешка болест ниту претставуваат поголема закана од претходните соеви, но предупредуваат на зголемена преносливост поради неодамнешните генетски промени во вирусот. Најновите варијанти наводно можат да предизвикаат специфични ...
Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти се одложува за 8 октомври, откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. – Со оглед предлогот упатен до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со кој се бара преземање на кривично гонење, ...